серта Archives - Република https://republika.mk/tema/serta/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jul 2024 15:49:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png серта Archives - Република https://republika.mk/tema/serta/ 32 32 Се разгоре пожарот на Серта, зад Криволак https://republika.mk/vesti/makedonija/se-razgore-pozharot-na-serta-zad-krivolak/ Sun, 28 Jul 2024 15:49:15 +0000 https://republika.mk/?p=801104

На територија на државата има четири активни пожари, на планината Серта и во општините Македонски Брод, Кратово и Старо Нагоричане, информира попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изјави дека повторно се разгоре дел од пожарот на планината Серта, на кракот зад воениот полигон Криволак во правец на реката Брегалница, во атарот на напуштено село Црешка. Со пожарот е зафатена поголема површина, а горат трева и грмушки и постои опасност пожарот да премине од другата страна на реката.

- Од тие причини на локалните пожарникари, кои го гаснат овој пожар и на десетина ловци од Ловечкото друштво од Штип, денеска како засилување испраќаме 25 припадници на Единицата за брзо распоредување на МВР, а околу 15 часот со дејство ќе почнат и два „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Наша цел е денеска повторно да го ставиме под контрола овој пожар, кој зафаќа сува вегетација, потенцира Ангелов, додавајќи ветерот прави дополнителни проблеми.

Директорот на ЦУК информира дека веќе неколку дена има пожар во општина Македонски Брод, кај ловиштето Јасен, кој е делумно под контрола и во неговото гаснење се вклучени вработени во ЈП „Јасен“.

- Во текот на денешниот ден изби уште еден пожар на територија на Кратово, во атарот на село Татомир. Во гаснењето се вклучени локални пожарникари со тим од „Национали шуми“. Четвртиот пожар е на територија на општина Старо Нагоричане, во атарот на село Степанце. На локалните пожарникари им помага и месното население, изјави Ангелов.

The post Се разгоре пожарот на Серта, зад Криволак appeared first on Република.

]]>

На територија на државата има четири активни пожари, на планината Серта и во општините Македонски Брод, Кратово и Старо Нагоричане, информира попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изјави дека повторно се разгоре дел од пожарот на планината Серта, на кракот зад воениот полигон Криволак во правец на реката Брегалница, во атарот на напуштено село Црешка. Со пожарот е зафатена поголема површина, а горат трева и грмушки и постои опасност пожарот да премине од другата страна на реката.
- Од тие причини на локалните пожарникари, кои го гаснат овој пожар и на десетина ловци од Ловечкото друштво од Штип, денеска како засилување испраќаме 25 припадници на Единицата за брзо распоредување на МВР, а околу 15 часот со дејство ќе почнат и два „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Наша цел е денеска повторно да го ставиме под контрола овој пожар, кој зафаќа сува вегетација, потенцира Ангелов, додавајќи ветерот прави дополнителни проблеми.
Директорот на ЦУК информира дека веќе неколку дена има пожар во општина Македонски Брод, кај ловиштето Јасен, кој е делумно под контрола и во неговото гаснење се вклучени вработени во ЈП „Јасен“.
- Во текот на денешниот ден изби уште еден пожар на територија на Кратово, во атарот на село Татомир. Во гаснењето се вклучени локални пожарникари со тим од „Национали шуми“. Четвртиот пожар е на територија на општина Старо Нагоричане, во атарот на село Степанце. На локалните пожарникари им помага и месното население, изјави Ангелов.

The post Се разгоре пожарот на Серта, зад Криволак appeared first on Република.

]]>
9000 хектари шума или колку 12.000 фудбалски игралишта пеплосаа пожарите на планината Серта https://republika.mk/vesti/makedonija/9000-hektari-shuma-ili-kolku-12-000-fudbalski-igralishta-peplosaa-pozharite-na-planinata-serta/ Sat, 27 Jul 2024 19:07:18 +0000 https://republika.mk/?p=800894

Речиси 9000 хектари површина или колку 12.000 фудбалски игралишта пеплосаа пожарите на планината Серта. Ова се првичните неофицијални проценки на Македонски шуми. Станува збор за слаба и деградирана шума, односно грмушки, смреки и даб.

Од страна на Неготино изгорени се околу 5.500хектари, а од штипска безмалку 3000 хектари . Освен растителниот, настрада и животинскиот свет. Штетите се епохални и потребни ќе бидат децении, за повторно се врати животот на планината.

„ Она што е најважно да се каже е дека бомбата што ќе се случи во периодот пред се е од еколошка гледна точка. Во моментот дивеч таму претпоставувам дека нема. Ќе треба да помине малку време за да почне дел од дивечот да се враќа, меѓутоа на него ќе му требат одредени услови за да биде таму. Во моментот дивечот таму нема ниту храна, ниту место каде да се крие. Така да тоа буквално ќе биде пустина„ изјави Кире Михаилов, заменик генерален директор на ЈП „Македонски шуми“.

Откако во целост ќе бидат изгаснати пожарите, во наредниот период ќе се започне со чистење на она што позади себе го оставија пламените јазици. На овој начин опожареното подрачје ќе се подготви за втората фаза, а тоа е пошумување со автохтони видови на растенија. Но проблемот ќе биде уште поголем, бидејќи во расадниците на Македонски шуми, нема доволен број на садниците коишто се потребни.

„Нашите расидници во изминатите години не работеле со капацитет со којшто требало да работат и имаме недостиг на садници. Така да ќе мора да поработиме максимално и во овој сектор за да можеме во текот на оваа сезона не знам колку ќе успееме, но во наредната да дојдеме до бројките коишто ни се потребни и да излеземе на конкретното барање на теренот“ изјави Михаилов.

Освен на Серта, во изминатиот период огнот беснееше и во радовишко и струмичко. На планината Плачковица пеплосани се 197, а во струмичко 400хектари.

The post 9000 хектари шума или колку 12.000 фудбалски игралишта пеплосаа пожарите на планината Серта appeared first on Република.

]]>

Речиси 9000 хектари површина или колку 12.000 фудбалски игралишта пеплосаа пожарите на планината Серта. Ова се првичните неофицијални проценки на Македонски шуми. Станува збор за слаба и деградирана шума, односно грмушки, смреки и даб. Од страна на Неготино изгорени се околу 5.500хектари, а од штипска безмалку 3000 хектари . Освен растителниот, настрада и животинскиот свет. Штетите се епохални и потребни ќе бидат децении, за повторно се врати животот на планината.
„ Она што е најважно да се каже е дека бомбата што ќе се случи во периодот пред се е од еколошка гледна точка. Во моментот дивеч таму претпоставувам дека нема. Ќе треба да помине малку време за да почне дел од дивечот да се враќа, меѓутоа на него ќе му требат одредени услови за да биде таму. Во моментот дивечот таму нема ниту храна, ниту место каде да се крие. Така да тоа буквално ќе биде пустина„ изјави Кире Михаилов, заменик генерален директор на ЈП „Македонски шуми“.
Откако во целост ќе бидат изгаснати пожарите, во наредниот период ќе се започне со чистење на она што позади себе го оставија пламените јазици. На овој начин опожареното подрачје ќе се подготви за втората фаза, а тоа е пошумување со автохтони видови на растенија. Но проблемот ќе биде уште поголем, бидејќи во расадниците на Македонски шуми, нема доволен број на садниците коишто се потребни.
„Нашите расидници во изминатите години не работеле со капацитет со којшто требало да работат и имаме недостиг на садници. Така да ќе мора да поработиме максимално и во овој сектор за да можеме во текот на оваа сезона не знам колку ќе успееме, но во наредната да дојдеме до бројките коишто ни се потребни и да излеземе на конкретното барање на теренот“ изјави Михаилов.
Освен на Серта, во изминатиот период огнот беснееше и во радовишко и струмичко. На планината Плачковица пеплосани се 197, а во струмичко 400хектари.

The post 9000 хектари шума или колку 12.000 фудбалски игралишта пеплосаа пожарите на планината Серта appeared first on Република.

]]>
Мицкоски од Серта најави структурни реформи во секторот за управување со кризи и Закон за пожарникарство https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-od-serta-najavi-strukturni-reformi-vo-sektorot-za-upravuvane-so-krizi-i-zakon-za-pozharnikarstvo/ Fri, 26 Jul 2024 10:20:48 +0000 https://republika.mk/?p=800449

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети планината Серта, во близина на општина Неготино, од каде сподели дека пожарот е целосно изгаснат.

Како Влада во периодот што следи, ќе направиме големи структурни реформи во секторот за управување со кризи, но истовремено отпочнавме процедура за носење на законот за пожарникарство со што значително ќе бидат подобрени условите за работа на овие луѓе.
Од мое лично име и од името на Владата, изразувам голема благодарност на луѓето коишто изминативе неколку недели го жртвуваа и својот живот за да се справат со огнената стихија, порача премиерот.

The post Мицкоски од Серта најави структурни реформи во секторот за управување со кризи и Закон за пожарникарство appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети планината Серта, во близина на општина Неготино, од каде сподели дека пожарот е целосно изгаснат.
Како Влада во периодот што следи, ќе направиме големи структурни реформи во секторот за управување со кризи, но истовремено отпочнавме процедура за носење на законот за пожарникарство со што значително ќе бидат подобрени условите за работа на овие луѓе. Од мое лично име и од името на Владата, изразувам голема благодарност на луѓето коишто изминативе неколку недели го жртвуваа и својот живот за да се справат со огнената стихија, порача премиерот.

The post Мицкоски од Серта најави структурни реформи во секторот за управување со кризи и Закон за пожарникарство appeared first on Република.

]]>
По тринаесет дена пожарот кај Серта е целосно изгаснат https://republika.mk/vesti/makedonija/po-trinaeset-dena-pozharot-kaj-serta-e-tselosno-izgasnat/ Tue, 23 Jul 2024 16:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=799628

Пожарот кај Серта е целосно изгаснат по тринаесет дена борба со огнената стихија, информираше денеска командирот на Територијалната противпожарна единица Неготино, Столе Атанасов.

Тој во објава на својот фејсбук профил изрази благодарност до сите кои доброволно придонесуваа во гаснењето на пожарот, како и до сите државни, регионални и локални институции кои беа вклучени во гаснењето на пожарот.

– Упатувам неизмерна благодарност до сите доброволци, доброволни друштва, ловно друштво, државни, регионални и локални институции кои со сите расположливи ресурси беа вклучени во акцијата. Без вас, невозможно беше да се справиме со огнените јазли кои незапирливо зафаќаа се поголеми површини, наведува Атанасов.

Благодарност упати и до локалното население кое храбро и пожртвувано заедно со нив, помогнало во совладувањето на пожарот.

– Ризиците од голема еколошка катастрофа не беа единствени, секој момент додека траеше акцијата беа загрозени безбедноста и здравјето на секој вклучен поединец, напиша тој, подвлекувајќи дека се успеало, да не настрада со посериозни повреди, ниту еден од вклучените граѓани во акцијата.

Покажавме, додаде тој, дека само сплотени може да се справиме со сите предизвици, упатувајќи апел за внимателност поради високите температури со цел избегнување на пожари.

The post По тринаесет дена пожарот кај Серта е целосно изгаснат appeared first on Република.

]]>

Пожарот кај Серта е целосно изгаснат по тринаесет дена борба со огнената стихија, информираше денеска командирот на Територијалната противпожарна единица Неготино, Столе Атанасов. Тој во објава на својот фејсбук профил изрази благодарност до сите кои доброволно придонесуваа во гаснењето на пожарот, како и до сите државни, регионални и локални институции кои беа вклучени во гаснењето на пожарот. – Упатувам неизмерна благодарност до сите доброволци, доброволни друштва, ловно друштво, државни, регионални и локални институции кои со сите расположливи ресурси беа вклучени во акцијата. Без вас, невозможно беше да се справиме со огнените јазли кои незапирливо зафаќаа се поголеми површини, наведува Атанасов. Благодарност упати и до локалното население кое храбро и пожртвувано заедно со нив, помогнало во совладувањето на пожарот. – Ризиците од голема еколошка катастрофа не беа единствени, секој момент додека траеше акцијата беа загрозени безбедноста и здравјето на секој вклучен поединец, напиша тој, подвлекувајќи дека се успеало, да не настрада со посериозни повреди, ниту еден од вклучените граѓани во акцијата. Покажавме, додаде тој, дека само сплотени може да се справиме со сите предизвици, упатувајќи апел за внимателност поради високите температури со цел избегнување на пожари.

The post По тринаесет дена пожарот кај Серта е целосно изгаснат appeared first on Република.

]]>
Големо жариште на планината Серта – голем број припадници на АРМ, МВР и ДЗС дејствуваат во гаснењето https://republika.mk/vesti/makedonija/golemo-zharishte-na-planinata-serta-golem-broj-pripadnitsi-na-arm-mvr-i-dzs-dejstvuvaat-vo-gasneneto/ Sun, 21 Jul 2024 14:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=798948

На територија на државата има девет активни шумски пожари и пожари на отворено, соопшти денеска преку видео обраќање директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Вкупно на територијата на државата ангажирани се 150 припадници на Армијата, 30-тина припадници на МВР, како и 40 припадници на ДЗС. Засега во гаснењето на пожарите, како што изјави Ангелов, дејствуваат само наши летала, односно двата „ер трактори“ на ДЗС, два хеликоптери на МВР, како и два хеликоптери на Армијата.

За жал, од странските летала останат е само црногорскиот хеликоптер, којшто покажа некој дефект и моментално му се врши сервисирање и доколку биде успешно отстранет, тој ќе продолжи денес со дејство, рече Ангелов.

На територија на општина Чашка, над селата Габрени, Мокрени и Богомила, пожарната линија е многу долга, вели Ангелов, а утринава дејствувале еден армиски и еден полициски хеликоптер, додека од копно дејствуваат локални пожарникари, потпомогнати од 30 припадници на Армијата и тим од Национални шуми.

Во општина Чашка има пжар и на врвот Лисец, каде работат локални пожарникари со помош од 25 припадници на Армијата.

Ангелов информира дека пожарот на планината Серта се шири и дека има големо жариште над селото Пухче кое се движи во насока на селото Селце.

Дејствуваат два „ер трактори“ на ДЗС и истите ќе дејствуват во попладневните часови. Овде имаме и еден засебен крак на планина Серта, којшто започнува некаде зад полигонот Криволак и се движи во насока на военото стрелште Пенуш и во насока на реката Брегалница. Тука имаме фокусирано повеќе лица на земја, покрај поголем број на локални пожарникари, имаме 30 припадници на полициските Тигри, десет припадници на Армијата, како и 40 припадници на ДЗС, чијашто цел е патот направен од НАТО што се движи околу полигонот Криволак да не  дозволат огнот да ја премине линијата. На планината Серта имаме уште една активна точка, а тоа е под ловиштето. На сите овие места делуваат локалните пожарникари, вели Ангелов.

Активен е и пожарот меѓу селата Тажево и Брезница во општина Македонски Брод. Таму утрото бил упатен еден армиски хеликоптер, но поради густиот чад не можел да дејствува.

Нешто подоцна повторно се упати хеликоптерот, но густиот чад не дозволи. Од копно работат 30 припадници на Армијата кои им помагаат на локалните пожарникари и на тимот од Национални шуми, информира Ангелов.

Пожар има и во атарот на селото Фариш, каде интервенираат 30 припадници од Единицата за брзо распоредување, а попладнево таму требало да се упатат двата „ер трактори“ на ДЗС, но поради појавата на жешки точки на планината Серта, наспроти селото Калањево, тие се пренасочени.

Изби нов пожар на територија на општина Гевгелија, над селото Мрзенци, каде што попладнево ќе делуваме со „ер тракторите“ за да не дозволиме ширење на пожарот. Во текот на вчерашниот ден се појави нов пожар на местото викано Мукос, општина Чашка. Истиот е префрлен од страната на Прилеп и на тој може да се дејствува само со воздухоплови, бидејќи теренот е непристапен и да се стаса до него и да се гаси од копно потребни се 30 км пешачење по земјен пат. За овој пожар од лицето на МВР кое дежура на врвот Солунска глава, информациите се дека гори на три места и дека пожарот оди кон врвот, вели Ангелов.

The post Големо жариште на планината Серта – голем број припадници на АРМ, МВР и ДЗС дејствуваат во гаснењето appeared first on Република.

]]>

На територија на државата има девет активни шумски пожари и пожари на отворено, соопшти денеска преку видео обраќање директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Вкупно на територијата на државата ангажирани се 150 припадници на Армијата, 30-тина припадници на МВР, како и 40 припадници на ДЗС. Засега во гаснењето на пожарите, како што изјави Ангелов, дејствуваат само наши летала, односно двата „ер трактори“ на ДЗС, два хеликоптери на МВР, како и два хеликоптери на Армијата.
За жал, од странските летала останат е само црногорскиот хеликоптер, којшто покажа некој дефект и моментално му се врши сервисирање и доколку биде успешно отстранет, тој ќе продолжи денес со дејство, рече Ангелов.
На територија на општина Чашка, над селата Габрени, Мокрени и Богомила, пожарната линија е многу долга, вели Ангелов, а утринава дејствувале еден армиски и еден полициски хеликоптер, додека од копно дејствуваат локални пожарникари, потпомогнати од 30 припадници на Армијата и тим од Национални шуми. Во општина Чашка има пжар и на врвот Лисец, каде работат локални пожарникари со помош од 25 припадници на Армијата. Ангелов информира дека пожарот на планината Серта се шири и дека има големо жариште над селото Пухче кое се движи во насока на селото Селце.
Дејствуваат два „ер трактори“ на ДЗС и истите ќе дејствуват во попладневните часови. Овде имаме и еден засебен крак на планина Серта, којшто започнува некаде зад полигонот Криволак и се движи во насока на военото стрелште Пенуш и во насока на реката Брегалница. Тука имаме фокусирано повеќе лица на земја, покрај поголем број на локални пожарникари, имаме 30 припадници на полициските Тигри, десет припадници на Армијата, како и 40 припадници на ДЗС, чијашто цел е патот направен од НАТО што се движи околу полигонот Криволак да не  дозволат огнот да ја премине линијата. На планината Серта имаме уште една активна точка, а тоа е под ловиштето. На сите овие места делуваат локалните пожарникари, вели Ангелов.
Активен е и пожарот меѓу селата Тажево и Брезница во општина Македонски Брод. Таму утрото бил упатен еден армиски хеликоптер, но поради густиот чад не можел да дејствува.
Нешто подоцна повторно се упати хеликоптерот, но густиот чад не дозволи. Од копно работат 30 припадници на Армијата кои им помагаат на локалните пожарникари и на тимот од Национални шуми, информира Ангелов.
Пожар има и во атарот на селото Фариш, каде интервенираат 30 припадници од Единицата за брзо распоредување, а попладнево таму требало да се упатат двата „ер трактори“ на ДЗС, но поради појавата на жешки точки на планината Серта, наспроти селото Калањево, тие се пренасочени.
Изби нов пожар на територија на општина Гевгелија, над селото Мрзенци, каде што попладнево ќе делуваме со „ер тракторите“ за да не дозволиме ширење на пожарот. Во текот на вчерашниот ден се појави нов пожар на местото викано Мукос, општина Чашка. Истиот е префрлен од страната на Прилеп и на тој може да се дејствува само со воздухоплови, бидејќи теренот е непристапен и да се стаса до него и да се гаси од копно потребни се 30 км пешачење по земјен пат. За овој пожар од лицето на МВР кое дежура на врвот Солунска глава, информациите се дека гори на три места и дека пожарот оди кон врвот, вели Ангелов.

The post Големо жариште на планината Серта – голем број припадници на АРМ, МВР и ДЗС дејствуваат во гаснењето appeared first on Република.

]]>
Херојот Даре скрши рака, но остана до крај на ден да гасне на Серта https://republika.mk/vesti/crna-hronika/herojot-dare-skrshi-raka-no-ostana-do-kraj-na-den-da-gasne-na-serta/ Sat, 20 Jul 2024 19:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=798818

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска беа на планината Серта, каде изминатите денови се справуваме со активен пожар од голем размер.

Состојбата е значително подобрена, но се уште има жаришта кои горат, како што е жариштето зад военото стрелиште Пенуш во правец на Криволак. Благодарност до сите што учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија нашата Македонија. Вашата пожртвуваност и напорна работа се непроценливи. Посебна благодарност до Даре, доброволец од Дирекцијата за заштита и спасување, кој денеска при гаснењето на пожарот ја скршил раката, но и покрај тоа остана со своите колеги до крајот на денот. Даре е вистински херој и пример за сите нас, а неговата храброст и посветеност инспирираат, рече министерот Тошковски.

Министерот Тошковски исто така беше и во селото Пухче, кое се наоѓа од другата страна на Серта во правец на Штип, каде исто така има пожар.

Апелирам до сите граѓани да избегнуваат движење во шумите и секое сомнително движење или сомнителна активност од било кого да го пријават во полиција. Шумите се нашето природно богатство и заедно треба да ги чуваме и штитиме, потенцираше министерот Тошковски.

The post Херојот Даре скрши рака, но остана до крај на ден да гасне на Серта appeared first on Република.

Oд Демир Капија со теренско возило старо 38 години на гасење пожар во Серта https://republika.mk/vesti/crna-hronika/od-demir-kapija-so-terensko-vozilo-staro-38-godini-na-gasene-pozhar-vo-serta/ Sat, 20 Jul 2024 18:04:54 +0000 https://republika.mk/?p=798801

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов на неговиот фејсбук профил објави дека движејќи се по патот низ Серта налетал на екипа на Национални Шуми која од Демир Капија до Серта дошла со теренско возило старо 38 години.

The post Oд Демир Капија со теренско возило старо 38 години на гасење пожар во Серта appeared first on Република.

Полицискиот хеликоптер фрли над 39 тони вода врз пожарот на планината Серта https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsiskiot-helikopter-frli-nad-39-toni-voda-vrz-pozharot-na-planinata-serta/ Fri, 19 Jul 2024 16:01:10 +0000 https://republika.mk/?p=798529

Полициски воздухоплов од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици и денеска продолжи да дејствува на пожарот што избувна на планината Серта, меѓу штипските села Драгоево и Селце, информираат од МВР.

При дејствувањето, како што појаснуваат, во 26 налета се исфрлени 39 тони вода. Од МВР велат дека пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење. 

https://youtu.be/1Fy0ezbdP_I?si=jswEm9Nura8pdAHX

The post Полицискиот хеликоптер фрли над 39 тони вода врз пожарот на планината Серта appeared first on Република.

]]>

Полициски воздухоплов од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици и денеска продолжи да дејствува на пожарот што избувна на планината Серта, меѓу штипските села Драгоево и Селце, информираат од МВР. При дејствувањето, како што појаснуваат, во 26 налета се исфрлени 39 тони вода. Од МВР велат дека пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.  https://youtu.be/1Fy0ezbdP_I?si=jswEm9Nura8pdAHX

The post Полицискиот хеликоптер фрли над 39 тони вода врз пожарот на планината Серта appeared first on Република.

]]>
Состојба со пожарите: На Серта е замаглено и не може да се види дали гори, во Штип нема чад https://republika.mk/vesti/makedonija/sostojba-so-pozharite-na-serta-e-zamagleno-i-ne-mozhe-da-se-vidi-dali-gori-vo-shtip-nema-chad/ Fri, 19 Jul 2024 06:19:01 +0000 https://republika.mk/?p=798247

На планината Серта утрово е замаглено и не може да се види дали, каде и колку гори пожарот, кој избувна минатата среда, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов кој е таму, најавувајќи информации за подоцна.

Во Штип утрово нема чад, за разлика од вчера кога поради густиот чад, Кризниот штаб доцна синоќа ги повика граѓаните да избегнуваат присуство на отворено подолго време, односно да останат во своите домови. Пожарот се доближи на неколку километри над селата Селце, Драгоево и Пиперово.

Утрово, претставници на сите институции, пожарникари, членови на здруженија и локални мештани ќе бидат на терен придружени од механизација за да се направат обрачи околу селата и да се гасне пожарот на Серта.

Qytetarët e Shtipit duhet të shmangin qëndrimin e gjatë në natyrë dhe të qëndrojnë në shtëpitë e tyre, pasi sonte qyteti u mbulua nga tymi, ndërsa ndjehet edhe era e saj, është një madje nga

Градоначалникот Иван Јорданов синоќа истакна дека меѓу одлуките што се донесени е и да се побара помош од пожарникарите од другите градови во земјава за справување со големата стихија на планината Серта во штипскиот регион. Забележува дека ситуацијата со пожарите е сериозна и опасна за неколку села на планината Серта.

- Армијата на Република Македонија да се исконтактира и да даде човечки ресурси и опрема со којашто ќе се делува во текот на утрешниот ден. Центарот за управување со кризи да сподели информација за потенцијалните жаришта кои треба да бидат управувани во текот на утрешниот ден. Потребна е вклучување на целата механизација на јавните претпријатија, Општина Штип, како и сите градежени компании на територија на Општина Штип заради полесно справување со пожарите, коишто се на територија на Општина Штип за создавање на заштитни обрачи од земјени наноси, изјави Јорданов.

Меѓу одлуките на вчерашниот Кризен штаб се и вклучување на Ловното здружение, оф роуд друштвата, месното население кое е засегнато, заради логистичка поддршка, како и за информации на теренот. Потребно е вклучување на тимови на Итната медицинска помош и Црвен Крст на жариштата каде е пожарот на Серта.

Пожарот во Неготинско, пак, го зафати и ридот со ендемично лале, подрачје под заштита на локалната самоуправа.

- Орлов баир,  ридот што ја преживеа една од најтешките битки во Првата светска војна, ридот на кој живее ендемичното лале - тулипа маријана, не ја преживеа неспособноста на 21 век, се дел од коментарите објавени на Фејсбук.

Велат дека се работи за флористичкиот локалитет Орлово Брдо кај Криволак,  каде што се регистрирани ендемични растителни видови, како што се Марианово лале (Tulipa mariannae), Македонски хердисарум (Hedysarum macedonicum), Јуришичева жалфија (Salvia jurisicii) и други.  Прогласен е за споменик на природата, како објект што има ретки македонски ендемити.

Во 2019 година, екологисти реагираа дека не сакаат депонија за индустриски отпад на Криволак, загрижени за единственото заштитено подрачје на природата во Неготино, Орлово брдо.

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата синоќа информираа дека нема опасност од пожарите за армиските инфраструктурни објекти на Криволак и сите критични објекти се безбедни.

-Генералштабот на Армијата информира дека во текот на попладневните часови на Армискиот полигон Криволак имаше опожарени стари дотраени објекти кои не се од критично значење и се користени како помошни простории за време на логорувања. Сите армиски инфраструктурни објекти од посебно значење се безбедни и обезбедени согласно проценките и согласно армиските процедури тие имаат дополнително инженериско уредени безбедносни противпожарни појаси во потребна широчина од повеќе десетина метри, соопшти вчера Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата.

The post Состојба со пожарите: На Серта е замаглено и не може да се види дали гори, во Штип нема чад appeared first on Република.

]]>

На планината Серта утрово е замаглено и не може да се види дали, каде и колку гори пожарот, кој избувна минатата среда, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов кој е таму, најавувајќи информации за подоцна. Во Штип утрово нема чад, за разлика од вчера кога поради густиот чад, Кризниот штаб доцна синоќа ги повика граѓаните да избегнуваат присуство на отворено подолго време, односно да останат во своите домови. Пожарот се доближи на неколку километри над селата Селце, Драгоево и Пиперово. Утрово, претставници на сите институции, пожарникари, членови на здруженија и локални мештани ќе бидат на терен придружени од механизација за да се направат обрачи околу селата и да се гасне пожарот на Серта. Qytetarët e Shtipit duhet të shmangin qëndrimin e gjatë në natyrë dhe të qëndrojnë në shtëpitë e tyre, pasi sonte qyteti u mbulua nga tymi, ndërsa ndjehet edhe era e saj, është një madje nga Градоначалникот Иван Јорданов синоќа истакна дека меѓу одлуките што се донесени е и да се побара помош од пожарникарите од другите градови во земјава за справување со големата стихија на планината Серта во штипскиот регион. Забележува дека ситуацијата со пожарите е сериозна и опасна за неколку села на планината Серта.
- Армијата на Република Македонија да се исконтактира и да даде човечки ресурси и опрема со којашто ќе се делува во текот на утрешниот ден. Центарот за управување со кризи да сподели информација за потенцијалните жаришта кои треба да бидат управувани во текот на утрешниот ден. Потребна е вклучување на целата механизација на јавните претпријатија, Општина Штип, како и сите градежени компании на територија на Општина Штип заради полесно справување со пожарите, коишто се на територија на Општина Штип за создавање на заштитни обрачи од земјени наноси, изјави Јорданов.
Меѓу одлуките на вчерашниот Кризен штаб се и вклучување на Ловното здружение, оф роуд друштвата, месното население кое е засегнато, заради логистичка поддршка, како и за информации на теренот. Потребно е вклучување на тимови на Итната медицинска помош и Црвен Крст на жариштата каде е пожарот на Серта. Пожарот во Неготинско, пак, го зафати и ридот со ендемично лале, подрачје под заштита на локалната самоуправа.
- Орлов баир,  ридот што ја преживеа една од најтешките битки во Првата светска војна, ридот на кој живее ендемичното лале - тулипа маријана, не ја преживеа неспособноста на 21 век, се дел од коментарите објавени на Фејсбук.
Велат дека се работи за флористичкиот локалитет Орлово Брдо кај Криволак,  каде што се регистрирани ендемични растителни видови, како што се Марианово лале (Tulipa mariannae), Македонски хердисарум (Hedysarum macedonicum), Јуришичева жалфија (Salvia jurisicii) и други.  Прогласен е за споменик на природата, како објект што има ретки македонски ендемити. Во 2019 година, екологисти реагираа дека не сакаат депонија за индустриски отпад на Криволак, загрижени за единственото заштитено подрачје на природата во Неготино, Орлово брдо. Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата синоќа информираа дека нема опасност од пожарите за армиските инфраструктурни објекти на Криволак и сите критични објекти се безбедни. -Генералштабот на Армијата информира дека во текот на попладневните часови на Армискиот полигон Криволак имаше опожарени стари дотраени објекти кои не се од критично значење и се користени како помошни простории за време на логорувања. Сите армиски инфраструктурни објекти од посебно значење се безбедни и обезбедени согласно проценките и согласно армиските процедури тие имаат дополнително инженериско уредени безбедносни противпожарни појаси во потребна широчина од повеќе десетина метри, соопшти вчера Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата.

The post Состојба со пожарите: На Серта е замаглено и не може да се види дали гори, во Штип нема чад appeared first on Република.

]]>
Гаснењето на пожарот на Серта продолжува утре од воздух и од копно https://republika.mk/vesti/makedonija/gasneneto-na-pozharot-na-serta-prodolzhuva-utre-od-vozduh-i-od-kopno/ Tue, 16 Jul 2024 20:59:33 +0000 https://republika.mk/?p=797525

Гаснењето на пожарот на планината Серта продолжува утре со сите воздухопловни сили и од копно, е констатирано на вечерашниот состанок на Штабот за заштита и спасување во Неготино.

Предвидено е утре вклучување на сите воздухоплови- хеликоптери и „ер трактори“ кои се на располагање за гаснење на пожарот од воздух, а паралелно од копно во активностите ќе бидат вклучени припадници на АРМ, 30 припадници на ЕБР, полицајци од СВР Неготино, пожарникари, од Национални шуми, ловџии и волонтери кои со денови даваат несебичен придонес во гаснењето на пожарот, појасни неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

Како и во изминатите денови, така и за утре, Кризниот штаб има обезбедено механизација за поефикасно гаснење на пожарот.

Пожарот во неготинско избувна во средата околу 10.30 часот.

The post Гаснењето на пожарот на Серта продолжува утре од воздух и од копно appeared first on Република.

]]>

Гаснењето на пожарот на планината Серта продолжува утре со сите воздухопловни сили и од копно, е констатирано на вечерашниот состанок на Штабот за заштита и спасување во Неготино. Предвидено е утре вклучување на сите воздухоплови- хеликоптери и „ер трактори“ кои се на располагање за гаснење на пожарот од воздух, а паралелно од копно во активностите ќе бидат вклучени припадници на АРМ, 30 припадници на ЕБР, полицајци од СВР Неготино, пожарникари, од Национални шуми, ловџии и волонтери кои со денови даваат несебичен придонес во гаснењето на пожарот, појасни неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Како и во изминатите денови, така и за утре, Кризниот штаб има обезбедено механизација за поефикасно гаснење на пожарот. Пожарот во неготинско избувна во средата околу 10.30 часот.

The post Гаснењето на пожарот на Серта продолжува утре од воздух и од копно appeared first on Република.

]]>
Исклучително тешко е да се воспостави контрола врз пожарот на Серта, воздухоплови не летаат поради огромен чад https://republika.mk/vesti/makedonija/iskluchitelno-teshko-e-da-se-vospostavi-kontrola-vrz-pozharot-na-serta-vozduhoplovi-ne-letaat-poradi-ogromen-chad/ Tue, 16 Jul 2024 17:50:55 +0000 https://republika.mk/?p=797489

Воспоставувањето на контрола врз пожарот на планината Серта е исклучително тешко, гори покрај самиот пат, силите се исцрпени на повеќе места, ефектот од леталата беше добар. Но има многу огнени точки, изјави вечерва директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Овде зад мене може да се види дека целиот дол е комплетно во чад, што го отежнува движењето и летањето на хеликоптерите. Исклучително тежок терен за гаснење на овој масивен пожар што зафаќа огромна територија од планината Серта. Има распоредени сили на земја. Во овој момент нема летала, бидејќи не е безбедно, чадот што го има зад мене, не дозволува на леталата да се спуштат на потребната висина за да гасат - појасни Ангелов.

Од друга страна, нагласи тој, имале проблем кај стрелиштето Криволак.

Таму се слушаат експлозии, истрели од неиспукани гранати, куршуми и други неексплодирани експлозивни средства од гаѓањата што ги работела армијата во минатиот период. Така што, местото на планината Серта кон самиот полигон Криволак, не е безбедно за дејство од воздух, но не е безбедно ниту за дејство од земја. А безбедноста на луѓето што гаснат е на прво место. Ќе се обидеме со формирање на противпожарни пресеки, онаму каде што тоа го дозволува теренот. Со трактори, булдожери да се изора, да не може огнот да префрли преку нив - подвлече Ангелов.

Но и тоа било многу тешко, бидејќи се работи за исклучително стрмен терен. Терен испресечен со долови, карпи.

Значи во овој момент ниту еден воздухоплов не дејствува, бидејќи не се исполнети условите за дејство. Поради огромниот чад и планинскиот пат преку Серта е затворен. Температурата е многу висока, навистина е многу жешко и има многу чад, што го отежнува дишењето, ја отежнува работата на сите што гаснат, соопшти директорот на ЦУК.

Тој информираше дека на терен гаснат припадници на македонската армија, на полицијата, пожарникари, ловци, локално население, припадници на „Национални шуми".

Пожарот во неготинско избувна во средата околу 10.30 часот.

The post Исклучително тешко е да се воспостави контрола врз пожарот на Серта, воздухоплови не летаат поради огромен чад appeared first on Република.

]]>

Воспоставувањето на контрола врз пожарот на планината Серта е исклучително тешко, гори покрај самиот пат, силите се исцрпени на повеќе места, ефектот од леталата беше добар. Но има многу огнени точки, изјави вечерва директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Овде зад мене може да се види дека целиот дол е комплетно во чад, што го отежнува движењето и летањето на хеликоптерите. Исклучително тежок терен за гаснење на овој масивен пожар што зафаќа огромна територија од планината Серта. Има распоредени сили на земја. Во овој момент нема летала, бидејќи не е безбедно, чадот што го има зад мене, не дозволува на леталата да се спуштат на потребната висина за да гасат - појасни Ангелов.
Од друга страна, нагласи тој, имале проблем кај стрелиштето Криволак.
Таму се слушаат експлозии, истрели од неиспукани гранати, куршуми и други неексплодирани експлозивни средства од гаѓањата што ги работела армијата во минатиот период. Така што, местото на планината Серта кон самиот полигон Криволак, не е безбедно за дејство од воздух, но не е безбедно ниту за дејство од земја. А безбедноста на луѓето што гаснат е на прво место. Ќе се обидеме со формирање на противпожарни пресеки, онаму каде што тоа го дозволува теренот. Со трактори, булдожери да се изора, да не може огнот да префрли преку нив - подвлече Ангелов.
Но и тоа било многу тешко, бидејќи се работи за исклучително стрмен терен. Терен испресечен со долови, карпи. Значи во овој момент ниту еден воздухоплов не дејствува, бидејќи не се исполнети условите за дејство. Поради огромниот чад и планинскиот пат преку Серта е затворен. Температурата е многу висока, навистина е многу жешко и има многу чад, што го отежнува дишењето, ја отежнува работата на сите што гаснат, соопшти директорот на ЦУК. Тој информираше дека на терен гаснат припадници на македонската армија, на полицијата, пожарникари, ловци, локално население, припадници на „Национални шуми". Пожарот во неготинско избувна во средата околу 10.30 часот.

The post Исклучително тешко е да се воспостави контрола врз пожарот на Серта, воздухоплови не летаат поради огромен чад appeared first on Република.

]]>
Од рано утрово најмасовно гаснење на пожарот кај Серта од воздух и земја https://republika.mk/vesti/makedonija/od-rano-utrovo-najmasovno-gasnene-na-pozharot-kaj-serta-od-vozduh-i-zemja/ Tue, 16 Jul 2024 05:21:27 +0000 https://republika.mk/?p=797187

Од рано утрово најасовно гаснење на пожарот на Серта од воздух и од земја, информираа доцна вчеравечер од Кризниот штаб од Неготино.

Кризниот штаб на општина Неготино и вечерва во проширен состав одржа состанок на кој беа координирани активностите предвидени за утрешниот ден, а во врска со гаснењето на пожарот на планината Серта. Најавено е дека утре од воздух ќе се дејствува со четири хеликоптери и три авиони за гаснење пожар, додека од земја ќе дејствуваат припадници на АРМ, МВР, ЕБР, пожарникари од повеќе градови, јавните комунални претпријатија, Национални шуми, ловџии и други доброволци, соопштија од Кризниот штаб.

Оттаму нагласија дека Кризниот штаб ја обезбеди и потребната механизација за дејствување од терен, а се планира активностите за гаснење на пожарот да започнат уште во раните утрински часови.

Пожарот на Серта избувна во средата околу 10.30 часот.

The post Од рано утрово најмасовно гаснење на пожарот кај Серта од воздух и земја appeared first on Република.

]]>

Од рано утрово најасовно гаснење на пожарот на Серта од воздух и од земја, информираа доцна вчеравечер од Кризниот штаб од Неготино.
Кризниот штаб на општина Неготино и вечерва во проширен состав одржа состанок на кој беа координирани активностите предвидени за утрешниот ден, а во врска со гаснењето на пожарот на планината Серта. Најавено е дека утре од воздух ќе се дејствува со четири хеликоптери и три авиони за гаснење пожар, додека од земја ќе дејствуваат припадници на АРМ, МВР, ЕБР, пожарникари од повеќе градови, јавните комунални претпријатија, Национални шуми, ловџии и други доброволци, соопштија од Кризниот штаб.
Оттаму нагласија дека Кризниот штаб ја обезбеди и потребната механизација за дејствување од терен, а се планира активностите за гаснење на пожарот да започнат уште во раните утрински часови. Пожарот на Серта избувна во средата околу 10.30 часот.

The post Од рано утрово најмасовно гаснење на пожарот кај Серта од воздух и земја appeared first on Република.

]]>
Пожарот на Серта смирен, гори на неколку мали локации https://republika.mk/zivot/servisi/pozharot-na-serta-smiren-gori-na-nekolku-mali-lokatsii/ Mon, 15 Jul 2024 11:31:49 +0000 https://republika.mk/?p=797036

Утринава е мирно на Серта, гори на неколку мали локации, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

– Извршив посета на планината Серта каде неколку денови има пожар. Од она што можев да го регистрирам, но и од информациите од вклучените во гаснењето на пожарот, утринава е мирно и пламените јазици речиси и да ги нема. Проблемите почнуваат со покачување на температурата и присуството на ветер. На терен и покрај мирната состојба се присутни и активни голем број чинители. Ја следиме состојбата и дополнително ќе информираме, соопшти тој.

Пожарот на Серта избувна во средата околу 10:30 часот и во изминатите денови таму се гаснеше од земја и воздух.

Доцна синоќа, Кризниот штаб на Општина Неготино донесе заклучок да се побара од ДЗС дополнителна противпожарна опрема, од СВР Велес обезбедување дрон за подобра прегледност на теренот и од Македонија пат, механизација.

– Пожарот на планината Серта е се уште активен, битката со огнот продолжува. И покрај натчовечките напори вложени во гаснењето на пожарот на планината Серта од страна на сите учесници и дејствувањето од воздух и од земја, сепак пожарот не е ставен под контрола и се уште е активен, било констатирано на состанокот на Штабот.

Надлежните како причина за тешкотиите при гаснењето ги навеле непристапниот терен, густата вегетација, високите температури и ветерот кој често го менува правецот.

На состанокот на Кризниот штаб на општина Неготино, заклучено било активностите за гаснење пожар од воздух и земја и со расположливите ресурси, да продолжат и денеска.

The post Пожарот на Серта смирен, гори на неколку мали локации appeared first on Република.

]]>

Утринава е мирно на Серта, гори на неколку мали локации, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
– Извршив посета на планината Серта каде неколку денови има пожар. Од она што можев да го регистрирам, но и од информациите од вклучените во гаснењето на пожарот, утринава е мирно и пламените јазици речиси и да ги нема. Проблемите почнуваат со покачување на температурата и присуството на ветер. На терен и покрај мирната состојба се присутни и активни голем број чинители. Ја следиме состојбата и дополнително ќе информираме, соопшти тој.
Пожарот на Серта избувна во средата околу 10:30 часот и во изминатите денови таму се гаснеше од земја и воздух. Доцна синоќа, Кризниот штаб на Општина Неготино донесе заклучок да се побара од ДЗС дополнителна противпожарна опрема, од СВР Велес обезбедување дрон за подобра прегледност на теренот и од Македонија пат, механизација.
– Пожарот на планината Серта е се уште активен, битката со огнот продолжува. И покрај натчовечките напори вложени во гаснењето на пожарот на планината Серта од страна на сите учесници и дејствувањето од воздух и од земја, сепак пожарот не е ставен под контрола и се уште е активен, било констатирано на состанокот на Штабот.
Надлежните како причина за тешкотиите при гаснењето ги навеле непристапниот терен, густата вегетација, високите температури и ветерот кој често го менува правецот. На состанокот на Кризниот штаб на општина Неготино, заклучено било активностите за гаснење пожар од воздух и земја и со расположливите ресурси, да продолжат и денеска.

The post Пожарот на Серта смирен, гори на неколку мали локации appeared first on Република.

]]>
Во штипскиот регион на планината Серта гори ридот „Штракалево“, пожарникарите вечерва ќе дежураат https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-shtipskiot-region-na-planinata-serta-gori-ridot-shtrakalevo-pozharnikarite-vecherva-ke-dezhuraat/ Sun, 14 Jul 2024 20:12:49 +0000 https://republika.mk/?p=796802

Пожарот на планината Серта во штипскиот дел е се уште ативен, вели вечерва за МИА, командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов кој во моментов со екипа на пожарникари се враќа од неготинскиот дел на планината.

Тој вели дека според она што во моментов го гледаат на терен зафатен е големиот рид „Штракалево“. Појаснува дека станува збор за подрачје кое е меѓу штипското село Драгоево и воениот полигон Криволак.

Ридот каде што во моментов е огнената стихија во штипскиот регион е одалечен од селото Драгоево.

Но, како што вели Ренџов вечерва остануваат дежурни на ова подрачје, со цел да не излезе од контрола огнот.

The post Во штипскиот регион на планината Серта гори ридот „Штракалево“, пожарникарите вечерва ќе дежураат appeared first on Република.

]]>

Пожарот на планината Серта во штипскиот дел е се уште ативен, вели вечерва за МИА, командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов кој во моментов со екипа на пожарникари се враќа од неготинскиот дел на планината. Тој вели дека според она што во моментов го гледаат на терен зафатен е големиот рид „Штракалево“. Појаснува дека станува збор за подрачје кое е меѓу штипското село Драгоево и воениот полигон Криволак. Ридот каде што во моментов е огнената стихија во штипскиот регион е одалечен од селото Драгоево. Но, како што вели Ренџов вечерва остануваат дежурни на ова подрачје, со цел да не излезе од контрола огнот.  

The post Во штипскиот регион на планината Серта гори ридот „Штракалево“, пожарникарите вечерва ќе дежураат appeared first on Република.

]]>
Oбезбедени се два авиони, три хеликоптери, шест цистерни, пет големи булдожери, три багери и една утоварна за пожарот во неготинско https://republika.mk/zivot/servisi/obezbedeni-se-dva-avioni-tri-helikopteri-shest-tsisterni-pet-golemi-buldozheri-tri-bageri-i-edna-utovarna-za-pozharot-vo-negotinsko/ Sat, 13 Jul 2024 20:40:58 +0000 https://republika.mk/?p=796528

На координацијата на Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, секретарот на Општина Неготино Марија Нацева, Стојанче Ангелов од ЦУК, како и командирите на ТППЕ Кавадарци и Неготино и ЈП Комуналец од Кавадарци и Неготино, за утре рано наутро покрај луѓе се обезбедени два авиони, три хеликоптери, шест цистерни, пет големи булдожери, три багери и една утоварна, со цел поголема ефикасност во гаснењето на пожарот во неготинско. Информацијата ја соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Четврти ден не може да се локализира и изгасне пожарот кој започна кај Пепелиште, Неготино, и ја зафати планината Серта. Алармантна е состојбата со пожарот кај Неготино, а пламените јазици се доближуваат до патот и се загрозени околу 150 куќи.

The post Oбезбедени се два авиони, три хеликоптери, шест цистерни, пет големи булдожери, три багери и една утоварна за пожарот во неготинско appeared first on Република.

]]>

На координацијата на Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, секретарот на Општина Неготино Марија Нацева, Стојанче Ангелов од ЦУК, како и командирите на ТППЕ Кавадарци и Неготино и ЈП Комуналец од Кавадарци и Неготино, за утре рано наутро покрај луѓе се обезбедени два авиони, три хеликоптери, шест цистерни, пет големи булдожери, три багери и една утоварна, со цел поголема ефикасност во гаснењето на пожарот во неготинско. Информацијата ја соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Четврти ден не може да се локализира и изгасне пожарот кој започна кај Пепелиште, Неготино, и ја зафати планината Серта. Алармантна е состојбата со пожарот кај Неготино, а пламените јазици се доближуваат до патот и се загрозени околу 150 куќи.

The post Oбезбедени се два авиони, три хеликоптери, шест цистерни, пет големи булдожери, три багери и една утоварна за пожарот во неготинско appeared first on Република.

]]>
Пожарот на Серта вечерва го затвори регионалниот пат Неготино-Штип https://republika.mk/zivot/servisi/pozharot-na-serta-vecherva-go-zatvori-regionalniot-pat-negotino-shtip/ Sat, 13 Jul 2024 20:15:59 +0000 https://republika.mk/?p=796523

Поради пожарот на планината Серта вечерва е затворен за сообраќај регионалниот пат Штип-Неготино.

Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека овој патен правец од 21:10 часот е затворен во двата правца кај клучката 21.

Kомандирот на Територијалната противпожарна единица од Штип, Благој Ренџов, изјави дека за само еден ден опожарени се над 100 хектари ниско стеблеста, дабова шума и мал дел на борова шума на планината Серта меѓу штипските села Селце и Драгоево.

Тој посочува дека пожарот оди во правец на воениот полигон Криволак.

– Утринава околу пет часот рано наутро излегоа на терен две екипи на пожарникари, имавме помош од месното население од селата Драгоево и Селце и од Ловното друштво. Имавме помош и од воздух – еден хеликоптер на МВР, но поради високите температури, хеликоптерот беше повлечен околу 13 часот. Теренот е непристапен, само може да се гаси од воздух, изјави Ренџов за МИА.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска полицискиот хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици кој дејствуваше врз пожарот што избувна на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце во 10 налета исфрлил над 15 тони вода.

Командирот на ТППЕ-Штип, Ренџов за МИА вели дека утре во пет часот повторно ќе излезат на терен.

– Поголем дел е локализиран, но пожарот се шири кон Криволак. Двете села Селце и Драгоево се безбедни и нема опасност за нив. Стапивме во контакт со АРМ, утре најверојатно и војската ќе биде ангажирана и се надеваме дека ќе имаме поддршка од воздух, со што ќе успееме да го локализираме пожарот, вели Ренџов.

Секое лето има пожари на овој потег, а пожарникарите и сите институции се ангажираат на терен на овој непристапен планински терен.

The post Пожарот на Серта вечерва го затвори регионалниот пат Неготино-Штип appeared first on Република.

]]>

Поради пожарот на планината Серта вечерва е затворен за сообраќај регионалниот пат Штип-Неготино. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека овој патен правец од 21:10 часот е затворен во двата правца кај клучката 21. Kомандирот на Територијалната противпожарна единица од Штип, Благој Ренџов, изјави дека за само еден ден опожарени се над 100 хектари ниско стеблеста, дабова шума и мал дел на борова шума на планината Серта меѓу штипските села Селце и Драгоево. Тој посочува дека пожарот оди во правец на воениот полигон Криволак.
– Утринава околу пет часот рано наутро излегоа на терен две екипи на пожарникари, имавме помош од месното население од селата Драгоево и Селце и од Ловното друштво. Имавме помош и од воздух – еден хеликоптер на МВР, но поради високите температури, хеликоптерот беше повлечен околу 13 часот. Теренот е непристапен, само може да се гаси од воздух, изјави Ренџов за МИА.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска полицискиот хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици кој дејствуваше врз пожарот што избувна на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце во 10 налета исфрлил над 15 тони вода. Командирот на ТППЕ-Штип, Ренџов за МИА вели дека утре во пет часот повторно ќе излезат на терен.
– Поголем дел е локализиран, но пожарот се шири кон Криволак. Двете села Селце и Драгоево се безбедни и нема опасност за нив. Стапивме во контакт со АРМ, утре најверојатно и војската ќе биде ангажирана и се надеваме дека ќе имаме поддршка од воздух, со што ќе успееме да го локализираме пожарот, вели Ренџов.
Секое лето има пожари на овој потег, а пожарникарите и сите институции се ангажираат на терен на овој непристапен планински терен.

The post Пожарот на Серта вечерва го затвори регионалниот пат Неготино-Штип appeared first on Република.

]]>
Страотен пожар на планината Серта, пламените јазици се доближуваат до патот https://republika.mk/zivot/servisi/straoten-pozhar-na-planinata-serta-plamenite-jazitsi-se-doblizhuvaat-do-patot/ Sat, 13 Jul 2024 18:35:50 +0000 https://republika.mk/?p=796499

Четврти ден не може да се локализира и изгасне пожарот кој започна кај Пепелиште, Неготино, и ја зафати планината Серта. Алармантна е состојбата со пожарот кај Неготино, а пламените јазици се доближуваат до патот и се загрозени околу 150 куќи во Калањево - објави Фокус.

Мештани кои се доброволно ангажирани околу гасењето на пожарот преку „Фокус” апелираат државата да направи се што е во нејзина можност за локализирање на пожарот, и надлежните институции да испратат што е можно поголема механизација.

The post Страотен пожар на планината Серта, пламените јазици се доближуваат до патот appeared first on Република.

]]>

Четврти ден не може да се локализира и изгасне пожарот кој започна кај Пепелиште, Неготино, и ја зафати планината Серта. Алармантна е состојбата со пожарот кај Неготино, а пламените јазици се доближуваат до патот и се загрозени околу 150 куќи во Калањево - објави Фокус. Мештани кои се доброволно ангажирани околу гасењето на пожарот преку „Фокус” апелираат државата да направи се што е во нејзина можност за локализирање на пожарот, и надлежните институции да испратат што е можно поголема механизација.

The post Страотен пожар на планината Серта, пламените јазици се доближуваат до патот appeared first on Република.

]]>
Армискиот хеликоптер почна со гасење на пожарот на планината Серта, на локацијата се вклучени повеќе луѓе https://republika.mk/vesti/crna-hronika/armiskiot-helikopter-pochna-so-gasene-na-pozharot-na-planinata-serta-na-lokatsijata-se-vklucheni-poveke-luge/ Fri, 12 Jul 2024 06:23:37 +0000 https://republika.mk/?p=795978

Армискиот хеликоптер започнува со дејство врз пожарот на планината Серта каде утрово од земја гаснат поголем број луѓе, информираа утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Доцна синоќа од ЦУК соопштија дека благодарение на вчерашната одлука на Владата, со која се надминал повеќемесечниот проблем со пилотите на авионите, околу 10 часот на армискиот хеликоптер ќе му се придружат и два или три Ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот на планината Серта е од средата околу 10.30 часот.

The post Армискиот хеликоптер почна со гасење на пожарот на планината Серта, на локацијата се вклучени повеќе луѓе appeared first on Република.

]]>

Армискиот хеликоптер започнува со дејство врз пожарот на планината Серта каде утрово од земја гаснат поголем број луѓе, информираа утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Доцна синоќа од ЦУК соопштија дека благодарение на вчерашната одлука на Владата, со која се надминал повеќемесечниот проблем со пилотите на авионите, околу 10 часот на армискиот хеликоптер ќе му се придружат и два или три Ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот на планината Серта е од средата околу 10.30 часот.

The post Армискиот хеликоптер почна со гасење на пожарот на планината Серта, на локацијата се вклучени повеќе луѓе appeared first on Република.

]]>
Хеликоптерот на МВР исфрли 48 тони вода врз пожарот на планината Серта https://republika.mk/zivot/servisi/helikopterot-na-mvr-isfrli-48-toni-voda-vrz-pozharot-na-planinata-serta/ Thu, 11 Jul 2024 15:07:01 +0000 https://republika.mk/?p=795886

Од раните утрински часови денеска хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР продолжи да дејствува врз пожарот кој изби вчера во реонот на планината Серта.

-Хеликоптерот во 32 налета исфрли 48 тона вода врз пожарот. Се дејствуваше на краците од пожарот кои преставуваа опасност да се упатат кон селата Брусник, Калањево и Липа, информира МВР.

Оттаму додаваат дека доколку има потреба хеликоптерот ќе продолжи да дејствува.

The post Хеликоптерот на МВР исфрли 48 тони вода врз пожарот на планината Серта appeared first on Република.

Полицискиот хеликоптер исфрли над 22 тони вода, локализиран пожарот на планината Серта https://republika.mk/zivot/servisi/politsiskiot-helikopter-isfrli-nad-22-toni-voda-lokaliziran-pozharot-na-planinata-serta/ Sat, 07 Oct 2023 19:25:05 +0000 https://republika.mk/?p=689031

Денеска, Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар на планината Серта, го упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран.

Хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрли над 22 тони вода

https://www.youtube.com/watch?v=AzH1ir3JS1U&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2F24info.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Полицискиот хеликоптер исфрли над 22 тони вода, локализиран пожарот на планината Серта appeared first on Република.

]]>

Денеска, Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар на планината Серта, го упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран. Хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрли над 22 тони вода https://www.youtube.com/watch?v=AzH1ir3JS1U&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2F24info.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Полицискиот хеликоптер исфрли над 22 тони вода, локализиран пожарот на планината Серта appeared first on Република.

]]>