Шарунас Степуконис Archives - Република https://republika.mk/tema/sharunas-stepukonis/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Apr 2024 11:52:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шарунас Степуконис Archives - Република https://republika.mk/tema/sharunas-stepukonis/ 32 32 16 милиони евра: Парите наменети за изградба на стадион ги прокоцкал во казино https://republika.mk/sport/fudbal/16-milioni-evra-parite-nameneti-za-izgradba-na-stadion-gi-prokotskal-vo-kazino/ Thu, 11 Apr 2024 11:52:50 +0000 https://republika.mk/?p=764961

Шарунас Степуконис, управителот на компанијата „БалтКап“, која беше одговорна за изградбата на националниот стадион на фудбалската репрезентација на Литванија, наводно украл околу 16 милиони евра наменети за изградба на објектот и ги прокоцкал во казино.

Фудбалската репрезентација на Литванија се надеваше дека наскоро ќе добие национален стадион во Вилнус, но градежните работи престанаа есента минатата година бидејќи од фондот исчезна огромна сума на пари.

Се испостави дека Степуконис украл околу 16 милиони евра од 30-те милиони што неговата компанија ги добила за почеток на работите.

Кога работите ненадејно биле прекинати, било соопштено дека трошоците се зголемени за 40 отсто, се преговарало со градот Вилнус за новата градежна цена, а потоа се појавила неверојатна информација. Медиумите открија дека Шарунас проневерил огромна сума пари. Очигледно сето тоа го прокоцкал во казиното.

Компанијата „БалтКап“ сега го предаде проектот на компанијата Ханер, која треба да ги продолжи градежните работи. Новиот изведувач најавува дека стадионот ќе биде готов во 2026 година.

https://www.youtube.com/watch?v=oW-geBfvdlQ&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post 16 милиони евра: Парите наменети за изградба на стадион ги прокоцкал во казино appeared first on Република.

]]>

Шарунас Степуконис, управителот на компанијата „БалтКап“, која беше одговорна за изградбата на националниот стадион на фудбалската репрезентација на Литванија, наводно украл околу 16 милиони евра наменети за изградба на објектот и ги прокоцкал во казино. Фудбалската репрезентација на Литванија се надеваше дека наскоро ќе добие национален стадион во Вилнус, но градежните работи престанаа есента минатата година бидејќи од фондот исчезна огромна сума на пари. Се испостави дека Степуконис украл околу 16 милиони евра од 30-те милиони што неговата компанија ги добила за почеток на работите. Кога работите ненадејно биле прекинати, било соопштено дека трошоците се зголемени за 40 отсто, се преговарало со градот Вилнус за новата градежна цена, а потоа се појавила неверојатна информација. Медиумите открија дека Шарунас проневерил огромна сума пари. Очигледно сето тоа го прокоцкал во казиното. Компанијата „БалтКап“ сега го предаде проектот на компанијата Ханер, која треба да ги продолжи градежните работи. Новиот изведувач најавува дека стадионот ќе биде готов во 2026 година. https://www.youtube.com/watch?v=oW-geBfvdlQ&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post 16 милиони евра: Парите наменети за изградба на стадион ги прокоцкал во казино appeared first on Република.

]]>