шпионирање Archives - Република https://republika.mk/tema/shpioniranje/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 11:10:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шпионирање Archives - Република https://republika.mk/tema/shpioniranje/ 32 32 Нема телефони за време на состанок во холандската Влада, страв им е да не ги шпионираат https://republika.mk/vesti/svet/nema-telefoni-za-vreme-na-sostanok-vo-holandskata-vlada-strav-im-e-da-ne-gi-shpioniraat/ Fri, 23 Aug 2024 11:10:44 +0000 https://republika.mk/?p=809424

Новиот холандски министерски тим е принуден да ги чува телефоните и паметните часовници во трезорот кога ќе се состанат да разговараат за државните работи, изјави денеска холандскиот премиер и поранешен шпион Дик Шуф.

Паметните телефони, таблетите и другите поврзани уреди, како што се паметните часовници, мора да бидат ставени во трезорот за време на официјалните состаноци, вклучително и неделниот Совет на министри. Заканата од шпионажа отсекогаш постоела. Електронски уреди, паметни телефони, iPad... сите тие се микрофони. Странските сили се заинтересирани да дознаат повеќе за холандските работи „и вие сакате да го спречите тоа“, изјави Шуф за јавниот радиодифузен сервис НОС.

Мерката е во сила откако тој ја презеде функцијата на почетокот на јули.

Премиерот додаде дека дозволува паузи за министрите да одат да си ги проверат телефоните.

Во претходната холандска Влада, паметните телефони беа забранети само кога се разговараше за одредени безбедносни теми, објави вчера холандскиот дневен весник АД.

Чувствителноста на Шуф за безбедносни и шпионски ризици не е изненадување. Пред да го преземе раководството на холандската Влада, тој беше најстариот државен службеник во холандското Министерство за правда и безбедност. Меѓу 2018 и 2020 година тој ги водеше и холандските разузнавачки служби. Пред тоа беше национален координатор на државата за борба против тероризмот.

The post Нема телефони за време на состанок во холандската Влада, страв им е да не ги шпионираат appeared first on Република.

]]>

Новиот холандски министерски тим е принуден да ги чува телефоните и паметните часовници во трезорот кога ќе се состанат да разговараат за државните работи, изјави денеска холандскиот премиер и поранешен шпион Дик Шуф. Паметните телефони, таблетите и другите поврзани уреди, како што се паметните часовници, мора да бидат ставени во трезорот за време на официјалните состаноци, вклучително и неделниот Совет на министри. Заканата од шпионажа отсекогаш постоела. Електронски уреди, паметни телефони, iPad... сите тие се микрофони. Странските сили се заинтересирани да дознаат повеќе за холандските работи „и вие сакате да го спречите тоа“, изјави Шуф за јавниот радиодифузен сервис НОС. Мерката е во сила откако тој ја презеде функцијата на почетокот на јули. Премиерот додаде дека дозволува паузи за министрите да одат да си ги проверат телефоните. Во претходната холандска Влада, паметните телефони беа забранети само кога се разговараше за одредени безбедносни теми, објави вчера холандскиот дневен весник АД. Чувствителноста на Шуф за безбедносни и шпионски ризици не е изненадување. Пред да го преземе раководството на холандската Влада, тој беше најстариот државен службеник во холандското Министерство за правда и безбедност. Меѓу 2018 и 2020 година тој ги водеше и холандските разузнавачки служби. Пред тоа беше национален координатор на државата за борба против тероризмот.

The post Нема телефони за време на состанок во холандската Влада, страв им е да не ги шпионираат appeared first on Република.

]]>
САД стравуваат дека Кина ги шионира преку пристанишни кранови https://republika.mk/vesti/svet/sad-stravuvaat-deka-kina-gi-shionira-preku-pristanishni-kranovi/ Sun, 10 Mar 2024 07:32:05 +0000 https://republika.mk/?p=753110

САД ја сомничат Кина за вршење шпионажа преку пристанишни кранови.

Извори на „Волстри џурнал“ изјавиле оти веруваат дека кинеските кранови се своевиден „тројански коњ“, односно дека тие се опремени со сензори кои можат да го одредат потеклото и намената на контејнерите.

На тој начин, Кина, наводно, може да добие информации за стоки увезени во САД или извезени за поддршка на американските воени операции.

Крановите исто така можат да обезбедат далечински пристап до оние кои сакаат да ја нарушат логистиката на стоката“, изјавил за весникот Бил Еванин, поранешен висок функционер на американското контраразузнавање.

The post САД стравуваат дека Кина ги шионира преку пристанишни кранови appeared first on Република.

]]>

САД ја сомничат Кина за вршење шпионажа преку пристанишни кранови. Извори на „Волстри џурнал“ изјавиле оти веруваат дека кинеските кранови се своевиден „тројански коњ“, односно дека тие се опремени со сензори кои можат да го одредат потеклото и намената на контејнерите. На тој начин, Кина, наводно, може да добие информации за стоки увезени во САД или извезени за поддршка на американските воени операции.
Крановите исто така можат да обезбедат далечински пристап до оние кои сакаат да ја нарушат логистиката на стоката“, изјавил за весникот Бил Еванин, поранешен висок функционер на американското контраразузнавање.

The post САД стравуваат дека Кина ги шионира преку пристанишни кранови appeared first on Република.

]]>
Николоски: Злоупотребата на тајните служби во извештај на Совет на Европа https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-zloupotrebata-na-tajnite-sluzbi-vo-izveshtaj-na-sovet-na-evropa/ Fri, 16 Dec 2022 17:23:38 +0000 https://republika.mk/?p=586636

Месециве наназад Европа повторно ја тресат скандали поврзани со злоупотреба на тајни служби, нелегално следење и прислушување. Изгледаше како тоа време да е позади нас но со развојот на технологијата како повторно да се враќа и засилува. Ако  книгата “1984” на Орвел во одреден период изгледаше како надминат страв пред се заради силната контрола и добрата законска регулатива, во последниов период силите кои сакаат да ги злоупотребат службите повторно наоѓаат начин. Од тоа имун не е ни Македонија. Во Македонија службите се постојано злоупотребувани и нема власт која не е опиена од моќта на службите, по правило таа опиеност води до пропаст на секоја власт. Актуелната Влада на СДСМ и ДУИ иако имаше златна шанса еднаш за секогаш да стави крај на злоупотребите, особено имајќи предвид како дојде на власт сепак отиде можеби и најдалеку во злоупотребата. Така раководството на ВМРО ДПМНЕ  е под постојано незаконско следење и физичко и електронско.

Имајќи ги предвид овие загрижувачки појави Советот на Европа преку својата Комисија за правни прашања и човекови права одржана сесија посветена на злоупотребата на системот за нелегално следење “Пегасуз”. На сесијата беа поканети жртви на незаконското следење од Шпанија, Полска и Грција, како резултат на тоа на пленарната сесија во Јануари ќе се усвои извештај со препораки од кој дел ќе бидат и македонските злоупотреби.

Збор два за „Пегазус“, тој  претставува разузнавачки софтвер развиен и промовиран од израелската компанија НСО Груп, тој може прикриено да се инсталира на мобилни телефони кои работат на повеќето верзии на ИОС и Андроид. Најпрвата верзија на Пегазус, која што беше откриена од производителите во 2016 навлезе во телефоните преку таканареченото spear phishing , текстуални пораки или емеилови кои можат да ја намамат целта да кликне на лажен линк. Доколку ниту со едно таканаречено spear-phishing или пак со zero attack не успеале, “Пегазуз” сепак може да биде инсталиран преку безжичен трансресивер поставен во близина на таргетираниот телефон, или со физички пристап до уредот.

Откако еднаш ќе се инсталира на телефон, забележано е дека Пегазуз може да работи и да прави произволен код, да извлекува контакти, листа на повици, пораки, фотографии, веб пребарувања, подесувања, како и да прибира информации од апликации вклучително и апликација за комуникација како IMessage, Gmail, Viber, Facebook, WhatsApp, Telegram и Skype. Може прикриено да го направи мобилниот да е уред за 24 часовно надгледување и следење бидејќи добива целосен пристап до сите информации од телефонот. Може да чита пораки или да праќа и прима пораки за кои се претпоставува дека се криптирани, може да зачувува слики, да слуша и снима звучни или видео разговори. Има целосен пристап до камерата на телефонот, микрофонот и локацијата. Всушност прислушувачите може да знаат повеќе од сопственикот на телефонот.

Во 2020 години список со повеќе од 50000 телефонски броеви за кои се претпоставува дека припаѓале на индивидуалци како „личности од интерес“ за клиентите на НСО Груп беше протечен до “Амнести Интернешнл” и непрофитната организација „Забранети Приказни“ од Париз, потенцијално користен против борци за човековите права, политички противници, адвокати, дипломати, шефови на држави и речиси 200 новинари од 24 земји.

Случајот со оваа европска злоупотреба треба да е уште еден сигнал за темелна реформа во македонските служби која може да се случи само по предвремени парламентарни избори затоа што оваа власт целосно го изгуби својот кредибилитет за било каква реформа.


Колумна на Александар Николоски

The post Николоски: Злоупотребата на тајните служби во извештај на Совет на Европа appeared first on Република.

]]>

Месециве наназад Европа повторно ја тресат скандали поврзани со злоупотреба на тајни служби, нелегално следење и прислушување. Изгледаше како тоа време да е позади нас но со развојот на технологијата како повторно да се враќа и засилува. Ако  книгата “1984” на Орвел во одреден период изгледаше како надминат страв пред се заради силната контрола и добрата законска регулатива, во последниов период силите кои сакаат да ги злоупотребат службите повторно наоѓаат начин. Од тоа имун не е ни Македонија. Во Македонија службите се постојано злоупотребувани и нема власт која не е опиена од моќта на службите, по правило таа опиеност води до пропаст на секоја власт. Актуелната Влада на СДСМ и ДУИ иако имаше златна шанса еднаш за секогаш да стави крај на злоупотребите, особено имајќи предвид како дојде на власт сепак отиде можеби и најдалеку во злоупотребата. Така раководството на ВМРО ДПМНЕ  е под постојано незаконско следење и физичко и електронско. Имајќи ги предвид овие загрижувачки појави Советот на Европа преку својата Комисија за правни прашања и човекови права одржана сесија посветена на злоупотребата на системот за нелегално следење “Пегасуз”. На сесијата беа поканети жртви на незаконското следење од Шпанија, Полска и Грција, како резултат на тоа на пленарната сесија во Јануари ќе се усвои извештај со препораки од кој дел ќе бидат и македонските злоупотреби. Збор два за „Пегазус“, тој  претставува разузнавачки софтвер развиен и промовиран од израелската компанија НСО Груп, тој може прикриено да се инсталира на мобилни телефони кои работат на повеќето верзии на ИОС и Андроид. Најпрвата верзија на Пегазус, која што беше откриена од производителите во 2016 навлезе во телефоните преку таканареченото spear phishing , текстуални пораки или емеилови кои можат да ја намамат целта да кликне на лажен линк. Доколку ниту со едно таканаречено spear-phishing или пак со zero attack не успеале, “Пегазуз” сепак може да биде инсталиран преку безжичен трансресивер поставен во близина на таргетираниот телефон, или со физички пристап до уредот. Откако еднаш ќе се инсталира на телефон, забележано е дека Пегазуз може да работи и да прави произволен код, да извлекува контакти, листа на повици, пораки, фотографии, веб пребарувања, подесувања, како и да прибира информации од апликации вклучително и апликација за комуникација како IMessage, Gmail, Viber, Facebook, WhatsApp, Telegram и Skype. Може прикриено да го направи мобилниот да е уред за 24 часовно надгледување и следење бидејќи добива целосен пристап до сите информации од телефонот. Може да чита пораки или да праќа и прима пораки за кои се претпоставува дека се криптирани, може да зачувува слики, да слуша и снима звучни или видео разговори. Има целосен пристап до камерата на телефонот, микрофонот и локацијата. Всушност прислушувачите може да знаат повеќе од сопственикот на телефонот. Во 2020 години список со повеќе од 50000 телефонски броеви за кои се претпоставува дека припаѓале на индивидуалци како „личности од интерес“ за клиентите на НСО Груп беше протечен до “Амнести Интернешнл” и непрофитната организација „Забранети Приказни“ од Париз, потенцијално користен против борци за човековите права, политички противници, адвокати, дипломати, шефови на држави и речиси 200 новинари од 24 земји. Случајот со оваа европска злоупотреба треба да е уште еден сигнал за темелна реформа во македонските служби која може да се случи само по предвремени парламентарни избори затоа што оваа власт целосно го изгуби својот кредибилитет за било каква реформа.
Колумна на Александар Николоски

The post Николоски: Злоупотребата на тајните служби во извештај на Совет на Европа appeared first on Република.

]]>
Извештај на ЕП: Во ЕУ широко се користел софтверот „Пегаз“ за шпионирање свои граѓани https://republika.mk/vesti/svet/izveshtaj-na-ep-vo-eu-shiroko-se-koristel-softverot-pegaz-za-shpioniranje-svoi-gragjani/ Wed, 09 Nov 2022 08:23:42 +0000 https://republika.mk/?p=571720

Употребата на шпионскиот софтвер „Пегаз“ очигледно била широко распространета во земјите на ЕУ, се заклучува во извештајот на истражниот комитет на Европскиот Парламент.

„Владите на членки на ЕУ го користеа овој софтвер против граѓаните за политички цели“, е заклучокот од објавениот нацрт-извештај во кој се наведува дека постојат индиции дека тоа го сториле Полска, Унгарија, Грција, Кипар и Шпанија.

Критикувана е и Австрија, бидејќи поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц има блиски врски со сопственикот на израелската компанија НСО, која го разви „Пегаз“.

Дополнително, во извештајот се наведува дека седиштето на компанијата DSIRF (Decision Supporting Information Research and Forensic), која важи за провајдер на софтвер за шпионажа, се наоѓа во Австрија, а високи функционери на таа компанија имаат, како што се наведува во извештајот, контакти со Русија и Кремљ.

Откако експертите за безбедност на Мајкрософт го обвинија DSIRF дека стои зад серија дигитални напади врз банки, адвокатски фирми и стратешки компании во најмалку три земји, државната безбедност на Австрија спроведе истрага, но не најде докази за примена на шпионски софтвер.

DSIRF разви софтвер наречен „Subzero“ кој користи таканаречени Zero-Day-Exploits за да добие пристап до доверливи податоци и лозинки, соопшти Мајкрософт во јули.

„Развојот на „спајвер“ во земјите-членки на ЕУ е голема закана за демократијата на целиот континент“, нагласи надлежната известувачка на Европскиот парламент, Холанѓанката Софи ин т Велд. Според неа, „спајверот“ не само што ги нарушува правата на приватната сфера, туку ги поткопува демократските институции и ги замолчува опозицијата и критичарите. Таквиот софтвер, додава таа, има застрашувачки ефект врз слободата на печатот и граѓанското општество и служи за влијание врз изборите.

Тоа е европски скандал, бидејќи беа нападнати и институциите на ЕУ, а тоа влијаеше и на одлучувањето во Унијата, тврди Т Велд.

Таа се пожали дека ниту една официјална институција не сакала да соработува со неа во подготовката на извештајот, а Советот на ЕУ не одговорил на прашањата на Европскиот Парламент во врска со тоа.

Затоа сликата не е целосна, имаме само 900 парчиња од сложувалката од 1.000 парчиња, појасни таа.

Европската Комисија бучно се залага за демократија и борба против лажните вести,па така и неодамна кога беше преземен Твитер. Но, кога нападите врз демократијата доаѓаат одвнатре, Комисијата молчи, рече Т Велд.

Таа оцени дека Европската Комисија „му покажува мускули“ на Илон Маск, но со кадифени ракавици им се обраќа на членовите кои користат шпионски софтвер против своите граѓани.

The post Извештај на ЕП: Во ЕУ широко се користел софтверот „Пегаз“ за шпионирање свои граѓани appeared first on Република.

]]>

Употребата на шпионскиот софтвер „Пегаз“ очигледно била широко распространета во земјите на ЕУ, се заклучува во извештајот на истражниот комитет на Европскиот Парламент. „Владите на членки на ЕУ го користеа овој софтвер против граѓаните за политички цели“, е заклучокот од објавениот нацрт-извештај во кој се наведува дека постојат индиции дека тоа го сториле Полска, Унгарија, Грција, Кипар и Шпанија. Критикувана е и Австрија, бидејќи поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц има блиски врски со сопственикот на израелската компанија НСО, која го разви „Пегаз“. Дополнително, во извештајот се наведува дека седиштето на компанијата DSIRF (Decision Supporting Information Research and Forensic), која важи за провајдер на софтвер за шпионажа, се наоѓа во Австрија, а високи функционери на таа компанија имаат, како што се наведува во извештајот, контакти со Русија и Кремљ. Откако експертите за безбедност на Мајкрософт го обвинија DSIRF дека стои зад серија дигитални напади врз банки, адвокатски фирми и стратешки компании во најмалку три земји, државната безбедност на Австрија спроведе истрага, но не најде докази за примена на шпионски софтвер. DSIRF разви софтвер наречен „Subzero“ кој користи таканаречени Zero-Day-Exploits за да добие пристап до доверливи податоци и лозинки, соопшти Мајкрософт во јули. „Развојот на „спајвер“ во земјите-членки на ЕУ е голема закана за демократијата на целиот континент“, нагласи надлежната известувачка на Европскиот парламент, Холанѓанката Софи ин т Велд. Според неа, „спајверот“ не само што ги нарушува правата на приватната сфера, туку ги поткопува демократските институции и ги замолчува опозицијата и критичарите. Таквиот софтвер, додава таа, има застрашувачки ефект врз слободата на печатот и граѓанското општество и служи за влијание врз изборите.
Тоа е европски скандал, бидејќи беа нападнати и институциите на ЕУ, а тоа влијаеше и на одлучувањето во Унијата, тврди Т Велд.
Таа се пожали дека ниту една официјална институција не сакала да соработува со неа во подготовката на извештајот, а Советот на ЕУ не одговорил на прашањата на Европскиот Парламент во врска со тоа.
Затоа сликата не е целосна, имаме само 900 парчиња од сложувалката од 1.000 парчиња, појасни таа.
Европската Комисија бучно се залага за демократија и борба против лажните вести,па така и неодамна кога беше преземен Твитер. Но, кога нападите врз демократијата доаѓаат одвнатре, Комисијата молчи, рече Т Велд. Таа оцени дека Европската Комисија „му покажува мускули“ на Илон Маск, но со кадифени ракавици им се обраќа на членовите кои користат шпионски софтвер против своите граѓани.

The post Извештај на ЕП: Во ЕУ широко се користел софтверот „Пегаз“ за шпионирање свои граѓани appeared first on Република.

]]>
Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина шпионирала во корист на Киев, обвини Русија во ОН https://republika.mk/vesti/svet/nabljuduvachkata-misija-na-obse-vo-ukraina-shpionirala-vo-korist-na-kiev-obvini-rusija-vo-on/ Wed, 20 Apr 2022 07:50:46 +0000 https://republika.mk/?p=490925

Првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН, Дмитриј Пољански, обвини дека вработените во Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ шпионирале во интерес на Киев.

Уште еднаш видовме какви валкани трикови сте подготвени да направите за да изградите таканаречен светски поредок заснован на правила кога најдовме докази дека Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина, наместо да ги набљудува и евидентира прекршувањата на примирјето, едноставно шпионирала за Киев и ги препраќала до украинските војници снимките од надзорните камери за да го корегираат огнот - истакна Пољански, обраќајќи им се на неговите западни колеги во Советот за безбедност на ОН.

Тој додаде дека собирањето дополнителни докази за овој крајно непријатен факт сè уште трае.

The post Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина шпионирала во корист на Киев, обвини Русија во ОН appeared first on Република.

]]>

Првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН, Дмитриј Пољански, обвини дека вработените во Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ шпионирале во интерес на Киев.
Уште еднаш видовме какви валкани трикови сте подготвени да направите за да изградите таканаречен светски поредок заснован на правила кога најдовме докази дека Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина, наместо да ги набљудува и евидентира прекршувањата на примирјето, едноставно шпионирала за Киев и ги препраќала до украинските војници снимките од надзорните камери за да го корегираат огнот - истакна Пољански, обраќајќи им се на неговите западни колеги во Советот за безбедност на ОН.
Тој додаде дека собирањето дополнителни докази за овој крајно непријатен факт сè уште трае.

The post Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина шпионирала во корист на Киев, обвини Русија во ОН appeared first on Република.

]]>