Шмит Archives - Република https://republika.mk/tema/shmit/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Sep 2023 13:06:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шмит Archives - Република https://republika.mk/tema/shmit/ 32 32 Шмит: Осудените воени злосторници не треба да извршуваат јавни функции https://republika.mk/vesti/balkan/shmit-osudenite-voeni-zlostornitsi-ne-treba-da-izvrshuvaat-javni-funktsii/ Thu, 14 Sep 2023 13:06:49 +0000 https://republika.mk/?p=681971

Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит учествува на меѓународната конференција по повод 30-годишнината од формирањето на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ), на која говореше на тема воени злосторства, пренесува Анадолија.

Во изјавата пред почетокот на конференцијата, Шмит потсети колку сурови и ужасни работи се случија пред 30 години, вклучително и геноцидот во Сребреница, воените злосторства и злосторства против човештвото.

- Мислам дека треба јасно да ставиме до знаење дека никој кој е осуден во Хаг или во друг суд по овие обвиненија повеќе не треба да биде дел од јавниот живот и на јавна функција. Сите треба да знаат што се случило, потенцираше Шмит.

Тој нагласи дека е неопходно да се има регистар на оние кои извршиле воени злосторства како што е препорачано од ЕУ и да се работи на него.

- Го следам претходниот извештај на Европската унија од 2019 година и тоа ќе го направиме што е можно поскоро, заклучи Шмит.

The post Шмит: Осудените воени злосторници не треба да извршуваат јавни функции appeared first on Република.

]]>

Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит учествува на меѓународната конференција по повод 30-годишнината од формирањето на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ), на која говореше на тема воени злосторства, пренесува Анадолија. Во изјавата пред почетокот на конференцијата, Шмит потсети колку сурови и ужасни работи се случија пред 30 години, вклучително и геноцидот во Сребреница, воените злосторства и злосторства против човештвото.
- Мислам дека треба јасно да ставиме до знаење дека никој кој е осуден во Хаг или во друг суд по овие обвиненија повеќе не треба да биде дел од јавниот живот и на јавна функција. Сите треба да знаат што се случило, потенцираше Шмит.
Тој нагласи дека е неопходно да се има регистар на оние кои извршиле воени злосторства како што е препорачано од ЕУ и да се работи на него. - Го следам претходниот извештај на Европската унија од 2019 година и тоа ќе го направиме што е можно поскоро, заклучи Шмит.

The post Шмит: Осудените воени злосторници не треба да извршуваат јавни функции appeared first on Република.

]]>
Шмит: Потребен е силен и заеднички одговор на меѓународната заедница во БиХ https://republika.mk/vesti/balkan/shmit-potreben-e-silen-i-zaednichki-odgovor-na-megunarodnata-zaednitsa-vo-bih/ Sun, 09 Jul 2023 18:29:32 +0000 https://republika.mk/?p=659451

Високиот меѓународен претставник во БиХ, Кристијан Шмит денеска изјави дека е потребен силен одговор и заеднички стратешки пристап на меѓународната заедница за да се заштити суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ, како и степенот на реформи, развој и досега постигнатата стабилност.

Меѓународните партнери изразија целосна поддршка за високиот претставник и за извршувањето на неговите овластувања како одговор на потезите на претседателот на Република Српска, Милорад Додик и други, кои се противуставни и го прекршуваат Дејтонскиот мировен договор и ја поткопуваат структурата на БиХ, соопшти Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) по Форумот во Дубровник, каде Шмит одржа неколку средби со претставници на западните земји.

Шмит во Дубровник се сретна со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Стјуарт Пич и специјалниот претставник на ЕУ за Дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, како и со заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани и други официјални претставници.

Високиот претставник и неговите соговорници разменија мислења за последните случувања во БиХ, а особено за ситуацијата во РС во светло на одлуките донесени од високиот претставник со цел да се запре кршењето на уставниот поредок на БиХ и Дејтонскиот мировен договор од страна на властите на РС, се истакнува во соопштението на ОХР.

Шмит минатата недела ги поништи законите за неспроведување на одлуките на Уставниот суд на БиХ и одлуките на високиот претставник, кои претходно беа усвоени од Народното собрание на РС, како и измените на Кривичниот законик, според кој неспроведувањето на неговите одлуки се третира како кривично дело.

Потоа, претседателот на РС, Додик потпиша указот за прогласување на спорните закони, кои денеска беа објавени во Службен весник на РС.

The post Шмит: Потребен е силен и заеднички одговор на меѓународната заедница во БиХ appeared first on Република.

]]>

Високиот меѓународен претставник во БиХ, Кристијан Шмит денеска изјави дека е потребен силен одговор и заеднички стратешки пристап на меѓународната заедница за да се заштити суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ, како и степенот на реформи, развој и досега постигнатата стабилност. Меѓународните партнери изразија целосна поддршка за високиот претставник и за извршувањето на неговите овластувања како одговор на потезите на претседателот на Република Српска, Милорад Додик и други, кои се противуставни и го прекршуваат Дејтонскиот мировен договор и ја поткопуваат структурата на БиХ, соопшти Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) по Форумот во Дубровник, каде Шмит одржа неколку средби со претставници на западните земји.
Шмит во Дубровник се сретна со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Стјуарт Пич и специјалниот претставник на ЕУ за Дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, како и со заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани и други официјални претставници.
Високиот претставник и неговите соговорници разменија мислења за последните случувања во БиХ, а особено за ситуацијата во РС во светло на одлуките донесени од високиот претставник со цел да се запре кршењето на уставниот поредок на БиХ и Дејтонскиот мировен договор од страна на властите на РС, се истакнува во соопштението на ОХР.
Шмит минатата недела ги поништи законите за неспроведување на одлуките на Уставниот суд на БиХ и одлуките на високиот претставник, кои претходно беа усвоени од Народното собрание на РС, како и измените на Кривичниот законик, според кој неспроведувањето на неговите одлуки се третира како кривично дело. Потоа, претседателот на РС, Додик потпиша указот за прогласување на спорните закони, кои денеска беа објавени во Службен весник на РС.

The post Шмит: Потребен е силен и заеднички одговор на меѓународната заедница во БиХ appeared first on Република.

]]>