сергеј самсоненко Archives - Република https://republika.mk/tema/sergej-samsonenko/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Nov 2023 18:30:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сергеј самсоненко Archives - Република https://republika.mk/tema/sergej-samsonenko/ 32 32 САД го ставија Самсоненко на црната листа, а го спомнаа и Заев https://republika.mk/vesti/makedonija/sad-go-stavija-samsonenko-na-tsrnata-lista-a-go-spomnaa-i-zaev/ Thu, 16 Nov 2023 18:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=702310

Американската Влада објави имиња на бизнисмени активни на Балканот кои ги става на нивната црна листа. Оваа мерка следува откако во неколку рунди веќе беа посочени бизнисмени и политичари како Јордан Камчев и Рамиз Мерко.

На новата листа се наоѓа мајката на Камчев - Ратка Куноска Камчева, како и руско-македонскиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина Самсоненко. Посочени се и низа компании на Камчев или заеднички отворени меѓу Камчев и Самсоненко - „Орка Холдинг“, „Камчев Консалтинг Скопје“, „Орка Фајнанс Скопје“, „Систина Лајф Кеар Сентар“ и синџирот кладилници „Бет Сити“. Во образложението се наведува дека Самсоненко и Камчева биле вклучени во корупција во врска со процесот „Плацеви на Водно“ и дека го помагале Јордан Камчев, кој веќе се најде на црната листа.

Во соопштението, подготвено од американскиот Секретаријат за финансии, се наведени и тројца политичари од Република Српска во Босна и Херцеговина, двајца политичари и неколку компании од Србија и можеби најинтересно - двајца бизнисмени од Црна Гора.

Еден од нив е Миодраг Давидовиќ - Дака, бизнисмен познат во Македонија по скандалот ШИК Јелак, a во наредбата за негово ставање на црна листа се спомнува и Зоран Заев. Во скандалот, кој во 2020 година го објави потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, беше обелоденето дека Давидовиќ сакал да гради огромен станбен и деловен комплекс врз поранешната фабрика ШИК Јелак во Тетово. За таа цел, како што се дозна од негов тајно снимен разговор со Зоран Милески - Зоки Кичеец, Давидовиќ се среќавал со шефот на кабинетот на Зоран Заев, Драги Рашковски, при што давал мито за да се забрза процесот на издавање дозвола за изградбата на комплексот.

На снимката, Давидовиќ се жали дека на Заев и Рашковски морал да им дава пари, наводно за референдумот за промена на името, а по се изгледа како мито. И покрај тоа што пукна скандалот, Заев подоцна јавно се фалеше дека помогнал советот на општина Тетово да го одобри проектот и да се овозможи изградбата на комплексот на Дака, која се запре дури по промената на локалната власт во Тетово.

Давидовиќ исто така беше вмешан во скандал кој доведе до апсење на секретарот на македонската Влада, Драги Рашковски, најблизок човек на поранешниот македонски премиер Зоран Заев. Рашковски наводно примил мито од Давидовиќ за да овозможи средба со премиерот Заев, во полза на бизнис интересите на Давидовиќ, пишува во соопштението на американската Влада, во кое Заев е посочен, но не е и лично ставен на црна листа.

За Давидовиќ се додава дека бил вмешан во перење пари за криминални организации, изградил криминален бизнис заснован на шверц на цигари, нафта и оружје во Црна Гора и дека, како што посочуваше и Николоски, е поврзан со руски интереси на кои им помогнал да „ја поткопаат независноста на демократските институции и судството“ на Црна Гора.

The post САД го ставија Самсоненко на црната листа, а го спомнаа и Заев appeared first on Република.

]]>

Американската Влада објави имиња на бизнисмени активни на Балканот кои ги става на нивната црна листа. Оваа мерка следува откако во неколку рунди веќе беа посочени бизнисмени и политичари како Јордан Камчев и Рамиз Мерко. На новата листа се наоѓа мајката на Камчев - Ратка Куноска Камчева, како и руско-македонскиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина Самсоненко. Посочени се и низа компании на Камчев или заеднички отворени меѓу Камчев и Самсоненко - „Орка Холдинг“, „Камчев Консалтинг Скопје“, „Орка Фајнанс Скопје“, „Систина Лајф Кеар Сентар“ и синџирот кладилници „Бет Сити“. Во образложението се наведува дека Самсоненко и Камчева биле вклучени во корупција во врска со процесот „Плацеви на Водно“ и дека го помагале Јордан Камчев, кој веќе се најде на црната листа. Во соопштението, подготвено од американскиот Секретаријат за финансии, се наведени и тројца политичари од Република Српска во Босна и Херцеговина, двајца политичари и неколку компании од Србија и можеби најинтересно - двајца бизнисмени од Црна Гора. Еден од нив е Миодраг Давидовиќ - Дака, бизнисмен познат во Македонија по скандалот ШИК Јелак, a во наредбата за негово ставање на црна листа се спомнува и Зоран Заев. Во скандалот, кој во 2020 година го објави потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, беше обелоденето дека Давидовиќ сакал да гради огромен станбен и деловен комплекс врз поранешната фабрика ШИК Јелак во Тетово. За таа цел, како што се дозна од негов тајно снимен разговор со Зоран Милески - Зоки Кичеец, Давидовиќ се среќавал со шефот на кабинетот на Зоран Заев, Драги Рашковски, при што давал мито за да се забрза процесот на издавање дозвола за изградбата на комплексот. На снимката, Давидовиќ се жали дека на Заев и Рашковски морал да им дава пари, наводно за референдумот за промена на името, а по се изгледа како мито. И покрај тоа што пукна скандалот, Заев подоцна јавно се фалеше дека помогнал советот на општина Тетово да го одобри проектот и да се овозможи изградбата на комплексот на Дака, која се запре дури по промената на локалната власт во Тетово.
Давидовиќ исто така беше вмешан во скандал кој доведе до апсење на секретарот на македонската Влада, Драги Рашковски, најблизок човек на поранешниот македонски премиер Зоран Заев. Рашковски наводно примил мито од Давидовиќ за да овозможи средба со премиерот Заев, во полза на бизнис интересите на Давидовиќ, пишува во соопштението на американската Влада, во кое Заев е посочен, но не е и лично ставен на црна листа.
За Давидовиќ се додава дека бил вмешан во перење пари за криминални организации, изградил криминален бизнис заснован на шверц на цигари, нафта и оружје во Црна Гора и дека, како што посочуваше и Николоски, е поврзан со руски интереси на кои им помогнал да „ја поткопаат независноста на демократските институции и судството“ на Црна Гора.

The post САД го ставија Самсоненко на црната листа, а го спомнаа и Заев appeared first on Република.

]]>
Самсоненко сведочеше за плацот на Водно: Го купив од Камчев за 110 милиони денари, да ми објасни судот зошто не можам да градам https://republika.mk/vesti/crna-hronika/samsonenko-svedocheshe-za-placot-na-vodno-go-kupiv-od-kamchev-za-110-milioni-denari-da-mi-objasni-sudot-zoshto-ne-mozam-da-gradam/ Tue, 22 Mar 2022 10:31:25 +0000 https://republika.mk/?p=476517

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко денеска во Кривичниот суд се појави како сведок на одбраната на Орце Камчев за предметот „Плацевите на Водно”. Самсоненко сведочеше дека плацот на Водно, кој според обвинението е во сопственост на екс-премиерот Никола Груевски, е всушност негов и дека не му е јасно зошто не може да го користи, односно таму да си изгради куќа.

„Лајф кеар центар” е моја фирма, која е купена на име на жената, по моја наредба, значи на мојата фамилија е. Во сопственост нема ништо, освен плац од 10.000 квадрати, отприлика, купен во 2019 година. Барав голем плац за да изградам куќа за мојата фамилија. Не можев да најдам бидејќи барав над 5.000 квадрати. Орце Камчев ми го предложи овој плац како една од варијантите. Јас разгледував и го одбрав. Договорот беше да го исплатам за три години и го исплатив и пред време. Платив 110 милиони денари, рече Самсоненко, кој додаде дека со тие пари безгрижно би живеел 10 до 15 години.

Тој рече не му е јасно зошто има блокада на неговиот плац.

Нема уште пат до плацот, кој треба да го направи општината, што ми смета. Има блокада, а не ми е јасно зошто. Од тоа трпам штета, и го замолувам судот да ми објасни зошто. Кога го купив, проверив, се беше чисто. Сега пак не можам ни да градам, ни да го продадам. Да го разгледате тоа мое барање, побара бизнисменот Самсоненко.

The post Самсоненко сведочеше за плацот на Водно: Го купив од Камчев за 110 милиони денари, да ми објасни судот зошто не можам да градам appeared first on Република.