штампање заеднички простор Archives - Република https://republika.mk/tema/shtampanje-zaednichki-prostor/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Sep 2022 10:34:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png штампање заеднички простор Archives - Република https://republika.mk/tema/shtampanje-zaednichki-prostor/ 32 32 Регионалниот проект „Штампање заеднички простор“ во Нови Сад https://republika.mk/vesti/kultura/regionalniot-proekt-shtampanje-zaednichki-prostor-vo-novi-sad/ Thu, 08 Sep 2022 10:34:44 +0000 https://republika.mk/?p=548624

Во Нови Сад, во Креативни дистрикт – Гвождара (локал 1) вечерва во 19 часот премиерно ќе биде изведен просторно – изведувачкиот проект „Штампање заеднички простор“.

Како што се наведува во највата, реализацијата доаѓа по едногодишно заедничко истражување на модернистички згради во три различни градови – Скопје, Нови Сад и Риека, заедно со студентите од Факултетот за драмски уметности – Скопје, Архитектонски факултет – Скопје, Отсекот за уметност и дизајн на техничкиот факултет во Нови Сад и Академијата за применета уметност од Риека, во партнерство со Факултет за работи што не се учат – Скопје.

Студентите од академиите вклучени во проектот истражуваа три објекти на модернистичката архитектура во нивните градови: ХКД – Хрватски културен центар (поранешен Народен дом на Сушак) во Риека, напуштената месна заедница во Скопје, Тафталиџе, „Домче“ и зградата на Печатницата „Дневник“ во Нови Сад (која наскоро ќе исчезне). Преку нивното денешно читање овие објекти се препознаваа како модернистичко наследство кое го чува духот на заедничкото, колективно доживување на југословенската идеја. Сите три објекти се создадени во период кога идеологијата на општеството се рефлектираше во одразот на одреден систем на вредности, со фокус на заштитата и односот кон јавното добро и јавните простори. Иако сè уште постојат во физичка форма, утилитарната функција на сите три објекти живее на различни начини во различни градови, или воопшто ја нема, стои за проектот.

Во контекст на овогодинешното биенале, темата флуидни сцени – пејсажи на осаменоста, се додава, е рефлектирана во овој проект низ призмата на моменталната состојба на архитектурата на модернистичкото наследство, односно трајноста и промените на овие простори предизвикани од сложениот систем на просторно-временски односи.

Проектот е дел од COLLAB, програмска линија на Биеналето за сценски дизајн, во чии рамки се продуцираат нови содржини во соработка со други колективи и институции. Биеналето за сценски дизајн 2022 е дел од „Калеидоскопот на културата“ и годишната програма на Нови Сад како европска престолнина на културата.

Авторскиот концепт на проектот „Штампање заеднички простор“ е развиен од страна на Филип Јовановски визуелен уметник, Сашка Пештерац архитектка од Нови Сад, Лара Бадурина визуелна уметница од Риека) и Луна Шаломон дизајнерка на простор, изведувачка, Нови Сад).

The post Регионалниот проект „Штампање заеднички простор“ во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Во Нови Сад, во Креативни дистрикт – Гвождара (локал 1) вечерва во 19 часот премиерно ќе биде изведен просторно – изведувачкиот проект „Штампање заеднички простор“. Како што се наведува во највата, реализацијата доаѓа по едногодишно заедничко истражување на модернистички згради во три различни градови – Скопје, Нови Сад и Риека, заедно со студентите од Факултетот за драмски уметности – Скопје, Архитектонски факултет – Скопје, Отсекот за уметност и дизајн на техничкиот факултет во Нови Сад и Академијата за применета уметност од Риека, во партнерство со Факултет за работи што не се учат – Скопје.
Студентите од академиите вклучени во проектот истражуваа три објекти на модернистичката архитектура во нивните градови: ХКД – Хрватски културен центар (поранешен Народен дом на Сушак) во Риека, напуштената месна заедница во Скопје, Тафталиџе, „Домче“ и зградата на Печатницата „Дневник“ во Нови Сад (која наскоро ќе исчезне). Преку нивното денешно читање овие објекти се препознаваа како модернистичко наследство кое го чува духот на заедничкото, колективно доживување на југословенската идеја. Сите три објекти се создадени во период кога идеологијата на општеството се рефлектираше во одразот на одреден систем на вредности, со фокус на заштитата и односот кон јавното добро и јавните простори. Иако сè уште постојат во физичка форма, утилитарната функција на сите три објекти живее на различни начини во различни градови, или воопшто ја нема, стои за проектот.
Во контекст на овогодинешното биенале, темата флуидни сцени – пејсажи на осаменоста, се додава, е рефлектирана во овој проект низ призмата на моменталната состојба на архитектурата на модернистичкото наследство, односно трајноста и промените на овие простори предизвикани од сложениот систем на просторно-временски односи. Проектот е дел од COLLAB, програмска линија на Биеналето за сценски дизајн, во чии рамки се продуцираат нови содржини во соработка со други колективи и институции. Биеналето за сценски дизајн 2022 е дел од „Калеидоскопот на културата“ и годишната програма на Нови Сад како европска престолнина на културата. Авторскиот концепт на проектот „Штампање заеднички простор“ е развиен од страна на Филип Јовановски визуелен уметник, Сашка Пештерац архитектка од Нови Сад, Лара Бадурина визуелна уметница од Риека) и Луна Шаломон дизајнерка на простор, изведувачка, Нови Сад).

The post Регионалниот проект „Штампање заеднички простор“ во Нови Сад appeared first on Република.

]]>