Шатунас Archives - Република https://republika.mk/tema/shatunas/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Oct 2024 14:23:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шатунас Archives - Република https://republika.mk/tema/shatunas/ 32 32 Шатунас: Билатералните прашања не смеат да ги попречат евроинтеграциите, а преземените обврски треба да се спроведуваат https://republika.mk/vesti/makedonija/shatunas-bilateralnite-prashana-ne-smeat-da-gi-poprechat-evrointegratsiite-a-prezemenite-obvrski-treba-da-se-sproveduvaat/ Fri, 11 Oct 2024 14:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=825593

Заменик-министерот за надворешни работи на Литванија, Симонас Шатунас, чија земја оваа година одбележува 20-години членство во Европската Унија, во интервју за МИА нагласува дека билатералните прашања не смеат да го попречат процесот на преговори и членство, но од друга страна важно е и веќе преземените обврски да се спроведуваат.

На прашањето за тоа каков е ставот на Литванија за одложеното дејство на уставните измени, но и дали има сознанија за мислењето на останатите членки на Унијата, Шатунас без конкрентен одговор и со став дека сметаат оти е потребно да има се помалку билатерални прашања, но да се продолжи со спроведување на она што до моментот е преземено како обврска, со цел понатаму целосно да се отстранат билатералните прашања од процесот на преговори.

Како што кажав претходно, ние сметаме дека билатералните прашања не смее да го засенат или попречат процесот на преговори и пристапување. Од друга страна, многу е важно кога се склучуваат договори и се преземаат обврски да нема застој и да нема повторно отворање, односно дека обврските треба да се спроведат инаку може да дојде до нова реалност и повторни одложувања. Затоа ние сметаме дека треба да има што помалку билатерални прашања, но доколку се преземат обврски тогаш е подобро да се продолжи со спроведувањето и процесот да се движи напред, бидејќи тоа е целата идеја, да се отстранат билатералните прашања од процесот на преговори, вели Шатунас.

Во интервјуто Шатунас говори за целта на неговата посета, за билатералната соработката и искуствата кои Литванија може да и ги понуди на земјава во процесот на евроинтеграција, но и за самиот процес и колку навистина се води по мерит системот и е заштитен од билатерализација.

https://www.youtube.com/watch?v=HvcbznW_Vjo

The post Шатунас: Билатералните прашања не смеат да ги попречат евроинтеграциите, а преземените обврски треба да се спроведуваат appeared first on Република.

]]>

Заменик-министерот за надворешни работи на Литванија, Симонас Шатунас, чија земја оваа година одбележува 20-години членство во Европската Унија, во интервју за МИА нагласува дека билатералните прашања не смеат да го попречат процесот на преговори и членство, но од друга страна важно е и веќе преземените обврски да се спроведуваат. На прашањето за тоа каков е ставот на Литванија за одложеното дејство на уставните измени, но и дали има сознанија за мислењето на останатите членки на Унијата, Шатунас без конкрентен одговор и со став дека сметаат оти е потребно да има се помалку билатерални прашања, но да се продолжи со спроведување на она што до моментот е преземено како обврска, со цел понатаму целосно да се отстранат билатералните прашања од процесот на преговори.
Како што кажав претходно, ние сметаме дека билатералните прашања не смее да го засенат или попречат процесот на преговори и пристапување. Од друга страна, многу е важно кога се склучуваат договори и се преземаат обврски да нема застој и да нема повторно отворање, односно дека обврските треба да се спроведат инаку може да дојде до нова реалност и повторни одложувања. Затоа ние сметаме дека треба да има што помалку билатерални прашања, но доколку се преземат обврски тогаш е подобро да се продолжи со спроведувањето и процесот да се движи напред, бидејќи тоа е целата идеја, да се отстранат билатералните прашања од процесот на преговори, вели Шатунас.
Во интервјуто Шатунас говори за целта на неговата посета, за билатералната соработката и искуствата кои Литванија може да и ги понуди на земјава во процесот на евроинтеграција, но и за самиот процес и колку навистина се води по мерит системот и е заштитен од билатерализација. https://www.youtube.com/watch?v=HvcbznW_Vjo

The post Шатунас: Билатералните прашања не смеат да ги попречат евроинтеграциите, а преземените обврски треба да се спроведуваат appeared first on Република.

]]>