шаховска федерација на македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/shahovska-federatsija-na-makedonija/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 20:27:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шаховска федерација на македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/shahovska-federatsija-na-makedonija/ 32 32 Македонските шахисти поразени од Шведска, дамите убедливи против Нов Зеланд https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-shahisti-porazeni-od-shvedska-damite-ubedlivi-protiv-nov-zeland/ Fri, 20 Sep 2024 20:27:53 +0000 https://republika.mk/?p=818337

Половичен успех забележаа македонските селекции на 45 шаховска Олимпијада која до недела се одржува во Будимпешта.

Македонската машка селекција загуби со 1.5 – 2.5 од Шведска, додека дамите извојуваа максимална победа од 4-0 во дуелот со Нов Зеланд.

Шведска ја обезбеди победата над македонските шахисти на третата и четвртата табла на кои Емил Ристески и Антон Златков претрпеа порази. Евгени Романов забележа победа на првата, а Никола Николовски ремизираше на втората табла.

Убедливиот триумф на шахистките во дуелот со Нов Зеланд го донесоа Моника Стојковска, Ивана Манова, Моника Жежовска и Сања Трајковска.

Пред денешното 9 коло, македонските шахисти беа позиционирани на 31 место, а дамите на 65 место.

Пласманот и противниците на македонските селекции во следното коло ќе биде познат по комплетирање на сите дуели од денешната програма.

The post Македонските шахисти поразени од Шведска, дамите убедливи против Нов Зеланд appeared first on Република.

]]>

Половичен успех забележаа македонските селекции на 45 шаховска Олимпијада која до недела се одржува во Будимпешта. Македонската машка селекција загуби со 1.5 – 2.5 од Шведска, додека дамите извојуваа максимална победа од 4-0 во дуелот со Нов Зеланд. Шведска ја обезбеди победата над македонските шахисти на третата и четвртата табла на кои Емил Ристески и Антон Златков претрпеа порази. Евгени Романов забележа победа на првата, а Никола Николовски ремизираше на втората табла. Убедливиот триумф на шахистките во дуелот со Нов Зеланд го донесоа Моника Стојковска, Ивана Манова, Моника Жежовска и Сања Трајковска. Пред денешното 9 коло, македонските шахисти беа позиционирани на 31 место, а дамите на 65 место. Пласманот и противниците на македонските селекции во следното коло ќе биде познат по комплетирање на сите дуели од денешната програма.

The post Македонските шахисти поразени од Шведска, дамите убедливи против Нов Зеланд appeared first on Република.

]]>
УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/unibanka-go-poddrzha-odbelezhuvaneto-na-100-godishniot-jubilej-na-svetskata-shahovska-federatsija/ Tue, 18 Jun 2024 13:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=788800

Во саботата, во Градскиот парк Скопје со голем шаховски хепенинг беше одбележана 100 годишнината од основањето на Светската Шаховска Организација (ФИДЕ).

Настанот одржан под мотото “100 години шах – Вистинскиот потег е со УНИБанка” во организација на Шаховската Федерација на Македонија со поддршка од УНИБанка беше вистински празник за шахот.

100 шаховски табли поставени во парк, симболично по една за секоја година од постоењето на ФИДЕ, привлекоа голем број на вљубеници на шахот да дојдат во Градскиот парк да се забавуваат и да одиграат партија шах. Дел од специјалните гости на настанот беа светската првенка во шах ВМ Антоанета Стефанова и британскиот велемајстор, директор за развој во ФИДЕ ВМ Најџел Шорт, истакнатиот македонски ракометен голман Борко Ристовски и многу други.

Настанот исполнет со многу забава, музика и подароци, овозможи повеќе од 300 деца, но и голем број на возраснии да си ги одмерат силите на шаховската табла со познатите велемајстори и да ја почуствуваат нивната експертиза.

За време на свеченото отварањена настанот, ШФМ додели и плакети за особена заслуга за промоција и развој на шахот на УНИБанка, Антоанета Стефанова, како и на двајца истакнати македонски шаховски ветерани Никола Столев и Нафи Хасани.

На настанот свое обраќање имаше и Милка Тодорова, Извршен директор и Претседател на Управниот одбор на УНИБанка.

”Горди сме што УНИБанка е силен партнер и поддржувач на шахот како исклучително корисна игра за подобрување на когнитивните сподобности кај возрасните, а особено и кај децата. Нашиот активен придонес го насочуваме кон младите и нивното понатамошно остварување. Ние сакаме општеството и економијата да просперираат, затоа Банката, како општествено одговорна компанија, продолжува да поддржува проекти и иницијативи од различни области, како спорт, култура, образование и уметност.” - изјави Тодорова.

Со приклучувањето на одбележувањето на годишнината која се одржува низ светот, Македонија уште еднаш покажа дека е дел од големото шаховско семејство и дека интересот за шахот се повеќе се зголемува.

УНИБанка и во иднина останува посветена на унапредувањето на спортот во нашата држава и ќе продолжи да инспирира се повеќе луѓе да спортуваат и да го одржуваат своето здравје.

Комерцијален текст

The post УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација appeared first on Република.

]]>

Во саботата, во Градскиот парк Скопје со голем шаховски хепенинг беше одбележана 100 годишнината од основањето на Светската Шаховска Организација (ФИДЕ). Настанот одржан под мотото “100 години шах – Вистинскиот потег е со УНИБанка” во организација на Шаховската Федерација на Македонија со поддршка од УНИБанка беше вистински празник за шахот. 100 шаховски табли поставени во парк, симболично по една за секоја година од постоењето на ФИДЕ, привлекоа голем број на вљубеници на шахот да дојдат во Градскиот парк да се забавуваат и да одиграат партија шах. Дел од специјалните гости на настанот беа светската првенка во шах ВМ Антоанета Стефанова и британскиот велемајстор, директор за развој во ФИДЕ ВМ Најџел Шорт, истакнатиот македонски ракометен голман Борко Ристовски и многу други. Настанот исполнет со многу забава, музика и подароци, овозможи повеќе од 300 деца, но и голем број на возраснии да си ги одмерат силите на шаховската табла со познатите велемајстори и да ја почуствуваат нивната експертиза. За време на свеченото отварањена настанот, ШФМ додели и плакети за особена заслуга за промоција и развој на шахот на УНИБанка, Антоанета Стефанова, како и на двајца истакнати македонски шаховски ветерани Никола Столев и Нафи Хасани. На настанот свое обраќање имаше и Милка Тодорова, Извршен директор и Претседател на Управниот одбор на УНИБанка. ”Горди сме што УНИБанка е силен партнер и поддржувач на шахот како исклучително корисна игра за подобрување на когнитивните сподобности кај возрасните, а особено и кај децата. Нашиот активен придонес го насочуваме кон младите и нивното понатамошно остварување. Ние сакаме општеството и економијата да просперираат, затоа Банката, како општествено одговорна компанија, продолжува да поддржува проекти и иницијативи од различни области, како спорт, култура, образование и уметност.” - изјави Тодорова. Со приклучувањето на одбележувањето на годишнината која се одржува низ светот, Македонија уште еднаш покажа дека е дел од големото шаховско семејство и дека интересот за шахот се повеќе се зголемува. УНИБанка и во иднина останува посветена на унапредувањето на спортот во нашата држава и ќе продолжи да инспирира се повеќе луѓе да спортуваат и да го одржуваат своето здравје. Комерцијален текст

The post УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација appeared first on Република.

]]>
Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/so-golem-nastan-makedonskata-shahovska-federatsija-ke-odbelezhi-eden-vek-postoene-na-svetskata-shahovska-federatsija-fide/ Mon, 10 Jun 2024 12:11:27 +0000 https://republika.mk/?p=786212

Шаховската федерација на Македонија ги повикува сите талентирани шахисти, почетници и големи ентузијасти да учествуваат во најголемиот шаховски спектакл во земјава.

Во сабота, на 15 јуни во Градскиот парк во Скопје, на Школка, се одбележува стогодишниот јубилеј од постоењето на Светската шаховска организација (ФИДЕ).

Со симболично поставување на 100 шаховски табли и Македонија се приклучува во одбележувањето на овој вековен јубилеј. Секој посетител кој ќе дојде во Градски Парк на 15 јуни ќе има можност да изигра партија шах и биде дел од настанот кој ветува одлични партии шах, многу музика, подароци и забава.

Дел од оваа шаховска сензација ќе бидат реномирани имиња од светот на шахот, со кои и децата и возрасните ќе можат да се сретнат на црно-белата табла.

Британскиот шаховски велемајстор и директор за развој на шахот на ФИДЕ, Најџел Шорт ќе допатува во Македонија и заедно со велемајсторите Антоанета Стефанова, Петар Арнаудов ќе се дружат и запознаат со нашите домашни шахисти и љубители на шахот.

Македонската шаховска федерација го организира одбележувањето на стогодишниот ФИДЕ јубилеј со поддршка од УНИ БАНКА, под мотото „100 години шах-вистинскиот потег е со УНИ банка”.

Шаховската Федерација на Македонија е членка на ФИДЕ од 1991 година. Федерацијата има организирано голем број на европски шаховски турнири, а минатата година ФИДЕ ни ја довери честа да го организираме Светското Екипно Првенство за Сениори над 50 и над 65 години. Македонските шаховски репрезентации учествувале на сите Шаховски Олимпијади организирани под покровителство на ФИДЕ.

Комерцијален текст

The post Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ appeared first on Република.

]]>

Шаховската федерација на Македонија ги повикува сите талентирани шахисти, почетници и големи ентузијасти да учествуваат во најголемиот шаховски спектакл во земјава. Во сабота, на 15 јуни во Градскиот парк во Скопје, на Школка, се одбележува стогодишниот јубилеј од постоењето на Светската шаховска организација (ФИДЕ). Со симболично поставување на 100 шаховски табли и Македонија се приклучува во одбележувањето на овој вековен јубилеј. Секој посетител кој ќе дојде во Градски Парк на 15 јуни ќе има можност да изигра партија шах и биде дел од настанот кој ветува одлични партии шах, многу музика, подароци и забава. Дел од оваа шаховска сензација ќе бидат реномирани имиња од светот на шахот, со кои и децата и возрасните ќе можат да се сретнат на црно-белата табла. Британскиот шаховски велемајстор и директор за развој на шахот на ФИДЕ, Најџел Шорт ќе допатува во Македонија и заедно со велемајсторите Антоанета Стефанова, Петар Арнаудов ќе се дружат и запознаат со нашите домашни шахисти и љубители на шахот. Македонската шаховска федерација го организира одбележувањето на стогодишниот ФИДЕ јубилеј со поддршка од УНИ БАНКА, под мотото „100 години шах-вистинскиот потег е со УНИ банка”. Шаховската Федерација на Македонија е членка на ФИДЕ од 1991 година. Федерацијата има организирано голем број на европски шаховски турнири, а минатата година ФИДЕ ни ја довери честа да го организираме Светското Екипно Првенство за Сениори над 50 и над 65 години. Македонските шаховски репрезентации учествувале на сите Шаховски Олимпијади организирани под покровителство на ФИДЕ. Комерцијален текст

The post Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ appeared first on Република.

]]>