сенка Archives - Република https://republika.mk/tema/senka/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Apr 2024 11:13:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сенка Archives - Република https://republika.mk/tema/senka/ 32 32 За место под сенка во рестораните во Шпанија ќе се плаќа повеќе https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/za-mesto-pod-senka-vo-restoranite-vo-shpanija-ke-se-plaka-poveke/ Tue, 02 Apr 2024 11:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=761232

Властите во шпанскиот автономен регион Андалузија донесоа одлука дека рестораните имаат законско право да наплаќаат дополнително за маси на сонце или под сенка под услов клиентите да бидат соодветно информирани за повисоките цени пред да нарачаат.

Известувањата за повисоки цени може да се даваат преку менито, ценовникот или да се соопштат на некој друг начин, пишува The Olive Press.

Воедно, се појаснува дека нема да има посебна такса за маса со одреден поглед или локација на менито, туку на рестораните ќе им биде дозволено да наплатуваат дополнителен надомест за секое јадење што се служи во одредени делови од објектот доколку тоа е јасно наведено во ценовникот, пренесува „Танјуг“.

Портпаролот на Здружението на потрошувачите, Рубен Санчез, изјави дека рестораните не може да наплаќаат 10 евра повеќе за маса на тераса.

„Сепак, на рестораните и баровите им е дозволено да наплаќаат повеќе за секое јадење што се служи на терасата сè додека тоа е јасно наведено во ценовникот“, рече Санчез додавајќи дека рестораните не може да наплаќаат такса за резервација на маса, а ако наплаќаат, износот мора да се отстрани од конечната сметка.

Санчез исто така рече дека од гостите не треба да се бара да купуваат пакувана вода бидејќи вода од чешма мора да има на располагање.

За бакшишот, Санчез изјави дека одлуката дали да се остави бакшиш е на гостинот, што значи дека задолжителната дополнителна такса за услугата е незаконска.

Претходно, властите на градот Севилја, главниот град на Андалузија, најавија планови за ограничување на влезот на туристи на централниот градски плоштад Плаза де Еспања.

Жителите на градот и покраината, како и досега, ќе може да влезат таму без ограничувања, но туристите ќе може да влезат на главниот градски плоштад само со плаќање.

 

The post За место под сенка во рестораните во Шпанија ќе се плаќа повеќе appeared first on Република.

]]>

Властите во шпанскиот автономен регион Андалузија донесоа одлука дека рестораните имаат законско право да наплаќаат дополнително за маси на сонце или под сенка под услов клиентите да бидат соодветно информирани за повисоките цени пред да нарачаат. Известувањата за повисоки цени може да се даваат преку менито, ценовникот или да се соопштат на некој друг начин, пишува The Olive Press. Воедно, се појаснува дека нема да има посебна такса за маса со одреден поглед или локација на менито, туку на рестораните ќе им биде дозволено да наплатуваат дополнителен надомест за секое јадење што се служи во одредени делови од објектот доколку тоа е јасно наведено во ценовникот, пренесува „Танјуг“. Портпаролот на Здружението на потрошувачите, Рубен Санчез, изјави дека рестораните не може да наплаќаат 10 евра повеќе за маса на тераса.
„Сепак, на рестораните и баровите им е дозволено да наплаќаат повеќе за секое јадење што се служи на терасата сè додека тоа е јасно наведено во ценовникот“, рече Санчез додавајќи дека рестораните не може да наплаќаат такса за резервација на маса, а ако наплаќаат, износот мора да се отстрани од конечната сметка.
Санчез исто така рече дека од гостите не треба да се бара да купуваат пакувана вода бидејќи вода од чешма мора да има на располагање. За бакшишот, Санчез изјави дека одлуката дали да се остави бакшиш е на гостинот, што значи дека задолжителната дополнителна такса за услугата е незаконска. Претходно, властите на градот Севилја, главниот град на Андалузија, најавија планови за ограничување на влезот на туристи на централниот градски плоштад Плаза де Еспања. Жителите на градот и покраината, како и досега, ќе може да влезат таму без ограничувања, но туристите ќе може да влезат на главниот градски плоштад само со плаќање.  

The post За место под сенка во рестораните во Шпанија ќе се плаќа повеќе appeared first on Република.

]]>
Мечката Урош не ја виде својата сенка: Еве што значи тоа и кога ни доаѓа пролетта https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mechkata-urosh-ne-ja-vide-svojata-senka-eve-shto-znachi-toa-i-koga-ni-doaga-proletta/ Fri, 16 Feb 2024 07:59:24 +0000 https://republika.mk/?p=744651

Мечката Урош од Белградската зоолошка градина, вчера, кога излегол од пештерата, не ја здогледал својата сенка, со што, според народното верување, го најавил скорешното доаѓање на пролетта.

На Сретение, според традицијата, се сретнуваат зимата и пролетта и како што с еверува, ако тој ден мечката ја здогледа својата сенка, се уплашува и се враќа во својата пештера, каде повторно заспива и зимата трае уште шест недели.

Ако не видат сенка, излегуваат да бараат храна, зимата завршува. Со оглед на тоа дека зимата досега беше невообичаено блага, без снег и мраз, прашање е дали мечките се уште се во дувлото.

The post Мечката Урош не ја виде својата сенка: Еве што значи тоа и кога ни доаѓа пролетта appeared first on Република.

]]>

Мечката Урош од Белградската зоолошка градина, вчера, кога излегол од пештерата, не ја здогледал својата сенка, со што, според народното верување, го најавил скорешното доаѓање на пролетта. На Сретение, според традицијата, се сретнуваат зимата и пролетта и како што с еверува, ако тој ден мечката ја здогледа својата сенка, се уплашува и се враќа во својата пештера, каде повторно заспива и зимата трае уште шест недели. Ако не видат сенка, излегуваат да бараат храна, зимата завршува. Со оглед на тоа дека зимата досега беше невообичаено блага, без снег и мраз, прашање е дали мечките се уште се во дувлото.

The post Мечката Урош не ја виде својата сенка: Еве што значи тоа и кога ни доаѓа пролетта appeared first on Република.

]]>