шест пријави Archives - Република https://republika.mk/tema/shest-prijavi/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 11:53:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шест пријави Archives - Република https://republika.mk/tema/shest-prijavi/ 32 32 Шест пријави за врсничко насилство пристигнале во МОН од почетокот на учебната година https://republika.mk/vesti/makedonija/shest-prijavi-za-vrsnichko-nasilstvo-pristignale-vo-mon-od-pochetokot-na-uchebnata-godina/ Thu, 03 Oct 2024 11:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=822196

Шест пријави за врсничко насилство пристигнале во Министерството за образование и наука од почетокот на учебната година и по нив се постапува, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска, која учествуваше на тркалезна маса за образование за ментално здравје што денеска ја организираше Здружението на граѓани „Младите можат“. Јаневска истакна дека менталното здравје е исклучително значајна тема што треба да биде постојано во фокусот на вниманието затоа што, рече, секоја следна генерација има свои предизвици, тие се менуваат и затоа се потребни и понови решенија.

Според Јаневска, државата има систем да води грижа за менталното здравје на младите преку училиштата, вклучено е и Министерството со својата Педагошка служба, но нагласи дека е неопходна и меѓуресорска соработка на повеќе министерства, невладини организации и стручни лица.

Од особено значење е и кога самите млади се вклучени во процесот и секогаш е добро да се слушнат и заеднички да изнаоѓаме најповолни решенија за да се грижиме за здравјето на младите, рече Јаневска.

Непосредна улога во грижата за менталното здравје имаат стручните служби, составени од педагог и психолог, во некои и дефектолог и социјален работник, во зависност од големината на училиштата.

Бирото за развој на образованието секоја година, па и годинава поради овие шест пријави и други неколку настани, секогаш испраќа препораки за постапување во конкретни и општи случаи. Стручните служби изготвуваат годишен план за справување со одредени проблеми за одржување на менталното здравје на децата, и во годишниот план, во одредени часови вклучително и класниот час, треба да ги спроведат своите едукации и работа со учениците. Доколку се појави конкретен случај, тогаш се прави измена во тој план и понатаму се работи со децата. При поголем проблем, потребно е инволвирање и на други стручњаци, вообичаено тоа е комуникација со Министерството за социјална политика и млади, во ретки случаи е потребно да се повика полиција и лекарска помош, рече Јаневска.

Во однос на поплаките од стручните служби дека имаат многу административни и организациски обврски за сметка на работата за која постојат, министерката рече дека тие приговори стигнале и во МОН и дека новите закони што се во подготовка „ќе им овозможат да си ја работат својата работа“.

Ќе инсистираме многу повеќе да се присутни во училиштата со нивната стручност и да помагаат во решавањето на овие проблеми. А некогаш не се само проблеми, ние имаме и талентирани деца со коишто треба да се работи, на некои родители им е потребна помош од некакви други причини, не само поради проблематични деца. Значи, има многу работа за стручните служби, полека воспоставуваме систем со кој тие ќе почнат да си ја работат само својата работа, рече министерката.

Надвор од училишниот процес, во грижата за менталното здравје се вклучени службите за социјална работа кои, како што рече заменик- министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, се голема поддршка за младите и семејствата.

Ова министерството нема статистика за млади кои се жртви на врсничко насилство, така што тој ја потенцираше неопходноста од меѓуресорска комуникација – со МОН и со МВР.

Точно е дека недостигаат одредени статистики во нашето министерство, но она што беше заборавено во минатото е целосен систем на сите права и услуги коишто, за жал, министерството не ги спровело со години наназад од не знам кои причини. Тоа го извадивме од фиока и за брзо време ќе ја имаме комплетната слика на сите приматели на правото од социјална заштита, меѓутоа и услугите што ги даваат самите центри. Буквално систем во кој ќе гледаме што се случува во едно семејство и ќе ја знаеме целата слика за тоа семејство, рече Велковски.

Програмскиот координатор на Здружението „Младите можат“ Филип Ивковски изјави дека тркалезната маса за образование за ментално здравје што ја организираат е активност во рамки на процесот за застапување за креирање соодветни решенија за менталното здравје и благосостојбата на младите.

Со посебен фокус на училишната средина односно нејзино трансформирање во средина која се грижи и поттикнува благосостојба и пријатен развој на младите. Целта на настанот е на едно место да бидат споделени мислења и ставови од релевантни чинители и заложбите на институциите во креирање соодветни системски решенија. Веќе осум години како организација ја подигнуваме свеста за менталното здравје и мислиме дека е редно сега да се направат конкретни чекори во овозможување услуги, ресурси и средства за младите, конечно, да можат да почнат да се грижат за своето ментално здравје, истакна Ивковски.

The post Шест пријави за врсничко насилство пристигнале во МОН од почетокот на учебната година appeared first on Република.

]]>

Шест пријави за врсничко насилство пристигнале во Министерството за образование и наука од почетокот на учебната година и по нив се постапува, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска, која учествуваше на тркалезна маса за образование за ментално здравје што денеска ја организираше Здружението на граѓани „Младите можат“. Јаневска истакна дека менталното здравје е исклучително значајна тема што треба да биде постојано во фокусот на вниманието затоа што, рече, секоја следна генерација има свои предизвици, тие се менуваат и затоа се потребни и понови решенија. Според Јаневска, државата има систем да води грижа за менталното здравје на младите преку училиштата, вклучено е и Министерството со својата Педагошка служба, но нагласи дека е неопходна и меѓуресорска соработка на повеќе министерства, невладини организации и стручни лица.
Од особено значење е и кога самите млади се вклучени во процесот и секогаш е добро да се слушнат и заеднички да изнаоѓаме најповолни решенија за да се грижиме за здравјето на младите, рече Јаневска.
Непосредна улога во грижата за менталното здравје имаат стручните служби, составени од педагог и психолог, во некои и дефектолог и социјален работник, во зависност од големината на училиштата.
Бирото за развој на образованието секоја година, па и годинава поради овие шест пријави и други неколку настани, секогаш испраќа препораки за постапување во конкретни и општи случаи. Стручните служби изготвуваат годишен план за справување со одредени проблеми за одржување на менталното здравје на децата, и во годишниот план, во одредени часови вклучително и класниот час, треба да ги спроведат своите едукации и работа со учениците. Доколку се појави конкретен случај, тогаш се прави измена во тој план и понатаму се работи со децата. При поголем проблем, потребно е инволвирање и на други стручњаци, вообичаено тоа е комуникација со Министерството за социјална политика и млади, во ретки случаи е потребно да се повика полиција и лекарска помош, рече Јаневска.
Во однос на поплаките од стручните служби дека имаат многу административни и организациски обврски за сметка на работата за која постојат, министерката рече дека тие приговори стигнале и во МОН и дека новите закони што се во подготовка „ќе им овозможат да си ја работат својата работа“.
Ќе инсистираме многу повеќе да се присутни во училиштата со нивната стручност и да помагаат во решавањето на овие проблеми. А некогаш не се само проблеми, ние имаме и талентирани деца со коишто треба да се работи, на некои родители им е потребна помош од некакви други причини, не само поради проблематични деца. Значи, има многу работа за стручните служби, полека воспоставуваме систем со кој тие ќе почнат да си ја работат само својата работа, рече министерката.
Надвор од училишниот процес, во грижата за менталното здравје се вклучени службите за социјална работа кои, како што рече заменик- министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, се голема поддршка за младите и семејствата. Ова министерството нема статистика за млади кои се жртви на врсничко насилство, така што тој ја потенцираше неопходноста од меѓуресорска комуникација – со МОН и со МВР.