селекција Archives - Република https://republika.mk/tema/selekcija/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 09:24:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png селекција Archives - Република https://republika.mk/tema/selekcija/ 32 32 Филмот „Тага“ на Тина Величковиќ во селекција за најдобар студентски краток филм на Silver Frame Film Fest во Сребреница од 15- 17 јули https://republika.mk/scena/film/filmot-taga-na-tina-velichkovik-vo-selektsija-za-najdobar-studentski-kratok-film-na-silver-frame-film-fest-vo-srebrenitsa-od-15-17-juli/ Mon, 15 Jul 2024 09:24:17 +0000 https://republika.mk/?p=796931

Филмот „Тага“ на Тина Величковиќ е во селекција за најдобар студентски краток филм на Silver Frame Film Fest во Сребреница кој се одржува на 15,16 и17 јули.

„Тага“ е студенстки филм во режија на Тина Величковиќ, на кој директор на фотографија е Димитар Атанасовски а дел од екипата се Горјан Атанасов, Марко Рикалоски, Стефан Ѓорѓиев, Филип Трајковиќ, Ивица Димитријевиќ, Стефан Николовски, Филип Христовски, Александар Микиќ и Ања Митиќ.

Филмот, заедно со уште пет други кратки филма е номиниран во категоријата Регионалната натпреварувачка програма за студентски краток филм.

Средовечен маж, заглавен на работа за време на финансиски проблеми, не може да најде со кого да разговара. Постојано е опкружен со случајни луѓе, но никој не е подготвен да го слуша. Поради тоа се фрустрира, а кулминацијата на неговата фрустрација ја уништува единствената шанса што ја добива да разговара со некого.

Филмскиот фестивал Silver Frame со гордост ја најави својата соработка со неколку престижни регионални филмски школи. Како дел од натпреварувачката програма, во оваа програма ќе бидат прикажани шест кратки филмови од нови автори. Овие филмови ја претставуваат најсовремената работа на талентирани студенти од: Академија за изведувачки уметности (АСУ), Сараево, Босна и Херцеговина, Факултет за драмски уметности, Белград, Србија, Факултет за драмски уметности, Цетиње, Црна Гора, Академија за драмска уметност, Универзитет во Загреб, Хрватска, ФДУ – Факултет за драмски уметности, Скопје, Македонија и Академија за театар, радио, филм и телевизија (AGRFT), Универзитет во Љубљана, Словенија.

Овие соработки ја истакнуваат нашата посветеност за поддршка и негување на нови гласови во киното. Натпреварот ќе прикаже разновиден опсег на перспективи и стилови, нудејќи им на публиката поглед во иднината на филмот низ очите на неговите најперспективни млади режисери, велат од Silver Frame.

Овој дел фестивалот е куриран од Адо Хасановиќ.

The post Филмот „Тага“ на Тина Величковиќ во селекција за најдобар студентски краток филм на Silver Frame Film Fest во Сребреница од 15- 17 јули appeared first on Република.

]]>

Филмот „Тага“ на Тина Величковиќ е во селекција за најдобар студентски краток филм на Silver Frame Film Fest во Сребреница кој се одржува на 15,16 и17 јули. „Тага“ е студенстки филм во режија на Тина Величковиќ, на кој директор на фотографија е Димитар Атанасовски а дел од екипата се Горјан Атанасов, Марко Рикалоски, Стефан Ѓорѓиев, Филип Трајковиќ, Ивица Димитријевиќ, Стефан Николовски, Филип Христовски, Александар Микиќ и Ања Митиќ.
Филмот, заедно со уште пет други кратки филма е номиниран во категоријата Регионалната натпреварувачка програма за студентски краток филм. Средовечен маж, заглавен на работа за време на финансиски проблеми, не може да најде со кого да разговара. Постојано е опкружен со случајни луѓе, но никој не е подготвен да го слуша. Поради тоа се фрустрира, а кулминацијата на неговата фрустрација ја уништува единствената шанса што ја добива да разговара со некого. Филмскиот фестивал Silver Frame со гордост ја најави својата соработка со неколку престижни регионални филмски школи. Како дел од натпреварувачката програма, во оваа програма ќе бидат прикажани шест кратки филмови од нови автори. Овие филмови ја претставуваат најсовремената работа на талентирани студенти од: Академија за изведувачки уметности (АСУ), Сараево, Босна и Херцеговина, Факултет за драмски уметности, Белград, Србија, Факултет за драмски уметности, Цетиње, Црна Гора, Академија за драмска уметност, Универзитет во Загреб, Хрватска, ФДУ – Факултет за драмски уметности, Скопје, Македонија и Академија за театар, радио, филм и телевизија (AGRFT), Универзитет во Љубљана, Словенија.
Овие соработки ја истакнуваат нашата посветеност за поддршка и негување на нови гласови во киното. Натпреварот ќе прикаже разновиден опсег на перспективи и стилови, нудејќи им на публиката поглед во иднината на филмот низ очите на неговите најперспективни млади режисери, велат од Silver Frame.
Овој дел фестивалот е куриран од Адо Хасановиќ.

The post Филмот „Тага“ на Тина Величковиќ во селекција за најдобар студентски краток филм на Silver Frame Film Fest во Сребреница од 15- 17 јули appeared first on Република.

]]>
„Пролетно чистење“ на режисерката Марија Апчевска – Петровска еден од 10-те проекти одбрани на 16-та едиција на престижната програма La Fabrique Cinéma https://republika.mk/scena/film/proletno-chistene-na-rezhiserkata-marija-apchevska-petrovska-eden-od-10-te-proekti-odbrani-na-16-ta-editsija-na-prestizhnata-programa-la-fabrique-cinema/ Tue, 16 Apr 2024 10:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=766661

Проектот „Пролетно чистење“ на режисерката Marija Apcevska - Петровска во продукција на Kino Oko, а по сценарио на Марија Апчевска - Петровска и Ереник Бекири е еден од 10-те проекти одбрани на 16-та едиција на престижната програма La Fabrique Cinéma de INSTITUT FRANÇAIS за препознавање и промовирање на филмаџии и продуценти од целиот свет.

Ова е прв македонски проект одбран во оваа програма.

Програмата La Fabrique Cinéma ќе се одвива во рамките на Festival de Cannes од 14 до 25 мај, 2024, каде продуцентот Роберт Насков и режисерката Марија Апчевска - Петровска ќе имаат можност да го претстават проектот „Пролетно Чистење“ пред најдобрите агенти за продажба и дистрибутери како и пред програмери и селектори на најголемите филмски фестивали.

 La Fabrique Cinéma de l'Institut français претставува програма за идентификување и промовирање на филмаџиите и продуценти од земјите во развој, кои нудат поддршка по „мерка“ за први и втори филмски проекти, во тесна соработка со Festival de Cannes, Marché du Film и бројни професионални партнери. La Fabrique Cinéma е алатка која поддржува меѓународна копродукција со Франција, покрај фондот „Aide aux Cinémas du monde“, фонд со кој заеднички управува Францускиот Национален Филмски Центар (CNC) и Францускиот институт.

Од 2009 година, програмата поддржала 154 проекти од земјите во развој и помогнала на 282 учесници од кои 43% се жени од 65 различни националности.

The post „Пролетно чистење“ на режисерката Марија Апчевска – Петровска еден од 10-те проекти одбрани на 16-та едиција на престижната програма La Fabrique Cinéma appeared first on Република.

]]>

Проектот „Пролетно чистење“ на режисерката Marija Apcevska - Петровска во продукција на Kino Oko, а по сценарио на Марија Апчевска - Петровска и Ереник Бекири е еден од 10-те проекти одбрани на 16-та едиција на престижната програма La Fabrique Cinéma de INSTITUT FRANÇAIS за препознавање и промовирање на филмаџии и продуценти од целиот свет.

Ова е прв македонски проект одбран во оваа програма.

Програмата La Fabrique Cinéma ќе се одвива во рамките на Festival de Cannes од 14 до 25 мај, 2024, каде продуцентот Роберт Насков и режисерката Марија Апчевска - Петровска ќе имаат можност да го претстават проектот „Пролетно Чистење“ пред најдобрите агенти за продажба и дистрибутери како и пред програмери и селектори на најголемите филмски фестивали.

 La Fabrique Cinéma de l'Institut français претставува програма за идентификување и промовирање на филмаџиите и продуценти од земјите во развој, кои нудат поддршка по „мерка“ за први и втори филмски проекти, во тесна соработка со Festival de Cannes, Marché du Film и бројни професионални партнери. La Fabrique Cinéma е алатка која поддржува меѓународна копродукција со Франција, покрај фондот „Aide aux Cinémas du monde“, фонд со кој заеднички управува Францускиот Национален Филмски Центар (CNC) и Францускиот институт.

Од 2009 година, програмата поддржала 154 проекти од земјите во развој и помогнала на 282 учесници од кои 43% се жени од 65 различни националности.

The post „Пролетно чистење“ на режисерката Марија Апчевска – Петровска еден од 10-те проекти одбрани на 16-та едиција на престижната програма La Fabrique Cinéma appeared first on Република.

]]>
Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ https://republika.mk/vesti/kultura/pet-romani-vo-najtesen-izbor-za-nagradata-roman-na-godinata/ Sun, 10 Mar 2024 11:28:42 +0000 https://republika.mk/?p=753266

„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или - или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав Влада Урошевиќ (претседател и минатогодишен лауреат), Бранко Цветковски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата).

Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје и која е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, годинава се доделува по јубилеен 25-ти пат. Таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Жири-комисијата ќе го соопшти името на лауреатот на оваа престижна награда на прес-конференција што ќе се одржи во петок (15 март) во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје.

The post Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или - или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав Влада Урошевиќ (претседател и минатогодишен лауреат), Бранко Цветковски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата). Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје и која е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, годинава се доделува по јубилеен 25-ти пат. Таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Жири-комисијата ќе го соопшти името на лауреатот на оваа престижна награда на прес-конференција што ќе се одржи во петок (15 март) во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје.

The post Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>
„Северен Пол“ на Марија Апчевска во натпреварувачка селекција на фестивал во Нанси, а Игор Иванов-Изи, член на жирито за документарен филм https://republika.mk/scena/film/severen-pol-na-marija-apchevska-vo-natprevaruvachka-selekcija-na-festival-vo-nansi-a-igor-ivanov-izi-chlen-na-zirito-za-dokumentaren-film/ Mon, 05 Sep 2022 07:58:10 +0000 https://republika.mk/?p=547522

Краткометражниот филм „Северен Пол“ на Марија Апчевска се наоѓа во официјалната натпреварувачка селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси-Франција, додека македонскиот режисер Игор Иванов-Изи е член на жирито за документарен филм на фестивалот, јави дописникот на МИА.

Краткометражниот филм „Северен Пол“ на Марија Апчевска се наоѓа во официјалната натпреварувачка селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси-Франција, селекциониран меѓу 2800 филмови кои годинава конкурираа на фестивалот.

Филмот на Марија Апчевска „Северен Пол“, кој досега учествуваше на повеќе од 40 интернационални фестивали и освои неколку награди, како и номинација за Европските филмски награди (EFA) и се квалификува за наградата „Оскар“, во Нанси се наоѓа во натпреварувачката меѓународна селекција и ќе биде прикажан три пати.

The post „Северен Пол“ на Марија Апчевска во натпреварувачка селекција на фестивал во Нанси, а Игор Иванов-Изи, член на жирито за документарен филм appeared first on Република.

]]>

Краткометражниот филм „Северен Пол“ на Марија Апчевска се наоѓа во официјалната натпреварувачка селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси-Франција, додека македонскиот режисер Игор Иванов-Изи е член на жирито за документарен филм на фестивалот, јави дописникот на МИА. Краткометражниот филм „Северен Пол“ на Марија Апчевска се наоѓа во официјалната натпреварувачка селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси-Франција, селекциониран меѓу 2800 филмови кои годинава конкурираа на фестивалот. Филмот на Марија Апчевска „Северен Пол“, кој досега учествуваше на повеќе од 40 интернационални фестивали и освои неколку награди, како и номинација за Европските филмски награди (EFA) и се квалификува за наградата „Оскар“, во Нанси се наоѓа во натпреварувачката меѓународна селекција и ќе биде прикажан три пати.

The post „Северен Пол“ на Марија Апчевска во натпреварувачка селекција на фестивал во Нанси, а Игор Иванов-Изи, член на жирито за документарен филм appeared first on Република.

]]>
„Проблемот на Тина“ и „Северен пол“ во официјална селекција на „Hollyshorts Film Festival“ https://republika.mk/scena/film/problemot-na-tina-i-severen-pol-vo-oficijalna-selekcija-na-hollyshorts-film-festival/ Mon, 25 Jul 2022 21:41:15 +0000 https://republika.mk/?p=533199

Кратките играни филмови „Проблемот на Тинa” на Радован Петровиќ и „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска ќе учествуваат во официјалната селекција на „HollyShorts Film Festival“ што се одржува во Холивуд, САД, соопштија денеска од продукцијата „Кино Око“.

„Филмовите ќе се прикажуваат во светски познатиот ‘TCL Chinese Theatre’ на ‘Hollywood Blvd’, во периодот од 11 до 20 август. ‘HollyShorts Film Festival’ е ‘Academy Awards Qualifying Festival’ и секоја година избира три филма кои се квалификуваат за наградата ‘Oscar’. И оваа година во официјалната селекција има филмови во кои играат актери кои се номинирани или се добитници на наградите ‘Oscar’, ‘Golden Globe’, ‘Grаmmy’, ‘Emmy’, како Џејмс Франко, Брајан Кокс, Росарио Давсон, Виз Калифа, Колман Доминго и други“, посочуваат од „Кино Око“.

Оттаму додаваат дека по освојувањето на наградата „Golden Umbrella“ за најдобар интернационален филм на фестивалот во Измир, „Проблемот на Тинa” на „HollyShorts“ ќе ја има својата американска премиера.

„Северен пол” пак, после премиерата во официјалната селекција на фестивалот во Кан учествуваше на повеќе од 80 интернационални фестивали и освои неколку награди, посочуваат од „Кино Око“.

Продуцент на двата филма е Роберт Насков, а филмовите се во продукција на „Кино Око“ и „Партизанс“.

The post „Проблемот на Тина“ и „Северен пол“ во официјална селекција на „Hollyshorts Film Festival“ appeared first on Република.

]]>

Кратките играни филмови „Проблемот на Тинa” на Радован Петровиќ и „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска ќе учествуваат во официјалната селекција на „HollyShorts Film Festival“ што се одржува во Холивуд, САД, соопштија денеска од продукцијата „Кино Око“. „Филмовите ќе се прикажуваат во светски познатиот ‘TCL Chinese Theatre’ на ‘Hollywood Blvd’, во периодот од 11 до 20 август. ‘HollyShorts Film Festival’ е ‘Academy Awards Qualifying Festival’ и секоја година избира три филма кои се квалификуваат за наградата ‘Oscar’. И оваа година во официјалната селекција има филмови во кои играат актери кои се номинирани или се добитници на наградите ‘Oscar’, ‘Golden Globe’, ‘Grаmmy’, ‘Emmy’, како Џејмс Франко, Брајан Кокс, Росарио Давсон, Виз Калифа, Колман Доминго и други“, посочуваат од „Кино Око“. Оттаму додаваат дека по освојувањето на наградата „Golden Umbrella“ за најдобар интернационален филм на фестивалот во Измир, „Проблемот на Тинa” на „HollyShorts“ ќе ја има својата американска премиера. „Северен пол” пак, после премиерата во официјалната селекција на фестивалот во Кан учествуваше на повеќе од 80 интернационални фестивали и освои неколку награди, посочуваат од „Кино Око“. Продуцент на двата филма е Роберт Насков, а филмовите се во продукција на „Кино Око“ и „Партизанс“.

The post „Проблемот на Тина“ и „Северен пол“ во официјална селекција на „Hollyshorts Film Festival“ appeared first on Република.

]]>
Македонски филмови во програмата „Млади и одважни“ во Загреб https://republika.mk/vesti/kultura/makedonski-filmovi-vo-programata-mladi-i-odvazni-vo-zagreb/ Wed, 01 Jun 2022 08:59:35 +0000 https://republika.mk/?p=509632

Во киносалата на Културно-информативниот центар на град Загреб, во програмата „Млади и одважни“ вечер ќе бидат прикажани пет кратки филмови од пет млади македонски филмски автори во селекција на филмската критичарка Гена Теодосиевска.

Хрватската публика ќе има можност да ги види филмовите „Северен пол“ на Марија Апчевска, „Награда“ на Лидија Мојсовска, „Ќе се вратат децата“ на Ана Јакимска, „Малина“ на Анастасија Лазарова Пилинг и „Зелени ѕидови, црна храна“ на Сандра Ѓорѓиева.

Организатор е Културниот центар на Република Македонија во Загреб.

Во избраните, четири играни и еден документарен филм, младите авторки одважно и храбро се зафаќаат да третираат деликатни социјални и културни превирања кои мапираат промени во реакциите кај публиката. Со освежени режисерски концепти, овие филмови заслужено беа присутни на голем број меѓународни филмски фестивали, соопшти организаторот.

По проекцијата присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања во присуство на селекторката Теодосиевска и режисерките Ана Јакимска и Сандра Ѓорѓиева.

Настанот е поддржан од Министерството за култура.

The post Македонски филмови во програмата „Млади и одважни“ во Загреб appeared first on Република.

]]>

Во киносалата на Културно-информативниот центар на град Загреб, во програмата „Млади и одважни“ вечер ќе бидат прикажани пет кратки филмови од пет млади македонски филмски автори во селекција на филмската критичарка Гена Теодосиевска. Хрватската публика ќе има можност да ги види филмовите „Северен пол“ на Марија Апчевска, „Награда“ на Лидија Мојсовска, „Ќе се вратат децата“ на Ана Јакимска, „Малина“ на Анастасија Лазарова Пилинг и „Зелени ѕидови, црна храна“ на Сандра Ѓорѓиева. Организатор е Културниот центар на Република Македонија во Загреб.
Во избраните, четири играни и еден документарен филм, младите авторки одважно и храбро се зафаќаат да третираат деликатни социјални и културни превирања кои мапираат промени во реакциите кај публиката. Со освежени режисерски концепти, овие филмови заслужено беа присутни на голем број меѓународни филмски фестивали, соопшти организаторот.
По проекцијата присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања во присуство на селекторката Теодосиевска и режисерките Ана Јакимска и Сандра Ѓорѓиева. Настанот е поддржан од Министерството за култура.

The post Македонски филмови во програмата „Млади и одважни“ во Загреб appeared first on Република.

]]>
„Ефектот на среќата“, ТМ, „Кавал“, „Карантин“ и „Ритамот на падот“ во селекција на SEE FF Paris-Berlin-Washington 2021 https://republika.mk/vesti/kultura/efektot-na-srekjata-tm-kaval-karantin-i-ritamot-na-padot-vo-selekcija-na-see-ff-paris-berlin-washington-2021/ Wed, 12 Jan 2022 14:16:47 +0000 https://republika.mk/?p=443774

Фестивалот на кинематографиите на земјите на Југоисточна Европа SEE FF Paris-Berlin-Washington 2021, традиционално, како и секоја година, ги презентира најдобрите остварувања од регионот во европските престолнини Париз и Берлин, а од оваа година и во Вашингтон, САД.

Во селекцијата на фестивалот, кој почнува на 2 јуни и ќе трае до 7 јуни, се избрани македонските играни филмови „Ефектот на среќата“ од Борјан Зафировски и ТМ од Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов. Покрај нив, во конкурецијата на анимирани филмови избрани се „Кавал“ од Саша Станишиќ, „Карантин“ од Иван Андреевски и „Ритамот на падот“ од Ѓорѓи Митревски.

Единаесетoто онлајн-издание на Фестивалот на кинематографиите на земјите на Југоисточна Европа се организира во соработка со универзитетите: „Европа прима“ од Скопје, ИНАЛКО од Париз, „Хумболд“ од Берлин, а од оваа година на оваа иницијатива ѝ се приклучува и American University од Вашингтон.

За наградите на фестивалот ќе одлучуваат две жирија – европско и американско. Во состав на европското жири се Фроса Пејоска-Бушеро, професор на ИНАЛКО – Париз, и филмските критичари Кевин Колет и Ив Русле.

Американското жири го сочинуваат Роман Костовски, Патрисија Корбет и Жаклин Хедингтон, филмски и литературни публицисти и критичари.

Наградените филмови од фестивалот подоцна ќе бидат презентирани во рамките на проектот „Балканофилмофилија“ во Скопје, во соработка со Кинотеката на Македонија и Општина Карпош, како и во повеќе други градови од Балканот.

Покрај покровителството од Министерството за култура на Република Франција, Министерството за култура на Црна Гора, со официјално писмо од министерката, проф. д-р Весна Братиќ, до претседателот на фестивалот Јордан Плевнеш, објави дека ја продолжува традиционалната поддршка на Фестивалот како еден од најважните промотори на културата на земјите од Југоисточна Европа во европските и светските центри.

Во досегашната историја на оваа манифестација која стана културен прозорец на новите имиња на синеасти кои за првпат ги презентираат своите остварувања во двата најголеми центри на Европа, досега се прикажани над стотина играни и поголем број документарни, кратки и анимирани филмови.

Покрај тековната фестивалска продукција, во соработка со Academia Balkanica Europeana фестивалот ги воведе признанијата „Легенди на Југосточна Европа“, во која ги вреднуваше опусите на режисерите Вељко Булајиќ, Душан Макавејев, Луцијан Пинтилие, Боро Драшковиќ. Оваа година висoкото признание му припадна на познатиот албански режисер Кујтим Чашку (SEE Film Legend 2021). Актерите Мики Манојловиќ, Мето Јовановски, Раде Шербеџија, Јон Карамитру, Емир Хаџихафисбеговиќ, Милена Зупанчич, Арта Доброши беа досегашни добитници на признанието „Актер на Југоисточна Европа,“ а оваа година добитик на ова престижно признание е познатата актерка Мирто Аликаки од Грција (SEE Actress 2021).

Признанието за животно дело во областа на филмската документаристика „Гран при Фредерик Росиф 2021“, кое го носи името на еден од најпознатите автори на документарниот филм во светот, ѝ п рипадна на Виржини Линхарт од Франција.

Наградата „Европа прима“ (Europa Prima 2021) му е доделена на познатиот дипломат и филантроп Педро Кудел, почесен конзул на Македонија во Португалија.

The post „Ефектот на среќата“, ТМ, „Кавал“, „Карантин“ и „Ритамот на падот“ во селекција на SEE FF Paris-Berlin-Washington 2021 appeared first on Република.

]]>

Фестивалот на кинематографиите на земјите на Југоисточна Европа SEE FF Paris-Berlin-Washington 2021, традиционално, како и секоја година, ги презентира најдобрите остварувања од регионот во европските престолнини Париз и Берлин, а од оваа година и во Вашингтон, САД. Во селекцијата на фестивалот, кој почнува на 2 јуни и ќе трае до 7 јуни, се избрани македонските играни филмови „Ефектот на среќата“ од Борјан Зафировски и ТМ од Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов. Покрај нив, во конкурецијата на анимирани филмови избрани се „Кавал“ од Саша Станишиќ, „Карантин“ од Иван Андреевски и „Ритамот на падот“ од Ѓорѓи Митревски. Единаесетoто онлајн-издание на Фестивалот на кинематографиите на земјите на Југоисточна Европа се организира во соработка со универзитетите: „Европа прима“ од Скопје, ИНАЛКО од Париз, „Хумболд“ од Берлин, а од оваа година на оваа иницијатива ѝ се приклучува и American University од Вашингтон. За наградите на фестивалот ќе одлучуваат две жирија – европско и американско. Во состав на европското жири се Фроса Пејоска-Бушеро, професор на ИНАЛКО – Париз, и филмските критичари Кевин Колет и Ив Русле. Американското жири го сочинуваат Роман Костовски, Патрисија Корбет и Жаклин Хедингтон, филмски и литературни публицисти и критичари. Наградените филмови од фестивалот подоцна ќе бидат презентирани во рамките на проектот „Балканофилмофилија“ во Скопје, во соработка со Кинотеката на Македонија и Општина Карпош, како и во повеќе други градови од Балканот. Покрај покровителството од Министерството за култура на Република Франција, Министерството за култура на Црна Гора, со официјално писмо од министерката, проф. д-р Весна Братиќ, до претседателот на фестивалот Јордан Плевнеш, објави дека ја продолжува традиционалната поддршка на Фестивалот како еден од најважните промотори на културата на земјите од Југоисточна Европа во европските и светските центри. Во досегашната историја на оваа манифестација која стана културен прозорец на новите имиња на синеасти кои за првпат ги презентираат своите остварувања во двата најголеми центри на Европа, досега се прикажани над стотина играни и поголем број документарни, кратки и анимирани филмови. Покрај тековната фестивалска продукција, во соработка со Academia Balkanica Europeana фестивалот ги воведе признанијата „Легенди на Југосточна Европа“, во која ги вреднуваше опусите на режисерите Вељко Булајиќ, Душан Макавејев, Луцијан Пинтилие, Боро Драшковиќ. Оваа година висoкото признание му припадна на познатиот албански режисер Кујтим Чашку (SEE Film Legend 2021). Актерите Мики Манојловиќ, Мето Јовановски, Раде Шербеџија, Јон Карамитру, Емир Хаџихафисбеговиќ, Милена Зупанчич, Арта Доброши беа досегашни добитници на признанието „Актер на Југоисточна Европа,“ а оваа година добитик на ова престижно признание е познатата актерка Мирто Аликаки од Грција (SEE Actress 2021). Признанието за животно дело во областа на филмската документаристика „Гран при Фредерик Росиф 2021“, кое го носи името на еден од најпознатите автори на документарниот филм во светот, ѝ п рипадна на Виржини Линхарт од Франција. Наградата „Европа прима“ (Europa Prima 2021) му е доделена на познатиот дипломат и филантроп Педро Кудел, почесен конзул на Македонија во Португалија.

The post „Ефектот на среќата“, ТМ, „Кавал“, „Карантин“ и „Ритамот на падот“ во селекција на SEE FF Paris-Berlin-Washington 2021 appeared first on Република.

]]>