Шведски филмови Archives - Република https://republika.mk/tema/shvedski-filmovi/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Aug 2023 11:49:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шведски филмови Archives - Република https://republika.mk/tema/shvedski-filmovi/ 32 32 Амбасадата на Шведска и Кинотека од 10-15 август подготвија интересна програма на шведски документарни филмови https://republika.mk/vesti/kultura/ambasadata-na-shvedska-i-kinoteka-od-10-15-avgust-podgotvija-interesna-programa-na-shvedski-dokumentarni-filmovi/ Wed, 09 Aug 2023 11:49:51 +0000 https://republika.mk/?p=670388

За љубителите на филмската уметност амбасадата на Шведска во соработка со Кинотека на Македонија во периодот од 10-15 август подготвија интересна програма на шведски документарни филмови.

На репертоарот ќе бидат „Предрасуди и гордост – шведски филмски квир“ од Ева Белинг, на 10ти август, потоа Историја – конци за Сами на Томас Џексон на 11ти август„Децата на непријателот “ на  Горки Гласер – Милер на 12ти август, „Хор – една приказна за госпел хорот Тенста на Аманда Пешикан на 14ти август, и „Сабаја“ на Хогир Хирори на 15ти август. Проекциите почнуваат од 20 чaсот.

Секој од филмовите на репертоарот на неделата на шведски документарни филмови ве носи на едно поинакво кинематографско патешествие: почнувајќи со еден времеплов низ богатата историја и застапеноста на квир и транс заедницата во шведската кинематографија, преку фасцинантно патување низ историските настани и митолошките слики на Сами (Лапонците) исткаени заедно со проблемот на климатските промени и како тие го загрозуваат денешното одгледување ирваси, а со тоа и постоењето на културата на Самите, на репертоарот се вклучени и еден извонреден музички документарец за госпел хорот во едно од најсекуларните општества, кој третира прашања за човечката потреба за заедништво и духовност, како и две документарани приказни кои го третираат озлогласениот затворски логор Ал Хол во Сирија, едната за трагичните судбини на „децата на непријателот“ како што ги нарекуваат децата на двајца убиени припадници на ИСИС кои по убивањето на нивните родители завршуваат во логорот, и борбата на нивниот дедо да ги спаси оттаму, и втората за обидите да се спасат жените и девојките Јазиди заробени во истиот тој логор.

Повеќе информации можете да добиете на страницата на Кинотека на Македонија (kinoteka.mk) или на социјалните мрежи на Амбасадата на Шведска (FB/Instagram: @SwedenInMK)“

The post Амбасадата на Шведска и Кинотека од 10-15 август подготвија интересна програма на шведски документарни филмови appeared first on Република.

]]>

За љубителите на филмската уметност амбасадата на Шведска во соработка со Кинотека на Македонија во периодот од 10-15 август подготвија интересна програма на шведски документарни филмови. На репертоарот ќе бидат „Предрасуди и гордост – шведски филмски квир“ од Ева Белинг, на 10ти август, потоа Историја – конци за Сами на Томас Џексон на 11ти август„Децата на непријателот “ на  Горки Гласер – Милер на 12ти август, „Хор – една приказна за госпел хорот Тенста на Аманда Пешикан на 14ти август, и „Сабаја“ на Хогир Хирори на 15ти август. Проекциите почнуваат од 20 чaсот. Секој од филмовите на репертоарот на неделата на шведски документарни филмови ве носи на едно поинакво кинематографско патешествие: почнувајќи со еден времеплов низ богатата историја и застапеноста на квир и транс заедницата во шведската кинематографија, преку фасцинантно патување низ историските настани и митолошките слики на Сами (Лапонците) исткаени заедно со проблемот на климатските промени и како тие го загрозуваат денешното одгледување ирваси, а со тоа и постоењето на културата на Самите, на репертоарот се вклучени и еден извонреден музички документарец за госпел хорот во едно од најсекуларните општества, кој третира прашања за човечката потреба за заедништво и духовност, како и две документарани приказни кои го третираат озлогласениот затворски логор Ал Хол во Сирија, едната за трагичните судбини на „децата на непријателот“ како што ги нарекуваат децата на двајца убиени припадници на ИСИС кои по убивањето на нивните родители завршуваат во логорот, и борбата на нивниот дедо да ги спаси оттаму, и втората за обидите да се спасат жените и девојките Јазиди заробени во истиот тој логор. Повеќе информации можете да добиете на страницата на Кинотека на Македонија (kinoteka.mk) или на социјалните мрежи на Амбасадата на Шведска (FB/Instagram: @SwedenInMK)“

The post Амбасадата на Шведска и Кинотека од 10-15 август подготвија интересна програма на шведски документарни филмови appeared first on Република.

]]>