шишки Archives - Република https://republika.mk/tema/shishki/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Jun 2022 16:45:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шишки Archives - Република https://republika.mk/tema/shishki/ 32 32 Лав со „шишки“ е вистинска сензација во кинеска Зоолошка градина https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/lav-so-shishki-e-vistinska-senzacija-vo-kineska-zooloshka/ Fri, 03 Jun 2022 16:53:20 +0000 https://republika.mk/?p=510724

При посета на Зоолошка градина во кинескиот град Гуангжу, главната атракција е лавот, кој освен што е карактеристичен според бујната грива, стана хит на интернет и поради неговата необична „фризура со шишки“.

Животното по име Ханг Ханг, предизвика многу коментари на социјалните мрежи, меѓу кои има и голем број кои реагираат на изгледот на лавот.

Многумина се прашуваат кој дозволил ова прекрасно животно да изгледа како некој да се шегува со него? Некои забележуваат и дека „лицето на лавот покажува дека тој не е среќен“, оти „изгледа засрамено“ и дека тие што, наводно, можеби „го потстржале“, треба да се засрамат, бидејќи „тоа не е нормално“.

Набргу потоа стигна коментар и од Зоолошката, откаде што порекнаа каков било зафат над неговата грива и оти најверојатен виновник за тоа е високата влажност.

Во зоолошката градина нема „фризерска програма“, а ние не се осмелуваме да му ја кратиме косата на лавот. Може да се каже дека тој „сам ја осмислил фризурата“ - се наведува во соопштението.

Новостекнатата слава на лавот фрли светлина и на неговото потекло, бидејќи Ханг Ханг е од редок подвид бел лав. Белите лавови ја добиваат својата необична боја од рецесивен ген, слично како и кај белите тигри, а тие се многу ретки во природата.

The post Лав со „шишки“ е вистинска сензација во кинеска Зоолошка градина appeared first on Република.

]]>

При посета на Зоолошка градина во кинескиот град Гуангжу, главната атракција е лавот, кој освен што е карактеристичен според бујната грива, стана хит на интернет и поради неговата необична „фризура со шишки“. Животното по име Ханг Ханг, предизвика многу коментари на социјалните мрежи, меѓу кои има и голем број кои реагираат на изгледот на лавот. Многумина се прашуваат кој дозволил ова прекрасно животно да изгледа како некој да се шегува со него? Некои забележуваат и дека „лицето на лавот покажува дека тој не е среќен“, оти „изгледа засрамено“ и дека тие што, наводно, можеби „го потстржале“, треба да се засрамат, бидејќи „тоа не е нормално“. Набргу потоа стигна коментар и од Зоолошката, откаде што порекнаа каков било зафат над неговата грива и оти најверојатен виновник за тоа е високата влажност.