Шахин Archives - Република https://republika.mk/tema/shahin/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Feb 2023 08:40:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шахин Archives - Република https://republika.mk/tema/shahin/ 32 32 Грковска – Шахин: Поддршката на САД за интеграцијата на Македонија во Европската унија е клучен сегмент за стабилноста во балканскиот регион https://republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-shahin-poddrshkata-na-sad-za-integratsijata-na-severna-makedonija-vo-evropskata-unija-e-kluchen-segment-za-stabilnosta-vo-balkanskiot-region/ Wed, 01 Feb 2023 08:40:14 +0000 https://republika.mk/?p=603218

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на работната посета на Вашингтон, САД, синоќа оствари средба со сенаторката Џин Шахин, претседавач со Поткомитетот за надворешни прашања за Европа и регионална безбедносна соработка на Сенатот.

За време на конструктивната средба се дискутираше околу одлуките кои Владата на Македонија ги донесе за да се остварат драстични промени во насока на отпочнување на преговарачкиот процес со ЕУ и влезот во НАТО, како и позитивниот пример кој Македонија го дава за земјите во регионот.

Меѓу другото, сенаторката отворено ја истакна својата поддршка за што поскоро отпочнување на процесот за преговори со Европската Унија кои се од клучна важност како за Македонија така и за стабилноста и безбедноста во регионот.

Вицепремиерката Грковска истакна дека одлуките кои беа донесени се знак дека државата се движи во вистинска насока кон остварување на поставените цели, а за само три години беше постигнато толку многу што Македонија стана полноправна членка на НАТО Алијансата и сега веќе се наоѓаме во финалето за преговори со ЕУ. Дополни дека нашата држава е успешна приказна во регионот и ја истакна својата благодарност за целата поддршка во процесот на интеграции од страна на САД.

На средбата се разговараше и за една од најактуелните глобални теми – сајбер безбедноста при што вицепремиерката Грковска, чиј еден од клучните фокуси е токму процесот на дигитализација накратко информираше за сите отворени и претстојни процеси во доменот на дигитализацијата и сајбер безбедноста.

The post Грковска – Шахин: Поддршката на САД за интеграцијата на Македонија во Европската унија е клучен сегмент за стабилноста во балканскиот регион appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на работната посета на Вашингтон, САД, синоќа оствари средба со сенаторката Џин Шахин, претседавач со Поткомитетот за надворешни прашања за Европа и регионална безбедносна соработка на Сенатот. За време на конструктивната средба се дискутираше околу одлуките кои Владата на Македонија ги донесе за да се остварат драстични промени во насока на отпочнување на преговарачкиот процес со ЕУ и влезот во НАТО, како и позитивниот пример кој Македонија го дава за земјите во регионот. Меѓу другото, сенаторката отворено ја истакна својата поддршка за што поскоро отпочнување на процесот за преговори со Европската Унија кои се од клучна важност како за Македонија така и за стабилноста и безбедноста во регионот. Вицепремиерката Грковска истакна дека одлуките кои беа донесени се знак дека државата се движи во вистинска насока кон остварување на поставените цели, а за само три години беше постигнато толку многу што Македонија стана полноправна членка на НАТО Алијансата и сега веќе се наоѓаме во финалето за преговори со ЕУ. Дополни дека нашата држава е успешна приказна во регионот и ја истакна својата благодарност за целата поддршка во процесот на интеграции од страна на САД. На средбата се разговараше и за една од најактуелните глобални теми – сајбер безбедноста при што вицепремиерката Грковска, чиј еден од клучните фокуси е токму процесот на дигитализација накратко информираше за сите отворени и претстојни процеси во доменот на дигитализацијата и сајбер безбедноста.

The post Грковска – Шахин: Поддршката на САД за интеграцијата на Македонија во Европската унија е клучен сегмент за стабилноста во балканскиот регион appeared first on Република.

]]>