Си беше еднаш во Србија Archives - Република https://republika.mk/tema/si-beshe-ednash-vo-srbija/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Apr 2022 07:13:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Си беше еднаш во Србија Archives - Република https://republika.mk/tema/si-beshe-ednash-vo-srbija/ 32 32 „Си беше еднаш во Србија“ на режисерот Петар Ристовски премиерно во кината https://republika.mk/scena/film/si-beshe-ednash-vo-srbija-na-reziserot-petar-ristovski-premierno-vo-kinata/ Wed, 27 Apr 2022 07:13:21 +0000 https://republika.mk/?p=494092

Филмот „Си беше еднаш во Србија“ на режисерот Петар Ристовски и авторот и продуцентот Звонко Шимунец, е приказна  за Лесковац – „српскиот Манчестер“, -кој станува дел од Европа помеѓу двете светски војни. Остварувањето зборува  за вистинските вредности, пријателствата кои опстојуваат  и искрената љубов. Начин на кој двете големи љубовни приказни и подготвеноста да се поднесе  жртва во име на соништата, го означија  патот и ја отворија  вратата кон иднината.

По талкањето низ  светот, во 1922 година, двајцата пријатели Дине и Цоне се враќаат во родниот крај, малиот град на југот на Србија. При пристигнувањето  во запуштениот Лесковац,  Дине го затекнува своето руинирано кино а Цоне сопствениот погреб! По војната, Дине (Немања Оливериќ) по некое чудо ќе се најде во Париз каде што учи за убавините на животот во голема метропола, ги запознава убавите парижанки и го открива новиот медиум – филмот. Цоне (Виктор Савиќ) по  ранувањето и   амнезијата завршува во Манчестер, тогашната престолнина на индустрискиот развој, каде што ќе научи дека  само низ црниот фабрички чад  и напорната работа се стигнува до успех.

Галеријата на блескави  филмски ликови ги толкуваат  најпопуларните српски актери: Виктор Савиќ, Слобода Миќаловиќ, Предраг Мики Манојловиќ, Радован Вујовиќ, Немања Оливериќ, Теодора Ристовски и многу други.
Свечената премиера ќе се одржи на 2ри Мај во Синеплекс Скопје и продолжува на редовниот репертоар од 5ти Мај во сите кина низ државата.

https://www.youtube.com/watch?v=KIaK49rfYKI

The post „Си беше еднаш во Србија“ на режисерот Петар Ристовски премиерно во кината appeared first on Република.

]]>

Филмот „Си беше еднаш во Србија“ на режисерот Петар Ристовски и авторот и продуцентот Звонко Шимунец, е приказна  за Лесковац – „српскиот Манчестер“, -кој станува дел од Европа помеѓу двете светски војни. Остварувањето зборува  за вистинските вредности, пријателствата кои опстојуваат  и искрената љубов. Начин на кој двете големи љубовни приказни и подготвеноста да се поднесе  жртва во име на соништата, го означија  патот и ја отворија  вратата кон иднината. По талкањето низ  светот, во 1922 година, двајцата пријатели Дине и Цоне се враќаат во родниот крај, малиот град на југот на Србија. При пристигнувањето  во запуштениот Лесковац,  Дине го затекнува своето руинирано кино а Цоне сопствениот погреб! По војната, Дине (Немања Оливериќ) по некое чудо ќе се најде во Париз каде што учи за убавините на животот во голема метропола, ги запознава убавите парижанки и го открива новиот медиум – филмот. Цоне (Виктор Савиќ) по  ранувањето и   амнезијата завршува во Манчестер, тогашната престолнина на индустрискиот развој, каде што ќе научи дека  само низ црниот фабрички чад  и напорната работа се стигнува до успех. Галеријата на блескави  филмски ликови ги толкуваат  најпопуларните српски актери: Виктор Савиќ, Слобода Миќаловиќ, Предраг Мики Манојловиќ, Радован Вујовиќ, Немања Оливериќ, Теодора Ристовски и многу други. Свечената премиера ќе се одржи на 2ри Мај во Синеплекс Скопје и продолжува на редовниот репертоар од 5ти Мај во сите кина низ државата. https://www.youtube.com/watch?v=KIaK49rfYKI

The post „Си беше еднаш во Србија“ на режисерот Петар Ристовски премиерно во кината appeared first on Република.

]]>