шпанска публика Archives - Република https://republika.mk/tema/shpanska-publika/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Oct 2023 10:45:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шпанска публика Archives - Република https://republika.mk/tema/shpanska-publika/ 32 32 „Мементо“ на Димитрие Османли ќе биде прикажан за шпанската публика https://republika.mk/vesti/kultura/memento-na-dimitrie-osmanli-ke-bide-prikazhan-za-shpanskata-publika/ Wed, 11 Oct 2023 10:45:06 +0000 https://republika.mk/?p=690124

По одличниот прием во Музејот на современа уметност (МОМА) во Њујорк, македонскиот игран филм „Мементо“ утре, на 11 октомври,ќе биде прикажан и во Филмотека Еспањола - шпанската кинотека во Мадрид. Истиот ден, во чест на националниот празник 11 Октомври, Кинотеката на Македонија ќе го прикажува МЕМЕНТО бесплатно, на својот официјален „Јутјуб“ канал (https://youtu.be/LXbtrhh-IY0).

Од Кинотека велат дека веќе можеме да кажеме дека Мементо прераснува во филмска класика, дел од светското кинематогрaфско наследство, бидејќи за помалку од година дена имаше повеќе од 5 проекции на различни локации и континенти. Само минатиот месец беше прикажан како дел од програмата на МОМА посветена на југословенскиот црн бран, а беше дел и од европскиот проект „Сезона на филмски класици“, кој пак, четврта година по ред, ја вбројува нашата Кинотека во друштвото на европските кинотеки кои имаат за цел да го промовираат и популаризираат филмското архивско богатство на Европа.

За македонската публика, дигитализираната верзија на филмот Мементо на 26 јули оваа година имаше своевидна домашна „премиера“, а истиот ден имаше и онлајн проекција – стриминг кој одеше истовремено и на официјалната интернет страница на Кинотеката, и на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб.

Како што понатаму наведува Кинотека, во очекување е и премиерното телевизиско прикажување на Мементо на Арте каналот - европскиот ТВ-канал за култура, што ќе се случи некаде во првата половина на 2024 година. Во моментов се работи на дигитална реставрација на филмот и токму гледачите на Арте ќе имаат чест премиерно да го погледнат освежениот и реставриран Мементо.

Мементо е втор игран филм на Димитрие Османли снимен во 1967 година, и ја раскажува приказна за Јана – која низ разговори и реминисценција со германскиот диригент Вили Милер – се присеќава на своето минато и семејната трагедија која ја доживеала во катастрофалниот земјотрес во Скопје.

 

The post „Мементо“ на Димитрие Османли ќе биде прикажан за шпанската публика appeared first on Република.

]]>

По одличниот прием во Музејот на современа уметност (МОМА) во Њујорк, македонскиот игран филм „Мементо“ утре, на 11 октомври,ќе биде прикажан и во Филмотека Еспањола - шпанската кинотека во Мадрид. Истиот ден, во чест на националниот празник 11 Октомври, Кинотеката на Македонија ќе го прикажува МЕМЕНТО бесплатно, на својот официјален „Јутјуб“ канал (https://youtu.be/LXbtrhh-IY0). Од Кинотека велат дека веќе можеме да кажеме дека Мементо прераснува во филмска класика, дел од светското кинематогрaфско наследство, бидејќи за помалку од година дена имаше повеќе од 5 проекции на различни локации и континенти. Само минатиот месец беше прикажан како дел од програмата на МОМА посветена на југословенскиот црн бран, а беше дел и од европскиот проект „Сезона на филмски класици“, кој пак, четврта година по ред, ја вбројува нашата Кинотека во друштвото на европските кинотеки кои имаат за цел да го промовираат и популаризираат филмското архивско богатство на Европа. За македонската публика, дигитализираната верзија на филмот Мементо на 26 јули оваа година имаше своевидна домашна „премиера“, а истиот ден имаше и онлајн проекција – стриминг кој одеше истовремено и на официјалната интернет страница на Кинотеката, и на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб. Како што понатаму наведува Кинотека, во очекување е и премиерното телевизиско прикажување на Мементо на Арте каналот - европскиот ТВ-канал за култура, што ќе се случи некаде во првата половина на 2024 година. Во моментов се работи на дигитална реставрација на филмот и токму гледачите на Арте ќе имаат чест премиерно да го погледнат освежениот и реставриран Мементо. Мементо е втор игран филм на Димитрие Османли снимен во 1967 година, и ја раскажува приказна за Јана – која низ разговори и реминисценција со германскиот диригент Вили Милер – се присеќава на своето минато и семејната трагедија која ја доживеала во катастрофалниот земјотрес во Скопје.  

The post „Мементо“ на Димитрие Османли ќе биде прикажан за шпанската публика appeared first on Република.

]]>