северен ток 1 Archives - Република https://republika.mk/tema/severen-tok-1/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Sep 2022 21:54:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png северен ток 1 Archives - Република https://republika.mk/tema/severen-tok-1/ 32 32 Германија: Ситуацијата со гасот е напната, но снабдувањето е загарантирано https://republika.mk/vesti/svet/germanija-situacijata-so-gasot-e-napnata-no-snabduvanjeto-e-zagarantirano/ Fri, 02 Sep 2022 21:54:22 +0000 https://republika.mk/?p=546968

Германските власти соопштија дека снабдувањето со гас е загарантирано, иако руски „Гаспром“ реши да го продолжи прекинот на испорака преку Северен ток.

„Ситуацијата на пазарот со гас е напната, но снабдувањето е загарантирано“, соопштија властите.

https://republika.mk/vesti/svet/eu-za-odlukata-na-gasprom-ova-e-dokaz-za-ruskiot-cinizam/

„Гаспром“ објави дека Северен тек 1, кој требаше да почне со работа утре, нема да биде активиран додека не се поправи турбината на гасоводот.

https://republika.mk/vesti/svet/gazprom-utre-nema-da-distribuira-gas-kon-eu-preku-severen-potok-1-nema-informacii-koga-kje-pochne/

The post Германија: Ситуацијата со гасот е напната, но снабдувањето е загарантирано appeared first on Република.

]]>

Германските власти соопштија дека снабдувањето со гас е загарантирано, иако руски „Гаспром“ реши да го продолжи прекинот на испорака преку Северен ток. „Ситуацијата на пазарот со гас е напната, но снабдувањето е загарантирано“, соопштија властите. https://republika.mk/vesti/svet/eu-za-odlukata-na-gasprom-ova-e-dokaz-za-ruskiot-cinizam/ „Гаспром“ објави дека Северен тек 1, кој требаше да почне со работа утре, нема да биде активиран додека не се поправи турбината на гасоводот. https://republika.mk/vesti/svet/gazprom-utre-nema-da-distribuira-gas-kon-eu-preku-severen-potok-1-nema-informacii-koga-kje-pochne/

The post Германија: Ситуацијата со гасот е напната, но снабдувањето е загарантирано appeared first on Република.

]]>
ЕУ за одлуката на „Гаспром“: Ова е доказ за рускиот цинизам https://republika.mk/vesti/svet/eu-za-odlukata-na-gasprom-ova-e-dokaz-za-ruskiot-cinizam/ Fri, 02 Sep 2022 21:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=546967

Пристигнаа првите реакции на Европската унија по најавата на „Гаспром“ дека и покрај најавите утре нема да пушти гас во Европа.

Ерик Мамер, портпарол на Европската комисија, на Твитер објави дека одлуката на „Гаспром“ е донесена „под лажни изговори“.

„Овој потег потврдува дека „Гаспром“ е несигурен снабдувач“, напиша Мамер, додавајќи дека континуираните намалувања на снабдувањето се „доказ за рускиот цинизам“.

„Русија попрво ќе согорува гас отколку да ги почитува договорите“, напиша портпаролот на ЕК, осврнувајќи се на минатонеделната анализа која откри дека Русија палела големи количини гас во еден од своите капацитети наместо да го користи за договорени испораки.

Според Би-би-си, кој се повикува на анализа на компанијата Рајстад енерџи, на руската граница со Финска секој ден се согорува гас во вредност од 8,4 милиони фунти.

Научниците се загрижени поради количествата јаглерод диоксид и чадот кој го создава новата постројка за течен природен гас (ЛНГ) во Портоваја, северозападно од Санкт Петербург.

Граѓани на Финска претходно ова лето на хоризонтот виделе голем пламен, а научниците известиле за значителното зголемување на топлина кое доаѓа од објектот. Иако палењето, односно согорувањето на гасот е нормален процес, размерите на согорување гас во објектот биле без преседан, тврдат експертите.

„Никогаш не сум видела некој објект за ЛНГ толку да гори. Во јуни забележавме големо ниво на согорување. И не престанува. Останува ненормално високо“, вели Џесика Мекарти, експертка за анализа на сателитски податоци на Универзитетот Мајами.

The post ЕУ за одлуката на „Гаспром“: Ова е доказ за рускиот цинизам appeared first on Република.

]]>

Пристигнаа првите реакции на Европската унија по најавата на „Гаспром“ дека и покрај најавите утре нема да пушти гас во Европа. Ерик Мамер, портпарол на Европската комисија, на Твитер објави дека одлуката на „Гаспром“ е донесена „под лажни изговори“. „Овој потег потврдува дека „Гаспром“ е несигурен снабдувач“, напиша Мамер, додавајќи дека континуираните намалувања на снабдувањето се „доказ за рускиот цинизам“. „Русија попрво ќе согорува гас отколку да ги почитува договорите“, напиша портпаролот на ЕК, осврнувајќи се на минатонеделната анализа која откри дека Русија палела големи количини гас во еден од своите капацитети наместо да го користи за договорени испораки. Според Би-би-си, кој се повикува на анализа на компанијата Рајстад енерџи, на руската граница со Финска секој ден се согорува гас во вредност од 8,4 милиони фунти. Научниците се загрижени поради количествата јаглерод диоксид и чадот кој го создава новата постројка за течен природен гас (ЛНГ) во Портоваја, северозападно од Санкт Петербург. Граѓани на Финска претходно ова лето на хоризонтот виделе голем пламен, а научниците известиле за значителното зголемување на топлина кое доаѓа од објектот. Иако палењето, односно согорувањето на гасот е нормален процес, размерите на согорување гас во објектот биле без преседан, тврдат експертите. „Никогаш не сум видела некој објект за ЛНГ толку да гори. Во јуни забележавме големо ниво на согорување. И не престанува. Останува ненормално високо“, вели Џесика Мекарти, експертка за анализа на сателитски податоци на Универзитетот Мајами.

The post ЕУ за одлуката на „Гаспром“: Ова е доказ за рускиот цинизам appeared first on Република.

]]>
„Газпром“ утре нема да дистрибуира гас кон ЕУ преку „Северен поток 1“, нема информации кога ќе почне https://republika.mk/vesti/svet/gazprom-utre-nema-da-distribuira-gas-kon-eu-preku-severen-potok-1-nema-informacii-koga-kje-pochne/ Fri, 02 Sep 2022 18:45:30 +0000 https://republika.mk/?p=546891

Руската компанија Газпром денеска најави дека утре нема да дистрибуира гас кон Европска Унија преку гасоводот Северен поток 1.

Во соопштението на Газпром се наведува дека утре нема да биде пуштен гасот поради истекување на масло од турбинскиот мотор.

Газпром пред неколку денови ја стопира испораката на гас преку Северен поток 1 поради ремонт и беше најавено дека утре ќе биде обновена доставата на гасот.

Газпром не наведе кога гасот повторно би можел да потече кон Европа преку Северен поток 1

The post „Газпром“ утре нема да дистрибуира гас кон ЕУ преку „Северен поток 1“, нема информации кога ќе почне appeared first on Република.

]]>

Руската компанија Газпром денеска најави дека утре нема да дистрибуира гас кон Европска Унија преку гасоводот Северен поток 1. Во соопштението на Газпром се наведува дека утре нема да биде пуштен гасот поради истекување на масло од турбинскиот мотор. Газпром пред неколку денови ја стопира испораката на гас преку Северен поток 1 поради ремонт и беше најавено дека утре ќе биде обновена доставата на гасот. Газпром не наведе кога гасот повторно би можел да потече кон Европа преку Северен поток 1

The post „Газпром“ утре нема да дистрибуира гас кон ЕУ преку „Северен поток 1“, нема информации кога ќе почне appeared first on Република.

]]>
„Газпром“ го запре дотокот на гас кон Европа преку Северен тек 1 https://republika.mk/vesti/svet/gazprom-go-zapre-dotokot-na-gas-kon-evropa-preku-severen-tek-1/ Wed, 31 Aug 2022 08:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=545971

Руската државна компанија „Газпром“ го запре во средата дотокот на гас преку најголемиот активен гасовод во Европа, со што се зголемува опасноста од раст на инфлацијата и тонење во рецесија на водечките економии на континентот, а најбогатите европски земји ги натера на незапаметени рационализирања на потрошувачката на енергијата.

Снабдувањето со гас преку Северен тек 1 падна на нула кубни метри на час, работата на гасоводот е прекината три дена поради закажаните поправки на компресорската станица „Портоваја“, покажуваат податоците на операторите на мрежата за пренос на гас. Гасот за Германија нема да биде испорачуван меѓу 3 часот по средноевропско време во средата до раните утрински часови во сабота, соопшти „Газпром“.

Протокот на гасот падна на нула во Северен тек 1, кој од Русија преку Балтичкото Море оди во Германија, покажуваат податоците од влезната точка на германската гасна мрежа.

Така, според информациите на операторот на гасоводот „Opal“, кој добива гориво од Северен тек 1, испораките по балтичкиот автопат престанаа од 04:00 часот по московско време, како што соопшти „Газпром“. Помалку моќниот гасовод „Nel“ престана да добива гас уште порано – од 03:00 часот наутро.

The post „Газпром“ го запре дотокот на гас кон Европа преку Северен тек 1 appeared first on Република.

]]>

Руската државна компанија „Газпром“ го запре во средата дотокот на гас преку најголемиот активен гасовод во Европа, со што се зголемува опасноста од раст на инфлацијата и тонење во рецесија на водечките економии на континентот, а најбогатите европски земји ги натера на незапаметени рационализирања на потрошувачката на енергијата. Снабдувањето со гас преку Северен тек 1 падна на нула кубни метри на час, работата на гасоводот е прекината три дена поради закажаните поправки на компресорската станица „Портоваја“, покажуваат податоците на операторите на мрежата за пренос на гас. Гасот за Германија нема да биде испорачуван меѓу 3 часот по средноевропско време во средата до раните утрински часови во сабота, соопшти „Газпром“. Протокот на гасот падна на нула во Северен тек 1, кој од Русија преку Балтичкото Море оди во Германија, покажуваат податоците од влезната точка на германската гасна мрежа. Така, според информациите на операторот на гасоводот „Opal“, кој добива гориво од Северен тек 1, испораките по балтичкиот автопат престанаа од 04:00 часот по московско време, како што соопшти „Газпром“. Помалку моќниот гасовод „Nel“ престана да добива гас уште порано – од 03:00 часот наутро.

The post „Газпром“ го запре дотокот на гас кон Европа преку Северен тек 1 appeared first on Република.

]]>
Русија драстично го намали протокот на гас преку „Северен поток 1“ https://republika.mk/vesti/svet/rusija-drastichno-go-namali-protokot-na-gas-preku-severen-potok-1/ Wed, 27 Jul 2022 12:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=533840

Руската компанија Газпром денеска го намали количеството на природен гас што тече низ главниот гасовод „Северен поток 1“ од Русија кон Европа на 20 отсто од вкупниот капацитет.

Русија ги обвини техничките проблеми за најновото намалување на испораките на гас, но Германија го гледа тоа како политички потег за поттикнување на неизвесноста и зголемување на цените додека трае војната во Украина.

„Газпром“ го објави намалувањето во понеделникот, наведувајќи ги поправките како причина, поттикнувајќи ги стравувањата дека Русија би можела целосно да го прекине гасот за да изврши притисок врз Европа, која се обидува да складира гас за зимата.

Информациите на веб-страницата „Северен поток“ и шефот на германскиот регулатор на мрежата Клаус Милер го потврдија намалувањето.

Гасот сега е дел од руската надворешна политика и веројатно руската воена стратегија, рече Милер.

Владите на земјите-членки на ЕУ вчера се договорија да ја намалат употребата на природен гас за да се заштитат од натамошни кратења во снабдувањето со Русија.

Нацрт-законот има за цел да ја намали побарувачката на гас за 15 проценти од август до март преку чекори кои не се обврзувачки за државите.

The post Русија драстично го намали протокот на гас преку „Северен поток 1“ appeared first on Република.

]]>

Руската компанија Газпром денеска го намали количеството на природен гас што тече низ главниот гасовод „Северен поток 1“ од Русија кон Европа на 20 отсто од вкупниот капацитет. Русија ги обвини техничките проблеми за најновото намалување на испораките на гас, но Германија го гледа тоа како политички потег за поттикнување на неизвесноста и зголемување на цените додека трае војната во Украина. „Газпром“ го објави намалувањето во понеделникот, наведувајќи ги поправките како причина, поттикнувајќи ги стравувањата дека Русија би можела целосно да го прекине гасот за да изврши притисок врз Европа, која се обидува да складира гас за зимата. Информациите на веб-страницата „Северен поток“ и шефот на германскиот регулатор на мрежата Клаус Милер го потврдија намалувањето.
Гасот сега е дел од руската надворешна политика и веројатно руската воена стратегија, рече Милер.
Владите на земјите-членки на ЕУ вчера се договорија да ја намалат употребата на природен гас за да се заштитат од натамошни кратења во снабдувањето со Русија. Нацрт-законот има за цел да ја намали побарувачката на гас за 15 проценти од август до март преку чекори кои не се обврзувачки за државите.

The post Русија драстично го намали протокот на гас преку „Северен поток 1“ appeared first on Република.

]]>
Путин: Канада планира да влезе на европскиот нафтен пазар, намерно доцнеше со враќање на турбината за Северен ток 1 https://republika.mk/vesti/svet/putin-kanada-planira-da-vleze-na-evropskiot-naften-pazar-namerno-docneshe-so-vrakjanje-na-turbinata-za-severen-tok-1/ Thu, 21 Jul 2022 21:55:34 +0000 https://republika.mk/?p=531518

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ја обвини Канада дека доцнела со враќањето на германската турбина за гасоводот Северен поток 1, надевајќи се дека ќе ги продаде сопствените енергенси во Европа.

Еден мотор требаше да се поправи. Канада не го врати поради санкциите кон Гаспром, иако (поправките беа направени) во фабриката Сименс. Ќе ви кажам зошто Канада го направи тоа. Тоа е затоа што исто така произведува нафта и гас и планира да влезе на европскиот пазар, истакна Путин.

Турбината на компанијата Сименс, што беше испратена на ремонт во Канада, е неопходна за снабдување на Германија и Европа со руски гас. Канада ја врати поправената турбина во Германија, но неизвесно е кога истата ќе биде испратена во Русија.

Гасоводот Северен поток 1 во моментов не работи поради десетдневен ремонт што треба да заврши утре. Сепак, европските земји стравуваат дека Москва би можела да го земе техничкото прашање како изговор да не продолжи со испораките, а со тоа да изврши притисок врз нив во контекст на конфликтот во Украина.

Пред да биде запрен Северен поток 1 поради ремонт, Русија веќе значително ги намали испораките во изминатите недели, оправдувајќи го тоа со недостатокот на турбината на Сименс.

The post Путин: Канада планира да влезе на европскиот нафтен пазар, намерно доцнеше со враќање на турбината за Северен ток 1 appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ја обвини Канада дека доцнела со враќањето на германската турбина за гасоводот Северен поток 1, надевајќи се дека ќе ги продаде сопствените енергенси во Европа.
Еден мотор требаше да се поправи. Канада не го врати поради санкциите кон Гаспром, иако (поправките беа направени) во фабриката Сименс. Ќе ви кажам зошто Канада го направи тоа. Тоа е затоа што исто така произведува нафта и гас и планира да влезе на европскиот пазар, истакна Путин.
Турбината на компанијата Сименс, што беше испратена на ремонт во Канада, е неопходна за снабдување на Германија и Европа со руски гас. Канада ја врати поправената турбина во Германија, но неизвесно е кога истата ќе биде испратена во Русија. Гасоводот Северен поток 1 во моментов не работи поради десетдневен ремонт што треба да заврши утре. Сепак, европските земји стравуваат дека Москва би можела да го земе техничкото прашање како изговор да не продолжи со испораките, а со тоа да изврши притисок врз нив во контекст на конфликтот во Украина. Пред да биде запрен Северен поток 1 поради ремонт, Русија веќе значително ги намали испораките во изминатите недели, оправдувајќи го тоа со недостатокот на турбината на Сименс.

The post Путин: Канада планира да влезе на европскиот нафтен пазар, намерно доцнеше со враќање на турбината за Северен ток 1 appeared first on Република.

]]>
Испораката на руски гас преку Северен поток ќе продолжи утре https://republika.mk/vesti/svet/isporakata-na-ruski-gas-preku-severen-potok-kje-prodolzi-utre/ Wed, 20 Jul 2022 18:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=531563

Германскиот оператор на гасоводната мрежа „Гаскад“ („Gascade“) денеска соопшти дека утре треба да продолжи доставата на гас до Германија преку гасоводот Северен поток.

„Поаѓаме од принципот дека, според досегашните нотификации, транспортот на гас преку Северен поток ќе продолжи на нивото пред ремонтот, односно 40 отсто од капацитетот“, се наведува во соопштението на Гаскад.

„Нотификациите“ се известувања кои извозниците и увозниците на гас ги пренесуваат до операторот на мрежата пред да ги испорачаат или примаат нивните испораки.

Европа ја чека одлуката на Москва за рестартирање на гасоводот, што е во редовен 10-дневен годишен ремонт. Северен поток испорачува гас главно за Германија, но и за други земји-членки на ЕУ.

The post Испораката на руски гас преку Северен поток ќе продолжи утре appeared first on Република.

]]>

Германскиот оператор на гасоводната мрежа „Гаскад“ („Gascade“) денеска соопшти дека утре треба да продолжи доставата на гас до Германија преку гасоводот Северен поток. „Поаѓаме од принципот дека, според досегашните нотификации, транспортот на гас преку Северен поток ќе продолжи на нивото пред ремонтот, односно 40 отсто од капацитетот“, се наведува во соопштението на Гаскад. „Нотификациите“ се известувања кои извозниците и увозниците на гас ги пренесуваат до операторот на мрежата пред да ги испорачаат или примаат нивните испораки. Европа ја чека одлуката на Москва за рестартирање на гасоводот, што е во редовен 10-дневен годишен ремонт. Северен поток испорачува гас главно за Германија, но и за други земји-членки на ЕУ.

The post Испораката на руски гас преку Северен поток ќе продолжи утре appeared first on Република.

]]>
Киев: Враќањето на турбината значи „санкциите кон Москва да бидат во согласност со желбите на Русија“ https://republika.mk/vesti/svet/kiev-vrakjanjeto-na-turbinata-znachi-sankciite-kon-moskva-da-bidat-vo-soglasnost-so-zelbite-na-rusija/ Sun, 10 Jul 2022 19:20:56 +0000 https://republika.mk/?p=526729

Украинското Министерство за енергетика и Министерството за надворешни работи изразија „длабоко разочарување“ од одлуката на Канада да и ја врати на Германија поправената турбина за гасоводот Северен поток.

Украинското Министерство за енергетика упати апел до канадската администрација да ја повлече одлуката бидејќи враќањето на турбината значи „санкциите кон Москва да бидат во согласност со желбите на Русија“.

Шефицата на канадската дипломатија Мелани Џоли вчера изјави дека Отава го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и дека нема да попушти под притисокот на Москва.

Минатиот месец Русија соопшти дека е причината за 40 отсто намалениот проток на гас во Германија е поради турбината што е на сервис во Канада.

Кремљ на 8 јули најави дека ќе ги зголеми испораките на гас во Европа доколку турбината биде вратена од Канада.

Сименс денеска соопшти дека работи на тоа што поскоро да ја доведе турбината до гасоводот Северен поток.

Портпаролот на германската Влада изјави дека Берлин ја поздравува „одлуката на канадските пријатели и сојузници“.

The post Киев: Враќањето на турбината значи „санкциите кон Москва да бидат во согласност со желбите на Русија“ appeared first on Република.

]]>

Украинското Министерство за енергетика и Министерството за надворешни работи изразија „длабоко разочарување“ од одлуката на Канада да и ја врати на Германија поправената турбина за гасоводот Северен поток. Украинското Министерство за енергетика упати апел до канадската администрација да ја повлече одлуката бидејќи враќањето на турбината значи „санкциите кон Москва да бидат во согласност со желбите на Русија“. Шефицата на канадската дипломатија Мелани Џоли вчера изјави дека Отава го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и дека нема да попушти под притисокот на Москва. Минатиот месец Русија соопшти дека е причината за 40 отсто намалениот проток на гас во Германија е поради турбината што е на сервис во Канада. Кремљ на 8 јули најави дека ќе ги зголеми испораките на гас во Европа доколку турбината биде вратена од Канада. Сименс денеска соопшти дека работи на тоа што поскоро да ја доведе турбината до гасоводот Северен поток. Портпаролот на германската Влада изјави дека Берлин ја поздравува „одлуката на канадските пријатели и сојузници“.

The post Киев: Враќањето на турбината значи „санкциите кон Москва да бидат во согласност со желбите на Русија“ appeared first on Република.

]]>
„Гаспром“ го намали снабдувањето со гас за Германија https://republika.mk/vesti/svet/gasprom-go-namali-snabduvanjeto-so-gas-za-germanija/ Wed, 15 Jun 2022 07:41:22 +0000 https://republika.mk/?p=515343

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ го намалува својот максимален волумен на испорака на гас преку гасоводот „Северен тек 1“ преку Балтичко Море до Германија за 40 проценти. Како што соопштија од компанијата, причина за намалувањето на нивото на испорака е доцнењето на поправките од страна на „Сименс“.

Единицата за компресор за гас не е на време вратена од поправка. Како резултат на тоа, сега може да се испумпува само до 100 милиони кубни метри гас преку гасоводот секој ден, или околу 60 проценти од претходно планираниот дневен волумен од 167 милиони кубни метри гас - се вели во извештајот.

Низ Европа расте загриженоста откако Русија го прекина снабдувањето со гас за неколку земји кои се спротивставија на нејзината одлука да се плаќа во рубљи. Европа во голема мера се потпира на рускиот гас и се бори да најде алтернативни извори. Сепак, многу земји сè уште купуваат руски гас, што помага да се одржи руската економија, пренесува ДПА.

За Германија, „Северен тек 1“ е главниот цевковод за снабдување со руски гас. Гасот веќе престана да се испумпува низ гасоводот „Јамал-Европа“. Значително е намален и транзитот на руски гас низ Украина.

The post „Гаспром“ го намали снабдувањето со гас за Германија appeared first on Република.

]]>

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ го намалува својот максимален волумен на испорака на гас преку гасоводот „Северен тек 1“ преку Балтичко Море до Германија за 40 проценти. Како што соопштија од компанијата, причина за намалувањето на нивото на испорака е доцнењето на поправките од страна на „Сименс“.
Единицата за компресор за гас не е на време вратена од поправка. Како резултат на тоа, сега може да се испумпува само до 100 милиони кубни метри гас преку гасоводот секој ден, или околу 60 проценти од претходно планираниот дневен волумен од 167 милиони кубни метри гас - се вели во извештајот.
Низ Европа расте загриженоста откако Русија го прекина снабдувањето со гас за неколку земји кои се спротивставија на нејзината одлука да се плаќа во рубљи. Европа во голема мера се потпира на рускиот гас и се бори да најде алтернативни извори. Сепак, многу земји сè уште купуваат руски гас, што помага да се одржи руската економија, пренесува ДПА. За Германија, „Северен тек 1“ е главниот цевковод за снабдување со руски гас. Гасот веќе престана да се испумпува низ гасоводот „Јамал-Европа“. Значително е намален и транзитот на руски гас низ Украина.

The post „Гаспром“ го намали снабдувањето со гас за Германија appeared first on Република.

]]>