северно косово Archives - Република https://republika.mk/tema/severno-kosovo/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Sep 2023 06:56:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png северно косово Archives - Република https://republika.mk/tema/severno-kosovo/ 32 32 Убиен полицаец во северно Косово, истрели и натаму се слушаат во текот на утрово https://republika.mk/vesti/balkan/ubien-politsaets-vo-severno-kosovo-istreli-i-natamu-se-slushaat-vo-tekot-na-utrovo/ Sun, 24 Sep 2023 06:56:30 +0000 https://republika.mk/?p=684565

Еден припадник на полицијата на Косово е убиен, а уште еден е ранет рано утринава во напад на засега непознати и маскирани лица во селото Бањско во Лепосавиќ, во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Косовскиот премиер Албин Курти преку објава на Фејсбук информира дека околу 3 часот по полноќ била нападната косовската полиција во Бањска, а како последица на нападот полицискиот наредник А.Б. е убиен, додека ранет е уште еден граничен полицаец.

Курти вели дека истрелите од огнено оружје утрово продолжуваат и натаму.

Денеска околу три часот по полноќ во селото Бањско во Лепосавиќ е нападната косовската полиција, при што еден косовски полицаец е убиен, а друг е повреден. Убиениот е полицаец со чин наредник, додека повредениот е припадник на граничната полиција. Во овој момент продолжува пукањето од огнено оружје од различен калибар кон нашата полиција. Напаѓачите се професионалци со маски и вооружени со тешко оружје, напиша Курти.

Тој го обвини официјален Белград дека е одговорен за нападот кој, според него, е насочен против косовската држава.

Го осудуваме овој криминален и терористички напад. Организираниот криминал со политичка, финансиска и логистичка поддршка од официјален Белград ја напаѓа нашата држава. Во оваа битка го штитиме и спроведуваме законот, ги штитиме и чуваме сите граѓани без разлика и независно Косово. Извршителите и нивните наредбодавачи нема да успеат, ќе бидат фатени, судени и казнети. Владата на Република Косово и државните институции се подготвени и координирани да одговорат на криминалот и криминалците, теророт и терористите. Косовската полиција го извести семејството на убиениот полицаец А.Б. Повредениот полицаец е надвор од животна опасност. Сочувство до семејството и сите за нашиот убиен полицаец. Брзо и целосно закрепнување на повредениот полицаец, напиша Курти.

The post Убиен полицаец во северно Косово, истрели и натаму се слушаат во текот на утрово appeared first on Република.

]]>

Еден припадник на полицијата на Косово е убиен, а уште еден е ранет рано утринава во напад на засега непознати и маскирани лица во селото Бањско во Лепосавиќ, во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Косовскиот премиер Албин Курти преку објава на Фејсбук информира дека околу 3 часот по полноќ била нападната косовската полиција во Бањска, а како последица на нападот полицискиот наредник А.Б. е убиен, додека ранет е уште еден граничен полицаец. Курти вели дека истрелите од огнено оружје утрово продолжуваат и натаму.
Денеска околу три часот по полноќ во селото Бањско во Лепосавиќ е нападната косовската полиција, при што еден косовски полицаец е убиен, а друг е повреден. Убиениот е полицаец со чин наредник, додека повредениот е припадник на граничната полиција. Во овој момент продолжува пукањето од огнено оружје од различен калибар кон нашата полиција. Напаѓачите се професионалци со маски и вооружени со тешко оружје, напиша Курти.
Тој го обвини официјален Белград дека е одговорен за нападот кој, според него, е насочен против косовската држава.
Го осудуваме овој криминален и терористички напад. Организираниот криминал со политичка, финансиска и логистичка поддршка од официјален Белград ја напаѓа нашата држава. Во оваа битка го штитиме и спроведуваме законот, ги штитиме и чуваме сите граѓани без разлика и независно Косово. Извршителите и нивните наредбодавачи нема да успеат, ќе бидат фатени, судени и казнети. Владата на Република Косово и државните институции се подготвени и координирани да одговорат на криминалот и криминалците, теророт и терористите. Косовската полиција го извести семејството на убиениот полицаец А.Б. Повредениот полицаец е надвор од животна опасност. Сочувство до семејството и сите за нашиот убиен полицаец. Брзо и целосно закрепнување на повредениот полицаец, напиша Курти.

The post Убиен полицаец во северно Косово, истрели и натаму се слушаат во текот на утрово appeared first on Република.

]]>
Вонредни локални избори на северот на Косово: Србите ги бојкотираат https://republika.mk/vesti/balkan/vonredni-lokalni-izbori-na-severot-na-kosovo-srbite-gi-bojkotiraat/ Sun, 23 Apr 2023 07:16:21 +0000 https://republika.mk/?p=633130

Граѓаните со право на глас во четирите општини на северот на Косово, населени главно со Срби - Cеверна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, денеска избираат нови градоначалници, а во Лепосавиќ и Звечан ќе гласаат и за новиот состав на општинските собранија.

Изборите се организираат откако градоначалниците на тие општини од редовите на Српската листа, поднесоа оставки во ноември минатата година, во знак на противење на одлуката на Владата на Косово да се пререгистрираат автомобилите со нелегални српски таблички во РКС - Република Косово.

Сепак, изборите ќе минат во бојкот од најголемиот политички субјект на косовските Срби, Српската листа. Оттаму наведуваат дека изборите се недемократски и повикува „на 23 април сите избирачки места да бидат празни, што ќе испрати јасна порака до Приштина и меѓународната заедница“.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, вчера соопшти дека „Европската Унија оценува дека одржувањето на избори во мирни услови на северот на Косово е од суштинско значење и ги повикува сите страни на воздржаност“.

Многу е разочарувачки што Српската листа, која ги претставува косовските Срби, одлучи да не учествува на локалните избори планирани за 23 април во четири северни општини и покрај тоа што изборите беа одложени од декември за април и е продолжен крајниот рок за поднесување на кандидатурите“, изјави Стано.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи по повод изборите, вчера изјави дека тие се важен момент за граѓаните од тој дел на Косово и за иднината на нивните општини.

Изборите се камен-темелник на секоја демократија, а денот на изборите е ден кога сите ќе го слушнат вашиот глас. Затоа, изборите на 23 април се важен момент за вас и за иднината на вашите општини, а правото на глас е загарантирано со Уставот и законите, за да уживаат сите граѓани на Косово, без разлика“, изјави косовската претседателка.

Таа додаде дека со својот глас граѓаните на општините на северот на Косово ќе се осигурат дека избраните претставници директно ќе се занимаваат со прашањата кои влијаат на нивните животи и ќе создадат перспектива за сите.

Меѓутоа, сакам да ве уверам дека косовските институции прават се за овие избори да бидат слободни и фер и дека вашата безбедност е загарантирана. Затоа ве повикувам да ги одбиете оние што доаѓаат кај вас со закани и уцени и ве охрабрувам со своето учество на локалните избори на 23. април, да испратите силна и јасна порака“, се вели во пораката на претседателката на Косово.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, изјави дека Србите на Косово се наоѓаат во тешка ситуација поради тоа што нема да учествуваат на изборите и дека по формирањето на новите локални власти ќе следи „целосна окупација“.

Нашиот народ утре мирно, одговорно и со презир ќе ги гледа тие што ќе ги довлечат од Јужна Митровица да гласаат и да им изберат власт во Cеверна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток. Што ќе се случи потоа, ништо, целосна окупација што луѓето се веќе подготвени, навикнати, научени, ќе бидат мирни, одговорни, ние ќе исплатуваме плати како и досега, ќе се бориме за нив уште повеќе, ќе им го подигнеме стандардот и ќе чекаме некои подобри времиња во кои ќе важи повелбата на ОН и меѓународното јавно право“, порача Вучиќ.

https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-za-izborite-vo-severno-kosovo-gi-povikuvam-srbite-ushte-poveke-da-gi-razocharaat/

Тој повтори дека Србите во Косово досега учествувале во неколку изборни циклуси, а дека тоа не требало да го сторат пред да се формира Заедницата на српските општини.

Изборите се спроведуваат со придружба на 550 вооружени полицајци, од декември до јануари се застрелани две деца, извршени се неколку напади врз Срби, а некој од Европа тврди дека е разочаран“, истакна Вучиќ и ги повика Србите на единство.

Косовската полиција соопшти дека ги презела сите мерки за безбедно и непречено спроведување на изборниот процес. Како што се наведува во соопштението од полицијата, мерките се преземени врз основа на оперативно планирање и во координација со претставници на надлежните институции, вклучително и Централната изборна комисија (ЦИК).

Од полицијата додаваат дека целта на тоа планирање и координација е спроведување на оперативен план кој има за цел да создаде безбедна и мирна средина за сите граѓани на Косово, пред, за време и по изборниот процес.

Гаранција на избирачкото право, заштита на животот и имотот, спречување на негативни појави и криминални дејствија кои би ја загрозиле безбедноста, мирот и стабилноста во било која мерка, како и преземање законски мерки против незаконски и други дела, се задачи на косовската полиција, се наведува во соопштението.

Надлежните институции ги повикаа сите граѓани да соработуваат со косовската полиција, државното обвинителство, ЦИК и да ги пријават сите незаконски случаи поврзани со безбедноста, изборниот процес или други, а како што е наведено, тие пријави ќе се третираат доверливо, а можат и да бидат испратени и до Државното обвинителството, ЦИК и полицијата.

The post Вонредни локални избори на северот на Косово: Србите ги бојкотираат appeared first on Република.

]]>

Граѓаните со право на глас во четирите општини на северот на Косово, населени главно со Срби - Cеверна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, денеска избираат нови градоначалници, а во Лепосавиќ и Звечан ќе гласаат и за новиот состав на општинските собранија. Изборите се организираат откако градоначалниците на тие општини од редовите на Српската листа, поднесоа оставки во ноември минатата година, во знак на противење на одлуката на Владата на Косово да се пререгистрираат автомобилите со нелегални српски таблички во РКС - Република Косово. Сепак, изборите ќе минат во бојкот од најголемиот политички субјект на косовските Срби, Српската листа. Оттаму наведуваат дека изборите се недемократски и повикува „на 23 април сите избирачки места да бидат празни, што ќе испрати јасна порака до Приштина и меѓународната заедница“. Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, вчера соопшти дека „Европската Унија оценува дека одржувањето на избори во мирни услови на северот на Косово е од суштинско значење и ги повикува сите страни на воздржаност“.
Многу е разочарувачки што Српската листа, која ги претставува косовските Срби, одлучи да не учествува на локалните избори планирани за 23 април во четири северни општини и покрај тоа што изборите беа одложени од декември за април и е продолжен крајниот рок за поднесување на кандидатурите“, изјави Стано.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи по повод изборите, вчера изјави дека тие се важен момент за граѓаните од тој дел на Косово и за иднината на нивните општини.
Изборите се камен-темелник на секоја демократија, а денот на изборите е ден кога сите ќе го слушнат вашиот глас. Затоа, изборите на 23 април се важен момент за вас и за иднината на вашите општини, а правото на глас е загарантирано со Уставот и законите, за да уживаат сите граѓани на Косово, без разлика“, изјави косовската претседателка.
Таа додаде дека со својот глас граѓаните на општините на северот на Косово ќе се осигурат дека избраните претставници директно ќе се занимаваат со прашањата кои влијаат на нивните животи и ќе создадат перспектива за сите.
Меѓутоа, сакам да ве уверам дека косовските институции прават се за овие избори да бидат слободни и фер и дека вашата безбедност е загарантирана. Затоа ве повикувам да ги одбиете оние што доаѓаат кај вас со закани и уцени и ве охрабрувам со своето учество на локалните избори на 23. април, да испратите силна и јасна порака“, се вели во пораката на претседателката на Косово.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, изјави дека Србите на Косово се наоѓаат во тешка ситуација поради тоа што нема да учествуваат на изборите и дека по формирањето на новите локални власти ќе следи „целосна окупација“.
Нашиот народ утре мирно, одговорно и со презир ќе ги гледа тие што ќе ги довлечат од Јужна Митровица да гласаат и да им изберат власт во Cеверна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток. Што ќе се случи потоа, ништо, целосна окупација што луѓето се веќе подготвени, навикнати, научени, ќе бидат мирни, одговорни, ние ќе исплатуваме плати како и досега, ќе се бориме за нив уште повеќе, ќе им го подигнеме стандардот и ќе чекаме некои подобри времиња во кои ќе важи повелбата на ОН и меѓународното јавно право“, порача Вучиќ.
https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-za-izborite-vo-severno-kosovo-gi-povikuvam-srbite-ushte-poveke-da-gi-razocharaat/ Тој повтори дека Србите во Косово досега учествувале во неколку изборни циклуси, а дека тоа не требало да го сторат пред да се формира Заедницата на српските општини.
Изборите се спроведуваат со придружба на 550 вооружени полицајци, од декември до јануари се застрелани две деца, извршени се неколку напади врз Срби, а некој од Европа тврди дека е разочаран“, истакна Вучиќ и ги повика Србите на единство.
Косовската полиција соопшти дека ги презела сите мерки за безбедно и непречено спроведување на изборниот процес. Како што се наведува во соопштението од полицијата, мерките се преземени врз основа на оперативно планирање и во координација со претставници на надлежните институции, вклучително и Централната изборна комисија (ЦИК). Од полицијата додаваат дека целта на тоа планирање и координација е спроведување на оперативен план кој има за цел да создаде безбедна и мирна средина за сите граѓани на Косово, пред, за време и по изборниот процес.