шведска Archives - Република https://republika.mk/tema/shvedska/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 19:44:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шведска Archives - Република https://republika.mk/tema/shvedska/ 32 32 Тобијас Билстром поднесе оставка, повеќе нема да се занимава со политика https://republika.mk/vesti/svet/tobijas-bilstrom-podnese-ostavka-poveke-nema-da-se-zanimava-so-politika/ Wed, 04 Sep 2024 21:40:35 +0000 https://republika.mk/?p=813245

Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром денеска соопшти дека се повлекува од функцијатa, две години откако беше назначен и оти повеќе нема да се занимава со политика.

Тој на социјалната мрежа „Х“ напиша дека размислувал за тоа веќе некое време, и оти е горд на сето она што било направено во претходните две години.

- Тоа не беше лесна одлука, но нешто за што размислував некое време. Имав многу различни улоги во политиката во последните 25 години, од кои 10 како министер, прво како министер за миграција во коалициската влада и сега како министер за надворешни работи. Сега сосема ја напуштам политиката. Она што понатаму ќе го направам, се уште е отворено, напиша Билстром.

The post Тобијас Билстром поднесе оставка, повеќе нема да се занимава со политика appeared first on Република.

]]>

Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром денеска соопшти дека се повлекува од функцијатa, две години откако беше назначен и оти повеќе нема да се занимава со политика. Тој на социјалната мрежа „Х“ напиша дека размислувал за тоа веќе некое време, и оти е горд на сето она што било направено во претходните две години. - Тоа не беше лесна одлука, но нешто за што размислував некое време. Имав многу различни улоги во политиката во последните 25 години, од кои 10 како министер, прво како министер за миграција во коалициската влада и сега како министер за надворешни работи. Сега сосема ја напуштам политиката. Она што понатаму ќе го направам, се уште е отворено, напиша Билстром.

The post Тобијас Билстром поднесе оставка, повеќе нема да се занимава со политика appeared first on Република.

]]>
Во Шведска е забележан првиот случај на мајмунски сипаници во Европа https://republika.mk/vesti/svet/vo-shvedska-e-zabelezhan-prviot-sluchaj-na-majmunski-sipanitsi-vo-evropa/ Fri, 16 Aug 2024 07:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=807053

Светската здравствена организација (СЗО) во средата ги прогласи мајмунските сипаници за глобална здравствена криза по втор пат во три години, откако вирусот се прошири од Демократска Република Конго во соседните земји.

Сепак, пристигна вест за првиот случај на мајмунски сипаници надвор од Африка – Шведска потврди дека забележала еден случај.

За потсетување, СЗО алармираше во јули 2022 година, кога мајмуните се проширија во 116 земји во светот и заразија речиси 100.000 луѓе, пред се хомосексуалци и бисексуалци. Болеста тогаш однесе околу 200 животи.

Заканата овој пат е посмртоносна.

Од почетокот на оваа година, само Демократска Република Конго пријавила 15.600 случаи на инфекција и 537 смртни случаи. Најранливи се жените и децата помлади од 15 години, а досега 13 африкански земји имаат регистрирано случаи на зарази. За борба против епидемијата, СЗО издвои 1,5 милиони долари од својот фонд за вонредни ситуации и ги повикува донаторите на дополнителни инвестиции.

Откривањето и брзото ширење на мајмунски сипаници во источниот дел на Демократска Република Конго, неговото откритие во соседните земји кои претходно немаа случаи на мајмунски сипаници и можноста за понатамошно ширење во Африка и пошироко се загрижувачки, рече д-р. Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.

 

The post Во Шведска е забележан првиот случај на мајмунски сипаници во Европа appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) во средата ги прогласи мајмунските сипаници за глобална здравствена криза по втор пат во три години, откако вирусот се прошири од Демократска Република Конго во соседните земји. Сепак, пристигна вест за првиот случај на мајмунски сипаници надвор од Африка – Шведска потврди дека забележала еден случај. За потсетување, СЗО алармираше во јули 2022 година, кога мајмуните се проширија во 116 земји во светот и заразија речиси 100.000 луѓе, пред се хомосексуалци и бисексуалци. Болеста тогаш однесе околу 200 животи. Заканата овој пат е посмртоносна. Од почетокот на оваа година, само Демократска Република Конго пријавила 15.600 случаи на инфекција и 537 смртни случаи. Најранливи се жените и децата помлади од 15 години, а досега 13 африкански земји имаат регистрирано случаи на зарази. За борба против епидемијата, СЗО издвои 1,5 милиони долари од својот фонд за вонредни ситуации и ги повикува донаторите на дополнителни инвестиции.
Откривањето и брзото ширење на мајмунски сипаници во источниот дел на Демократска Република Конго, неговото откритие во соседните земји кои претходно немаа случаи на мајмунски сипаници и можноста за понатамошно ширење во Африка и пошироко се загрижувачки, рече д-р. Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.
 

The post Во Шведска е забележан првиот случај на мајмунски сипаници во Европа appeared first on Република.

]]>
Тежок пораз за Хрватска на Олимпијадата, Шведска пресилна https://republika.mk/sport/rakomet/tezhok-poraz-za-hrvatska-na-olimpijadata-shvedska-presilna/ Fri, 02 Aug 2024 19:19:29 +0000 https://republika.mk/?p=802932

Хрватските ракометари претрпеа тежок пораз од селекцијата на Шведска со 38:27 во четвртото коло од групата А на олимпискиот турнир.

Така, пласман во четвртфиналето ќе мора да бараат на последниот меч против Шпанија.

Хрватите почнаа добро и во неколку наврати имаа плус четири гола на своето конто. Потоа дојде до голем пад во играта што им овозможи на Швеѓаните да го наметнат својот ритам. Продолжија проблемите за Хрватите и во одбраната и во нападот, па репрезентативците од северот на Европа брзо стигнаа до 18:15.

Швеѓаните на своја страна го имаа расположениот голман Андреас Паличка, кој го бранеше и невозможното, додека тоа не беше случај на другата страна.

Во вториот дел Хрватска постигна гол едвај на истекот на шестата минута. Дувњак го прекина постот за 23:16. Тогаш веќе беше јасно дека Хрватска нема да може да ја достигне предноста на ривалот, која само растеше од минута во минута.

Ова е дефинитивно најтешкиот пораз на Хрватска на Олимписките игри, а тие ќе се обидат да победат против Шпанија во последното коло од групната фаза за пласман во четвртфиналето.

The post Тежок пораз за Хрватска на Олимпијадата, Шведска пресилна appeared first on Република.

]]>

Хрватските ракометари претрпеа тежок пораз од селекцијата на Шведска со 38:27 во четвртото коло од групата А на олимпискиот турнир. Така, пласман во четвртфиналето ќе мора да бараат на последниот меч против Шпанија. Хрватите почнаа добро и во неколку наврати имаа плус четири гола на своето конто. Потоа дојде до голем пад во играта што им овозможи на Швеѓаните да го наметнат својот ритам. Продолжија проблемите за Хрватите и во одбраната и во нападот, па репрезентативците од северот на Европа брзо стигнаа до 18:15. Швеѓаните на своја страна го имаа расположениот голман Андреас Паличка, кој го бранеше и невозможното, додека тоа не беше случај на другата страна. Во вториот дел Хрватска постигна гол едвај на истекот на шестата минута. Дувњак го прекина постот за 23:16. Тогаш веќе беше јасно дека Хрватска нема да може да ја достигне предноста на ривалот, која само растеше од минута во минута. Ова е дефинитивно најтешкиот пораз на Хрватска на Олимписките игри, а тие ќе се обидат да победат против Шпанија во последното коло од групната фаза за пласман во четвртфиналето.

The post Тежок пораз за Хрватска на Олимпијадата, Шведска пресилна appeared first on Република.

]]>
ЛОИ: Германија ја совлада Шведска и со победа ги стартуваше ЛОИ https://republika.mk/sport/rakomet/loi-germanija-ja-sovlada-shvedska-i-so-pobeda-gi-startuvashe-loi/ Sat, 27 Jul 2024 19:16:17 +0000 https://republika.mk/?p=800899

Ракометната селекција на Германија победнички го отвори турнирот на ЛОИ во Париз, откако во дербито на колото во групата А ја доби битката со големиот ривал Шведска и со 30-27 стигна до првите бодови во групата.

Најдобар поединец во таборот на Германија беше Усчинс со осум гола, додека во спротивниот табор најпрецизен беше Ване исто така со осум погодоци.

Домаќинот на последното Европско првенство за цел успеа да ја прекине „црната“ серија на порази на големите натпреварувања (четири во низа).

The post ЛОИ: Германија ја совлада Шведска и со победа ги стартуваше ЛОИ appeared first on Република.

]]>

Ракометната селекција на Германија победнички го отвори турнирот на ЛОИ во Париз, откако во дербито на колото во групата А ја доби битката со големиот ривал Шведска и со 30-27 стигна до првите бодови во групата. Најдобар поединец во таборот на Германија беше Усчинс со осум гола, додека во спротивниот табор најпрецизен беше Ване исто така со осум погодоци. Домаќинот на последното Европско првенство за цел успеа да ја прекине „црната“ серија на порази на големите натпреварувања (четири во низа).

The post ЛОИ: Германија ја совлада Шведска и со победа ги стартуваше ЛОИ appeared first on Република.

]]>
Шведска: Најголема закана по нашата безбедност е Русија https://republika.mk/vesti/svet/shvedska-najgolema-zakana-po-nashata-bezbednost-e-rusija/ Mon, 08 Jul 2024 12:09:48 +0000 https://republika.mk/?p=794595

Русија претставува најголема закана за Шведска и нејзините сојузници до 2030 година, оцени денеска шведската Влада во најновата Стратегија за национална безбедност.

Не треба да се исклучи вооружен напад врз Шведска или нејзините сојузници, се истакнува во документот.

Во јануари, командантот на шведските вооружени сили им порача на своите сограѓани „ментално да се подготват за војна“.

Министерот за одбрана Пал Јонсон наведе дека заканата од Русија ќе зависи од текот на војната во Украина

The post Шведска: Најголема закана по нашата безбедност е Русија appeared first on Република.

]]>

Русија претставува најголема закана за Шведска и нејзините сојузници до 2030 година, оцени денеска шведската Влада во најновата Стратегија за национална безбедност. Не треба да се исклучи вооружен напад врз Шведска или нејзините сојузници, се истакнува во документот. Во јануари, командантот на шведските вооружени сили им порача на своите сограѓани „ментално да се подготват за војна“. Министерот за одбрана Пал Јонсон наведе дека заканата од Русија ќе зависи од текот на војната во Украина

The post Шведска: Најголема закана по нашата безбедност е Русија appeared first on Република.

]]>
Ако бабите и дедовците во Шведска ги чуваат внуците, ќе им биде платено https://republika.mk/zivot/semejstvo/ako-babite-i-dedovtsite-vo-shvedska-gi-chuvaat-vnutsite-ke-im-bide-plateno/ Wed, 03 Jul 2024 11:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=793080

Во Шведска почна да се применува нов закон што им дозволува на бабите и дедовците да добиваат платено родителско отсуство додека се грижат за своите внуци до три месеци во текот на првата година на детето.

Шведскиот парламент го одобри минатиот декември владиниот предлог за трансфер на родителски додаток. Тоа се случува 50 години откако Шведска стана прва во светот која воведе платено родителско отсуство за татковците, а не само за мајките.

Според новиот закон, родителите можат да префрлат дел од додатокот за родителско отсуство на бабата и дедото на детето.

Родителска двојка може да префрли најмногу 45 дена на други, додека самохран родител може да пренесе 90 дена, објави Шведската агенција за социјално осигурување.

Родителскиот додаток во Шведска се исплаќа за 480 дена или околу 16 месеци по дете.

Таа такса се пресметува врз основа на целосен приход за 390 дена, додека за останатите 90 дена се добива фиксен износ од 17 долари на ден.

Има и други бенефиции за родителите во Шведска – тие исто така можат да работат со скратено работно време додека детето не наполни осум години, додека државните службеници можат да добијат скратено работно време додека детето не наполни 12 години.

 

The post Ако бабите и дедовците во Шведска ги чуваат внуците, ќе им биде платено appeared first on Република.

]]>

Во Шведска почна да се применува нов закон што им дозволува на бабите и дедовците да добиваат платено родителско отсуство додека се грижат за своите внуци до три месеци во текот на првата година на детето. Шведскиот парламент го одобри минатиот декември владиниот предлог за трансфер на родителски додаток. Тоа се случува 50 години откако Шведска стана прва во светот која воведе платено родителско отсуство за татковците, а не само за мајките. Според новиот закон, родителите можат да префрлат дел од додатокот за родителско отсуство на бабата и дедото на детето. Родителска двојка може да префрли најмногу 45 дена на други, додека самохран родител може да пренесе 90 дена, објави Шведската агенција за социјално осигурување. Родителскиот додаток во Шведска се исплаќа за 480 дена или околу 16 месеци по дете. Таа такса се пресметува врз основа на целосен приход за 390 дена, додека за останатите 90 дена се добива фиксен износ од 17 долари на ден. Има и други бенефиции за родителите во Шведска – тие исто така можат да работат со скратено работно време додека детето не наполни осум години, додека државните службеници можат да добијат скратено работно време додека детето не наполни 12 години.  

The post Ако бабите и дедовците во Шведска ги чуваат внуците, ќе им биде платено appeared first on Република.

]]>
Иран и Шведска извршија размена на затвореници https://republika.mk/vesti/svet/iran-i-shvedska-izvrshija-razmena-na-zatvorenitsi/ Sat, 15 Jun 2024 17:33:21 +0000 https://republika.mk/?p=787939

Иран и Шведска ја завршија размената на затвореници, соопшти владата на Оман, која посредуваше во процесот, јави ДПА.

Граѓаните од двете земји денеска се пренесени во Мускат, главниот град на малата држава на Персискиот Залив.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон потврди дека двајца шведски државјани се вратиле дома.

Според информациите од Техеран, Хамид Н., кој беше осуден на доживотен затвор во Шведска за масовни егзекуции на политички затвореници во Иран на крајот на 1980-тите, е ослободен. Иранецот (63) беше осуден во Стокхолм во јули 2022 година.

Вработениот во ЕУ, Јохан Флодерус и Саид Асиси, кои беа осудени на пет години затвор во Иран, се ослободени од Техеран, рече Кристерсон.

Најмалку уште еден шведски државјанин, лекарот Ахмад Реса Џалали, сè уште е во ирански затвор.

Односите меѓу Шведска и Иран неодамна беа значително заладени поради дипломатските случаи. Во мај минатата година Техеран погуби шведско-ирански дисидент кој беше обвинет за терористички активности. Критичарите постојано го обвинуваа Иран дека се обидува да го ослободи Хамид Н. затворајќи шведски граѓани.

The post Иран и Шведска извршија размена на затвореници appeared first on Република.

]]>

Иран и Шведска ја завршија размената на затвореници, соопшти владата на Оман, која посредуваше во процесот, јави ДПА. Граѓаните од двете земји денеска се пренесени во Мускат, главниот град на малата држава на Персискиот Залив. Шведскиот премиер Улф Кристерсон потврди дека двајца шведски државјани се вратиле дома. Според информациите од Техеран, Хамид Н., кој беше осуден на доживотен затвор во Шведска за масовни егзекуции на политички затвореници во Иран на крајот на 1980-тите, е ослободен. Иранецот (63) беше осуден во Стокхолм во јули 2022 година.
Вработениот во ЕУ, Јохан Флодерус и Саид Асиси, кои беа осудени на пет години затвор во Иран, се ослободени од Техеран, рече Кристерсон.
Најмалку уште еден шведски државјанин, лекарот Ахмад Реса Џалали, сè уште е во ирански затвор. Односите меѓу Шведска и Иран неодамна беа значително заладени поради дипломатските случаи. Во мај минатата година Техеран погуби шведско-ирански дисидент кој беше обвинет за терористички активности. Критичарите постојано го обвинуваа Иран дека се обидува да го ослободи Хамид Н. затворајќи шведски граѓани.

The post Иран и Шведска извршија размена на затвореници appeared first on Република.

]]>
Десницата во Шведска постигна лош резултат на европските избори https://republika.mk/vesti/svet/desnitsata-vo-shvedska-postigna-losh-rezultat-na-evropskite-izbori/ Mon, 10 Jun 2024 14:53:50 +0000 https://republika.mk/?p=786284

Според прелиминарните резултати, популистичката десничарска Демократска партија на Шведска освоила 13,2 отсто од гласовите на неделните европски избори и се наоѓа на четвртото место, што ја прави Шведска една од ретките земји во Европа каде што екстремната десница потфрли.

Шведските демократи освоија 13,2 отсто од гласовите, што е за 2,2 отсто помалку од претходните европски избори и ќе ги задржат трите места во Европскиот парламент, завршувајќи зад опозициските социјалдемократи, конзервативците на премиерот Улф Кристерсон и Зелените.

Аналитичарите велат дека лошиот резултат на шведската Демократска партија е „најголемата сензација на изборната ноќ“ и дека веројатната причина е што партијата се соочила со тешки критики откако една телевизиска станица наведе дека таа управувала со лажни налози на социјалните мрежи, ги клеветела политичките противници и сојузници, ширела лажни видеа и објавувала расистички коментари.

Шведските демократи, кои денес го поддржуваат членството во ЕУ, ја омекнаа својата реторика и ги исфрлија отворено расистичките членови. Оттогаш, тие од маргинално движење со помалку од два отсто поддршка прераснаа во втора по големина партија во земјата.

Таа партија зазема тврд став за имиграцијата, ја поддржува шведската централно-десничарска трипартиска влада, но не е дел од неа.

Кристин Нисен, аналитичарка во истражувачкиот центар Европа со седиште во Копенхаген, рече дека имиграцијата не е главно прашање во северна Европа, за разлика од јужниот дел каде што „прашањата како миграцијата се важни за гласачите“.

The post Десницата во Шведска постигна лош резултат на европските избори appeared first on Република.

]]>

Според прелиминарните резултати, популистичката десничарска Демократска партија на Шведска освоила 13,2 отсто од гласовите на неделните европски избори и се наоѓа на четвртото место, што ја прави Шведска една од ретките земји во Европа каде што екстремната десница потфрли. Шведските демократи освоија 13,2 отсто од гласовите, што е за 2,2 отсто помалку од претходните европски избори и ќе ги задржат трите места во Европскиот парламент, завршувајќи зад опозициските социјалдемократи, конзервативците на премиерот Улф Кристерсон и Зелените. Аналитичарите велат дека лошиот резултат на шведската Демократска партија е „најголемата сензација на изборната ноќ“ и дека веројатната причина е што партијата се соочила со тешки критики откако една телевизиска станица наведе дека таа управувала со лажни налози на социјалните мрежи, ги клеветела политичките противници и сојузници, ширела лажни видеа и објавувала расистички коментари. Шведските демократи, кои денес го поддржуваат членството во ЕУ, ја омекнаа својата реторика и ги исфрлија отворено расистичките членови. Оттогаш, тие од маргинално движење со помалку од два отсто поддршка прераснаа во втора по големина партија во земјата. Таа партија зазема тврд став за имиграцијата, ја поддржува шведската централно-десничарска трипартиска влада, но не е дел од неа. Кристин Нисен, аналитичарка во истражувачкиот центар Европа со седиште во Копенхаген, рече дека имиграцијата не е главно прашање во северна Европа, за разлика од јужниот дел каде што „прашањата како миграцијата се важни за гласачите“.

The post Десницата во Шведска постигна лош резултат на европските избори appeared first on Република.

]]>
Шведската полиција уапси 19 пропалестински активисти на Универзитетот во Стокхолм https://republika.mk/vesti/svet/shvedskata-politsija-uapsi-19-propalestinski-aktivisti-na-univerzitetot-vo-stokholm/ Fri, 07 Jun 2024 16:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=785578

Шведската полиција денеска уапси 19 пропалестински активисти кои се забарикадираа на третиот кат од зградата на Кралскиот институт за технологија (KTH) во Стокхолм.

-Тие најверојатно ќе одговараат за попречување и непочитување на полицијата, велат од полицијата.

Активистите околу пладне со столови и маси го блокираа влезот во зградата на институтот, додека дел од демонстрантите извикуваа „Слободна Палестина“ и закачуваа палестински знамиња на прозорците.

Набрзо пред КТХ се појавија луѓе кои ги поддржуваа активистите, како и голем број полицајци кои упаднаа во зградата, пренесоа американските медиуми.

Во данската престолнина, активистите ги тргнаа шаторите од кампусот на Универзитетот во Копенхаген, а некои од нив во средата се преселија на плоштадот на Градското собрание, каде што поставија шаторски камп, барајќи од Данска да ја бојкотира продажбата на оружје на Израел.

The post Шведската полиција уапси 19 пропалестински активисти на Универзитетот во Стокхолм appeared first on Република.

]]>

Шведската полиција денеска уапси 19 пропалестински активисти кои се забарикадираа на третиот кат од зградата на Кралскиот институт за технологија (KTH) во Стокхолм. -Тие најверојатно ќе одговараат за попречување и непочитување на полицијата, велат од полицијата. Активистите околу пладне со столови и маси го блокираа влезот во зградата на институтот, додека дел од демонстрантите извикуваа „Слободна Палестина“ и закачуваа палестински знамиња на прозорците. Набрзо пред КТХ се појавија луѓе кои ги поддржуваа активистите, како и голем број полицајци кои упаднаа во зградата, пренесоа американските медиуми. Во данската престолнина, активистите ги тргнаа шаторите од кампусот на Универзитетот во Копенхаген, а некои од нив во средата се преселија на плоштадот на Градското собрание, каде што поставија шаторски камп, барајќи од Данска да ја бојкотира продажбата на оружје на Израел.

The post Шведската полиција уапси 19 пропалестински активисти на Универзитетот во Стокхолм appeared first on Република.

]]>
Членовите на групата ABBA добија витешки титули и орден во шведската кралска палата https://republika.mk/scena/chlenovite-na-grupata-abba-dobija-viteshki-tituli-i-orden-vo-shvedskata-kralska-palata/ Sun, 02 Jun 2024 11:02:00 +0000 https://republika.mk/?p=784116

Четворицата членови на познатата шведска поп група АББА повторно се обединија за да ја добијат една од најголемите шведски почести, „Кралскиот орден на Васа“, за време на церемонијата во Кралската палата во Стокхолм.

Многу популарната група, која се формираше во 1972 година и се распадна на почетокот на 1980-тите, продаде околу 385 милиони плочи и сè уште има легии обожаватели ширум светот со трајни хитови како што се „Dancing Queen“, „Thank You For The Music“ и „Fernando“.

Оваа година, Шведска продолжи да им доделува витешки признанија на Швеѓаните по 50-годишна пауза.

Оваа година се навршуваат и 50 години од победата на АББА на Евровизија во Британија во 1974 година со „Waterloo“, со што го привлече глобалното внимание.

Мјузиклот „Mamma Mia!“, компониран од Улвеус и Андерсон, врз основа на нивните песни, го гледале преку 70 милиони луѓе ширум светот од 1999 година, според неговите творци.

Улвеус за шведската ТВ4 по церемонијата изјави дека се чувствувал „многу емотивен“ кога ја примил наградата, особено што таа доаѓа од шведската јавност.

The post Членовите на групата ABBA добија витешки титули и орден во шведската кралска палата appeared first on Република.

]]>

Четворицата членови на познатата шведска поп група АББА повторно се обединија за да ја добијат една од најголемите шведски почести, „Кралскиот орден на Васа“, за време на церемонијата во Кралската палата во Стокхолм.
Многу популарната група, која се формираше во 1972 година и се распадна на почетокот на 1980-тите, продаде околу 385 милиони плочи и сè уште има легии обожаватели ширум светот со трајни хитови како што се „Dancing Queen“, „Thank You For The Music“ и „Fernando“. Оваа година, Шведска продолжи да им доделува витешки признанија на Швеѓаните по 50-годишна пауза. Оваа година се навршуваат и 50 години од победата на АББА на Евровизија во Британија во 1974 година со „Waterloo“, со што го привлече глобалното внимание. Мјузиклот „Mamma Mia!“, компониран од Улвеус и Андерсон, врз основа на нивните песни, го гледале преку 70 милиони луѓе ширум светот од 1999 година, според неговите творци. Улвеус за шведската ТВ4 по церемонијата изјави дека се чувствувал „многу емотивен“ кога ја примил наградата, особено што таа доаѓа од шведската јавност.

The post Членовите на групата ABBA добија витешки титули и орден во шведската кралска палата appeared first on Република.

]]>
Јонсон: Шведска ги прекина плановите за испорака на борбените авиони „Грипен“ за Украина https://republika.mk/vesti/svet/jonson-shvedska-gi-prekina-planovite-za-isporaka-na-borbenite-avioni-gripen-za-ukraina/ Tue, 28 May 2024 11:53:22 +0000 https://republika.mk/?p=782423

Шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон денеска изјави дека Шведска ќе направи пауза со плановите за испорака на борбените авиони „Грипен“ за Украина, со цел да се овозможи воведување на борбените авиони Ф-16.

Јонсон за шведската агенција ТТ изјави дека планот е ставен во мирување на барање на другите членки на НАТО, кои повикуваат да се почека со „Грипен-ите“, пренесуваат британските медиуми.

-Ова е поврзано со фактот дека фокусот во моментов е на воведувањето на системите Ф-16, рече Јонсон.

Украина лани ги започна преговорите со Шведска за набавка на авионите „Грипен“.

The post Јонсон: Шведска ги прекина плановите за испорака на борбените авиони „Грипен“ за Украина appeared first on Република.

]]>

Шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон денеска изјави дека Шведска ќе направи пауза со плановите за испорака на борбените авиони „Грипен“ за Украина, со цел да се овозможи воведување на борбените авиони Ф-16. Јонсон за шведската агенција ТТ изјави дека планот е ставен во мирување на барање на другите членки на НАТО, кои повикуваат да се почека со „Грипен-ите“, пренесуваат британските медиуми. -Ова е поврзано со фактот дека фокусот во моментов е на воведувањето на системите Ф-16, рече Јонсон. Украина лани ги започна преговорите со Шведска за набавка на авионите „Грипен“.

The post Јонсон: Шведска ги прекина плановите за испорака на борбените авиони „Грипен“ за Украина appeared first on Република.

]]>
Оклопни возила на улиците на Малме за пробата на израелската претставничка на Евровизија https://republika.mk/scena/oklopni-vozila-na-ulitsite-na-malme-za-probata-na-izraelskata-pretstavnichka-na-evrovizija/ Wed, 08 May 2024 16:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=775649

Меѓу нив е и Еден Голан, претставничката на Израел, поради што безбедносните мерки околу арената во Малме каде се одржува пробата се такви што не е пријатно да се биде во нивна близина.

Има оклопни возила, полициски возила, полицајци во полна опрема, како и полиција во цивилна облека.

Интересот на медиумите е огромен, па денеска ги има многу повеќе отколку на пробата на учесниците кои настапија во текот на првата полуфинална вечер.

The post Оклопни возила на улиците на Малме за пробата на израелската претставничка на Евровизија appeared first on Република.

]]>

Меѓу нив е и Еден Голан, претставничката на Израел, поради што безбедносните мерки околу арената во Малме каде се одржува пробата се такви што не е пријатно да се биде во нивна близина. Има оклопни возила, полициски возила, полицајци во полна опрема, како и полиција во цивилна облека. Интересот на медиумите е огромен, па денеска ги има многу повеќе отколку на пробата на учесниците кои настапија во текот на првата полуфинална вечер.

The post Оклопни возила на улиците на Малме за пробата на израелската претставничка на Евровизија appeared first on Република.

]]>
Шведска ги повика своите граѓани да складираат конзервирана храна за случај на војна со Русија https://republika.mk/vesti/svet/shvedska-gi-povika-svoite-gragani-da-skladiraat-konzervirana-hrana-za-sluchaj-na-vojna-so-rusija/ Thu, 14 Mar 2024 07:00:51 +0000 https://republika.mk/?p=754544

Шведската влада ги повика своите жители да складираат конзервирана храна. Со таквата препорака, Шведска ги подготвува своите граѓани за војна со Русија, пренесе францускиот портал „Sud Ouest“.

Во написот се наведува дека на Швеѓаните им се препорачува да складираат конзервирана храна, како и да набават прибор за прва помош, радија и преносни филтри за вода. Генерално, експертите сметаат дека во воени услови треба да се има залиха храна за три месеци однапред.

Во текстот се забележува дека до крајот на 2024 година, Швеѓаните ќе добијат инструкции како да се однесуваат во случај на развој на негативните случувања.

Ваквата препорака доаѓа по неполна една недела откако земјата влезе во НАТО.

На 11 март во седиштето на НАТО во Брисел беше подигнато знамето на Шведска и земјата официјално стана членка на алијансата. Претставници на Шведска, во таа пригода изјавија дека во моментот не гледаат потреба од поставување бази на НАТО или нуклеарно оружје на територијата на земјата.

The post Шведска ги повика своите граѓани да складираат конзервирана храна за случај на војна со Русија appeared first on Република.

]]>

Шведската влада ги повика своите жители да складираат конзервирана храна. Со таквата препорака, Шведска ги подготвува своите граѓани за војна со Русија, пренесе францускиот портал „Sud Ouest“. Во написот се наведува дека на Швеѓаните им се препорачува да складираат конзервирана храна, како и да набават прибор за прва помош, радија и преносни филтри за вода. Генерално, експертите сметаат дека во воени услови треба да се има залиха храна за три месеци однапред. Во текстот се забележува дека до крајот на 2024 година, Швеѓаните ќе добијат инструкции како да се однесуваат во случај на развој на негативните случувања. Ваквата препорака доаѓа по неполна една недела откако земјата влезе во НАТО. На 11 март во седиштето на НАТО во Брисел беше подигнато знамето на Шведска и земјата официјално стана членка на алијансата. Претставници на Шведска, во таа пригода изјавија дека во моментот не гледаат потреба од поставување бази на НАТО или нуклеарно оружје на територијата на земјата.

The post Шведска ги повика своите граѓани да складираат конзервирана храна за случај на војна со Русија appeared first on Република.

]]>
Благодарница од МНР на Шведска за поддршката за членството во НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/blagodarnitsa-od-mnr-na-shvedska-za-poddrshkata-za-chlenstvoto-vo-nato/ Wed, 13 Mar 2024 12:20:48 +0000 https://republika.mk/?p=754393

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ја прими амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џејн.

 

На средбата, беа разменети писма од министрите за надворешни работи по повод членството на Шведска во НАТО.

 

Османи упати честитки за членството на Шведска во НАТО Алијансата, нагласувајќи дека со ваквиот чекор ќе се зајакне европската и целокупната трансатлантска стабилност.

 

“Пристапувањето на Шведска во НАТО како 32-та земја членка е историски момент што ќе ја направи Алијансата побезбедна и ќе ја зајакне нашата колективна безбедност. Тоа, воедно е и потврда за единството на сите земји членки, што е особено значајно во овие времиња кога се соочуваме со руската воена агресија во Украина и последиците врз стабилноста на европскиот континент”, нагласи Османи.

 

На средбата без разменети мислења и за евроинтегративниот процес на Македонија, при што беше реафирмирана силната поддршка од Шведска за наше што поскоро членство во ЕУ.

The post Благодарница од МНР на Шведска за поддршката за членството во НАТО appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ја прими амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џејн.

 

На средбата, беа разменети писма од министрите за надворешни работи по повод членството на Шведска во НАТО.

 

Османи упати честитки за членството на Шведска во НАТО Алијансата, нагласувајќи дека со ваквиот чекор ќе се зајакне европската и целокупната трансатлантска стабилност.

 

“Пристапувањето на Шведска во НАТО како 32-та земја членка е историски момент што ќе ја направи Алијансата побезбедна и ќе ја зајакне нашата колективна безбедност. Тоа, воедно е и потврда за единството на сите земји членки, што е особено значајно во овие времиња кога се соочуваме со руската воена агресија во Украина и последиците врз стабилноста на европскиот континент”, нагласи Османи.

 

На средбата без разменети мислења и за евроинтегративниот процес на Македонија, при што беше реафирмирана силната поддршка од Шведска за наше што поскоро членство во ЕУ.

The post Благодарница од МНР на Шведска за поддршката за членството во НАТО appeared first on Република.

]]>
Македонската оперска певица Миланка Новеска стана стипендист на кралскиот театар во Дротнингхолм, Шведска https://republika.mk/vesti/kultura/makedonskata-operska-pevitsa-milanka-noveska-stana-stipendist-na-kralskiot-teatar-vo-drotningholm-shvedska/ Tue, 12 Mar 2024 09:14:13 +0000 https://republika.mk/?p=753873

Неверојатно сум среќна што можам да споделам дека станав еден од стипендистите на кралскиот театар во Дротнингхолм. Највисокото признание и достигнување на кое може да се надева еден оперски пејач, напиша на својот фејсбук профил оперската певица Миланка Новеска.

Ова лето ќе настапам за кралското семејство и ќе ми ја додели големата стипендија Drottningholmsteaterns Vänner од шведската кралица.
Тешко е да се опишат чувствата што ме преплавуваат. Многу сум благодарен што ми се даде таква неверојатна можност да го развијам моето знаење и љубов кон пеењето.
Да се ​​препознае и да се цени целата моја напорна работа, љубов и посветеност кон операта и барокната музика на ова високо ниво е прекрасно и извонредно искуство. Благодарен сум на Шведска за сите неверојатни моменти и поддршка!
Соништата навистина се остваруваат, ако некој би се осмелил да сонува.., напиша во својата објава на ФБ Миланка.

The post Македонската оперска певица Миланка Новеска стана стипендист на кралскиот театар во Дротнингхолм, Шведска appeared first on Република.

]]>

Неверојатно сум среќна што можам да споделам дека станав еден од стипендистите на кралскиот театар во Дротнингхолм. Највисокото признание и достигнување на кое може да се надева еден оперски пејач, напиша на својот фејсбук профил оперската певица Миланка Новеска.
Ова лето ќе настапам за кралското семејство и ќе ми ја додели големата стипендија Drottningholmsteaterns Vänner од шведската кралица. Тешко е да се опишат чувствата што ме преплавуваат. Многу сум благодарен што ми се даде таква неверојатна можност да го развијам моето знаење и љубов кон пеењето. Да се ​​препознае и да се цени целата моја напорна работа, љубов и посветеност кон операта и барокната музика на ова високо ниво е прекрасно и извонредно искуство. Благодарен сум на Шведска за сите неверојатни моменти и поддршка! Соништата навистина се остваруваат, ако некој би се осмелил да сонува.., напиша во својата објава на ФБ Миланка.

The post Македонската оперска певица Миланка Новеска стана стипендист на кралскиот театар во Дротнингхолм, Шведска appeared first on Република.

]]>
Харадинај сака по Шведска, Косово да биде следно за прием во НАТО https://republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-saka-po-shvedska-kosovo-da-bide-sledno-za-priem-vo-nato/ Thu, 07 Mar 2024 21:46:57 +0000 https://republika.mk/?p=752422

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадиај го поздрави официјалниот влез на Шведска во НАТО.

Харадинај оцени дека Северноатлантската алијанса се зајакнала со приемот во своите редови на таа скандинавска држава.

Во објава на својата страница на Фејсбук, Харадинај изрази надеж оти „сега е на ред Косово“ да стане членка на НАТО.

Политичко-воениот сојуз - НАТО, се зајакна со приемот на Шведска како нејзина 32-ра членка. е надеваме дека сега е на ред Косово, напиша Харадинај.

The post Харадинај сака по Шведска, Косово да биде следно за прием во НАТО appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадиај го поздрави официјалниот влез на Шведска во НАТО. Харадинај оцени дека Северноатлантската алијанса се зајакнала со приемот во своите редови на таа скандинавска држава. Во објава на својата страница на Фејсбук, Харадинај изрази надеж оти „сега е на ред Косово“ да стане членка на НАТО.
Политичко-воениот сојуз - НАТО, се зајакна со приемот на Шведска како нејзина 32-ра членка. е надеваме дека сега е на ред Косово, напиша Харадинај.

The post Харадинај сака по Шведска, Косово да биде следно за прием во НАТО appeared first on Република.

]]>
Шведска стана членка на НАТО https://republika.mk/vesti/svet/shvedska-stana-chlenka-na-nato/ Thu, 07 Mar 2024 17:06:37 +0000 https://republika.mk/?p=752364

Шведска денеска се приклучи кон НАТО како нејзина 32.членка, соопшти американската Влада, цитирана од ДПА.

Во официјалното известување од американскиот Стејт департмент се вели дека денеска стапил на сила „Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристапување на Кралството Шведска“.

Пристапувањето на Шведска значи дека сите сојузници во НАТО, вклучително и САД се посветени на одбрана на земјата доколку биде нападната, и обратно. Шведска, исто така, ќе придонесе со нејзината развиена одбранбена индустрија која веќе снабдува неколку земји од НАТО.

И Шведска и Финска побараа да се приклучат на НАТО во мај 2022 година, по целосната инвазија на Русија на Украина во февруари истата година. Финска стана членка на Алијансата во април 2023 година.

The post Шведска стана членка на НАТО appeared first on Република.

]]>

Шведска денеска се приклучи кон НАТО како нејзина 32.членка, соопшти американската Влада, цитирана од ДПА. Во официјалното известување од американскиот Стејт департмент се вели дека денеска стапил на сила „Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристапување на Кралството Шведска“. Пристапувањето на Шведска значи дека сите сојузници во НАТО, вклучително и САД се посветени на одбрана на земјата доколку биде нападната, и обратно. Шведска, исто така, ќе придонесе со нејзината развиена одбранбена индустрија која веќе снабдува неколку земји од НАТО. И Шведска и Финска побараа да се приклучат на НАТО во мај 2022 година, по целосната инвазија на Русија на Украина во февруари истата година. Финска стана членка на Алијансата во април 2023 година.

The post Шведска стана членка на НАТО appeared first on Република.

]]>
Шведска денеска официјално ќе стане 32-та членка на НАТО https://republika.mk/vesti/svet/shvedska-deneska-ofitsijalno-ke-stane-32-ta-chlenka-na-nato/ Thu, 07 Mar 2024 10:48:52 +0000 https://republika.mk/?p=752195

Шведска, по два века неутралност и две години откако аплицираше, денеска и официјално ќе стане 32-та членка на НАТО, што е голем чекор за земја која досега се придржуваше до воено неврзување за да не го навлече гневот на Москва.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во Вашингтон официјално ќе му ги предаде документите за ратификација на шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, до кои земјата стигна по долги натегања со одделни членки на Алијансата.

Сино-жолтото шведско знаме во понеделник треба да биде подигнато пред седиштето на НАТО во Брисел.

Минатата недела Русија вети дека ќе преземе „контра мерки“ како реакција на пристапувањето на Стокхолм во Алијансата, што ќе зависи „од условите и опсегот на интеграцијата на Шведска во НАТО“.

The post Шведска денеска официјално ќе стане 32-та членка на НАТО appeared first on Република.

]]>

Шведска, по два века неутралност и две години откако аплицираше, денеска и официјално ќе стане 32-та членка на НАТО, што е голем чекор за земја која досега се придржуваше до воено неврзување за да не го навлече гневот на Москва. Шведскиот премиер Улф Кристерсон во Вашингтон официјално ќе му ги предаде документите за ратификација на шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, до кои земјата стигна по долги натегања со одделни членки на Алијансата. Сино-жолтото шведско знаме во понеделник треба да биде подигнато пред седиштето на НАТО во Брисел. Минатата недела Русија вети дека ќе преземе „контра мерки“ како реакција на пристапувањето на Стокхолм во Алијансата, што ќе зависи „од условите и опсегот на интеграцијата на Шведска во НАТО“.

The post Шведска денеска официјално ќе стане 32-та членка на НАТО appeared first on Република.

]]>
Шведска ќе ги предаде документите за членството во НАТО https://republika.mk/vesti/shvedska-ke-gi-predade-dokumentite-za-chlenstvoto-vo-nato/ Wed, 06 Mar 2024 17:08:55 +0000 https://republika.mk/?p=752005

Премиерот на Шведска Улф Кристерсон и министерот за надворешни работи Тобијас Билстром денеска ќе отпатуваат за Вашингтон, каде ќе ги предадат документите за членство во НАТО.

Тоа е последниот чекор за да се стави крај на двогодишниот процес за членството на Шведска во НАТО.

Претседателот на Унгарија, Тамаш Шујок вчера го потпиша законот со кој на Шведска и се одобрува пристапување во Алијансата, со што беше отстранета и последната бариера за членство.

Шведска ќе стане 32 членка на НАТО штом официјалните документи ќе бидат депонирани во Вашингтон, со што ќе се означи крајот на двестегодишниот период во кој Стокхолм избегнуваше воени сојузи.

Финска стана членка на НАТО минатата година, но Шведска беше на листата на чекање бидејќи Турција и Унгарија имаа забелешки.

 

The post Шведска ќе ги предаде документите за членството во НАТО appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Шведска Улф Кристерсон и министерот за надворешни работи Тобијас Билстром денеска ќе отпатуваат за Вашингтон, каде ќе ги предадат документите за членство во НАТО. Тоа е последниот чекор за да се стави крај на двогодишниот процес за членството на Шведска во НАТО. Претседателот на Унгарија, Тамаш Шујок вчера го потпиша законот со кој на Шведска и се одобрува пристапување во Алијансата, со што беше отстранета и последната бариера за членство. Шведска ќе стане 32 членка на НАТО штом официјалните документи ќе бидат депонирани во Вашингтон, со што ќе се означи крајот на двестегодишниот период во кој Стокхолм избегнуваше воени сојузи. Финска стана членка на НАТО минатата година, но Шведска беше на листата на чекање бидејќи Турција и Унгарија имаа забелешки.  

The post Шведска ќе ги предаде документите за членството во НАТО appeared first on Република.

]]>
Унгарија го одобри приемот на Шведска во НАТО https://republika.mk/vesti/svet/ungarija-go-odobri-priemot-na-shvedska-vo-nato/ Tue, 05 Mar 2024 16:33:39 +0000 https://republika.mk/?p=751619

Унгарскиот претседател Тамаш Суљок денеска го потпиша предлог-законот со кој се одобрува приемот на Шведска во НАТО, соопшти денеска кабинетот на Суљок.

На 26 февруари унгарскиот парламент го одобри приемот на Шведска во Алијансата, што беше последна пречка за влез на оваа нордиска земја во НАТО, пренесe Ројтерс.

Шведска, која следеше политика на воена неутралност за време на двете светски војни и Студената војна, одлучи да се приклучи на НАТО по почетокот на војната во Украина во 2022 година.

The post Унгарија го одобри приемот на Шведска во НАТО appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот претседател Тамаш Суљок денеска го потпиша предлог-законот со кој се одобрува приемот на Шведска во НАТО, соопшти денеска кабинетот на Суљок. На 26 февруари унгарскиот парламент го одобри приемот на Шведска во Алијансата, што беше последна пречка за влез на оваа нордиска земја во НАТО, пренесe Ројтерс. Шведска, која следеше политика на воена неутралност за време на двете светски војни и Студената војна, одлучи да се приклучи на НАТО по почетокот на војната во Украина во 2022 година.

The post Унгарија го одобри приемот на Шведска во НАТО appeared first on Република.

]]>