Штип Archives - Република https://republika.mk/tema/shtip/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 13:13:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Штип Archives - Република https://republika.mk/tema/shtip/ 32 32 „Лидл“ заинтересиран да отвори маркети на две локации во Штип https://republika.mk/vesti/ekonomija/lidl-zainteresiran-da-otvori-marketi-na-dve-lokatsii-vo-shtip/ Mon, 11 Nov 2024 13:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=836359

Познатиот германски бренд „Лидл“ во Штип е заинтересиран за отворање на маркети на две локации. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска на новинарско прашање, каде ќе биде лоциран „Лидл“ во Штип, одговори дека оваа компанија е заинтересирана за две локации, едната е спроти поранешното нервно одделение, каде што во моментов и интензивно се доградува и булеварот „Партизанска“, а втората е кај автобуската станица во Штип.

- На потегот кај булеварот „Партизанска“ веќе се работи на земјените работи, а втората локација од она што го добивме како информација од страна на оваа компанија е дека преговараат со сопственикот на објектот на Автобуската станица. Информациите исто така говорат дека Автобуската станица делумно ќе остане овде, нема да се дислоцира. Така да на еден дел на оваа површина најверојатно ќе се постави соодветен објект, каде што ќе биде и вториот маркет на „Лидл“, вели Јорданов.

Тој посочи дека во Штип на повеќе локации има инвестиции и градежни активности од приватни инвеститори, а нивна задача е како локална самоуправа да ги издаваат градежните одобренија и да размислуваат за развој на градот и нови вработувања.

The post „Лидл“ заинтересиран да отвори маркети на две локации во Штип appeared first on Република.

]]>

Познатиот германски бренд „Лидл“ во Штип е заинтересиран за отворање на маркети на две локации. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска на новинарско прашање, каде ќе биде лоциран „Лидл“ во Штип, одговори дека оваа компанија е заинтересирана за две локации, едната е спроти поранешното нервно одделение, каде што во моментов и интензивно се доградува и булеварот „Партизанска“, а втората е кај автобуската станица во Штип. - На потегот кај булеварот „Партизанска“ веќе се работи на земјените работи, а втората локација од она што го добивме како информација од страна на оваа компанија е дека преговараат со сопственикот на објектот на Автобуската станица. Информациите исто така говорат дека Автобуската станица делумно ќе остане овде, нема да се дислоцира. Така да на еден дел на оваа површина најверојатно ќе се постави соодветен објект, каде што ќе биде и вториот маркет на „Лидл“, вели Јорданов. Тој посочи дека во Штип на повеќе локации има инвестиции и градежни активности од приватни инвеститори, а нивна задача е како локална самоуправа да ги издаваат градежните одобренија и да размислуваат за развој на градот и нови вработувања.

The post „Лидл“ заинтересиран да отвори маркети на две локации во Штип appeared first on Република.

]]>
Николоски: Во Штип се гради како никогаш до сега, преку 12, 5 милиони евра инвестираме оваа година во инфраструктурата https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vo-shtip-se-gradi-kako-nikogash-do-sega-preku-12-5-milioni-evra-investirame-ovaa-godina-vo-infrastrukturata/ Fri, 08 Nov 2024 12:06:41 +0000 https://republika.mk/?p=835546

Преку 12, 5 милион евра инвестираме само оваа година во Штип и овој обем на инвестиции во инфраструктурата во градот никогаш претходно не се случил, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната работна посета на општина Штип.

Министерот Николоски и градоначалникот Јорданов денеска извршија увид во реконструкција на локалните улици Христијан Тодоровски Карпош и АСНОМ, проект што се реализира преку Министерството за транспорт во соработка со општината.

Министерот истакна дека во Штип се гради како никогаш досега, инфраструктурно се развива забрзано, а за следната година најави дополнителени проекти за сите општини.

Драго ми е што на денот на ослободувањето на Штип сум во градот, духот на Народноослободителната борба веќе 80 години се чуствува и сега продолжуваме во тој дух да ја развиваме и градиме Македонија. Нема ништо подобро од тоа да инвестираме во инфараструктурата. Штип го има еден од најдобрите градоначалници во Македонија бидејќи ваков обем на активности ретко можете да видите во другите општини и тоа е за поздравување. Во таа насока, во тек е реконструкција на улиците Христијан Тодоровски Карпош и АСНОМ каде се наоѓаме, а претходно ја завршивме улицата Широк Дол. Со средства од буџетот, Штип доби околу 2 милиони евра за развој на еден голем проект а тоа е градска магистрала од населба Железничка до м.в. Рибник за што веќе потпишавме и договор со општината. На последната седница на Влада одобривме дополнително 1, 5 милиони евра за изградба и реконструкција на водовод и канализации на улиците Асном, .”Боро Милевски”,”Рудо”, ”Христијан Тодоровски Карпош” за Ромската населба “Света Недела како и Три Чешми и следната недела тендерот ќе биде распишан. Исто така вчера објавивме и теднер за доизградба на браната Отиње – изјави министерот Николоски.

Градоналаникот Иван Јорданов исткна дека подршката од Владата е огромна за Штип.

Продолжувме и во следниот период со силни инвестиции во Штип. Штип наликува на огромно градилиште не само на постоечката инфраструктура, туку создаваме и нова. Во оваа населба Леваци, прв пат после неколку децении откако е изгрaдена се прави реконструкција и тоа само дава додадена вредност за целиот град - истакна Иван Јорданов градоначалник на Штип.

The post Николоски: Во Штип се гради како никогаш до сега, преку 12, 5 милиони евра инвестираме оваа година во инфраструктурата appeared first on Република.

]]>

Преку 12, 5 милион евра инвестираме само оваа година во Штип и овој обем на инвестиции во инфраструктурата во градот никогаш претходно не се случил, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната работна посета на општина Штип. Министерот Николоски и градоначалникот Јорданов денеска извршија увид во реконструкција на локалните улици Христијан Тодоровски Карпош и АСНОМ, проект што се реализира преку Министерството за транспорт во соработка со општината. Министерот истакна дека во Штип се гради како никогаш досега, инфраструктурно се развива забрзано, а за следната година најави дополнителени проекти за сите општини.
Драго ми е што на денот на ослободувањето на Штип сум во градот, духот на Народноослободителната борба веќе 80 години се чуствува и сега продолжуваме во тој дух да ја развиваме и градиме Македонија. Нема ништо подобро од тоа да инвестираме во инфараструктурата. Штип го има еден од најдобрите градоначалници во Македонија бидејќи ваков обем на активности ретко можете да видите во другите општини и тоа е за поздравување. Во таа насока, во тек е реконструкција на улиците Христијан Тодоровски Карпош и АСНОМ каде се наоѓаме, а претходно ја завршивме улицата Широк Дол. Со средства од буџетот, Штип доби околу 2 милиони евра за развој на еден голем проект а тоа е градска магистрала од населба Железничка до м.в. Рибник за што веќе потпишавме и договор со општината. На последната седница на Влада одобривме дополнително 1, 5 милиони евра за изградба и реконструкција на водовод и канализации на улиците Асном, .”Боро Милевски”,”Рудо”, ”Христијан Тодоровски Карпош” за Ромската населба “Света Недела како и Три Чешми и следната недела тендерот ќе биде распишан. Исто така вчера објавивме и теднер за доизградба на браната Отиње – изјави министерот Николоски.
Градоналаникот Иван Јорданов исткна дека подршката од Владата е огромна за Штип.
Продолжувме и во следниот период со силни инвестиции во Штип. Штип наликува на огромно градилиште не само на постоечката инфраструктура, туку создаваме и нова. Во оваа населба Леваци, прв пат после неколку децении откако е изгрaдена се прави реконструкција и тоа само дава додадена вредност за целиот град - истакна Иван Јорданов градоначалник на Штип.

The post Николоски: Во Штип се гради како никогаш до сега, преку 12, 5 милиони евра инвестираме оваа година во инфраструктурата appeared first on Република.

]]>
Невладините бараат убиството на штипјанката Емилија Пешева да се квалификува како фемицид https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nevladinite-baraat-ubistvoto-na-shtipjankata-emilija-pesheva-da-se-kvalifikuva-kako-femitsid/ Sun, 03 Nov 2024 16:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=833818

Убиството на 29-годишната Емилија Пешева е фемицид. Невладините организации кои работат на женските права и со жртвите на семејно насилство се согласни дека убиството на Пешева треба да се квалификува како фемицид.  Жртвата  претходно пријавила насилство, но постапката против Ф.З кој го изврши убиството врз неа ја има запрено на 2 септември потврдија и од Центарот за социјални работи во Штип.

Образложението и било дека предупредувањето од полицијата имало влијание врз неговото однесување, но и дека ќе ја заштитат родителите.  Бети Пеева од Невладината „ЕХО“ од Штип за МИА вели дека подолг временски период бараат законски измени, со цел кривичното гонење против насилнокот да оди по службена должност.

Ние имаме кривично гонење по предлог на жртвата, а голем дел од нив ги повлекуваат своите пријави до Полицијата и може да се случи дури и кога ќе биде покреното и кривично гонење може странката во меѓувреме да ја повлече таа пријава и тогаш институциите остануваат токму со врзани раце и не можат да преземат ништо во таа смисла. Поради тоа често се случува самите насилници да добијат уште поголема сила и моќ да продолжат понатаму со насилството, вели Пеева.

Таа посочува дека во пракса се случува многу често и какошто вели еве за жал какошто е завчерашниот фемицид во Штип на ваков начин и ескалираат.

Психологот, Стојне Митева од струмичкото Здружение „Скај плус“ кое раководи со шелтер центар вели дека во изминатиот период имаат згрижено голем број на жртви на семејно насилство од Штип и тоа какошто вели меѓу кои и тешки форми на насилство.

Сметам дека овде треба да го кренеме алармот, да се зголеми координацијата меѓу институциите и многу внимателно  да се следат насилниците. Бидејќи праксата покажува дека, честопати насилството, прераснува во убиство за жал. Убиството на жени е фемицид и важно е така да се квалификува, бидејќи оваа и многу други жени се убиени само затоа што се жени, вели Митева.

Таа посочува дека во шелтер центарот во Струмица во текот на годинава се згрижени околу 30 жртви на семејно насилство, заедно со нивните деца. Во Штип завчера беше убиена Пешева од нејзиниот поранешен партнер, кој претходно има и извршено насилство. На сторителот на делото му е одредена мерка притвор од 30 дена. Инаку казните за сторено кривично дело фемицид се движат од 10 години до доживотен затвор.

The post Невладините бараат убиството на штипјанката Емилија Пешева да се квалификува како фемицид appeared first on Република.

]]>

Убиството на 29-годишната Емилија Пешева е фемицид. Невладините организации кои работат на женските права и со жртвите на семејно насилство се согласни дека убиството на Пешева треба да се квалификува како фемицид.  Жртвата  претходно пријавила насилство, но постапката против Ф.З кој го изврши убиството врз неа ја има запрено на 2 септември потврдија и од Центарот за социјални работи во Штип. Образложението и било дека предупредувањето од полицијата имало влијание врз неговото однесување, но и дека ќе ја заштитат родителите.  Бети Пеева од Невладината „ЕХО“ од Штип за МИА вели дека подолг временски период бараат законски измени, со цел кривичното гонење против насилнокот да оди по службена должност.
Ние имаме кривично гонење по предлог на жртвата, а голем дел од нив ги повлекуваат своите пријави до Полицијата и може да се случи дури и кога ќе биде покреното и кривично гонење може странката во меѓувреме да ја повлече таа пријава и тогаш институциите остануваат токму со врзани раце и не можат да преземат ништо во таа смисла. Поради тоа често се случува самите насилници да добијат уште поголема сила и моќ да продолжат понатаму со насилството, вели Пеева.
Таа посочува дека во пракса се случува многу често и какошто вели еве за жал какошто е завчерашниот фемицид во Штип на ваков начин и ескалираат. Психологот, Стојне Митева од струмичкото Здружение „Скај плус“ кое раководи со шелтер центар вели дека во изминатиот период имаат згрижено голем број на жртви на семејно насилство од Штип и тоа какошто вели меѓу кои и тешки форми на насилство.
Сметам дека овде треба да го кренеме алармот, да се зголеми координацијата меѓу институциите и многу внимателно  да се следат насилниците. Бидејќи праксата покажува дека, честопати насилството, прераснува во убиство за жал. Убиството на жени е фемицид и важно е така да се квалификува, бидејќи оваа и многу други жени се убиени само затоа што се жени, вели Митева.
Таа посочува дека во шелтер центарот во Струмица во текот на годинава се згрижени околу 30 жртви на семејно насилство, заедно со нивните деца. Во Штип завчера беше убиена Пешева од нејзиниот поранешен партнер, кој претходно има и извршено насилство. На сторителот на делото му е одредена мерка притвор од 30 дена. Инаку казните за сторено кривично дело фемицид се движат од 10 години до доживотен затвор.

The post Невладините бараат убиството на штипјанката Емилија Пешева да се квалификува како фемицид appeared first on Република.

]]>
Ја удирал вонбрачната партнерка, ја турнал на под и ја давел до смрт: Ужасни детали за убиството во Штип https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ja-udiral-vonbrachnata-partnerka-ja-turnal-na-pod-i-ja-davel-do-smrt-uzhasni-detali-za-ubistvoto-vo-shtip/ Sat, 02 Nov 2024 16:25:04 +0000 https://republika.mk/?p=833557

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истрага против 33-годишен осомничен.

На 1 ноември во попладневните часови, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот неговата вонбрачна партнерка. Откако со жртвата се договориле да се сретнат во помошен објект на ЈП Исар, каде и претходно често се среќавале за да разговараат за проблемите во нивната врска, меѓу нив настанала расправија, по што осомничениот физички ја нападнал. Ја удирал со тупаници, па ја фатил за вратот, ја турнал на подот и со двете раце ја притискал и давел подолго време додека жената не престанала да дава знаци на живот. Потоа самиот се пријавил во полициската станица во Штип.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, а се работи и за претходно осудувано лице, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притвор за осомничениот во траење од 30 дена.

The post Ја удирал вонбрачната партнерка, ја турнал на под и ја давел до смрт: Ужасни детали за убиството во Штип appeared first on Република.

]]>

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истрага против 33-годишен осомничен. На 1 ноември во попладневните часови, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот неговата вонбрачна партнерка. Откако со жртвата се договориле да се сретнат во помошен објект на ЈП Исар, каде и претходно често се среќавале за да разговараат за проблемите во нивната врска, меѓу нив настанала расправија, по што осомничениот физички ја нападнал. Ја удирал со тупаници, па ја фатил за вратот, ја турнал на подот и со двете раце ја притискал и давел подолго време додека жената не престанала да дава знаци на живот. Потоа самиот се пријавил во полициската станица во Штип. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, а се работи и за претходно осудувано лице, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притвор за осомничениот во траење од 30 дена.

The post Ја удирал вонбрачната партнерка, ја турнал на под и ја давел до смрт: Ужасни детали за убиството во Штип appeared first on Република.

]]>
Ја убил партнерката во Штип и сам се пријавил во полиција https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ja-ubil-partnerkata-vo-shtip-i-sam-se-prijavil-vo-politsija/ Sat, 02 Nov 2024 07:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=833357

Маж во Штип ја убил партнерката и сам се пријавил во полиција.

Според првичните информации, околу 20.15 часот во полициската станица во Штип дошол Ф.З. (25) и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П .

25-годишниот ја убил 29-годишната жена во близина на штипскиот парк Суитлак, по што се пријавил во полиција.

Тој кажал дека телото се наоѓа во објект во Штип. Полициски службеници го нашле телото на жената. Во тек е увид на местото на настанот, во присуство на дежурен јавен обвинител. Телото на починатата жена е предадено на обдукција. Засега нема детали за мотивот.

Скоро секој ден има пријави за семејно насилство во полициските билтени. Имаше денови кога имаше и по 4-5 пријави.

The post Ја убил партнерката во Штип и сам се пријавил во полиција appeared first on Република.

Mасовна тепачка во Штип, се испотепале две семејства https://republika.mk/vesti/crna-hronika/masovna-tepachka-vo-shtip-se-ispotepale-dve-semejstva/ Thu, 17 Oct 2024 14:37:32 +0000 https://republika.mk/?p=828116

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.K., М.K., М.K., А.K., А.K., М.Ќ. и Џ.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ во група и против М.Ќ., А.К, М.К, А.К., М.К., Е.Д., Џ.Д, Џ.Ј., М.К., А.Ј., Е.Д., Д.Ј., Џ.Ј. и Ѓ.Ј, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ со последица тешка телесна повреда.

На 12.07.2024 во Штип, пријавените, членови на две семејства, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која употребиле и разни предмети.

The post Mасовна тепачка во Штип, се испотепале две семејства appeared first on Република.

]]>

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.K., М.K., М.K., А.K., А.K., М.Ќ. и Џ.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ во група и против М.Ќ., А.К, М.К, А.К., М.К., Е.Д., Џ.Д, Џ.Ј., М.К., А.Ј., Е.Д., Д.Ј., Џ.Ј. и Ѓ.Ј, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ со последица тешка телесна повреда. На 12.07.2024 во Штип, пријавените, членови на две семејства, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која употребиле и разни предмети.  

The post Mасовна тепачка во Штип, се испотепале две семејства appeared first on Република.

]]>
Приведен штипски дилер https://republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-shtipski-diler/ Wed, 16 Oct 2024 08:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=827430

Вчеравечер во 23.35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.С.(41) од Штип.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Штип, биле пронајдени и одземени повеќе различни пакувања со марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана, пари и таблети.

За настанот бил известен јавен обвинител и лицето било задржано во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, отсекот за недозволена трговија до дрога при СВР Штип против него ќе поднесе соодветна пријава, велат од МВР.

The post Приведен штипски дилер appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 23.35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.С.(41) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Штип, биле пронајдени и одземени повеќе различни пакувања со марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана, пари и таблети. За настанот бил известен јавен обвинител и лицето било задржано во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, отсекот за недозволена трговија до дрога при СВР Штип против него ќе поднесе соодветна пријава, велат од МВР.

The post Приведен штипски дилер appeared first on Република.

]]>
Концерт на Националниот џез оркестар со студенти од ФМУ и Џез академијата во Штип https://republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-natsionalniot-dhez-orkestar-so-studenti-od-fmu-i-dhez-akademijata-vo-shtip/ Mon, 07 Oct 2024 13:27:48 +0000 https://republika.mk/?p=823866

Во вторник, на 8 октомври, во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ), на големата сцена ќе се одржи концерт на Националниот Џез оркестар со студенти од Факултетот за музичка уметност (ФМУ) и Џез академијата во Штип.

Од националниот џез оркестар најавуваат уникатен настан кој ќе претставува спој на искуството на професионалните музичари и талентот на студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип.

Концертот ќе понуди динамична програма, исполнета со разнородни џез композиции и иновативни аранжмани. Ова вечер ќе биде одлична можност, јавноста да ужива во креативноста и свежината на новите таленти, како и да ги поддржи во нивниот музички развој, велат од НЏО.

The post Концерт на Националниот џез оркестар со студенти од ФМУ и Џез академијата во Штип appeared first on Република.

]]>

Во вторник, на 8 октомври, во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ), на големата сцена ќе се одржи концерт на Националниот Џез оркестар со студенти од Факултетот за музичка уметност (ФМУ) и Џез академијата во Штип. Од националниот џез оркестар најавуваат уникатен настан кој ќе претставува спој на искуството на професионалните музичари и талентот на студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип.
Концертот ќе понуди динамична програма, исполнета со разнородни џез композиции и иновативни аранжмани. Ова вечер ќе биде одлична можност, јавноста да ужива во креативноста и свежината на новите таленти, како и да ги поддржи во нивниот музички развој, велат од НЏО.

The post Концерт на Националниот џез оркестар со студенти од ФМУ и Џез академијата во Штип appeared first on Република.

]]>
Уапсен дилер од Штип https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-diler-od-shtip/ Sun, 22 Sep 2024 09:44:50 +0000 https://republika.mk/?p=818662

Министерството за внатрешни работи информира дека полициски службеници од СВР Штип при претрес во дом на 40-годишен жител на Штип пронашле марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Kако што информираат од МВР, претресот бил извршен со судска наредба, по што во СВР Штип вчера бил извршен службен разговор со Б.М.(40) од Штип.

Претходно, со судска наредба, во неговиот дом во Штип полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип извршиле претрес, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот против Б.М. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

The post Уапсен дилер од Штип appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи информира дека полициски службеници од СВР Штип при претрес во дом на 40-годишен жител на Штип пронашле марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Kако што информираат од МВР, претресот бил извршен со судска наредба, по што во СВР Штип вчера бил извршен службен разговор со Б.М.(40) од Штип.
Претходно, со судска наредба, во неговиот дом во Штип полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип извршиле претрес, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот против Б.М. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

The post Уапсен дилер од Штип appeared first on Република.

]]>
Со сечење на џиновската пастрмајлија почна штипската „Пастрмалијада“ https://republika.mk/vesti/makedonija/so-sechene-na-dhinovskata-pastrmajlija-pochna-shtipskata-pastrmalijada/ Fri, 20 Sep 2024 14:17:09 +0000 https://republika.mk/?p=818208

Со сечење на џиновската пастрамајлија и официјално се отвори манифестацијата штипска „Пастрмалијада“, а воедно се пушти во употреба и прво шеталиште во Штип, на улицата „Ванчо Прќе“. По тој повод денеска во посета на Штип беше и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов ги покани граѓаните да уживаат во добрата музика овие два дена и да го вкусат штипскиот специјалитет.

Имаме еден нов изглед на една улица која досега беше сообраќајница, а денес веќе е пуштена во употреба како шеталиште. Општината издвои 11 милиони денари за поплочување на оваа улица, претходно се работеше на прилагодување на сообраќајните решенија. Штип го менува изгледот инфраструктурно, сообраќајно, визуелно благодарение и на централната власт, изјави Јорданов.

На отворањето на „Пастрмалијадата“, премиерот Мицкоски рече дека е задоволен и од програмата, но и од проектите во градот и посочи дека продолжуваат со поддршката за сите општини.

Сите оние кои имаат дилема како да го поминат викендот ги поканувам овде во Штип да уживаат во штипскиот специјалитет, штипската пастрмајлија. И се надевам дека ќе остане ова традиција и понатаму. Меѓудругото денеска сме овде и на отворањето на шеталиштето, изјави Мицкоски.

Претседателот на Владата, најави дека во Штип ќе се реализира и капиталниот проект обиколница, а која ќе чини околу два милиони евра.

Овогодинешната „Пастрмалијада“ е со нов концепт, нова локација и со цел да се врати традицијата и суштина на манифестацијата со настани за сите генерации.

The post Со сечење на џиновската пастрмајлија почна штипската „Пастрмалијада“ appeared first on Република.

]]>

Со сечење на џиновската пастрамајлија и официјално се отвори манифестацијата штипска „Пастрмалијада“, а воедно се пушти во употреба и прво шеталиште во Штип, на улицата „Ванчо Прќе“. По тој повод денеска во посета на Штип беше и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов ги покани граѓаните да уживаат во добрата музика овие два дена и да го вкусат штипскиот специјалитет.
Имаме еден нов изглед на една улица која досега беше сообраќајница, а денес веќе е пуштена во употреба како шеталиште. Општината издвои 11 милиони денари за поплочување на оваа улица, претходно се работеше на прилагодување на сообраќајните решенија. Штип го менува изгледот инфраструктурно, сообраќајно, визуелно благодарение и на централната власт, изјави Јорданов.
На отворањето на „Пастрмалијадата“, премиерот Мицкоски рече дека е задоволен и од програмата, но и од проектите во градот и посочи дека продолжуваат со поддршката за сите општини.
Сите оние кои имаат дилема како да го поминат викендот ги поканувам овде во Штип да уживаат во штипскиот специјалитет, штипската пастрмајлија. И се надевам дека ќе остане ова традиција и понатаму. Меѓудругото денеска сме овде и на отворањето на шеталиштето, изјави Мицкоски.
Претседателот на Владата, најави дека во Штип ќе се реализира и капиталниот проект обиколница, а која ќе чини околу два милиони евра. Овогодинешната „Пастрмалијада“ е со нов концепт, нова локација и со цел да се врати традицијата и суштина на манифестацијата со настани за сите генерации.

The post Со сечење на џиновската пастрмајлија почна штипската „Пастрмалијада“ appeared first on Република.

]]>
Таравари: Акцелераторот сè уште не е во Штип, се чува некаде, најверојатно уште не е распакуван и воошто не е користен https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-aktseleratorot-se-ushte-ne-e-vo-shtip-se-chuva-nekade-najverojatno-ushte-ne-e-raspakuvan-i-vooshto-ne-e-koristen/ Fri, 20 Sep 2024 09:42:29 +0000 https://republika.mk/?p=818109

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информира дека акцелераторот во Штип воопшто не е користен, ниту е распакуван. Не е лошо, истакна Таравари, да се размисли дали може акцелераторот да се стави во употреба каде било.

Вчера бев во штипската Болница, го прашав раководството каде е апаратот. За жал, апаратот сè уште не е во Штип, се чува некаде, најверојатно уште не е распакуван и воошто не е користен. Не е лошо да се размислува за идејата дали може да се стави во употерба каде било, зашто воопшто не е користен. Таму бункерот не е среден за да се распакува апаратот кој не е ни отворен, рече министерот, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за набавка на мобилен рентген апарат.

The post Таравари: Акцелераторот сè уште не е во Штип, се чува некаде, најверојатно уште не е распакуван и воошто не е користен appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информира дека акцелераторот во Штип воопшто не е користен, ниту е распакуван. Не е лошо, истакна Таравари, да се размисли дали може акцелераторот да се стави во употреба каде било. Вчера бев во штипската Болница, го прашав раководството каде е апаратот. За жал, апаратот сè уште не е во Штип, се чува некаде, најверојатно уште не е распакуван и воошто не е користен. Не е лошо да се размислува за идејата дали може да се стави во употерба каде било, зашто воопшто не е користен. Таму бункерот не е среден за да се распакува апаратот кој не е ни отворен, рече министерот, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за набавка на мобилен рентген апарат.  

The post Таравари: Акцелераторот сè уште не е во Штип, се чува некаде, најверојатно уште не е распакуван и воошто не е користен appeared first on Република.

]]>
Почнува театарскиот Фестивал за деца и младинци „Малиот принц“ во Штип https://republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-teatarskiot-festival-za-detsa-i-mladintsi-maliot-prints-vo-shtip/ Mon, 16 Sep 2024 15:51:23 +0000 https://republika.mk/?p=816865

На сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип вечерва во 19 часот почнува 12. издание на Фестивалот за деца и младинци „Малиот принц“. Директорката на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Кристина Атанасова Арсова на денешната прес-конференција истакна најмладата публика вечерва на отварањето на Фестивалот „Малиот принц“ ќе ја проследат претставата „Книголандија“, во изведба на ансамблот на Народниот театар Штип (НТШ).

Во вторник во 12 и во 13.30 часот за нашите најмали првачиња од основните училишта решивме да и направиме едно изненадување, да им покажеме дека театарот е нивни пријател, не треба да го заборават, туку почесто да го посетуваат. Затоа што во театарот навистина има интересни игри и едукација, покрај образовниот систем. Затоа за нив утре ќе организираме „Театар на сенки“, според сликовницата „Касни порасни“ на Петре М.Андреевски, а всушност оваа претстава ни доаѓа од Детски креативен центар МКЦ. Исто така нашите актерки од НТШ ќе спроведат една работилница „Изработување на маски“, со цел децата да научат како ние ги изработуваме театарските маски, вели Атанасова Арсова.

На Фестивалот за деца и млади „Малиот принц“ најмладата публика ќе може да проследи вкупно пет тетарски претстави, гостуваат театри од Куманово, Битола, Скопје и од соседна Бугарија. Фестивалот се затвара на 19 септември со претствата „Приказни по телефон“ во изведба на актерите од Здружение за уметности и култура „Водолеј“ - Р. Бугарија. Сите претстави почнуваат во 19 часот, а цената на билетите е 100 денари.

The post Почнува театарскиот Фестивал за деца и младинци „Малиот принц“ во Штип appeared first on Република.

Млад штипјанец им се заканувал на домашните, го искршил и семејното возило https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mlad-shtipjanets-im-se-zakanuval-na-domashnite-go-iskrshil-i-semejnoto-vozilo/ Thu, 12 Sep 2024 05:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=815509

Полициски службеници од СВР Штип во вторникот навечер го лишиле од слобода Х.Д.(28) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејниот дом во Штип со остар предмет се заканувал на својот 47-годишен татко и неговото семејство, а потоа со остар предмет го оштетил возилото.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Млад штипјанец им се заканувал на домашните, го искршил и семејното возило appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Штип во вторникот навечер го лишиле од слобода Х.Д.(28) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејниот дом во Штип со остар предмет се заканувал на својот 47-годишен татко и неговото семејство, а потоа со остар предмет го оштетил возилото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

The post Млад штипјанец им се заканувал на домашните, го искршил и семејното возило appeared first on Република.

]]>
Пожарникар од Штип повреден на работа доби шамар од државата: Го однеле во болница, а оттаму му пратиле опомена пред тужба за долг од 1250 денари https://republika.mk/vesti/makedonija/pozharnikar-od-shtip-povreden-na-rabota-dobi-shamar-od-drzhavata-go-odnele-vo-bolnitsa-a-ottamu-mu-pratile-opomena-pred-tuzhba-za-dolg-od-1250-denari/ Wed, 04 Sep 2024 12:35:08 +0000 https://republika.mk/?p=813099

Големиот хуманитарец и професионален пожарникар во ТППЕ Штип, Александар Георгиевски доби голем шамар од државата. Ова момче гаснејќи пожар, за време на работен ангажман се онесвести и благодарение на колеги беше извлечен од запален објект, итно префарлен со Брза помош во болница каде беше повратен во живот на интензивна нега. Денес му дошло на адреса опемна за тужба поради долг од 1250 денари во болницата за тој ден. Како што вели, тој при напуштање на болницата уредно прашал колку е должен и дали треба да подмири нешто, му било кажано дека не треба ништо и си заминал.

„Ова го има само во оваа северна вукојебина и никаде на друго место и не можам да сфатам овде јас сум виновникот или тој што не ме информирал дека имам долг кон Клиничка Болница Штип. На 30.07.2024 работно за влакно не го загубив животот работејки си ја својата пожарникарска работа кога беснееја пожарите во Горно Трогерци Штипско ми се случи немил настан и бев примен на интезивна нега каде ми е беше пружена помош од околу три часа за што јавно се заблагодарив на целиот медицински пераснал и сам си побарав да бидам пуштен со мој потпис бидејки околу мене имаше тешки пациенти а јас веќе се чуствував многу подобро и благодарение на медицинаките лица Dalibor Gorgiev и моите колеги тој ден имав среќа да спасам жива глава и да си бидам денес покрај најблиските.

Наредниот ден веднаш се ставив на располагање на Тппе Штип на мојата единица нити сакав да земам боледување нити барав било што бев контактиран од Општина Штип чесно достоинствено и на нив им соопштив дека сум добро се јавив и на мојот командир го информирав дека ќе си одам на работа иако сите ми посочуваа и велеа да си седам дома и дека треба да одмарам неколку дена јас тоа го одбив и си отидов на работа ко ништо да не се случило .
Од ко ме пуштија од болницата прво им се заблагодарив на персоналот за професионалниот однос на вработените на интезивна потоа си прашав да не треба да се плати нешто на што ми одговорија Ацка терај си дома и одмарај си по што си заминав во придружба на близок член од мојата фамилија и после месец дена ми стига опомена пред тужба за 1250 денари сум останал дужен на Клиничка Болница Штип без тоа да го знам не ми е јасно само една работа и не можам да сфатам кој требаше да ме информира дека јас имам долг кон болницата и зошто тоа не ми беше потенцирано од било кој во истата кога ме пуштија тој ден да си одам дома. На менаџментот на Клиничка Болница Штип јавно се обраќам со добра намера не е само опомени пред тужба да праќате луѓе 1250 те денари не се проблемот проблем е тоа што никој од вас не ме информираше дека јас сум должен кон вас требаше ли некој да ме информира еве одговорете ми ги имавте сите податоци од мене толку ли тешко ќе му беше на некој од вашите служби вработен да ме само информира усно телефонски на било кој начин. Јас писмото денес го примив и уште се чудам како еден месец немаше кој да ме информира дека имам долг кон Болницата и коректно ли е опомени пред тужба да ми праќате за нешто за што сте требале вие да ме информирате истиот ден кога сте ме пуштиле од болница бидете живи и здрави утре ќе ви се плати долгот а уплатницата јавно ќе ја објавам!“, пишува пожарникарот Георгиевски.

The post Пожарникар од Штип повреден на работа доби шамар од државата: Го однеле во болница, а оттаму му пратиле опомена пред тужба за долг од 1250 денари appeared first on Република.

]]>

Големиот хуманитарец и професионален пожарникар во ТППЕ Штип, Александар Георгиевски доби голем шамар од државата. Ова момче гаснејќи пожар, за време на работен ангажман се онесвести и благодарение на колеги беше извлечен од запален објект, итно префарлен со Брза помош во болница каде беше повратен во живот на интензивна нега. Денес му дошло на адреса опемна за тужба поради долг од 1250 денари во болницата за тој ден. Како што вели, тој при напуштање на болницата уредно прашал колку е должен и дали треба да подмири нешто, му било кажано дека не треба ништо и си заминал. „Ова го има само во оваа северна вукојебина и никаде на друго место и не можам да сфатам овде јас сум виновникот или тој што не ме информирал дека имам долг кон Клиничка Болница Штип. На 30.07.2024 работно за влакно не го загубив животот работејки си ја својата пожарникарска работа кога беснееја пожарите во Горно Трогерци Штипско ми се случи немил настан и бев примен на интезивна нега каде ми е беше пружена помош од околу три часа за што јавно се заблагодарив на целиот медицински пераснал и сам си побарав да бидам пуштен со мој потпис бидејки околу мене имаше тешки пациенти а јас веќе се чуствував многу подобро и благодарение на медицинаките лица Dalibor Gorgiev и моите колеги тој ден имав среќа да спасам жива глава и да си бидам денес покрај најблиските. Наредниот ден веднаш се ставив на располагање на Тппе Штип на мојата единица нити сакав да земам боледување нити барав било што бев контактиран од Општина Штип чесно достоинствено и на нив им соопштив дека сум добро се јавив и на мојот командир го информирав дека ќе си одам на работа иако сите ми посочуваа и велеа да си седам дома и дека треба да одмарам неколку дена јас тоа го одбив и си отидов на работа ко ништо да не се случило . Од ко ме пуштија од болницата прво им се заблагодарив на персоналот за професионалниот однос на вработените на интезивна потоа си прашав да не треба да се плати нешто на што ми одговорија Ацка терај си дома и одмарај си по што си заминав во придружба на близок член од мојата фамилија и после месец дена ми стига опомена пред тужба за 1250 денари сум останал дужен на Клиничка Болница Штип без тоа да го знам не ми е јасно само една работа и не можам да сфатам кој требаше да ме информира дека јас имам долг кон болницата и зошто тоа не ми беше потенцирано од било кој во истата кога ме пуштија тој ден да си одам дома. На менаџментот на Клиничка Болница Штип јавно се обраќам со добра намера не е само опомени пред тужба да праќате луѓе 1250 те денари не се проблемот проблем е тоа што никој од вас не ме информираше дека јас сум должен кон вас требаше ли некој да ме информира еве одговорете ми ги имавте сите податоци од мене толку ли тешко ќе му беше на некој од вашите служби вработен да ме само информира усно телефонски на било кој начин. Јас писмото денес го примив и уште се чудам како еден месец немаше кој да ме информира дека имам долг кон Болницата и коректно ли е опомени пред тужба да ми праќате за нешто за што сте требале вие да ме информирате истиот ден кога сте ме пуштиле од болница бидете живи и здрави утре ќе ви се плати долгот а уплатницата јавно ќе ја објавам!“, пишува пожарникарот Георгиевски.

The post Пожарникар од Штип повреден на работа доби шамар од државата: Го однеле во болница, а оттаму му пратиле опомена пред тужба за долг од 1250 денари appeared first on Република.

]]>
Тепачка во Штип за паркинг место https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tepachka-vo-shtip-za-parking-mesto/ Sat, 24 Aug 2024 16:03:32 +0000 https://republika.mk/?p=809789

На 23.08.2024 во 19:23 часот во СВР Штип било пријавено дека во Штип, по претходна расправија околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Р.(62), В.Р.Д.(57), двајцата од Штип од една страна и М.П.(25) од Кочани и И.Д.(50) од Штип од друга страна.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Тепачка во Штип за паркинг место appeared first on Република.

]]>

На 23.08.2024 во 19:23 часот во СВР Штип било пријавено дека во Штип, по претходна расправија околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Р.(62), В.Р.Д.(57), двајцата од Штип од една страна и М.П.(25) од Кочани и И.Д.(50) од Штип од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

The post Тепачка во Штип за паркинг место appeared first on Република.

]]>
Министерката за образование и наука во посета на Штип https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerkata-za-obrazovanie-i-nauka-vo-poseta-na-shtip/ Fri, 23 Aug 2024 14:09:50 +0000 https://republika.mk/?p=809524

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, при посета на  Општина Штип оствари средба со градоначалникот Иван Јорданов и со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Дејан Мираковски, а главна тема на дискусија била состојбата на образованието.

Штипскиот градоначалник Јорданов изјави дека на средбата било заклучено дека Универзитетот и средните училишта ќе имаат подобрена комуникација, соработка и поврзаност во контекст на промовирање на образованието.

Денеска во Штип на работна посета е министерката за образование Весна Јаневска, заедно со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ и имавме состанок со Одделението за образование, разговаравме на повеќе теми за состојбата на образованието, бидејќи Штип е образовен центар којшто треба да се надоградува. Комунициравме на теми за развој во насока во образованието за изготвување на план и стратегија за образовен и економски развој на Општина Штип. Универзитетот и средните училишта ќе имаат подобра комуникација, поголема соработка и поврзаност во насока и на промовирање на дуалното образование, изјави Јорданов.

Министерката Јаневска изјави дека на средбата се разговарало и  за развивање на стратегијата за подобро образование, но и за сегрегацијата во одредено училиште и како да се надмине тој проблем.

Ние имавме плодна и конструктивна средба со градоначалникот на Општина Штип и со ректорот на Универзитетот, во кои опфативме повеќе аспекти од сите нивоа на образованието и на големо задоволство дојдовме до еден заклучок дека треба да направиме интегрирање од повеќе области и да се развие една стратегија за подобро образование и во основното, средното и високото образование во Македонија, каде што очекуваме подобрување на севкупниот квалитет во образованието. Дополнитено разговаравме за сегрегацијата и јас како министер се залагам секогаш да се подобри условите во кои ќе нема дискриминација, рече Јаневска.

Оваа средба за ректорот на УГД-Штип, Мираковски, е одлична, бидејќи Универзитетот ќе има можност за подобра интеграција на сите нивоа на образованието.

Денеска имавме една одлична работна средба со министерката и градоначалникот и јас сум сигурен дека од оваа средба произлегоа идеи и заклучоци со кои Универзитетот ќе се ангажира максимално да ги ставиме во еден стратешки документ, кој ќе ни создаде подобра интеграција на сите нивоа на образование, подобра соработка со средните училишта, рече Мираковски.

The post Министерката за образование и наука во посета на Штип appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, при посета на  Општина Штип оствари средба со градоначалникот Иван Јорданов и со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Дејан Мираковски, а главна тема на дискусија била состојбата на образованието. Штипскиот градоначалник Јорданов изјави дека на средбата било заклучено дека Универзитетот и средните училишта ќе имаат подобрена комуникација, соработка и поврзаност во контекст на промовирање на образованието.
Денеска во Штип на работна посета е министерката за образование Весна Јаневска, заедно со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ и имавме состанок со Одделението за образование, разговаравме на повеќе теми за состојбата на образованието, бидејќи Штип е образовен центар којшто треба да се надоградува. Комунициравме на теми за развој во насока во образованието за изготвување на план и стратегија за образовен и економски развој на Општина Штип. Универзитетот и средните училишта ќе имаат подобра комуникација, поголема соработка и поврзаност во насока и на промовирање на дуалното образование, изјави Јорданов.
Министерката Јаневска изјави дека на средбата се разговарало и  за развивање на стратегијата за подобро образование, но и за сегрегацијата во одредено училиште и како да се надмине тој проблем.
Ние имавме плодна и конструктивна средба со градоначалникот на Општина Штип и со ректорот на Универзитетот, во кои опфативме повеќе аспекти од сите нивоа на образованието и на големо задоволство дојдовме до еден заклучок дека треба да направиме интегрирање од повеќе области и да се развие една стратегија за подобро образование и во основното, средното и високото образование во Македонија, каде што очекуваме подобрување на севкупниот квалитет во образованието. Дополнитено разговаравме за сегрегацијата и јас како министер се залагам секогаш да се подобри условите во кои ќе нема дискриминација, рече Јаневска.
Оваа средба за ректорот на УГД-Штип, Мираковски, е одлична, бидејќи Универзитетот ќе има можност за подобра интеграција на сите нивоа на образованието.
Денеска имавме една одлична работна средба со министерката и градоначалникот и јас сум сигурен дека од оваа средба произлегоа идеи и заклучоци со кои Универзитетот ќе се ангажира максимално да ги ставиме во еден стратешки документ, кој ќе ни создаде подобра интеграција на сите нивоа на образование, подобра соработка со средните училишта, рече Мираковски.

The post Министерката за образование и наука во посета на Штип appeared first on Република.

]]>
Нови медицински апарати донирани за штипска Педијатрија https://republika.mk/vesti/makedonija/novi-meditsinski-aparati-donirani-za-shtipska-pedijatrija/ Tue, 20 Aug 2024 15:41:43 +0000 https://republika.mk/?p=808372

Монитор за преглед на сите парамтери кај децата, како и инфузиони пумпи за секојдневна работа за прецизно дозирање на течности и лекови, се апарите кои ги добија вработените на Педијатрија во Клиничка болница (КБ)-Штип, од страна на Здружението „Поради живот“ од Шпанија.

Директорот на КБ-Штип, Владко Захариев и медицинскиот персонал на денешното предање на донацијата упатија голема благодарност на претставникот на здружението, Берарди Вебија.

Голема благодарност за донацијата што ја давате на работната единица за детски болести и се надевам дека ќе имаме и понатаму соработка и би сакал, исто така, на граѓаните да им кажам дека целта на оваа донација е да има зближување помеѓу народите низ целиот свет, вели Захариев.

Берарди Вебија од Здружението „Подари живот“ во Шпанија вели дека неговото мото е да помага на сите.

Мене ми е чест што сум во болницата за да ги донираме медицинските апарати и тоа со цел, за сите деца да можат да добијат вистинска дијагнозa. Со оваа цел, мене ми е чест за да може да помогне на многу деца и се надевам дека во иднина ќе купиме уште неколку апарати кои се потребни, бидејќи тоа ни е персонална сатисфакција, рече Вебија.

The post Нови медицински апарати донирани за штипска Педијатрија appeared first on Република.

]]>

Монитор за преглед на сите парамтери кај децата, како и инфузиони пумпи за секојдневна работа за прецизно дозирање на течности и лекови, се апарите кои ги добија вработените на Педијатрија во Клиничка болница (КБ)-Штип, од страна на Здружението „Поради живот“ од Шпанија. Директорот на КБ-Штип, Владко Захариев и медицинскиот персонал на денешното предање на донацијата упатија голема благодарност на претставникот на здружението, Берарди Вебија.
Голема благодарност за донацијата што ја давате на работната единица за детски болести и се надевам дека ќе имаме и понатаму соработка и би сакал, исто така, на граѓаните да им кажам дека целта на оваа донација е да има зближување помеѓу народите низ целиот свет, вели Захариев.
Берарди Вебија од Здружението „Подари живот“ во Шпанија вели дека неговото мото е да помага на сите.
Мене ми е чест што сум во болницата за да ги донираме медицинските апарати и тоа со цел, за сите деца да можат да добијат вистинска дијагнозa. Со оваа цел, мене ми е чест за да може да помогне на многу деца и се надевам дека во иднина ќе купиме уште неколку апарати кои се потребни, бидејќи тоа ни е персонална сатисфакција, рече Вебија.

The post Нови медицински апарати донирани за штипска Педијатрија appeared first on Република.

]]>
Во Клиничката болница во Штип недостигаат 130 вработени https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-klinichkata-bolnitsa-vo-shtip-nedostigaat-130-vraboteni/ Tue, 20 Aug 2024 14:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=808349

Во Клиничка болница Штип во моментот има вработени само 420 лица, а според систематизација потребно е да се пополнети 550 работни места. Новиот директор на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев изјави дека недостигаат 130 лекари, медицински и технички кадар.

Тој посочува дека деновиве има разговори и со надлежните во министерството за здравство со цел да се вработат нови 33 вработени, кои нема да бидат доволни, но се повеќе од потребни. Захариев најави дека до крајот на неделата заменик министерот за здравство треба да ја посети штипската Клиничка болница, и да се откочи процесот, со кој ќе можат да се вработат нови лица. Недостиг на кадар има на сите одделенија.

Тие 33 се многу мала бројка, но мислам дека ќе бидат доволни за некаде алармантно каде што треба да се пополни. Анестезиолозите се дефицитарни, тројца имавме, до пред десет дена беа двајца, вели Захариев.

Дополнително докторите од штипската болница имаат договори за соработка со помалите здравствени установи, каде одат на помош. Ова е заради фактот дека недостиг има и во останатите болници, а треба да бидат опслужени соодветно сите пациенти.

Последните вработувања во Клиничка болница беа кон крајот на минатата година, а требаше во меѓувреме да има и нов конкурс за вработување. Реалната состојба минатата година покажа дека има доволно заинтересиран медицински кадар кој би можел да се вработи во болницата. За тоа говори фактот дека за 16 слободни места лани се пријавија дури 61 лице.

The post Во Клиничката болница во Штип недостигаат 130 вработени appeared first on Република.

]]>

Во Клиничка болница Штип во моментот има вработени само 420 лица, а според систематизација потребно е да се пополнети 550 работни места. Новиот директор на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев изјави дека недостигаат 130 лекари, медицински и технички кадар. Тој посочува дека деновиве има разговори и со надлежните во министерството за здравство со цел да се вработат нови 33 вработени, кои нема да бидат доволни, но се повеќе од потребни. Захариев најави дека до крајот на неделата заменик министерот за здравство треба да ја посети штипската Клиничка болница, и да се откочи процесот, со кој ќе можат да се вработат нови лица. Недостиг на кадар има на сите одделенија.
Тие 33 се многу мала бројка, но мислам дека ќе бидат доволни за некаде алармантно каде што треба да се пополни. Анестезиолозите се дефицитарни, тројца имавме, до пред десет дена беа двајца, вели Захариев.
Дополнително докторите од штипската болница имаат договори за соработка со помалите здравствени установи, каде одат на помош. Ова е заради фактот дека недостиг има и во останатите болници, а треба да бидат опслужени соодветно сите пациенти. Последните вработувања во Клиничка болница беа кон крајот на минатата година, а требаше во меѓувреме да има и нов конкурс за вработување. Реалната состојба минатата година покажа дека има доволно заинтересиран медицински кадар кој би можел да се вработи во болницата. За тоа говори фактот дека за 16 слободни места лани се пријавија дури 61 лице.

The post Во Клиничката болница во Штип недостигаат 130 вработени appeared first on Република.

]]>
34-годишнен штипјанец силувал девојче https://republika.mk/vesti/crna-hronika/34-godishnen-shtipjanets-siluval-devojche/ Fri, 16 Aug 2024 06:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=807034

Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.А.(34) од Штип поради сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмица.

Тој бил задржан во полициска станица и за настанот биле запознаени Центарот за социјални работи и јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

The post 34-годишнен штипјанец силувал девојче appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.А.(34) од Штип поради сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмица. Тој бил задржан во полициска станица и за настанот биле запознаени Центарот за социјални работи и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.  

The post 34-годишнен штипјанец силувал девојче appeared first on Република.

]]>
Возач соборил пешак, паркирано возило и столбчиња https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vozach-soboril-peshak-parkirano-vozilo-i-stolbchina/ Wed, 31 Jul 2024 12:56:50 +0000 https://republika.mk/?p=801956

Вчера во 18.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(34) од Скопје, удрило во паркирано возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на И.С.(51) од Штип, по што удрило во И.С., кој бил до неговото возило и во метални столбчиња.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.С., констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

The post Возач соборил пешак, паркирано возило и столбчиња appeared first on Република.

]]>

Вчера во 18.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(34) од Скопје, удрило во паркирано возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на И.С.(51) од Штип, по што удрило во И.С., кој бил до неговото возило и во метални столбчиња. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.С., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.  

The post Возач соборил пешак, паркирано возило и столбчиња appeared first on Република.

]]>