Шах Чераг Archives - Република https://republika.mk/tema/shah-cherag/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Oct 2022 08:14:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шах Чераг Archives - Република https://republika.mk/tema/shah-cherag/ 32 32 Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз светилиштето Шах Чераг во Иран https://republika.mk/vesti/svet/islamska-drzava-ja-prezede-odgovornosta-za-napadot-vrz-svetilishteto-shah-cherag-vo-iran/ Thu, 27 Oct 2022 08:14:01 +0000 https://republika.mk/?p=566176

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз светилиштето во иранскиот град Шираз, соопшти оваа терористичка група на каналот Телеграм.

Во нападот на шиитското светилиште загинаа 13 лица, а иранскиот претседател Ебрахим Раиси вети дека тоа нема да помине неказнето.

Уште 40 лица се повредени во нападот врз мавзолејот на Шах Чераг во Шираз, главниот град на провинцијата Фарс, јави иранската телевизија.

Мавзолејот на Шах Чераг е најпочитуваното светилиште на југот на земјата, бидејќи во него се наоѓа гробот на Ахмад, братот на имамот Реза, осмиот шиитски имам погребан во Машхад, на североистокот на земјата.

Медиумите прво јавија дека имало тројца напаѓачи, од кои двајца се уапсени. Но, шефот на локалната судска власт, Казим Мусави, за иранската телевизија изјави дека само еден терорист бил вклучен во нападот.

Уапсен е еден терорист поврзан со текфирските групи, соопшти полицијата, пренесоа западните агенции.

Терминот текфир се користи во Иран за џихадистички групи или радикални сунитски исламисти.

Меѓу жртвите се и една жена и две деца, пренесе агенцијата Фарс. Агенцијата додаде дека „уапсените терористи не се Иранци“, без да даде дополнителни детали за нивниот идентитет.

The post Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз светилиштето Шах Чераг во Иран appeared first on Република.

]]>

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз светилиштето во иранскиот град Шираз, соопшти оваа терористичка група на каналот Телеграм. Во нападот на шиитското светилиште загинаа 13 лица, а иранскиот претседател Ебрахим Раиси вети дека тоа нема да помине неказнето. Уште 40 лица се повредени во нападот врз мавзолејот на Шах Чераг во Шираз, главниот град на провинцијата Фарс, јави иранската телевизија. Мавзолејот на Шах Чераг е најпочитуваното светилиште на југот на земјата, бидејќи во него се наоѓа гробот на Ахмад, братот на имамот Реза, осмиот шиитски имам погребан во Машхад, на североистокот на земјата. Медиумите прво јавија дека имало тројца напаѓачи, од кои двајца се уапсени. Но, шефот на локалната судска власт, Казим Мусави, за иранската телевизија изјави дека само еден терорист бил вклучен во нападот.
Уапсен е еден терорист поврзан со текфирските групи, соопшти полицијата, пренесоа западните агенции.
Терминот текфир се користи во Иран за џихадистички групи или радикални сунитски исламисти. Меѓу жртвите се и една жена и две деца, пренесе агенцијата Фарс. Агенцијата додаде дека „уапсените терористи не се Иранци“, без да даде дополнителни детали за нивниот идентитет.

The post Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз светилиштето Шах Чераг во Иран appeared first on Република.

]]>