шпионажа Archives - Република https://republika.mk/tema/shpionaza/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jul 2024 10:14:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шпионажа Archives - Република https://republika.mk/tema/shpionaza/ 32 32 Падна екипата на Заев обвинета за шпионажа https://republika.mk/vesti/makedonija/padna-ekipata-na-zaev-obvineta-za-shpionazha/ Wed, 24 Jul 2024 10:14:49 +0000 https://republika.mk/?p=799796

Српската полицијата и Вишото јавно обвинителство во Ваљево ја продолжија акцијата за разбивање на шпионската мрежа што ја обезбедуваше фирмата „АТС Груп“ - Скопје, чијшто формален сопственик Шефќет Демировски достави строго доверлива документација за специјални прашоци, минофрлачи и артилериска муниција од наменската индустрија.
При претрес на Д.М., поранешен инженер на „Крушико“, како и Д.Л и М.О., инженери со скратено работно време, сите тројца од Ваљево, украдени документи со ознака: „Одбрана - службена тајна - доверливо“, договори за соработка со фирмата на Демировски, се пронајдени, одземени се десетици илјади евра и други девизи во готовина, пронајдени докази за перење пари со инвестирање во градежништво, бројни компјутери, мобилни телефони, флеш драјвови и документација која укажува на шпионажа за македонска компанија која има погогни во Скопје и Катар.

 На тројцата инженери од Крушик од Ваљево осомничени за кривичното дело шпионажа за фирма од  Македонија им е одреден притвор до 30 дена, по вчерашниот повеќечасовен распит во Вишото јавно обвинителство во Ваљево, јави дописникот на МИА од Белград.

Осомничените М.О. (1987), Д. Л. (1960) и Д. М. (1961), се поранешни и сегашни инженери во воената холдинг компанија „Крушик“ од Ваљево обвинети дека неовластено изнесувале доверливи податоци и деловно-техничка документација од „Крушик“ и истите ги доставувале на фирма од  Македонија, на штета на „безбедносните, одбранбените, воените и други интереси, како и за слабеење на моќта на Србија“.

Еден од тројцата осомничени се бранел со молчење.

Во понеделникот во заедничка акција на Безбедносно информативната агенција (БИА), Воено-бебедоносната агенција (ВБА), МВР и Вишото јавно обвинителство во Ваљево, уапсени се тројца инженери од српската фабрика за производство на оружје и муниција „Крушик“ поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело шпионажа затоа што во текот на 2024 година континуирано контактирале со државјани на Македонија, вработени во компанијата „АТС груп“, на чело со Шевкет Демировски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/drugar-na-zaev-osomnichen-za-shpionazha-dobil-diplomatski-pasosh/

Вчера за оваа шпионска афера се огласи и српскиот претседател Александар Вучиќ со оценка дека  Македонија е само проточен бојлер кон други служби во регинот.

-Ова трае долго време, тоа го прават од сите страни. Ова го следиме долго време. Точно знаеме за кого станува збор, преку кого тоа ишло и кој бил и кој требало да биде крајниот корисник. Македонија е проточен бојлер, точно е еден од тие лица, но е проточен бојлер на некои други служби во регионот, изјави Вучиќ.

Според „Новости“, при претрес на Д.М., поранешен инженер на „Крушик“, како и Д.Л и М.О., хонорарано ангажирани инженери, сите тројца од Ваљево, пронајдена е украдена документација со ознака: „Одбрана - службена тајна - доверливо“, договори за соработка со фирмата на Демировски, запленети се десетици илјади евра и други девизи во готовина, пронајдени се докази за перење пари со инвестирање во градежништво, бројни компјутери, мобилни телефони, флеш драјвови и документација која укажува на шпионажа за македонска компанија која има погони во Скопје и Катар, која официјално ги снабдува турските и катарските вооружени сили со муниција од мал калибар и опрема за балистичка заштита.

Соред пензионираниот генерал-мајор Милорад Ступар, основач и прв командант на 72-та специјална бригада на Војската на Србија, „шпионската група била заинтересирана за кражба на технологии не само за производство на минофрлачки проектили од 60 до 120 милиметри, туку и за артилериска муниција од 155 милиметри и за ракети, затоа што за овие средства има голема побарувачка во светот во кој моментално се водат околу 50 војни, а пазарните цени се и до десет пати повисоки од фабричките, поради што профитот е огромен“

Извор: Novosti

The post Падна екипата на Заев обвинета за шпионажа appeared first on Република.

]]>

Српската полицијата и Вишото јавно обвинителство во Ваљево ја продолжија акцијата за разбивање на шпионската мрежа што ја обезбедуваше фирмата „АТС Груп“ - Скопје, чијшто формален сопственик Шефќет Демировски достави строго доверлива документација за специјални прашоци, минофрлачи и артилериска муниција од наменската индустрија.
При претрес на Д.М., поранешен инженер на „Крушико“, како и Д.Л и М.О., инженери со скратено работно време, сите тројца од Ваљево, украдени документи со ознака: „Одбрана - службена тајна - доверливо“, договори за соработка со фирмата на Демировски, се пронајдени, одземени се десетици илјади евра и други девизи во готовина, пронајдени докази за перење пари со инвестирање во градежништво, бројни компјутери, мобилни телефони, флеш драјвови и документација која укажува на шпионажа за македонска компанија која има погогни во Скопје и Катар.
 На тројцата инженери од Крушик од Ваљево осомничени за кривичното дело шпионажа за фирма од  Македонија им е одреден притвор до 30 дена, по вчерашниот повеќечасовен распит во Вишото јавно обвинителство во Ваљево, јави дописникот на МИА од Белград. Осомничените М.О. (1987), Д. Л. (1960) и Д. М. (1961), се поранешни и сегашни инженери во воената холдинг компанија „Крушик“ од Ваљево обвинети дека неовластено изнесувале доверливи податоци и деловно-техничка документација од „Крушик“ и истите ги доставувале на фирма од  Македонија, на штета на „безбедносните, одбранбените, воените и други интереси, како и за слабеење на моќта на Србија“. Еден од тројцата осомничени се бранел со молчење. Во понеделникот во заедничка акција на Безбедносно информативната агенција (БИА), Воено-бебедоносната агенција (ВБА), МВР и Вишото јавно обвинителство во Ваљево, уапсени се тројца инженери од српската фабрика за производство на оружје и муниција „Крушик“ поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело шпионажа затоа што во текот на 2024 година континуирано контактирале со државјани на Македонија, вработени во компанијата „АТС груп“, на чело со Шевкет Демировски. https://republika.mk/vesti/makedonija/drugar-na-zaev-osomnichen-za-shpionazha-dobil-diplomatski-pasosh/ Вчера за оваа шпионска афера се огласи и српскиот претседател Александар Вучиќ со оценка дека  Македонија е само проточен бојлер кон други служби во регинот.
-Ова трае долго време, тоа го прават од сите страни. Ова го следиме долго време. Точно знаеме за кого станува збор, преку кого тоа ишло и кој бил и кој требало да биде крајниот корисник. Македонија е проточен бојлер, точно е еден од тие лица, но е проточен бојлер на некои други служби во регионот, изјави Вучиќ.
Според „Новости“, при претрес на Д.М., поранешен инженер на „Крушик“, како и Д.Л и М.О., хонорарано ангажирани инженери, сите тројца од Ваљево, пронајдена е украдена документација со ознака: „Одбрана - службена тајна - доверливо“, договори за соработка со фирмата на Демировски, запленети се десетици илјади евра и други девизи во готовина, пронајдени се докази за перење пари со инвестирање во градежништво, бројни компјутери, мобилни телефони, флеш драјвови и документација која укажува на шпионажа за македонска компанија која има погони во Скопје и Катар, која официјално ги снабдува турските и катарските вооружени сили со муниција од мал калибар и опрема за балистичка заштита. Соред пензионираниот генерал-мајор Милорад Ступар, основач и прв командант на 72-та специјална бригада на Војската на Србија, „шпионската група била заинтересирана за кражба на технологии не само за производство на минофрлачки проектили од 60 до 120 милиметри, туку и за артилериска муниција од 155 милиметри и за ракети, затоа што за овие средства има голема побарувачка во светот во кој моментално се водат околу 50 војни, а пазарните цени се и до десет пати повисоки од фабричките, поради што профитот е огромен“ Извор: Novosti

The post Падна екипата на Заев обвинета за шпионажа appeared first on Република.

]]>
Вучиќ за уапсените за шпионажа од Крушик: Македонија е само проточен бојлер кон други служби https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-za-uapsenite-za-shpionazha-od-krushik-makedonija-e-samo-protochen-bojler-kon-drugi-sluzhbi/ Tue, 23 Jul 2024 12:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=799560

Во Вишото јавно обвинителство во Ваљево денеска ќе бидат сослушани тројца поранешни и сегашни инженери од холдингот „Крушик“, осомничени дека на АТС груп од Македонија и доставиле доверливи информации и документација. Денес за оваа шпионска афера се огласи и српскиот претседател Александар Вучиќ со оценка дека Македонија е само проточен бојлер кон други служби во регинот, јави дописникот на МИА од Белград.

Ова трае долго време, тоа го прават од сите страни. Ова го следиме долго време. Точно знаеме за кого станува збор, преку кого тоа ишло и кој бил и кој требало да биде крајниот корисник. Македонија е проточен бојлер, точно е еден од тие лица, но е проточен бојлер на некои други служби во регионот - изјави Вучиќ.

Во вчерашната акција на Безбедносно информативната агенција (БИА), Воено-бебедоносната агенција (ВБА), МВР и Вишото јавно обвинителство во Ваљево, уапсени се тројца инженери од српската фабрика за производство на оружје и муниција „Крушик“ поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело шпионажа затоа што во текот на 2024 година континуирано контактирале со државјани на Македонија, вработени во компанијата „АТС груп“, на чело со Шевкет Демировски.

Осомничените М.О. (1987), Д. Л. (1960) и Д. М. (1961), се поранешни и сегашни инженери во холдинг компанијата „Крушик“ од Ваљево, кои од оваа фирма неовластено изнесувале доверлива деловно-техничка документација и ја предавале на странска организација, на штета на безбедносните, одбранбените, воените и други интереси, како и слабеење на моќта на Република Србија, се прецизира во соопштението на МВР.

Експертите од одбранбената индустрија во Србија се сомневаат дека Демировски е, всушност, параван за многу посериозни играчи

При претрес на повеќе локации, станови и деловни простории, пронајдени се докази дека и предале доверлива документација на фирмата „АТС Груп“ – Скопје, сопственост на Демировски, која се занимава со производство на оружје и воена опрема. Оваа група има фабрики и во Катар, а во април годинава Демировски го претстави својот нов Советодавен одбор на чие чело е пензионираниот генерал на американската армија Џејмс Л. Џонс, кој беше командант на американските маринци (1999-2003), врховен командант на НАТО и американските сили во Европа (2003-2006), како и советник за национална безбедност на американскиот претседател Барак Обама (2009-2010), пишуваат денешни Новости.

Медиумите излегоа со повеќе детали за приведените инженери од Крушик.

Кај приведениот М.О пронајдена е хартија со рачно напишани нумерички ознаки кои се однесуваат на „кошулката, телото и крилцата“ на најверојатно минофрлачки проектил, а осомничениот потврдил дека тој е авторот. Во неговиот стан биле пронајдени копии од документ од „Крушик“ за неколку специјални видови барут, кои биле класифицирани како службена тајна: „Одбрана - службена тајна - доверливо“, како и „табела за пукање“ за минофрлач од 120 мм на англиски јазик, што се третира како деловна тајна. Пронајдени се и признаници за суми од над 50.000 евра кои ги предал на градежниот изведувач М.К од Ваљево. Според достапните податоци, М.О. се обидел на овој начин да го прикрие потеклото на парите, поради страв дека може да биде откриен и кривично гонет.

Кај М.О е пронајден и договор за ангажирање на фирмата „АТС инжењеринг“ – Скопје, со што недвосмислено се потврдило оперативното сознание дека тој паралелно со хонорарниот работен однос во „Крушик“ работи и кај Шевкет Демировски.

Инженерот Д.Л во полиција изјавил дека бил ангажиран во споменатата македонска фирма. Според нашите сознанија, докази за индустриска шпионажа се пронајдени на повеќе лаптопи, USB-стикови и телефони.

Кај приведениот Д.М. најден е договор за ангажман за „АТС инженеринг“ - Скопје, како и повеќе од 10.000 евра.

Македонски бизнисмен Шевкет Демировски беше уапсен на 11 ноември 2019 година во акција на БИА, ВБА и Вишото јавно обвинителство во Белград, заедно со пензиониран инженер во „Први Партизан“ од Ужице и уште двајца инженери во таа фирма, поради сомневања дека како сопственик на „АТС Груп“ од Скопје, преку пензиониран инженер во „Први Партизан“ дошол во сопственост на деловно-техничка документација и податоци поврзани со технологијата на изработка на одредени машини, односно до технологијата на изработка на оружје и муниција која ја развива „Први партизан“.

Меѓутоа, по само еден месец, Ш. Д. беше пуштен со кауција од 200.000 евра за да се брани од слобода. Обвинителот во овој случај ја отфрли кривичната пријава против него, откако на 21.01.2021 година на име опортунитет платил 29.393.925 динари.

Македонскиот бизнисмен на тој начин беше ослободен од сомнение за кривичното дело поткуп при вршење на стопанска дејност.

The post Вучиќ за уапсените за шпионажа од Крушик: Македонија е само проточен бојлер кон други служби appeared first on Република.

]]>

Во Вишото јавно обвинителство во Ваљево денеска ќе бидат сослушани тројца поранешни и сегашни инженери од холдингот „Крушик“, осомничени дека на АТС груп од Македонија и доставиле доверливи информации и документација. Денес за оваа шпионска афера се огласи и српскиот претседател Александар Вучиќ со оценка дека Македонија е само проточен бојлер кон други служби во регинот, јави дописникот на МИА од Белград.
Ова трае долго време, тоа го прават од сите страни. Ова го следиме долго време. Точно знаеме за кого станува збор, преку кого тоа ишло и кој бил и кој требало да биде крајниот корисник. Македонија е проточен бојлер, точно е еден од тие лица, но е проточен бојлер на некои други служби во регионот - изјави Вучиќ.
Во вчерашната акција на Безбедносно информативната агенција (БИА), Воено-бебедоносната агенција (ВБА), МВР и Вишото јавно обвинителство во Ваљево, уапсени се тројца инженери од српската фабрика за производство на оружје и муниција „Крушик“ поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело шпионажа затоа што во текот на 2024 година континуирано контактирале со државјани на Македонија, вработени во компанијата „АТС груп“, на чело со Шевкет Демировски. Осомничените М.О. (1987), Д. Л. (1960) и Д. М. (1961), се поранешни и сегашни инженери во холдинг компанијата „Крушик“ од Ваљево, кои од оваа фирма неовластено изнесувале доверлива деловно-техничка документација и ја предавале на странска организација, на штета на безбедносните, одбранбените, воените и други интереси, како и слабеење на моќта на Република Србија, се прецизира во соопштението на МВР. Експертите од одбранбената индустрија во Србија се сомневаат дека Демировски е, всушност, параван за многу посериозни играчи При претрес на повеќе локации, станови и деловни простории, пронајдени се докази дека и предале доверлива документација на фирмата „АТС Груп“ – Скопје, сопственост на Демировски, која се занимава со производство на оружје и воена опрема. Оваа група има фабрики и во Катар, а во април годинава Демировски го претстави својот нов Советодавен одбор на чие чело е пензионираниот генерал на американската армија Џејмс Л. Џонс, кој беше командант на американските маринци (1999-2003), врховен командант на НАТО и американските сили во Европа (2003-2006), како и советник за национална безбедност на американскиот претседател Барак Обама (2009-2010), пишуваат денешни Новости. Медиумите излегоа со повеќе детали за приведените инженери од Крушик. Кај приведениот М.О пронајдена е хартија со рачно напишани нумерички ознаки кои се однесуваат на „кошулката, телото и крилцата“ на најверојатно минофрлачки проектил, а осомничениот потврдил дека тој е авторот. Во неговиот стан биле пронајдени копии од документ од „Крушик“ за неколку специјални видови барут, кои биле класифицирани како службена тајна: „Одбрана - службена тајна - доверливо“, како и „табела за пукање“ за минофрлач од 120 мм на англиски јазик, што се третира како деловна тајна. Пронајдени се и признаници за суми од над 50.000 евра кои ги предал на градежниот изведувач М.К од Ваљево. Според достапните податоци, М.О. се обидел на овој начин да го прикрие потеклото на парите, поради страв дека може да биде откриен и кривично гонет. Кај М.О е пронајден и договор за ангажирање на фирмата „АТС инжењеринг“ – Скопје, со што недвосмислено се потврдило оперативното сознание дека тој паралелно со хонорарниот работен однос во „Крушик“ работи и кај Шевкет Демировски. Инженерот Д.Л во полиција изјавил дека бил ангажиран во споменатата македонска фирма. Според нашите сознанија, докази за индустриска шпионажа се пронајдени на повеќе лаптопи, USB-стикови и телефони. Кај приведениот Д.М. најден е договор за ангажман за „АТС инженеринг“ - Скопје, како и повеќе од 10.000 евра. Македонски бизнисмен Шевкет Демировски беше уапсен на 11 ноември 2019 година во акција на БИА, ВБА и Вишото јавно обвинителство во Белград, заедно со пензиониран инженер во „Први Партизан“ од Ужице и уште двајца инженери во таа фирма, поради сомневања дека како сопственик на „АТС Груп“ од Скопје, преку пензиониран инженер во „Први Партизан“ дошол во сопственост на деловно-техничка документација и податоци поврзани со технологијата на изработка на одредени машини, односно до технологијата на изработка на оружје и муниција која ја развива „Први партизан“. Меѓутоа, по само еден месец, Ш. Д. беше пуштен со кауција од 200.000 евра за да се брани од слобода. Обвинителот во овој случај ја отфрли кривичната пријава против него, откако на 21.01.2021 година на име опортунитет платил 29.393.925 динари. Македонскиот бизнисмен на тој начин беше ослободен од сомнение за кривичното дело поткуп при вршење на стопанска дејност.

The post Вучиќ за уапсените за шпионажа од Крушик: Македонија е само проточен бојлер кон други служби appeared first on Република.

]]>
Другар на Заев, осомничен за шпионажа добил дипломатски пасош https://republika.mk/vesti/makedonija/drugar-na-zaev-osomnichen-za-shpionazha-dobil-diplomatski-pasosh/ Tue, 23 Jul 2024 11:31:24 +0000 https://republika.mk/?p=799502

Шефкет Демировски од фирмата  „АТС груп“ за прозиводство на муниција пред неколку години добил дипломатски пасош, пишува „МКД.мк“.

Ова лице стана повторно актуелно откако вчера во Србија беа тројца инженери од српската фабрика за производство на оружје и муниција „Крушик“ поради сомневање дека сториле кривично дело шпионажа во корист на компанијата „АТС груп“ од Македонија.

Тројцата српски инженери вчера биле приведени затоа што во текот на 2024 година континуирано контактирале со државјани на Македонија, вработени во компанијата „АТС груп“, на чело со Шевкет Демировски.

Демировски во Македонија е познат како сопственик на „АТС груп“, компанија која произведува муниција и воена опрема.

Бизнисменот подготвил 30.000 евра за поткуп на тројца вработени од фабриката и еден пензиониран инженер. „Вечерње новости“ тогаш објави дека Демировски,  кој прибирал документација од фабриката за муниција „Први Партизан“ од Ужице, делото го сторил со цел да изработи машина за производство на муниција со калибар 12,7 мм.

Демировски е пријател на поранешниот премиер Зоран Заев. Заев беше главен гостин на отворањето на фабриката во скопско Визбегово.

https://www.youtube.com/watch?v=nEpqvEpC3l0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fpressingtv.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

https://www.youtube.com/watch?v=7MzwyQ2KS40&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fpressingtv.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Другар на Заев, осомничен за шпионажа добил дипломатски пасош appeared first on Република.

]]>

Шефкет Демировски од фирмата  „АТС груп“ за прозиводство на муниција пред неколку години добил дипломатски пасош, пишува „МКД.мк“. Ова лице стана повторно актуелно откако вчера во Србија беа тројца инженери од српската фабрика за производство на оружје и муниција „Крушик“ поради сомневање дека сториле кривично дело шпионажа во корист на компанијата „АТС груп“ од Македонија. Тројцата српски инженери вчера биле приведени затоа што во текот на 2024 година континуирано контактирале со државјани на Македонија, вработени во компанијата „АТС груп“, на чело со Шевкет Демировски. Демировски во Македонија е познат како сопственик на „АТС груп“, компанија која произведува муниција и воена опрема. Бизнисменот подготвил 30.000 евра за поткуп на тројца вработени од фабриката и еден пензиониран инженер. „Вечерње новости“ тогаш објави дека Демировски,  кој прибирал документација од фабриката за муниција „Први Партизан“ од Ужице, делото го сторил со цел да изработи машина за производство на муниција со калибар 12,7 мм. Демировски е пријател на поранешниот премиер Зоран Заев. Заев беше главен гостин на отворањето на фабриката во скопско Визбегово. https://www.youtube.com/watch?v=nEpqvEpC3l0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fpressingtv.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE https://www.youtube.com/watch?v=7MzwyQ2KS40&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fpressingtv.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE  

The post Другар на Заев, осомничен за шпионажа добил дипломатски пасош appeared first on Република.

]]>
Во Одеса уапсена група руски агенти, им се заканува доживотен затвор поради шпионажа https://republika.mk/vesti/svet/vo-odesa-uapsena-grupa-ruski-agenti-im-se-zakanuva-dozhivoten-zatvor-poradi-shpionazha/ Tue, 02 Jul 2024 09:38:03 +0000 https://republika.mk/?p=792690

Службата за безбедност на Украина (СБУ) уапси група руски агенти во Одеса, меѓу кои имало двајца војници и локална жителка, а им се заканува доживотен затвор поради шпионирање на локациите на украинскиот систем за противвоздушна одбрана, соопшти прес-центарот на СБУ.

Во соопштението се наведува дека руски агенти по наредба на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ги извидувале локациите на системите за противвоздушна одбрана во Одеса, ги фотографирале и ги означиле на мапите на Гугл, објави Укринформ. Се нагласува дека втора задача на руските агенти била прикриеното поставување на безжични магнетни камери на територијата на пристаништето Одеса.

Се наведува дека една локална жителка била уапсена во нејзиниот дом откако извршила извидување во близина на потенцијалната цел. При претресот од уапсените биле одземени мобилни телефони кои служеле исклучиво за комуникација со ФСБ.

The post Во Одеса уапсена група руски агенти, им се заканува доживотен затвор поради шпионажа appeared first on Република.

]]>

Службата за безбедност на Украина (СБУ) уапси група руски агенти во Одеса, меѓу кои имало двајца војници и локална жителка, а им се заканува доживотен затвор поради шпионирање на локациите на украинскиот систем за противвоздушна одбрана, соопшти прес-центарот на СБУ. Во соопштението се наведува дека руски агенти по наредба на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ги извидувале локациите на системите за противвоздушна одбрана во Одеса, ги фотографирале и ги означиле на мапите на Гугл, објави Укринформ. Се нагласува дека втора задача на руските агенти била прикриеното поставување на безжични магнетни камери на територијата на пристаништето Одеса. Се наведува дека една локална жителка била уапсена во нејзиниот дом откако извршила извидување во близина на потенцијалната цел. При претресот од уапсените биле одземени мобилни телефони кои служеле исклучиво за комуникација со ФСБ.

The post Во Одеса уапсена група руски агенти, им се заканува доживотен затвор поради шпионажа appeared first on Република.

]]>
Германски контраразузнавач и негов соработник, бизнисмен, се обвинети за шпионажа во корист на Русија https://republika.mk/vesti/svet/germanski-kontrarazuznavach-i-negov-sorabotnik-biznismen-se-obvineti-za-shpionazha-vo-korist-na-rusija-2/ Fri, 08 Sep 2023 19:59:20 +0000 https://republika.mk/?p=680080

Вработен во германската контраразузнавачка служба и негов познаник се обвинети за предавство откако наводно и предале доверливи документи на Русија, соопшти денеска Обвинителството.

Разузнавачот „Карстен Л.“ беше уапсен во Берлин на 21 декември минатата година, а вториот осомничен, германскиот бизнисмен „Артур Е“, беше уапсен на аеродромот во Минхен на 22 јануари кога пристигна од САД.

Германската Федерална разузнавачка служба (БНД) во моментот на првото апсење соопшти дека ги вовела обвинителите во случајот веднаш откако внатрешната истрага ги потврдила сомневањата за предавство.

Федералните обвинители денеска соопштија дека во мај 2021 година, Карстен Л. се сретнал со Артур Е., кој бил во контакт со извесен руски бизнисмен поврзан со руската разузнавачка агенција ФСБ.

Тројцата, наводно, се сретнале во септември 2022 година и се согласиле да ги пренесат чувствителните информации од БНД на ФСБ.

Во два наврати, од средината на септември до почетокот на октомври минатата година, Карстен Л. добил девет документи поврзани со германскиот проект за собирање податоци од техничко разузнавање, кои ги отпечатил или фотографирал од својот компјутерски екран, се вели во соопштението на обвинителот.

Карстен Л потоа му го дал материјалот на Артур Е, кој ги фотографирал датотеките, ги однел дигитализираните податоци во Москва, ги испечатил и ги предал на ФСБ на состаноците со руски офицери.

Според нивните тврдења, Карстен Л. добил најмалку 450.000 евра од ФСБ, а Артур Е. најмалку 400.000 евра во кеш. Овие пари Артур Е. ги добил во Москва во ноември 2022 година. Карстен Л. потоа организирал Артур Е, кога пристигнал во Германија, да биде „прошверцуван“ покрај германските цариници, наводно од професионални причини, тврдат обвинителите.

Двајцата беа обвинети пред судот во Берлин за „заедничко извршување на особено тешко предавство“, соопштија обвинителите, додавајќи дека информацијата доставена до ФСБ е државна тајна.

The post Германски контраразузнавач и негов соработник, бизнисмен, се обвинети за шпионажа во корист на Русија appeared first on Република.

]]>

Вработен во германската контраразузнавачка служба и негов познаник се обвинети за предавство откако наводно и предале доверливи документи на Русија, соопшти денеска Обвинителството. Разузнавачот „Карстен Л.“ беше уапсен во Берлин на 21 декември минатата година, а вториот осомничен, германскиот бизнисмен „Артур Е“, беше уапсен на аеродромот во Минхен на 22 јануари кога пристигна од САД. Германската Федерална разузнавачка служба (БНД) во моментот на првото апсење соопшти дека ги вовела обвинителите во случајот веднаш откако внатрешната истрага ги потврдила сомневањата за предавство. Федералните обвинители денеска соопштија дека во мај 2021 година, Карстен Л. се сретнал со Артур Е., кој бил во контакт со извесен руски бизнисмен поврзан со руската разузнавачка агенција ФСБ. Тројцата, наводно, се сретнале во септември 2022 година и се согласиле да ги пренесат чувствителните информации од БНД на ФСБ. Во два наврати, од средината на септември до почетокот на октомври минатата година, Карстен Л. добил девет документи поврзани со германскиот проект за собирање податоци од техничко разузнавање, кои ги отпечатил или фотографирал од својот компјутерски екран, се вели во соопштението на обвинителот. Карстен Л потоа му го дал материјалот на Артур Е, кој ги фотографирал датотеките, ги однел дигитализираните податоци во Москва, ги испечатил и ги предал на ФСБ на состаноците со руски офицери. Според нивните тврдења, Карстен Л. добил најмалку 450.000 евра од ФСБ, а Артур Е. најмалку 400.000 евра во кеш. Овие пари Артур Е. ги добил во Москва во ноември 2022 година. Карстен Л. потоа организирал Артур Е, кога пристигнал во Германија, да биде „прошверцуван“ покрај германските цариници, наводно од професионални причини, тврдат обвинителите. Двајцата беа обвинети пред судот во Берлин за „заедничко извршување на особено тешко предавство“, соопштија обвинителите, додавајќи дека информацијата доставена до ФСБ е државна тајна.

The post Германски контраразузнавач и негов соработник, бизнисмен, се обвинети за шпионажа во корист на Русија appeared first on Република.

]]>
Германски контраразузнавач и негов соработник, бизнисмен, се обвинети за шпионажа во корист на Русија https://republika.mk/vesti/svet/germanski-kontrarazuznavach-i-negov-sorabotnik-biznismen-se-obvineti-za-shpionazha-vo-korist-na-rusija/ Fri, 08 Sep 2023 17:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=680041

Вработен во германската контраразузнавачка служба и негов познаник се обвинети за предавство откако наводно и предале доверливи документи на Русија, соопшти денеска Обвинителството.

Разузнавачот „Карстен Л.“ беше уапсен во Берлин на 21 декември минатата година, а вториот осомничен, германскиот бизнисмен „Артур Е“, беше уапсен на аеродромот во Минхен на 22 јануари кога пристигна од САД.

Германската Федерална разузнавачка служба (БНД) во моментот на првото апсење соопшти дека ги вовела обвинителите во случајот веднаш откако внатрешната истрага ги потврдила сомневањата за предавство.

Федералните обвинители денеска соопштија дека во мај 2021 година, Карстен Л. се сретнал со Артур Е., кој бил во контакт со извесен руски бизнисмен поврзан со руската разузнавачка агенција ФСБ.

Тројцата, наводно, се сретнале во септември 2022 година и се согласиле да ги пренесат чувствителните информации од БНД на ФСБ.

Во два наврати, од средината на септември до почетокот на октомври минатата година, Карстен Л. добил девет документи поврзани со германскиот проект за собирање податоци од техничко разузнавање, кои ги отпечатил или фотографирал од својот компјутерски екран, се вели во соопштението на обвинителот.

Карстен Л потоа му го дал материјалот на Артур Е, кој ги фотографирал датотеките, ги однел дигитализираните податоци во Москва, ги испечатил и ги предал на ФСБ на состаноците со руски офицери.

Според нивните тврдења, Карстен Л. добил најмалку 450.000 евра од ФСБ, а Артур Е. најмалку 400.000 евра во кеш.

Овие пари Артур Е. ги добил во Москва во ноември 2022 година. Карстен Л. потоа организирал Артур Е, кога пристигнал во Германија, да биде „прошверцуван“ покрај германските цариници, наводно од професионални причини, тврдат обвинителите.

Двајцата беа обвинети пред судот во Берлин за „заедничко извршување на особено тешко предавство“, соопштија обвинителите, додавајќи дека информацијата доставена до ФСБ е државна тајна.

The post Германски контраразузнавач и негов соработник, бизнисмен, се обвинети за шпионажа во корист на Русија appeared first on Република.

]]>

Вработен во германската контраразузнавачка служба и негов познаник се обвинети за предавство откако наводно и предале доверливи документи на Русија, соопшти денеска Обвинителството. Разузнавачот „Карстен Л.“ беше уапсен во Берлин на 21 декември минатата година, а вториот осомничен, германскиот бизнисмен „Артур Е“, беше уапсен на аеродромот во Минхен на 22 јануари кога пристигна од САД. Германската Федерална разузнавачка служба (БНД) во моментот на првото апсење соопшти дека ги вовела обвинителите во случајот веднаш откако внатрешната истрага ги потврдила сомневањата за предавство. Федералните обвинители денеска соопштија дека во мај 2021 година, Карстен Л. се сретнал со Артур Е., кој бил во контакт со извесен руски бизнисмен поврзан со руската разузнавачка агенција ФСБ. Тројцата, наводно, се сретнале во септември 2022 година и се согласиле да ги пренесат чувствителните информации од БНД на ФСБ. Во два наврати, од средината на септември до почетокот на октомври минатата година, Карстен Л. добил девет документи поврзани со германскиот проект за собирање податоци од техничко разузнавање, кои ги отпечатил или фотографирал од својот компјутерски екран, се вели во соопштението на обвинителот. Карстен Л потоа му го дал материјалот на Артур Е, кој ги фотографирал датотеките, ги однел дигитализираните податоци во Москва, ги испечатил и ги предал на ФСБ на состаноците со руски офицери. Според нивните тврдења, Карстен Л. добил најмалку 450.000 евра од ФСБ, а Артур Е. најмалку 400.000 евра во кеш.
Овие пари Артур Е. ги добил во Москва во ноември 2022 година. Карстен Л. потоа организирал Артур Е, кога пристигнал во Германија, да биде „прошверцуван“ покрај германските цариници, наводно од професионални причини, тврдат обвинителите.
Двајцата беа обвинети пред судот во Берлин за „заедничко извршување на особено тешко предавство“, соопштија обвинителите, додавајќи дека информацијата доставена до ФСБ е државна тајна.

The post Германски контраразузнавач и негов соработник, бизнисмен, се обвинети за шпионажа во корист на Русија appeared first on Република.

]]>
Кинески функционер осомничен за шпионажа во корист на ЦИА https://republika.mk/vesti/svet/kineski-funktsioner-osomnichen-za-shpionazha-vo-korist-na-tsia/ Mon, 21 Aug 2023 08:57:41 +0000 https://republika.mk/?p=674094

Владин кинески функционер е осомничен за шпионажа во корист на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Според кинеските власти под истрага е 39-годишен маж, кој бил вработен во едно Министерство. Тој додека бил на обука во Јапонија стапил во контакт со службеник од Амбасадата на САД.

Кинеското Министерство за државна безбедност наведува дека осомничениот, со презиме Хао по враќањето од обуката во Јапонија „воспоставил неколку тајни контакти со претставници на ЦИА во Кина“ и им давал информации.

The post Кинески функционер осомничен за шпионажа во корист на ЦИА appeared first on Република.

]]>

Владин кинески функционер е осомничен за шпионажа во корист на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА). Според кинеските власти под истрага е 39-годишен маж, кој бил вработен во едно Министерство. Тој додека бил на обука во Јапонија стапил во контакт со службеник од Амбасадата на САД. Кинеското Министерство за државна безбедност наведува дека осомничениот, со презиме Хао по враќањето од обуката во Јапонија „воспоставил неколку тајни контакти со претставници на ЦИА во Кина“ и им давал информации.

The post Кинески функционер осомничен за шпионажа во корист на ЦИА appeared first on Република.

]]>
Кина сака да ја мобилизира целата нација во борбата против шпионажата https://republika.mk/vesti/svet/kina-saka-da-ja-mobilizira-tselata-natsija-vo-borbata-protiv-shpionazhata/ Tue, 01 Aug 2023 18:57:20 +0000 https://republika.mk/?p=667741

Кина треба да ги охрабри своите граѓани да се приклучат во борбата против шпионажата, вклучително и преку создавање канали за граѓаните да пријават сомнителни активности и да бидат пофалени и наградени за нивниот придонес, соопшти денеска Министерството за државна безбедност.

Мора да се создаде систем што ќе им овозможи на луѓето да учествуваат во контрашпионажа, соопшти Министерството за државна безбедност, главната институција што го надгледува странското разузнавање и контрашпионажата.

Повикот да се промовира антишпионажа до граѓаните уследи по проширувањето на кинескиот закон за антишпионажа, кој стапи во сила минатиот месец.

Законот, кој забранува пренос на информации поврзани со националната безбедност и интереси (нацрт-законот не прецизира кои се тие), ги вознемири САД, тврдејќи оти странските компании во Кина можат да бидат казнети за обични деловни активности.

Ревидираниот закон им дозволува на властите кои истражуваат шпионажа да добијат пристап до податоци, електронска опрема и информации за лична сопственост.

Кина изминатите години уапси десетици кинески и странски државјани под сомнение за шпионажа. Во март беше приведен извршниот директор на јапонскиот производител на лекови „Астелас фарма“

Австралискиот новинар Чен Леи, обвинет од Кина за оддавање државни тајни на друга земја, е во притвор од септември 2020 година.

The post Кина сака да ја мобилизира целата нација во борбата против шпионажата appeared first on Република.

]]>

Кина треба да ги охрабри своите граѓани да се приклучат во борбата против шпионажата, вклучително и преку создавање канали за граѓаните да пријават сомнителни активности и да бидат пофалени и наградени за нивниот придонес, соопшти денеска Министерството за државна безбедност. Мора да се создаде систем што ќе им овозможи на луѓето да учествуваат во контрашпионажа, соопшти Министерството за државна безбедност, главната институција што го надгледува странското разузнавање и контрашпионажата. Повикот да се промовира антишпионажа до граѓаните уследи по проширувањето на кинескиот закон за антишпионажа, кој стапи во сила минатиот месец. Законот, кој забранува пренос на информации поврзани со националната безбедност и интереси (нацрт-законот не прецизира кои се тие), ги вознемири САД, тврдејќи оти странските компании во Кина можат да бидат казнети за обични деловни активности. Ревидираниот закон им дозволува на властите кои истражуваат шпионажа да добијат пристап до податоци, електронска опрема и информации за лична сопственост. Кина изминатите години уапси десетици кинески и странски државјани под сомнение за шпионажа. Во март беше приведен извршниот директор на јапонскиот производител на лекови „Астелас фарма“ Австралискиот новинар Чен Леи, обвинет од Кина за оддавање државни тајни на друга земја, е во притвор од септември 2020 година.

The post Кина сака да ја мобилизира целата нација во борбата против шпионажата appeared first on Република.

]]>
Германското контраразузнавање стравува дека Кина ја засилува политичката шпионажа против Германија https://republika.mk/vesti/svet/germanskoto-kontrarazuznavane-stravuva-deka-kina-ja-zasiluva-politichkata-shpionazha-protiv-germanija/ Sat, 11 Feb 2023 13:57:05 +0000 https://republika.mk/?p=607742

Шефот на германската контраразузнавачка служба, Томас Халденванг, предупреди дека Кина ги проширува своите шпионски активности против Берлин.

Кина развива широки активности за шпионажа и влијание. Мораме да бидеме подготвени дека тие ќе се зголемат во наредните години, изјави Халденванг во интервју за „Велт ам Зонтаг“.

Халденванг, кој е шеф на германската Канцеларија за заштита на уставот (СЗК), предупреди дека економската зависност од Кина може да се искористи за да биде извршено политичко влијание.

Кина следи долгорочна стратегија за да ги постигне своите цели. Политичкото раководство веќе ја користи својата економска моќ, која е и резултат на интензивните односи со германската и европската економија, за да ги реализира политичките цели, вели Халденванг.

The post Германското контраразузнавање стравува дека Кина ја засилува политичката шпионажа против Германија appeared first on Република.

Русин и Белорусин упасени во Полска под сомнение дека шпионирале за Русија https://republika.mk/vesti/svet/rusin-i-belorusin-upaseni-vo-polska-pod-somnenie-deka-shpionirale-za-rusija/ Wed, 27 Apr 2022 08:04:56 +0000 https://republika.mk/?p=494145

Руски и белоруски граѓанин се уапсени во Полска под обвинение за шпионажа во корист на Русија, објави полската телевизија, повикувајќи се на Обвинителството.

Русин и Белорусин се приведени во Бјалисток под сомнение за шпионажа во корист на странска разузнавачка служба. Според Воената контраразузнавачка служба, шпионите собирале информации за воените единици, статусот на персоналот, како и за единиците на сојузничките сили. Двајцата живееле во Полска долги години - наведува телевизијата.

Според зборовите на претставникот на обвинителството, Александар Скшињаж, заклучоците на службата укажувале дека двајцата приведени „вршеле шпионски активности во интерес на разузнавачките служби на Руската Федерација“.

Двајцата добиле притвор од три месеци, а доколкуи бидат прогласени за виновни, им се заканува затворска казна до 10 години.

The post Русин и Белорусин упасени во Полска под сомнение дека шпионирале за Русија appeared first on Република.

]]>

Руски и белоруски граѓанин се уапсени во Полска под обвинение за шпионажа во корист на Русија, објави полската телевизија, повикувајќи се на Обвинителството.
Русин и Белорусин се приведени во Бјалисток под сомнение за шпионажа во корист на странска разузнавачка служба. Според Воената контраразузнавачка служба, шпионите собирале информации за воените единици, статусот на персоналот, како и за единиците на сојузничките сили. Двајцата живееле во Полска долги години - наведува телевизијата.
Според зборовите на претставникот на обвинителството, Александар Скшињаж, заклучоците на службата укажувале дека двајцата приведени „вршеле шпионски активности во интерес на разузнавачките служби на Руската Федерација“. Двајцата добиле притвор од три месеци, а доколкуи бидат прогласени за виновни, им се заканува затворска казна до 10 години.

The post Русин и Белорусин упасени во Полска под сомнение дека шпионирале за Русија appeared first on Република.

]]>