шпански новинар Archives - Република https://republika.mk/tema/shpanski-novinar/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Oct 2023 13:19:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шпански новинар Archives - Република https://republika.mk/tema/shpanski-novinar/ 32 32 Шпански новинар година ипол седи во полски затвор без обвинение: Осомничен е дека бил руски шпион https://republika.mk/vesti/svet/shpanski-novinar-godina-ipol-sedi-vo-polski-zatvor-bez-obvinenie-osomnichen-e-deka-bil-ruski-shpion/ Thu, 05 Oct 2023 20:32:25 +0000 https://republika.mk/?p=687886

Група европски пратеници од неколку партии, се обратиле до полските власти со барање во врска со судбината на шпанскиот новинар Пабло Гонзалес, кој повеќе од една и пол година се наоѓа во полски затвор без обвинение. Новинарот е осомничен дека шпионирал во корист на Русија.

Во писмото, европарламентарците ги осудуваат условите во кои се наоѓа Гонзалес и бараат полската влада да го врати во Шпанија за таму да го чека судењето.

Гонзалес беше уапсен од полските разузнавачки служби во февруари минатата година кога снимал извештај за состојбата на полско-белоруската граница. Според Полјаците, новинарот е агент на руското воено разузнавање.

Неговиот затворски престој без судење се продолжува секој пат, со тврдење дека постои голема веројатност оти дописникот „извршил операции во интерес на Русија“ и „дејствија против полската држава“. Но, што точно не се открива.

Семејството на Гонзалес ги негира обвинувањата. Тие стравуваат дека сомнежот за шпионажа може да биде поврзан со фактот дека новинарот имал два пасоши, шпански и руски, со две различни имиња. Шпанскиот документ го означува неговото мајчинско презиме, а во рускиот документ е наведено неговото татковско презиме, како и неговото име на руски - Павел.

Во исто време, шпанските власти не преземаат ништо за некако да ја разјаснат ситуацијата, а за различни невладини организации за човекови права тоа е генерално слепа точка.

Полските закони им дозволуваат на безбедносните сили да го држат Гонзалес без судење зад решетки со години.

The post Шпански новинар година ипол седи во полски затвор без обвинение: Осомничен е дека бил руски шпион appeared first on Република.

]]>

Група европски пратеници од неколку партии, се обратиле до полските власти со барање во врска со судбината на шпанскиот новинар Пабло Гонзалес, кој повеќе од една и пол година се наоѓа во полски затвор без обвинение. Новинарот е осомничен дека шпионирал во корист на Русија. Во писмото, европарламентарците ги осудуваат условите во кои се наоѓа Гонзалес и бараат полската влада да го врати во Шпанија за таму да го чека судењето. Гонзалес беше уапсен од полските разузнавачки служби во февруари минатата година кога снимал извештај за состојбата на полско-белоруската граница. Според Полјаците, новинарот е агент на руското воено разузнавање. Неговиот затворски престој без судење се продолжува секој пат, со тврдење дека постои голема веројатност оти дописникот „извршил операции во интерес на Русија“ и „дејствија против полската држава“. Но, што точно не се открива. Семејството на Гонзалес ги негира обвинувањата. Тие стравуваат дека сомнежот за шпионажа може да биде поврзан со фактот дека новинарот имал два пасоши, шпански и руски, со две различни имиња. Шпанскиот документ го означува неговото мајчинско презиме, а во рускиот документ е наведено неговото татковско презиме, како и неговото име на руски - Павел. Во исто време, шпанските власти не преземаат ништо за некако да ја разјаснат ситуацијата, а за различни невладини организации за човекови права тоа е генерално слепа точка. Полските закони им дозволуваат на безбедносните сили да го држат Гонзалес без судење зад решетки со години.

The post Шпански новинар година ипол седи во полски затвор без обвинение: Осомничен е дека бил руски шпион appeared first on Република.

]]>