Сергеј Баздникин Archives - Република https://republika.mk/tema/sergej-bazdnikin/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 08:23:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сергеј Баздникин Archives - Република https://republika.mk/tema/sergej-bazdnikin/ 32 32 Максим Димитриевски се сретна со амбасадорот на Русија, договaраат рускиот да се изучува во кумановските училишта https://republika.mk/vesti/makedonija/maksim-dimitrievski-se-sretna-so-ambasadorot-na-rusija-dogovaraat-ruskiot-da-se-izuchuva-vo-kumanovskite-uchilishta/ Fri, 27 Sep 2024 21:01:16 +0000 https://republika.mk/?p=820438

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и актуелен лидер на ЗНАМ, во својот кабинет се сретнал со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.

Во протоколарна посета на Општина Куманово беше амбасадорот на Руската Федерација Н. Е. Сергеј Александрович Баздникин. На средбата разговаравме на повеќе актуелни теми со акцент на изучување на рускиот јазик во основните и средните училишта во Куманово, објави Димитриевски.

The post Максим Димитриевски се сретна со амбасадорот на Русија, договaраат рускиот да се изучува во кумановските училишта appeared first on Република.

]]>

Рускиот амбасадор во Македонија: Кризата нема да се прелее во Западен Балкан https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskiot-ambasador-vo-makedonija-krizata-nema-da-se-prelee-vo-zapaden-balkan/ Wed, 09 Mar 2022 20:39:13 +0000 https://republika.mk/?p=470297

Рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин вели дека нема опасност од прелевање на руско-украинската криза во регионот на Западен Балкан и дека Македонија не треба да стравува за својата безбедност.

Русија се однесува кон Македонија како што се однесувала отсекогаш: со еднаквост, взаемно почитување и водење сметка за меѓусебните интереси, рече Баздникин вечерва во интервју за Сител.

Амбасадорот рече и дека е невозможно кризата да се прошири во Западен Балкан, бидејќи дејствијата се одвиваат во Украина. Притоа ја обвини меѓународната заедница велејќи дека „напумпувањето на Украина со оружје е директна закана за безбедноста на Европа вклучително и на Западен Балкан”.

Тоа оружје може да падне, како што рече, во раце на терористи и разни криминални групи од регионов и да биде искористено за нивни цели.

Баздникин нагласи дека изготвената листа на „непријателски земји“ на официјален Кремљ е реакција на односот на тие земји кон Русија.

Кон Русија досега се преземени 5.530 рестриктивни мерки кон кои, за жал, се приклучи и македонската влада. Испорака на оружје од ваша страна го оценивме како неоправдан ризик по безбедноста на руските војници. Медицинската опрема е сосема друга приказна, но наша појдовна точка беше владиното соопштение, нагласи рускиот амбасадор во земјава.

Тој истакна дека побарал и средба со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, но, како што рече, до седми март немал никаков контакт.

Имаме воспоставено меѓусебни дипломатски односи и ние сме за зачестени контакти. Во секое време сум подготвен да се сретнам со челниците во земјава и да ја објаснам руската страна за ситуацијата во Украина, порача Баздникин.

The post Рускиот амбасадор во Македонија: Кризата нема да се прелее во Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин вели дека нема опасност од прелевање на руско-украинската криза во регионот на Западен Балкан и дека Македонија не треба да стравува за својата безбедност.
Русија се однесува кон Македонија како што се однесувала отсекогаш: со еднаквост, взаемно почитување и водење сметка за меѓусебните интереси, рече Баздникин вечерва во интервју за Сител.
Амбасадорот рече и дека е невозможно кризата да се прошири во Западен Балкан, бидејќи дејствијата се одвиваат во Украина. Притоа ја обвини меѓународната заедница велејќи дека „напумпувањето на Украина со оружје е директна закана за безбедноста на Европа вклучително и на Западен Балкан”. Тоа оружје може да падне, како што рече, во раце на терористи и разни криминални групи од регионов и да биде искористено за нивни цели. Баздникин нагласи дека изготвената листа на „непријателски земји“ на официјален Кремљ е реакција на односот на тие земји кон Русија.
Кон Русија досега се преземени 5.530 рестриктивни мерки кон кои, за жал, се приклучи и македонската влада. Испорака на оружје од ваша страна го оценивме како неоправдан ризик по безбедноста на руските војници. Медицинската опрема е сосема друга приказна, но наша појдовна точка беше владиното соопштение, нагласи рускиот амбасадор во земјава.
Тој истакна дека побарал и средба со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, но, како што рече, до седми март немал никаков контакт.
Имаме воспоставено меѓусебни дипломатски односи и ние сме за зачестени контакти. Во секое време сум подготвен да се сретнам со челниците во земјава и да ја објаснам руската страна за ситуацијата во Украина, порача Баздникин.

The post Рускиот амбасадор во Македонија: Кризата нема да се прелее во Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Мицкоски се сретна со рускиот амбасадор Баздникин, разговарале за актуелните состојби https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-se-sretna-so-ruskiot-ambasador-bazdnikin-razgovarale-za-aktuelnite-sostojbi/ Thu, 03 Feb 2022 16:22:37 +0000 https://republika.mk/?p=453726

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна со амбасадорот на Руската федерација во Македонија н.е Сергеј Баздникин. Како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговарало за актуелната општествено политичка и економска состојба, како и за меѓународните предизвици со кои се соочува регионот и светот.

Мицкоски посочил дека Македонија бележи политички и економски застој во поглед на нашите стратешки цели членство во Европската унија, при што сериозна препрека освен спорот со Бугарија преставува и отсуството на реформи на Владата.

Состојбата со корупцијата и селективната правда кои се широко распространети ја вбројува државата меѓу најкорумпираните во Европа и на дното на скалата на Транспаренси која го мери индексот на корупција, истакнал Мицкоски.

Воедно посочил дека можеби најголемиот предизвик во овој момент е заштитата на економскиот стандард на граѓаните, спречување на инфлацијата и растечката сиромаштија.

Секој ден народот се буди со нови цени, и се пониски плати, додека владата нема слух за тоа што се реалните потреби на народот, посочил Мицкоски и додал дека сериозен предизвик е и скапата струја и енергенси.

На средбата станало збор и за меѓународните предизвици во регионален и поширок контекст, при што Мицкоски посочил дека е за почитување на територијалниот интегритет на сите независни држави и дипломатско надминување на сите различни ставови во поглед на актуелните прашања.

The post Мицкоски се сретна со рускиот амбасадор Баздникин, разговарале за актуелните состојби appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна со амбасадорот на Руската федерација во Македонија н.е Сергеј Баздникин. Како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговарало за актуелната општествено политичка и економска состојба, како и за меѓународните предизвици со кои се соочува регионот и светот. Мицкоски посочил дека Македонија бележи политички и економски застој во поглед на нашите стратешки цели членство во Европската унија, при што сериозна препрека освен спорот со Бугарија преставува и отсуството на реформи на Владата.