шверц на дрога Archives - Република https://republika.mk/tema/shverc-na-droga/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Mar 2023 08:11:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шверц на дрога Archives - Република https://republika.mk/tema/shverc-na-droga/ 32 32 Спасовски: Борбата против шверцот со дрога останува приоритет https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-borbata-protiv-shvertsot-so-droga-ostanuva-prioritet/ Sat, 21 Jan 2023 10:02:41 +0000 https://republika.mk/?p=599317

Припадниците на Министерството за внатрешни работи минатата година заплениле 2,4 тони дрога со вкупна вредност од околу шест милиони евра, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Најголемиот дел од заплените се марихуана, меѓутоа имаме и хашиш, имаме и кокаин, има и хероин, амфетамини и околу 20 тони прекурсори за производство на синтетичка дрога. Пред 2,5 месеци имавме уништено најголема количина од 90-та година до денеска на дрога – некаде 10,3 тони наркотична дрога. Имаме притоа спречено неколку меѓународни транспорти на дрога по меѓународни канали кои поминуваат од соседството. Сето тоа останува приоритет и во наредниот период за овие криминални структури кои се занимаваат со разни видови на криминали да бидат изведени пред лицето на правдата, рече Спасовски во интервјуто на ТВ Плус.

Според Спасовски, 2022 за МВР беше успешна година, не само во делот на сузбивањето на трговијата со дрога и оружје, туку и генерално.

Ако имате податок од шест отсто намалување на вкупниот број на кривични дела и 18 отсто на зголемување на ефикасноста споредено со 2021 година, тоа покажува дека активностите кои се преземаат во континуитет даваат резултати, а 2021 година беше година во која што имавме најдобри резултати во последните 30 години од независноста на државата до денес. Ако во 2022 година има подобри резултати, тоа значи дека сега се тие уште подобри, односно тие се најдобри во последните години. И тоа треба да ни биде целта. Еве сега, во првите денови од јануари, покрај многуте празници, се посветуваме и самите на себе како институција. Секојдневно имаме координативни средби со колегите на кои што практично ги анализираме овие состојби и ги задаваме стратешките приоритети за тековната 2023 година, истакна министерот за внатрешни работи.

Спасовски подвлече дека борбата против трговијата со дрога и оружје ќе биде еден од врвните приоритети и годинава.

The post Спасовски: Борбата против шверцот со дрога останува приоритет appeared first on Република.

]]>

МВР е главно за организација и продажба на дрога https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-e-glavno-za-organizacija-i-prodazba-na-droga/ Thu, 17 Nov 2022 08:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=574750

Проблемот што МВР три недели не може да утврди кој стои зад лажните пријави за поставени бомби во училиштата според Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ лежи во то а што МВР наместо да се занимава со овие работи, се занимава со криминал.

Во МВР врие од корупција и МВР е главно за организација и продажба на дрога. Тоа го потврди и бившата јавна обвинителка го потврдила тоа кога изјавила дека акцијата за апсење на лица и е пробиена од МВР.

Во државата никогаш немало поголема распространетост на дрогата и тоа треба сите да го знаат. Под прекратија на МВР односно на високи структури на министерството и тоа беше потврдено дури и од самата јавна обвинителка Вилма Русковска кога требаше да се апсат поедини структури, акцијата беше пробиена, рече тој.

Според Ковачки, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски мора веднаш да си поднесе оставка и да се реформира целиот безбедносен сектор.

The post МВР е главно за организација и продажба на дрога appeared first on Република.

]]>

Проблемот што МВР три недели не може да утврди кој стои зад лажните пријави за поставени бомби во училиштата според Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ лежи во то а што МВР наместо да се занимава со овие работи, се занимава со криминал. Во МВР врие од корупција и МВР е главно за организација и продажба на дрога. Тоа го потврди и бившата јавна обвинителка го потврдила тоа кога изјавила дека акцијата за апсење на лица и е пробиена од МВР.
Во државата никогаш немало поголема распространетост на дрогата и тоа треба сите да го знаат. Под прекратија на МВР односно на високи структури на министерството и тоа беше потврдено дури и од самата јавна обвинителка Вилма Русковска кога требаше да се апсат поедини структури, акцијата беше пробиена, рече тој.
Според Ковачки, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски мора веднаш да си поднесе оставка и да се реформира целиот безбедносен сектор.  

The post МВР е главно за организација и продажба на дрога appeared first on Република.

]]>
Чаршафчиња со кравички и лубенички тешки илјадници евра: Си пазарел кокаин од Колумбија, му го донела курирска служба https://republika.mk/vesti/balkan/charshafchinja-so-kravichki-i-lubenichki-teshki-iljadnici-evra-si-pazarel-kokain-od-kolumbija-mu-go-donela-kurirska-sluzba/ Sun, 06 Nov 2022 19:52:55 +0000 https://republika.mk/?p=570501

Хрватската полиција запленила пратка со колумбиски кокаин спакуван на несекојдневен начин.

„Полициски службеници на полициската управа во Загреб ја завршија кривичната истрага против 43-годишен маж и 42-годишна жена поради сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и тргување со дрога“ – пишува полицијата.

Се сомневаат дека 43-годишниот маж од засега неутврдени лица и на неутврден начин од Колумбија купил поголема количина кокаин, која се обидел да го прошверцува во Хрватска така што кокаинот бил растворен, а во растврото биле натопени асталски чаршафи.

Дрогата сокриена на овој начин во двa пакета преку редовна курирска служба била прошверцувана на територијата на Хрватска, по што 43-годишен маж ја подигнал во четвртокот.

Своите сомнежи полициските службеници ги потврдиле со претрес на споменатите пакувања во кои биле пронајдени вкупно 26 парчиња платнени чаршафи натопени во раствор од дрогата кокаин.

Потоа е спроведена натамошна кривична истрага при што е утврдено дека 43-годишниот осомничен и 42-годишната жена спротивно на одредбите од член 3 од Законот за сузбивање на злоупотреба на дрога со цел на препродажба, набавил смола од коноп од типот на дрога и дрогата кокаин и ја измерил, препакувал и мешал со филер за да ја зголеми количината и ја скрил во стан во Загреб, се со цел производство и препродавање на дрогата“, пишува полицијата.

Исто така, со употреба на уреди за емитување светлина, осомничените создале услови за вештачко одгледување на растенија во кои засадиле коноп од типот на дрога и го сушеле, го измериле и на крајот го препродавале“, се додава во соопштението, а пренесува Индекс.хр.

The post Чаршафчиња со кравички и лубенички тешки илјадници евра: Си пазарел кокаин од Колумбија, му го донела курирска служба appeared first on Република.

]]>

Хрватската полиција запленила пратка со колумбиски кокаин спакуван на несекојдневен начин. „Полициски службеници на полициската управа во Загреб ја завршија кривичната истрага против 43-годишен маж и 42-годишна жена поради сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и тргување со дрога“ – пишува полицијата. Се сомневаат дека 43-годишниот маж од засега неутврдени лица и на неутврден начин од Колумбија купил поголема количина кокаин, која се обидел да го прошверцува во Хрватска така што кокаинот бил растворен, а во растврото биле натопени асталски чаршафи. Дрогата сокриена на овој начин во двa пакета преку редовна курирска служба била прошверцувана на територијата на Хрватска, по што 43-годишен маж ја подигнал во четвртокот. Своите сомнежи полициските службеници ги потврдиле со претрес на споменатите пакувања во кои биле пронајдени вкупно 26 парчиња платнени чаршафи натопени во раствор од дрогата кокаин.
Потоа е спроведена натамошна кривична истрага при што е утврдено дека 43-годишниот осомничен и 42-годишната жена спротивно на одредбите од член 3 од Законот за сузбивање на злоупотреба на дрога со цел на препродажба, набавил смола од коноп од типот на дрога и дрогата кокаин и ја измерил, препакувал и мешал со филер за да ја зголеми количината и ја скрил во стан во Загреб, се со цел производство и препродавање на дрогата“, пишува полицијата. „Исто така, со употреба на уреди за емитување светлина, осомничените создале услови за вештачко одгледување на растенија во кои засадиле коноп од типот на дрога и го сушеле, го измериле и на крајот го препродавале“, се додава во соопштението, а пренесува Индекс.хр.

The post Чаршафчиња со кравички и лубенички тешки илјадници евра: Си пазарел кокаин од Колумбија, му го донела курирска служба appeared first on Република.

]]>
Eве како беше пресечен шверцот на дрога кај велешката патарина https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eve-kako-beshe-presechen-shvercot-na-droga-kaj-veleshkata-patarina/ Wed, 02 Nov 2022 09:59:17 +0000 https://republika.mk/?p=568659

 Вчеравечер од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција во координација со СВР Велес и Царинската управа, пресечен е меѓународен транспорт на наркотични дроги и запленети се околу 67 килограми марихуана, со проценета вредност од околу 250.000 евра.

https://www.youtube.com/shorts/voFh6S1vyNI

По добиени информации за можен транспорт на наркотични дроги, од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога преземени се интензивни мерки за проверка и анализа, при што е дојдено до информации и утврдување на идентитетот на лицето кое е инволвирано во вршење на транспортот.

Веднаш по ова, координирани се полициски службеници од Отсекот за дрога при СВР Велес кои околу 15.30 часот на наплатна станица Отовица, во правец на Скопје, запреле возило „фолксваген туран“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Д.Ј.(46) од Скопје.  Под сомнение дека со возилото се пренесува наркотична дрога, тоа е пренесено на Граничен премин Блаце, каде од страна на тим од мобилна царина и со употреба на службено царинско куче, извршен е детален преглед и во возилото е откриен специјално направен простор-бункер во подот од возилото, вклучувајќи го и подот од багажниот простор, како и резервоарот од самото возило, кои биле исполнети со повеќе пакувања со марихуана во количина од околу 67 килограми, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Лицето за паричен надомест од 2.500 евра требало со неговото возило да ја транспортира дрогата од Република Албанија, преку територијата на нашата земја, до Република Турција како крајна дестинација. Денеска (02.11.2022) од страна на СВР Велес до надлежното ОЈО Велес ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а лицето ќе биде спроведено пред судија на претходна постапка од Основен суд Велес.

The post Eве како беше пресечен шверцот на дрога кај велешката патарина appeared first on Република.

Арачиновец шверцувал 100 килограми марихуана https://republika.mk/vesti/crna-hronika/arachinovec-shvercuval-na-100-kilogrami-marihuana/ Fri, 26 Aug 2022 17:57:01 +0000 https://republika.mk/?p=544542

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција, Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Единицата за недозволена трговија со дрога во координација со полициски службеници од СВР Куманово, во кумановското село Никуштак го лишија од слобода С.И. (40) од Арачиново.

Како што информираат од МВР, тој е лишен од слобода како резултат на спроведена истрага на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случај на заплена на 100 килограми наркотична дрога марихуана на 31 март 2022 во Штип.

– Во рамките на истрагата обезбедени се материјални докази за инволвираноста на наведеното лице во случајот. Во координација со СВР Скопје, ЕНТДО и интервентна полиција, по претходна издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд – Скопје бил извршен претрес во неговиот дом во село Арачиново, при што биле пронајдени мобилни телефони и сим картички, е наведено во соопштението од Министерството.

На лицето С.И. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена и истиот е спроведен во истражен затвор Скопје.

The post Арачиновец шверцувал 100 килограми марихуана appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција, Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Единицата за недозволена трговија со дрога во координација со полициски службеници од СВР Куманово, во кумановското село Никуштак го лишија од слобода С.И. (40) од Арачиново. Како што информираат од МВР, тој е лишен од слобода како резултат на спроведена истрага на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случај на заплена на 100 килограми наркотична дрога марихуана на 31 март 2022 во Штип. – Во рамките на истрагата обезбедени се материјални докази за инволвираноста на наведеното лице во случајот. Во координација со СВР Скопје, ЕНТДО и интервентна полиција, по претходна издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд – Скопје бил извршен претрес во неговиот дом во село Арачиново, при што биле пронајдени мобилни телефони и сим картички, е наведено во соопштението од Министерството. На лицето С.И. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена и истиот е спроведен во истражен затвор Скопје.

The post Арачиновец шверцувал 100 килограми марихуана appeared first on Република.

]]>
Војната во Украина го пресече каналот за шверцување хероин од Авганистан https://republika.mk/vesti/svet/vojnata-vo-ukraina-go-preseche-kanalot-za-shvercuvanje-heroin-od-avganistan/ Wed, 15 Jun 2022 06:33:51 +0000 https://republika.mk/?p=515305

Лисабон, 15 јуни 2022 (МИА) – Руската инвазија на Украина влијаеше и на промената на патиштата за криумчарење дрога во Европа, предупреди агенцијата на Европската Унија.

Директорот на Европскиот центар за следење дрога и зависности од дроги Алексис Гусдил изјави дека војната веќе има „директно влијание“ на еден од патиштата за трговија со хероин од Авганистан, што минуваше низ Украина и низ соседните земји.

– Трговците со дрога повеќе не се заинтересирани да продолжат да го користат овој пат, појасни тој на онлајн прес-конференција.

Како што тој додаде, веќе има знаци за зголемена трговија на границите меѓу Турција и Бугарија, како и на Турција и Грција.

Конфликтот ги принудил криумчарите кои го користеле Црното Море, да преминат на други патишта за пренос на дрога.

Гусдил верува дека ќе се зголеми трговијата низ грчките острови и јужниот дел на Медитеранот.

Во годишниот извештај на агенцијата се истакнува дека многу луѓе, кои за време на војната претрпеле „голем психолошки стрес“, може да прибегнат и да злоупотребуваат штетни супстанции.

Се предупредува дека здравствените служби во европските земји, особено на оние што граничат со Украина, може да станат уште пооптоварени. Тоа, бидејќи зависниците од дрога кои бегаат од конфликтот, ќе побараат услуга и поддршка.

Агенцијата истакнува дека тешката финансиска ситуација во Авганистан, што од август е под контрола на талибанците, заработката од дрога може да ја претвори во значаен извор на приходи. Тоа може да резултира со зголемување на трговијата со хероин кон Европа.

Во извештајот пишува и дека и покрај забраната за производство, продажба и трговија со недозволена дрога, во Авганистан продолжува одгледувањето афион.

The post Војната во Украина го пресече каналот за шверцување хероин од Авганистан appeared first on Република.

]]>

Лисабон, 15 јуни 2022 (МИА) – Руската инвазија на Украина влијаеше и на промената на патиштата за криумчарење дрога во Европа, предупреди агенцијата на Европската Унија. Директорот на Европскиот центар за следење дрога и зависности од дроги Алексис Гусдил изјави дека војната веќе има „директно влијание“ на еден од патиштата за трговија со хероин од Авганистан, што минуваше низ Украина и низ соседните земји.
– Трговците со дрога повеќе не се заинтересирани да продолжат да го користат овој пат, појасни тој на онлајн прес-конференција.
Како што тој додаде, веќе има знаци за зголемена трговија на границите меѓу Турција и Бугарија, како и на Турција и Грција. Конфликтот ги принудил криумчарите кои го користеле Црното Море, да преминат на други патишта за пренос на дрога. Гусдил верува дека ќе се зголеми трговијата низ грчките острови и јужниот дел на Медитеранот. Во годишниот извештај на агенцијата се истакнува дека многу луѓе, кои за време на војната претрпеле „голем психолошки стрес“, може да прибегнат и да злоупотребуваат штетни супстанции. Се предупредува дека здравствените служби во европските земји, особено на оние што граничат со Украина, може да станат уште пооптоварени. Тоа, бидејќи зависниците од дрога кои бегаат од конфликтот, ќе побараат услуга и поддршка. Агенцијата истакнува дека тешката финансиска ситуација во Авганистан, што од август е под контрола на талибанците, заработката од дрога може да ја претвори во значаен извор на приходи. Тоа може да резултира со зголемување на трговијата со хероин кон Европа. Во извештајот пишува и дека и покрај забраната за производство, продажба и трговија со недозволена дрога, во Авганистан продолжува одгледувањето афион.

The post Војната во Украина го пресече каналот за шверцување хероин од Авганистан appeared first on Република.

]]>
Запленетa марихуана вредна 50.000 евра, разбиена шверцерска група, меѓу приведените и 82-годишник https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapleneta-marihuana-vredna-50-000-evra-razbiena-shvercerska-grupa-megju-privedenite-i-82-godishnik/ Wed, 26 Jan 2022 16:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=449903

МВР вчера пресече транспорт на марихуана, со вкупна тежина од 25,3 килограми, вредна 50.000 евра, при што се лишени од слобода М.А.(63), Д.К.(45) и Ј.К.(82). Во текот на јануари 2022 првопријавениот М.А. ја набавил дрогата и го ангажирал Д.К. на 24.01.2022 со рент-а-кар возило „форд фокус”, со скопски регистарски ознаки, да ја пренесе до викенд куќа на место Голиево, во Мирковци, изнајмена од страна на првопријавениот. 

На 25.01.2022, откако М.А. договорил купопродажба на 10 килограми марихуана во с.Василево, струмичко, ги ангажирал Д.К. и Ј.К. да ја пренесат дрогата со возилото „форд фокус” до викенд куќа во с.Василево, а М.А. со остатокот од дрогата, со патничко возило „шевролет калос” со скопски регистарски ознаки, се упатил кон Скопје.

Истиот ден, на автопатот Скопје-Штип, во близина на место „Преод”, од страна на полициски службеници при извршен преглед на возилото „форд фокус”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К., каде како совозач бил Ј.К., во задниот дел биле пронајдени вреќа со марихуана во вкупна количина од околу 10 килограми и торба со остатоци од марихуана, а кај лицата биле пронајдени пари во различни валути и апоени. Притоа, двете лица биле лишени од слободакако што соопшти Сузана Прањиќ Талевска, портпарол на МВР.

Околу 14 часот на ул.„Јадранска магистрала”, од страна на полициски службеници била извршена контрола на патничко возило „шевролет калос”, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А., при што во  багажниот простор биле пронајдени торба со 30 пакувања марихуана, неколку засебни пакувања со марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана, во вкупна количина од над 15 килограми. И М.А. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

Денеска Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против М.А., Д.К. и Ј.К., поради постоење основи на сомневање дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

The post Запленетa марихуана вредна 50.000 евра, разбиена шверцерска група, меѓу приведените и 82-годишник appeared first on Република.

]]>

МВР вчера пресече транспорт на марихуана, со вкупна тежина од 25,3 килограми, вредна 50.000 евра, при што се лишени од слобода М.А.(63), Д.К.(45) и Ј.К.(82). Во текот на јануари 2022 првопријавениот М.А. ја набавил дрогата и го ангажирал Д.К. на 24.01.2022 со рент-а-кар возило „форд фокус”, со скопски регистарски ознаки, да ја пренесе до викенд куќа на место Голиево, во Мирковци, изнајмена од страна на првопријавениот.  На 25.01.2022, откако М.А. договорил купопродажба на 10 килограми марихуана во с.Василево, струмичко, ги ангажирал Д.К. и Ј.К. да ја пренесат дрогата со возилото „форд фокус” до викенд куќа во с.Василево, а М.А. со остатокот од дрогата, со патничко возило „шевролет калос” со скопски регистарски ознаки, се упатил кон Скопје.