Серџо Матарела Archives - Република https://republika.mk/tema/serdzo-matarela/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Sep 2022 12:48:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Серџо Матарела Archives - Република https://republika.mk/tema/serdzo-matarela/ 32 32 Џафери-Матарела: Италија дава поддршка на нашите напори во процесот на евроинтеграцијата https://republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-matarela-italija-dava-poddrshka-na-nashite-napori-vo-procesot-na-evrointegracijata/ Fri, 09 Sep 2022 12:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=549101

Претседателот на собранието Талат Џафери, на тет-а-тет средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела, истакнал дека безрезервната поддршка на традиционално партнерските држави, меѓу кои е и Италија, за нас претставува недвосмислена потврда на сите наши напори да ја оствариме стратешката цел и желба на нашите граѓани, да бидеме дел од европското семејство на народи.

На средбата претседателот Џафери искажа задоволство што во пресрет на годината кога Македонија и Италија одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, возвратните посети на највисоко ниво се интензивираат. Тој го запозна претседателот Матарела со тековните процеси во Собранието, работата на Пратеничката група за соработка на Собранието и Италијанскиот парламент, како и со политичката состојба во државата. Претседателот Џафери се осврна и на нашата дијаспора во Италија која брои над 100.000 жители и се заблагодари за односот којшто Италија го има во однос на нашите граѓани - соопштиja од Кабинетот на Џафери.

На средбата на Џафери со италијанскиот претседател, кој е во официјална посета на земјава, соговорниците се осврнале и на актуелната геополитичка и безбедносна состојба во Европа.

Со фокус на руската агресија врз Украина и придонесот којшто двете држави, како сојузници во НАТО го имаат за враќање и одржување на европскиот и светскиот мир и разменија мислења за предизвиците со коишто ќе се соочи Европа во сферите на енергетика и безбедност на храна - се наведува во соопштението.

Во рамки на официјалната посета, претседателот на Италија Серџо Матарела се обрати и пред пратениците во Собранието.

The post Џафери-Матарела: Италија дава поддршка на нашите напори во процесот на евроинтеграцијата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на собранието Талат Џафери, на тет-а-тет средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела, истакнал дека безрезервната поддршка на традиционално партнерските држави, меѓу кои е и Италија, за нас претставува недвосмислена потврда на сите наши напори да ја оствариме стратешката цел и желба на нашите граѓани, да бидеме дел од европското семејство на народи.
На средбата претседателот Џафери искажа задоволство што во пресрет на годината кога Македонија и Италија одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, возвратните посети на највисоко ниво се интензивираат. Тој го запозна претседателот Матарела со тековните процеси во Собранието, работата на Пратеничката група за соработка на Собранието и Италијанскиот парламент, како и со политичката состојба во државата. Претседателот Џафери се осврна и на нашата дијаспора во Италија која брои над 100.000 жители и се заблагодари за односот којшто Италија го има во однос на нашите граѓани - соопштиja од Кабинетот на Џафери.
На средбата на Џафери со италијанскиот претседател, кој е во официјална посета на земјава, соговорниците се осврнале и на актуелната геополитичка и безбедносна состојба во Европа.
Со фокус на руската агресија врз Украина и придонесот којшто двете држави, како сојузници во НАТО го имаат за враќање и одржување на европскиот и светскиот мир и разменија мислења за предизвиците со коишто ќе се соочи Европа во сферите на енергетика и безбедност на храна - се наведува во соопштението.
Во рамки на официјалната посета, претседателот на Италија Серџо Матарела се обрати и пред пратениците во Собранието.

The post Џафери-Матарела: Италија дава поддршка на нашите напори во процесот на евроинтеграцијата appeared first on Република.

]]>
Претседателот Пендаровски домаќин на италијанскиот претседател Серџо Матарела https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-pendarovski-domakjin-na-italijanskiot-pretsedatel-serdzo-matarela/ Fri, 09 Sep 2022 06:42:06 +0000 https://republika.mk/?p=548898

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела, кој ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Претседателот Матарела ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Матарела и пленарен состанок на делегациите на Македонија и Италија.

Претседателите Пендаровски и Матарела досега имаа средби во Рим во ноември 2019 година и во мај 2021 година.

Како што соопшти Амбасадата на Италија, по средбата со Пендаровски, Матарела ќе се упати во Собранието, каде што ќе се сретне со претседателот на Парламентот, Талат Џафери. Во рамки на свечената седница, ќе се обрати до пратениците и граѓанските и верските претставници во земјата.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателот Матарела и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Во попладневните часови и премиерот Димитар Ковачевски ќе го пречека претседателот Матарела и неговата делегација. По средба со претставници на италијанската заедница во земјава, шефот на државата во вечерните часови ќе го напушти главниот град.

Матарела синоќа допатува во официјална посета на земјава, а на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Серџо Матарела беше избран за претседател на Италијанската Република во јануари 2015 година, а на таа функцијата беше реизбран и во февруари 2022 година, со над 75 отсто од гласовите на Собранието, со што е втор претседател избран со најголем број гласови во историјата на Италијанската Република. Посетата на Матарела на највисоко ниво го потврдува интензитетот на односите меѓу Италија и Македонија, на политичко поле (Италија отсекогаш ги поддржувала евроатлантските амбиции на Македонија и го поддржува нејзиниот развојен и институционален пат со широк сет на иницијативи за соработка), општествено (Италија е домаќин на значителна македонска дијаспора) и економско-трговско поле (Италија е осми трговски партнер, со силен нагорен тренд). Во земјава расте и интересот за италијанската култура и јазик, посочуваат од Италијанската амбасада во Скопје. дма/нд/

Фото: МИА архива

The post Претседателот Пендаровски домаќин на италијанскиот претседател Серџо Матарела appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела, кој ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Претседателот Матарела ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Матарела и пленарен состанок на делегациите на Македонија и Италија. Претседателите Пендаровски и Матарела досега имаа средби во Рим во ноември 2019 година и во мај 2021 година. Како што соопшти Амбасадата на Италија, по средбата со Пендаровски, Матарела ќе се упати во Собранието, каде што ќе се сретне со претседателот на Парламентот, Талат Џафери. Во рамки на свечената седница, ќе се обрати до пратениците и граѓанските и верските претставници во земјата. Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателот Матарела и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев. Во попладневните часови и премиерот Димитар Ковачевски ќе го пречека претседателот Матарела и неговата делегација. По средба со претставници на италијанската заедница во земјава, шефот на државата во вечерните часови ќе го напушти главниот град. Матарела синоќа допатува во официјална посета на земјава, а на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Серџо Матарела беше избран за претседател на Италијанската Република во јануари 2015 година, а на таа функцијата беше реизбран и во февруари 2022 година, со над 75 отсто од гласовите на Собранието, со што е втор претседател избран со најголем број гласови во историјата на Италијанската Република. Посетата на Матарела на највисоко ниво го потврдува интензитетот на односите меѓу Италија и Македонија, на политичко поле (Италија отсекогаш ги поддржувала евроатлантските амбиции на Македонија и го поддржува нејзиниот развојен и институционален пат со широк сет на иницијативи за соработка), општествено (Италија е домаќин на значителна македонска дијаспора) и економско-трговско поле (Италија е осми трговски партнер, со силен нагорен тренд). Во земјава расте и интересот за италијанската култура и јазик, посочуваат од Италијанската амбасада во Скопје. дма/нд/ Фото: МИА архива

The post Претседателот Пендаровски домаќин на италијанскиот претседател Серџо Матарела appeared first on Република.

]]>
Италијанскиот претседател Серџо Матарела во официјална посета на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/italijanskiot-pretsedatel-serdzo-matarela-vo-oficijalna-poseta-na-makedonija/ Thu, 08 Sep 2022 07:02:39 +0000 https://republika.mk/?p=548532

Претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела вечер ќе пристигне во официјална посета на Република Македонија.

Во Скопје, како што соопшти Амбасадата на Италија, претседателот Матарела утре ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски. По тет-а-тет средбата, заедно со нивните делегации, двајцата претседатели ќе одржат работна средба, а по нејзиното завршување предвидена е прес конференција.

По средбата со Пендаровски, Матарела ќе се упати во Собранието, каде што ќе се сретне со претседателот на Парламентот, Талат Џафери. Во рамки на свечената седница, Матарела ќе има обраќање пред пратениците. Потоа, заедно со претседателот Пендаровски ќе се поклони на споменикот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

Претседателот Матарела утре во попладневните часови ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а ќе има средба и со претставници на италијанската заедница во земјава.

The post Италијанскиот претседател Серџо Матарела во официјална посета на Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела вечер ќе пристигне во официјална посета на Република Македонија. Во Скопје, како што соопшти Амбасадата на Италија, претседателот Матарела утре ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски. По тет-а-тет средбата, заедно со нивните делегации, двајцата претседатели ќе одржат работна средба, а по нејзиното завршување предвидена е прес конференција. По средбата со Пендаровски, Матарела ќе се упати во Собранието, каде што ќе се сретне со претседателот на Парламентот, Талат Џафери. Во рамки на свечената седница, Матарела ќе има обраќање пред пратениците. Потоа, заедно со претседателот Пендаровски ќе се поклони на споменикот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“. Претседателот Матарела утре во попладневните часови ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а ќе има средба и со претставници на италијанската заедница во земјава.

The post Италијанскиот претседател Серџо Матарела во официјална посета на Македонија appeared first on Република.

]]>
Италијанскиот претседател прв светски државник што ќе го посети новиот албански шеф на државата https://republika.mk/vesti/balkan/italijanskiot-pretsedatel-prv-svetski-drzavnik-shto-kje-go-poseti-noviot-albanski-shef-na-drzavata/ Thu, 01 Sep 2022 08:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=546307

На покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај, следната недела во дводневна официјална посета на Албанија ќе престојува претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Веста ја соопштија од кабинетот на Бегај, од каде наведуваат дека Матарела во Албанија ќе престојува на 7 и 8 септември.

За време на посетата претседателот Матарела ќе оствари средби и со високи претставници на албанската држава.

Матарела е прв шеф на држава кој доаѓа во посета на Албанија по преземањето на функцијата претседател од страна на Бегај, на 24 минатиот месец. Тој пак Косово го избра за прва дестинацијата како шеф на албанската држава.

The post Италијанскиот претседател прв светски државник што ќе го посети новиот албански шеф на државата appeared first on Република.

]]>

На покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај, следната недела во дводневна официјална посета на Албанија ќе престојува претседателот на Италија, Серџо Матарела. Веста ја соопштија од кабинетот на Бегај, од каде наведуваат дека Матарела во Албанија ќе престојува на 7 и 8 септември. За време на посетата претседателот Матарела ќе оствари средби и со високи претставници на албанската држава. Матарела е прв шеф на држава кој доаѓа во посета на Албанија по преземањето на функцијата претседател од страна на Бегај, на 24 минатиот месец. Тој пак Косово го избра за прва дестинацијата како шеф на албанската држава.

The post Италијанскиот претседател прв светски државник што ќе го посети новиот албански шеф на државата appeared first on Република.

]]>
Во осмиот обид 80-годишниот Матарела повторно избран за претседтаел на Италија https://republika.mk/vesti/svet/vo-osmiot-obid-80-godishniot-matarela-povtorno-izbran-za-pretsedtael-na-italija/ Sun, 30 Jan 2022 07:13:43 +0000 https://republika.mk/?p=451392

Италијанскиот претседател Серџо Матарела синоќа беше избран за неговиот втор претседателски мандат. Во осмиот круг на гласање, меѓу повеќе од 1.000 пратеници и регионални делегати во Претставничкиот дом, Матарела освои 505 гласови потребни за избор.

Гласањето следеше откако партиските лидери побараа од Матарела да остане на таа функција, бидејќи по неколкудневно неуспешно гласање во парламентот, Италија не можеше да добие нов претседател. Лидерите на партиите му се заблагодарија на 80-годишниот Матарела што се согласи да остане на функцијата по седум круга гласање.

Серџо Матарела претходно ја отфрли можноста да остане на функцијата, но бидејќи беше загрозена политичката стабилност на земјата, тој се предомисли по апелот на парламентарните лидери.

The post Во осмиот обид 80-годишниот Матарела повторно избран за претседтаел на Италија appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот претседател Серџо Матарела синоќа беше избран за неговиот втор претседателски мандат. Во осмиот круг на гласање, меѓу повеќе од 1.000 пратеници и регионални делегати во Претставничкиот дом, Матарела освои 505 гласови потребни за избор. Гласањето следеше откако партиските лидери побараа од Матарела да остане на таа функција, бидејќи по неколкудневно неуспешно гласање во парламентот, Италија не можеше да добие нов претседател. Лидерите на партиите му се заблагодарија на 80-годишниот Матарела што се согласи да остане на функцијата по седум круга гласање. Серџо Матарела претходно ја отфрли можноста да остане на функцијата, но бидејќи беше загрозена политичката стабилност на земјата, тој се предомисли по апелот на парламентарните лидери.

The post Во осмиот обид 80-годишниот Матарела повторно избран за претседтаел на Италија appeared first on Република.

]]>