сфрј Archives - Република https://republika.mk/tema/sfrj/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Nov 2023 09:05:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сфрј Archives - Република https://republika.mk/tema/sfrj/ 32 32 Проверете во плакарот да не го имате: Овој дрес на Југославија вреди богатство https://republika.mk/sport/fudbal/proverete-vo-plakarot-da-ne-go-imate-ovoj-dres-na-jugoslavija-vredi-bogatstvo/ Fri, 03 Nov 2023 09:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=697689

Една од поинтересните приказни за дресовите на Адидас е поврзана со учеството на Југославија на Светското првенство во 1990 година. Сега овој дрес вреди вистинско богатство кај колекционерите.

Адидас пред Мундијалот во Италија го направи еден од најубавите дресови и ги посвети на Франција. Југославија беше подобра од Франција во квалификациите и спречи учество на Светското првенство.

Приказната вели дека Адидас одлучил да не им откажат комплетот и го доделиле на Југославија.

Направена е едноставна промена, така што наместо галскиот петел, на дресот бил зашиен грб со шест факели. Така, сините го добија најубавиот дрес за последното учество на големото натпреварување.

The post Проверете во плакарот да не го имате: Овој дрес на Југославија вреди богатство appeared first on Република.

]]>

Една од поинтересните приказни за дресовите на Адидас е поврзана со учеството на Југославија на Светското првенство во 1990 година. Сега овој дрес вреди вистинско богатство кај колекционерите. Адидас пред Мундијалот во Италија го направи еден од најубавите дресови и ги посвети на Франција. Југославија беше подобра од Франција во квалификациите и спречи учество на Светското првенство. Приказната вели дека Адидас одлучил да не им откажат комплетот и го доделиле на Југославија. Направена е едноставна промена, така што наместо галскиот петел, на дресот бил зашиен грб со шест факели. Така, сините го добија најубавиот дрес за последното учество на големото натпреварување.

The post Проверете во плакарот да не го имате: Овој дрес на Југославија вреди богатство appeared first on Република.

]]>
Вардар на денешен ден стана шампион во СФРЈ, титулата подоцна судски му беше одземена, но според УЕФА е шампион https://republika.mk/sport/fudbal/vardar-na-deneshen-den-stana-shampion-vo-sfrj-titulata-podotsna-sudski-mu-beshe-odzemena-no-spored-uefa-e-shampion/ Wed, 14 Jun 2023 08:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=651136

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на 14 јуни пред 36 години стана шампион на Југославија.

Вардар стана единствен клуб од Македонија што ја освои титулата во Југославија. Тимот на легендата Андон Дончевски и помошниците Методије Спасовски и Кочо Димитровски освои 38 бодови, односно еден бод повеќе од Партизан. За Вардар тогаш играа Панчев, Рингов, Џипунов, Аврамовски, Грошев, Савески, Канатларовски, Јаневски.....

Во таа сезона поради лажирање на натпревари во претходната 1985/86 дури 10 тимови во првенството почнаа со минус 6 бодови по одлуката на Фудбалскиот сојуз која што потоа беше повлечена и по судски пат со помош на популарниот Шајбер титулата му беше доделена на Партизан.

Меѓутоа, како признание за освоената титула Вардар беше потврден како шампион од страна на УЕФА и доби прилика да се натпреварува во Купот на европските шампиони.

 

https://www.youtube.com/watch?v=7TcoChUq628&embeds_referring_euri=http%3A%2F%2Fvardarfans.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Вардар на денешен ден стана шампион во СФРЈ, титулата подоцна судски му беше одземена, но според УЕФА е шампион appeared first on Република.

]]>

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на 14 јуни пред 36 години стана шампион на Југославија. Вардар стана единствен клуб од Македонија што ја освои титулата во Југославија. Тимот на легендата Андон Дончевски и помошниците Методије Спасовски и Кочо Димитровски освои 38 бодови, односно еден бод повеќе од Партизан. За Вардар тогаш играа Панчев, Рингов, Џипунов, Аврамовски, Грошев, Савески, Канатларовски, Јаневски.....
Во таа сезона поради лажирање на натпревари во претходната 1985/86 дури 10 тимови во првенството почнаа со минус 6 бодови по одлуката на Фудбалскиот сојуз која што потоа беше повлечена и по судски пат со помош на популарниот Шајбер титулата му беше доделена на Партизан.
Меѓутоа, како признание за освоената титула Вардар беше потврден како шампион од страна на УЕФА и доби прилика да се натпреварува во Купот на европските шампиони.   https://www.youtube.com/watch?v=7TcoChUq628&embeds_referring_euri=http%3A%2F%2Fvardarfans.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Вардар на денешен ден стана шампион во СФРЈ, титулата подоцна судски му беше одземена, но според УЕФА е шампион appeared first on Република.

]]>
Триесет и две години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на ЈНА и прва жртва при распадот на Југославија https://republika.mk/vesti/makedonija/trieset-i-dve-godini-od-zaginuvaneto-na-sashko-geshovski-pripadnik-na-jna-i-prva-zhrtva-pri-raspadot-na-jugoslavija/ Sat, 06 May 2023 07:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=637546

Денеска се навршуваат 32 години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на ЈНА и прва жртва при распадот на Југославија.

- Роден е во Кавадарци на 31 октомври 1971 година, основно и средно училиште завршил во родниот град. По завршување на средното образование заминал на отслужување на воениот рок во ЈНА во Сплит – Р. Хрватска. На 6 мај 1991 година во него пука маскиран припадник на МУП на Република Хрватска и смртно го погодил со 4 куршуми. Гешовски во критичниот момент бил на задача пред зградата на Воено-поморската област во Сплит, истакнуваат изутринава  во соопштение од Музеј галеријата во Кавадарци.

Оттаму нагласија дека тој беше првата жртва во конфликтот, што предизвика распад на Југославија во 1991 година.

- На 7 мај во Кавадарци се одржа протестен митинг на кој учествува речиси целото население од градот и околината, за да го искажат својот револт за смртта на својот сограѓанин, палејќи свеќи на градскиот плоштад во чест на Гешовски. Неговото тело со воен хеликоптер беше пренесено во Кавадарци. На погребот присуствуваа повеќе од 20 000 граѓани, дојдени од сите краишта на поранешна Југославија. Во Кавадарци беше прогласена тридневна жалост, споделија од Музеј галеријата.

Оттаму потсетија дека во воениот конфликт во 1991 година, покрај Гешовски, од Кавадарци загина и Петре Тодоровски, роден во 1971 година.

- Тодоровски загина како припадник на ЈНА на 26 јули 1991 година во касарната Љубљана – Поље, Р. Словенија. Својот млад живот го загуби како војник, додека бил на стража. Во овој конфликт загина и Мишко Митрев, роден во 1954 година во Ваташа. Митрев загина како подофицер во ЈНА во септември 1991 година, при одбрана на касарната во Ѓаково, потсетија од Музејот. 

The post Триесет и две години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на ЈНА и прва жртва при распадот на Југославија appeared first on Република.

]]>

Денеска се навршуваат 32 години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на ЈНА и прва жртва при распадот на Југославија. - Роден е во Кавадарци на 31 октомври 1971 година, основно и средно училиште завршил во родниот град. По завршување на средното образование заминал на отслужување на воениот рок во ЈНА во Сплит – Р. Хрватска. На 6 мај 1991 година во него пука маскиран припадник на МУП на Република Хрватска и смртно го погодил со 4 куршуми. Гешовски во критичниот момент бил на задача пред зградата на Воено-поморската област во Сплит, истакнуваат изутринава  во соопштение од Музеј галеријата во Кавадарци.
Оттаму нагласија дека тој беше првата жртва во конфликтот, што предизвика распад на Југославија во 1991 година.
- На 7 мај во Кавадарци се одржа протестен митинг на кој учествува речиси целото население од градот и околината, за да го искажат својот револт за смртта на својот сограѓанин, палејќи свеќи на градскиот плоштад во чест на Гешовски. Неговото тело со воен хеликоптер беше пренесено во Кавадарци. На погребот присуствуваа повеќе од 20 000 граѓани, дојдени од сите краишта на поранешна Југославија. Во Кавадарци беше прогласена тридневна жалост, споделија од Музеј галеријата.
Оттаму потсетија дека во воениот конфликт во 1991 година, покрај Гешовски, од Кавадарци загина и Петре Тодоровски, роден во 1971 година. - Тодоровски загина како припадник на ЈНА на 26 јули 1991 година во касарната Љубљана – Поље, Р. Словенија. Својот млад живот го загуби како војник, додека бил на стража. Во овој конфликт загина и Мишко Митрев, роден во 1954 година во Ваташа. Митрев загина како подофицер во ЈНА во септември 1991 година, при одбрана на касарната во Ѓаково, потсетија од Музејот. 

The post Триесет и две години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на ЈНА и прва жртва при распадот на Југославија appeared first on Република.

]]>
Поранешната СФРЈ одамна не постои, ама се уште постојат Југословени https://republika.mk/vesti/balkan/poraneshnata-sfrj-odamna-ne-postoi-ama-se-ushte-postojat-jugosloveni/ Mon, 01 May 2023 09:36:30 +0000 https://republika.mk/?p=635704

Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) не постои повеќе од три децении, но во земјите од регионот сè уште има луѓе кои се декларираат како Југословени.

Како што објави српскиот портал „Н1“, најмалку Југословени има во Македонија – 344. Во Словенија, според последните податоци од 2002 година 527 граѓани се изјасниле како Југословени.

Пописот одржан пред две години покажува дека 942 граѓани на Хрватска се изјасниле како Југословени.

Во Црна Гора во 2011 година како Југословени се изјасниле 1.154 граѓани.

На последниот попис одржан во 2013 година, од вкупно 3.531.159 жители на Босна и Херцеговина, 2.570 се изјасниле како Југословени.

Најголем број на Југословени има во Србија. Податоците од пописот одржан во 2022 година покажува дека 27.143 граѓани на Србија се изјасниле како Југословени.

The post Поранешната СФРЈ одамна не постои, ама се уште постојат Југословени appeared first on Република.

]]>

Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) не постои повеќе од три децении, но во земјите од регионот сè уште има луѓе кои се декларираат како Југословени. Како што објави српскиот портал „Н1“, најмалку Југословени има во Македонија – 344. Во Словенија, според последните податоци од 2002 година 527 граѓани се изјасниле како Југословени. Пописот одржан пред две години покажува дека 942 граѓани на Хрватска се изјасниле како Југословени. Во Црна Гора во 2011 година како Југословени се изјасниле 1.154 граѓани. На последниот попис одржан во 2013 година, од вкупно 3.531.159 жители на Босна и Херцеговина, 2.570 се изјасниле како Југословени. Најголем број на Југословени има во Србија. Податоците од пописот одржан во 2022 година покажува дека 27.143 граѓани на Србија се изјасниле како Југословени.

The post Поранешната СФРЈ одамна не постои, ама се уште постојат Југословени appeared first on Република.

]]>
Продадена зградата на мисијата на СФРЈ во Њујорк за 50 милиони долари, сукцесор е и Македонија https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/prodadena-zgradata-na-misijata-na-sfrj-vo-njujork-za-50-milioni-dolari-sukcesor-e-i-severna-makedonija/ Thu, 29 Sep 2022 09:50:04 +0000 https://republika.mk/?p=555500

Една од најстарите њујоршки вили, која Југославија ја купила во 1946 година, продадена е за 50 милиони долари во готовина, потврди најголемата агенција за недвижности во САД, компанијата „Даглас Елиман”, соопшти американскиот весник „Волстрит џурнал”.

Агенцијата објави дека ја продала вилата во Њујорк, инаку поранешна резиденција на југословенска мисија во Обединетите нации, на престижната Петта авенија на Менхетен, за целосната барана цена од 50 милиони долари во готовина.

Продавачот на вилата, која ја користеше и Постојаната мисија на Србија во ОН, се петте држави наследнички на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија, а вилата е купена од компанија со адреса во Њујорк.

-Новиот сопственик штотуку купи значаен дел од историјата на Њујорк, изјави Тристан Харпер, агентот на „Даглас Елиман” кој го склучи договорот.

Тој истакна дека претседателот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито, „иако комунист, имал многу добар вкус за недвижнини”.

Според агентот, вилата првпат била понудена на продажба во 2017 година.

Во јуни 2021 година, Харпер објави дека е добиена понуда во готовина од 50 милиони долари за купување на вилата и дека земјите што ја продаваат (сукцесори на СФРЈ) постигнале консензус за продажба.

Српските медиуми го цитираат државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Немања Старовиќ, кој во февруари изјави дека врз основа на Анекс Б од Договорот за сукцесија на имотот на поранешна СФРЈ во странство, на Србија и припаѓаат неполни 40 отсто од парите од продажбата на зградата на постојаната мисија во Њујорк.

Претставникот на Србија во Мешовитиот комитет за сукцесија на имотот на ДКП на СФРЈ, генералниот секретар на МНР Вељко Одаловиќ, своевремено изјави дека Србија со продажбата ќе се ослободи од големи трошоци за одржување и чување.

-Станот на Петтата авенија во Њујорк, кој е заклучен од 1992 година и се распаѓа, нè чинеше 14.000 долари месечно, а досега вкупно 2,7 милиони долари, објасни Одаловиќ.

Со Анекс Б од Договорот за сукцесија на СФРЈ дефинирано е дека од 123-те дипломатски претставништва на СФРЈ, на Босна и Херцеговина и припаѓаат 15 отсто, на Хрватска 23,5, на Македонија осум, Словенија 14 и на Србија и Црна Гора – кои тогаш ја сочинуваа СРЈ – 39,5 отсто.

Според претходно објавен оглас за продажба, вилата е изградена на четири нивоа и има два ката, 18 соби, шест бањи и винарска визба.

Тоа беше првата зграда која имаше два електрични лифтови, кои се уште се во функција.

Во неа е зачуван оригиналниот ентериер, а од 1969 година е под заштита на државата и градот Њујорк.

За време на Студената војна, кога тука престојуваше и Тито, на врвот наводно имало соба која никој не можел да ја прислушува, како и непробојни прозорци кон Петтата авенија.

Првиот сопственик на зградата бил гувернерот на Лонг Ајленд, Роберт Бикман Ливингстон, според кого зградата се нарекува и Бикменова куќа.

The post Продадена зградата на мисијата на СФРЈ во Њујорк за 50 милиони долари, сукцесор е и Македонија appeared first on Република.

]]>

Една од најстарите њујоршки вили, која Југославија ја купила во 1946 година, продадена е за 50 милиони долари во готовина, потврди најголемата агенција за недвижности во САД, компанијата „Даглас Елиман”, соопшти американскиот весник „Волстрит џурнал”. Агенцијата објави дека ја продала вилата во Њујорк, инаку поранешна резиденција на југословенска мисија во Обединетите нации, на престижната Петта авенија на Менхетен, за целосната барана цена од 50 милиони долари во готовина. Продавачот на вилата, која ја користеше и Постојаната мисија на Србија во ОН, се петте држави наследнички на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија, а вилата е купена од компанија со адреса во Њујорк.
-Новиот сопственик штотуку купи значаен дел од историјата на Њујорк, изјави Тристан Харпер, агентот на „Даглас Елиман” кој го склучи договорот.
Тој истакна дека претседателот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито, „иако комунист, имал многу добар вкус за недвижнини”. Според агентот, вилата првпат била понудена на продажба во 2017 година. Во јуни 2021 година, Харпер објави дека е добиена понуда во готовина од 50 милиони долари за купување на вилата и дека земјите што ја продаваат (сукцесори на СФРЈ) постигнале консензус за продажба. Српските медиуми го цитираат државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Немања Старовиќ, кој во февруари изјави дека врз основа на Анекс Б од Договорот за сукцесија на имотот на поранешна СФРЈ во странство, на Србија и припаѓаат неполни 40 отсто од парите од продажбата на зградата на постојаната мисија во Њујорк. Претставникот на Србија во Мешовитиот комитет за сукцесија на имотот на ДКП на СФРЈ, генералниот секретар на МНР Вељко Одаловиќ, своевремено изјави дека Србија со продажбата ќе се ослободи од големи трошоци за одржување и чување.
-Станот на Петтата авенија во Њујорк, кој е заклучен од 1992 година и се распаѓа, нè чинеше 14.000 долари месечно, а досега вкупно 2,7 милиони долари, објасни Одаловиќ.
Со Анекс Б од Договорот за сукцесија на СФРЈ дефинирано е дека од 123-те дипломатски претставништва на СФРЈ, на Босна и Херцеговина и припаѓаат 15 отсто, на Хрватска 23,5, на Македонија осум, Словенија 14 и на Србија и Црна Гора – кои тогаш ја сочинуваа СРЈ – 39,5 отсто. Според претходно објавен оглас за продажба, вилата е изградена на четири нивоа и има два ката, 18 соби, шест бањи и винарска визба. Тоа беше првата зграда која имаше два електрични лифтови, кои се уште се во функција. Во неа е зачуван оригиналниот ентериер, а од 1969 година е под заштита на државата и градот Њујорк. За време на Студената војна, кога тука престојуваше и Тито, на врвот наводно имало соба која никој не можел да ја прислушува, како и непробојни прозорци кон Петтата авенија. Првиот сопственик на зградата бил гувернерот на Лонг Ајленд, Роберт Бикман Ливингстон, според кого зградата се нарекува и Бикменова куќа.

The post Продадена зградата на мисијата на СФРЈ во Њујорк за 50 милиони долари, сукцесор е и Македонија appeared first on Република.

]]>