сер Стјуарт Пич Archives - Република https://republika.mk/tema/ser-stjuart-pich/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Jun 2022 12:26:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сер Стјуарт Пич Archives - Република https://republika.mk/tema/ser-stjuart-pich/ 32 32 Ковачевски – Пич: Стабилноста и за останатите отворени прашања во регионот е поврзана со интеграцијата на Македонија во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-pich-stabilnosta-i-za-ostanatite-otvoreni-prashanja-vo-regionot-e-povrzana-so-integracijata-na-severna-makedonija-vo-eu/ Fri, 03 Jun 2022 12:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=510654

Како дел од својата дополнителна агенда за време на конференцијата за безбедност ГлобСек 2022 во Братислава, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски се сретна со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Обединетото Кралство Стјуарт Пич.

Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека честите контакти со специјалниот пратеник Пич се резултат на засилениот ангажман на Обединетото Кралство на Западен Балкан и за промовирање на прашањата за регионалната безбедност и поддршка на демократските општества за стабилен и просперитетен регион.

За време на разговорот беше потенцирано дека целосно интегриран Западен Балкан не е само политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ, туку и геостратешка инвестиција во стабилен и просперитетен регион и дека во таа насока отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Македонија е клучно за поттикнување позитивен напредок и за останатите отворени прашања како што се дијалогот Белград - Приштина и ситуацијата во Босна и Херцеговина.

Истовремено, рече на средбата премиерот Ковачевски, средбите со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Обединетото Кралство Стјуарт Пич се поттик и за унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Обединетото Кралство.

Ковачевски, во негово име и во име на Владата и народот, изрази задоволство што Македонија беше првата земја од Европа што го одржа првиот состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка со Обединетото Кралство, со цел да се обезбеди непречен и континуиран развој на блиската соработка меѓу двете земји, особено во деловната соработка.

The post Ковачевски – Пич: Стабилноста и за останатите отворени прашања во регионот е поврзана со интеграцијата на Македонија во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Како дел од својата дополнителна агенда за време на конференцијата за безбедност ГлобСек 2022 во Братислава, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски се сретна со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Обединетото Кралство Стјуарт Пич. Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека честите контакти со специјалниот пратеник Пич се резултат на засилениот ангажман на Обединетото Кралство на Западен Балкан и за промовирање на прашањата за регионалната безбедност и поддршка на демократските општества за стабилен и просперитетен регион. За време на разговорот беше потенцирано дека целосно интегриран Западен Балкан не е само политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ, туку и геостратешка инвестиција во стабилен и просперитетен регион и дека во таа насока отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Македонија е клучно за поттикнување позитивен напредок и за останатите отворени прашања како што се дијалогот Белград - Приштина и ситуацијата во Босна и Херцеговина. Истовремено, рече на средбата премиерот Ковачевски, средбите со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Обединетото Кралство Стјуарт Пич се поттик и за унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Обединетото Кралство. Ковачевски, во негово име и во име на Владата и народот, изрази задоволство што Македонија беше првата земја од Европа што го одржа првиот состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка со Обединетото Кралство, со цел да се обезбеди непречен и континуиран развој на блиската соработка меѓу двете земји, особено во деловната соработка.

The post Ковачевски – Пич: Стабилноста и за останатите отворени прашања во регионот е поврзана со интеграцијата на Македонија во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Радев барал од Пич права за македонските Бугари https://republika.mk/vesti/makedonija/radev-baral-od-pich-prava-za-makedonskite-bugari/ Wed, 02 Feb 2022 18:01:34 +0000 https://republika.mk/?p=453163

Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска имаше телефонски разговор со специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, соопштија од прес-секретаријатот на шефот на државата.

Во фокусот на разговорите беа европската перспектива на Република Македонија и земјите од Западен Балкан и клучното значење на евроинтегративниот процес за безбедноста и стабилноста на регионот.

Шефот на бугарската држава ја изрази надежта за брзо решение на прашањето за гарантирање на правата на македонските Бугари, со нивно внесување во Уставот на Република Македонија, за откажување на јазикот на омраза кон Бугарија.

-Постигнувањето реални резултати во билатералниот дијалог со Бугарија значително ќе го забрза евроинтегративниот процес на РСМ, нагласи претседателот.

Безбедносното опкружување во Источна Европа, во контекст на ескалацијата на тензиите во Украина, исто така беше меѓу темите на разговорот меѓу претседателот Румен Радев и Стјуарт Пич, соопшти прес-секретаријатот на претседателот на Бугарија.

The post Радев барал од Пич права за македонските Бугари appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска имаше телефонски разговор со специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, соопштија од прес-секретаријатот на шефот на државата.
Во фокусот на разговорите беа европската перспектива на Република Македонија и земјите од Западен Балкан и клучното значење на евроинтегративниот процес за безбедноста и стабилноста на регионот. Шефот на бугарската држава ја изрази надежта за брзо решение на прашањето за гарантирање на правата на македонските Бугари, со нивно внесување во Уставот на Република Македонија, за откажување на јазикот на омраза кон Бугарија.
-Постигнувањето реални резултати во билатералниот дијалог со Бугарија значително ќе го забрза евроинтегративниот процес на РСМ, нагласи претседателот.
Безбедносното опкружување во Источна Европа, во контекст на ескалацијата на тензиите во Украина, исто така беше меѓу темите на разговорот меѓу претседателот Румен Радев и Стјуарт Пич, соопшти прес-секретаријатот на претседателот на Бугарија.

The post Радев барал од Пич права за македонските Бугари appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Пич: Силна поддршка од Лондон за развојот на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-pich-silna-poddrshka-od-london-za-razvojot-na-makedonija/ Mon, 31 Jan 2022 13:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=452031

Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

На средбата премиерот Ковачевски и специјалниот пратеник на премиерот Борис Џонсон, Стјуарт Пич, разговараа за натамошниот развој на силните и цврстите билатерални односи помеѓу Обединетото Кралство и Македонија.

Специјалниот пратеник на Обединетото Кралство, инаку поранешен шеф на Генералштабот на Армијата на Обединетото Кралство и командант на Воениот комитет на НАТО, ја пренесе силната посветеност на Лондон за евроатлантската интеграција на Западен Балкан, како и на поддршката на неговата земја за промовирање силни, стабилни демократски институции и отворени општества.

Премиерот Ковачевски на средбата го истакна како особено значаен придонесот на Обединетото Кралство во поддршката на Македонија и на Западен Балкан во унапредувањето на условите за безбедност, стабилност и просперитет во земјата и во регионот.

The post Ковачевски – Пич: Силна поддршка од Лондон за развојот на Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. На средбата премиерот Ковачевски и специјалниот пратеник на премиерот Борис Џонсон, Стјуарт Пич, разговараа за натамошниот развој на силните и цврстите билатерални односи помеѓу Обединетото Кралство и Македонија. Специјалниот пратеник на Обединетото Кралство, инаку поранешен шеф на Генералштабот на Армијата на Обединетото Кралство и командант на Воениот комитет на НАТО, ја пренесе силната посветеност на Лондон за евроатлантската интеграција на Западен Балкан, како и на поддршката на неговата земја за промовирање силни, стабилни демократски институции и отворени општества. Премиерот Ковачевски на средбата го истакна како особено значаен придонесот на Обединетото Кралство во поддршката на Македонија и на Западен Балкан во унапредувањето на условите за безбедност, стабилност и просперитет во земјата и во регионот.

The post Ковачевски – Пич: Силна поддршка од Лондон за развојот на Македонија appeared first on Република.

]]>