Швајцарска вечер Archives - Република https://republika.mk/tema/shvajtsarska-vecher/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Aug 2024 13:40:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Швајцарска вечер Archives - Република https://republika.mk/tema/shvajtsarska-vecher/ 32 32 Швајцарска вечер на „Охридско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/shvajtsarska-vecher-na-ohridsko-leto/ Sat, 10 Aug 2024 15:38:50 +0000 https://republika.mk/?p=805240

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на пијанистот Алексеј Ботвинов, виолинистот Себастиан Борен и виолончелистот Патрик Деменга. Тие ќе настапат во рамките на Швајцарската вечер на фестивалот, во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Алексеј Ботвинов е исклучителен пијанист, музички иноватор и продуцент. Тој е еден од најзначајните украински пијанисти и се смета за еден од најдобрите интерпретатори на музиката на Сергеј Рахмањинов. Ботвинов, истовремено е и единствениот пијанист во светот кој на сцена ги има изведено „Голдберг варијации“ на Бах повеќе од 300 пати.

Алексеј Ботвинов настапувал во повеќе од 46 земји ширум светот, а неговите неодамнешни настапи вклучуваат концерти во салите на Берлинската филхармонија, во „Гевандхаус“ во Лајпциг, „Тонхале“ во Цирих, во салата на филхармонијата во Хамбург, во „Бетовен хаус“ Бон и многу други.

Себастиан  Борен е виолинист кој внимателно му приоѓа на репертоарот избирајќи најчесто интерпретации на дела од класичната и романтична ера, дела од ХХ век и нови, современи композиции. Во 2022 година Швајцарската фондација на школите за виолина му ја додели наградата „Златно гудало“, а германскиот печат го опишува како „ еден од најсериозните, директни музичари на неговата  генерација“.

Виолончелистот Патрик Деменга е роден во 1962 година, студира на конзерваториумите во Берн и во Келн со Борис Пергаменшчиков, и со Харви Шапиро во Њујорк.  Деменга редовно настапува на најпознатите фестивали и во музичките центри ширум Европа, Јужна Африка, САД, Јужна Америка, Австралија и Азија.

The post Швајцарска вечер на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на пијанистот Алексеј Ботвинов, виолинистот Себастиан Борен и виолончелистот Патрик Деменга. Тие ќе настапат во рамките на Швајцарската вечер на фестивалот, во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Алексеј Ботвинов е исклучителен пијанист, музички иноватор и продуцент. Тој е еден од најзначајните украински пијанисти и се смета за еден од најдобрите интерпретатори на музиката на Сергеј Рахмањинов. Ботвинов, истовремено е и единствениот пијанист во светот кој на сцена ги има изведено „Голдберг варијации“ на Бах повеќе од 300 пати. Алексеј Ботвинов настапувал во повеќе од 46 земји ширум светот, а неговите неодамнешни настапи вклучуваат концерти во салите на Берлинската филхармонија, во „Гевандхаус“ во Лајпциг, „Тонхале“ во Цирих, во салата на филхармонијата во Хамбург, во „Бетовен хаус“ Бон и многу други. Себастиан  Борен е виолинист кој внимателно му приоѓа на репертоарот избирајќи најчесто интерпретации на дела од класичната и романтична ера, дела од ХХ век и нови, современи композиции. Во 2022 година Швајцарската фондација на школите за виолина му ја додели наградата „Златно гудало“, а германскиот печат го опишува како „ еден од најсериозните, директни музичари на неговата  генерација“. Виолончелистот Патрик Деменга е роден во 1962 година, студира на конзерваториумите во Берн и во Келн со Борис Пергаменшчиков, и со Харви Шапиро во Њујорк.  Деменга редовно настапува на најпознатите фестивали и во музичките центри ширум Европа, Јужна Африка, САД, Јужна Америка, Австралија и Азија.

The post Швајцарска вечер на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>