сексуална злоупотреба на деца Archives - Република https://republika.mk/tema/seksualna-zloupotreba-na-deca/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Oct 2023 11:34:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сексуална злоупотреба на деца Archives - Република https://republika.mk/tema/seksualna-zloupotreba-na-deca/ 32 32 Измените на Кривичниот законик ќе значат пониски казни за сексуална злоупотреба на деца https://republika.mk/vesti/makedonija/izmenite-na-krivichniot-zakonik-ke-znachat-poniski-kazni-za-seksualna-zloupotreba-na-detsa/ Mon, 02 Oct 2023 11:34:52 +0000 https://republika.mk/?p=687099

Новиот Кривичен законик предвидува поблаги казни и за лицата кои сексуално ќе злоупотребат деца на возраст под 14 години. Иако фокусот на измените беше ублажување на казните за злоупотреба на службената положба, експертите сметаат дека намалувањето на казните и за вакви кривични дела е алармантно. Професорката Беса Кадриу во интервју за Алсат рече дека измените се направени без соодветна стручна правна анализа.

 

„Сметам дека ова нема силна професионална и правна основа. Со ова се покажува несериозност и значи дека законите се носат само колку да се каже. Само се слуша изреката дека законите треба да се прилагодат со оние на ЕУ, но немаат никаква врска со фактичките или реалните околности“, вели Кадриу.

Според член 188 од Кривичниот законик лицата кои сексуално ќе злоупотребат малолетници ќе добијат најмалку осум години затвор. Претходно се предвидуваа најмалку 12 години. Одредбите, исто така, им ги олеснуваат казните за насилниците кои некому му предизвикале телесни повреди, па дури и смрт. За тоа во стариот законик предвидуваа најмалку 15 години, но и доживотен затвор.

Извор Алсат

The post Измените на Кривичниот законик ќе значат пониски казни за сексуална злоупотреба на деца appeared first on Република.

]]>

Новиот Кривичен законик предвидува поблаги казни и за лицата кои сексуално ќе злоупотребат деца на возраст под 14 години. Иако фокусот на измените беше ублажување на казните за злоупотреба на службената положба, експертите сметаат дека намалувањето на казните и за вакви кривични дела е алармантно. Професорката Беса Кадриу во интервју за Алсат рече дека измените се направени без соодветна стручна правна анализа.  
„Сметам дека ова нема силна професионална и правна основа. Со ова се покажува несериозност и значи дека законите се носат само колку да се каже. Само се слуша изреката дека законите треба да се прилагодат со оние на ЕУ, но немаат никаква врска со фактичките или реалните околности“, вели Кадриу.
Според член 188 од Кривичниот законик лицата кои сексуално ќе злоупотребат малолетници ќе добијат најмалку осум години затвор. Претходно се предвидуваа најмалку 12 години. Одредбите, исто така, им ги олеснуваат казните за насилниците кои некому му предизвикале телесни повреди, па дури и смрт. За тоа во стариот законик предвидуваа најмалку 15 години, но и доживотен затвор. Извор Алсат

The post Измените на Кривичниот законик ќе значат пониски казни за сексуална злоупотреба на деца appeared first on Република.

]]>
ФИФА ја прошири истрагата за сексуална злоупотреба на малолетни фудбалери во Габон https://republika.mk/sport/fudbal/fifa-ja-proshiri-istragata-za-seksualna-zloupotreba-na-maloletni-fudbaleri-vo-gabon/ Tue, 03 May 2022 20:11:41 +0000 https://republika.mk/?p=497150

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја прошири истрагата за наводна сексуална злоупотреба на малолетни фудбалери во Габон, суспендирајќи четири фудбалски функционери на оваа африканска држава.

ФИФА соопшти денеска дека нејзиниот Етички комитет отворил формална постапка против Патрик Асумуа Еија, поранешниот габонски селектор на репрезентацијата до 17 години, двајца други тренери и претставник на националната фудбалска лига.

Истрагата е отворена откако британскиот весник „Гардијан“ во декември лани објави изјави од наводните жртви на сексуално насилство. Тие во изјавите наведоа дека биле намамени од страна на Еија во неговиот дом, кој тој го нарекол „Еденска градина“.

Фудбалската федерација на Габон во декември го суспендираше Еија, а ФИФА ја прошири забраната на уште тројца функционери.

– Овие санкции се воведени во врска со кривичните истраги кои се во тек, објави ФИФА.

The post ФИФА ја прошири истрагата за сексуална злоупотреба на малолетни фудбалери во Габон appeared first on Република.

]]>

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја прошири истрагата за наводна сексуална злоупотреба на малолетни фудбалери во Габон, суспендирајќи четири фудбалски функционери на оваа африканска држава. ФИФА соопшти денеска дека нејзиниот Етички комитет отворил формална постапка против Патрик Асумуа Еија, поранешниот габонски селектор на репрезентацијата до 17 години, двајца други тренери и претставник на националната фудбалска лига. Истрагата е отворена откако британскиот весник „Гардијан“ во декември лани објави изјави од наводните жртви на сексуално насилство. Тие во изјавите наведоа дека биле намамени од страна на Еија во неговиот дом, кој тој го нарекол „Еденска градина“. Фудбалската федерација на Габон во декември го суспендираше Еија, а ФИФА ја прошири забраната на уште тројца функционери. – Овие санкции се воведени во врска со кривичните истраги кои се во тек, објави ФИФА.

The post ФИФА ја прошири истрагата за сексуална злоупотреба на малолетни фудбалери во Габон appeared first on Република.

]]>