секс скандал Archives - Република https://republika.mk/tema/seks-skandal/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Aug 2024 13:06:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png секс скандал Archives - Република https://republika.mk/tema/seks-skandal/ 32 32 Љубовен скандал во Премиер лигата: Познат фудбалер остана без сопругата откако дома ја донел швалерката https://republika.mk/sport/fudbal/luboven-skandal-vo-premier-ligata-poznat-fudbaler-ostana-bez-soprugata-otkako-doma-ja-donel-shvalerkata/ Sun, 25 Aug 2024 17:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=810006

Познат фудбалер од Премиер лигата останал без сопругата откако ја донел дома љубовницата.

Како што пишува „Дејли мејл“, скандалот почнал кога една девојка и напишала на сопругата на фудбалерот на Инстаграм:

Спиев со твојот сопруг“.

Како потврда, таа испратила фотографија од креветот во куќата на фудбалерот. Вреди да се одбележи дека на ѕидот се гледа фотографија од играчот со неговото семејство.

Сопругот првично и рекол на сопругата дека фотографијата е лажна.

Меѓутоа, жената ја проверила снимката од камерата и видела дека фудбалерот всушност, навистина ја донел љубовницата дома. Поради тоа, сопругата решила да се раздели од сопругот.

„Дејли Мејл“ не го открива идентитетот на фудбалерот, но го нарекува „добро познат“ и забележува дека на Евро 2024 отишол како дел од репрезентацијата на неговата земја.

The post Љубовен скандал во Премиер лигата: Познат фудбалер остана без сопругата откако дома ја донел швалерката appeared first on Република.

]]>

Познат фудбалер од Премиер лигата останал без сопругата откако ја донел дома љубовницата. Како што пишува „Дејли мејл“, скандалот почнал кога една девојка и напишала на сопругата на фудбалерот на Инстаграм:
Спиев со твојот сопруг“.
Како потврда, таа испратила фотографија од креветот во куќата на фудбалерот. Вреди да се одбележи дека на ѕидот се гледа фотографија од играчот со неговото семејство. Сопругот првично и рекол на сопругата дека фотографијата е лажна. Меѓутоа, жената ја проверила снимката од камерата и видела дека фудбалерот всушност, навистина ја донел љубовницата дома. Поради тоа, сопругата решила да се раздели од сопругот. „Дејли Мејл“ не го открива идентитетот на фудбалерот, но го нарекува „добро познат“ и забележува дека на Евро 2024 отишол како дел од репрезентацијата на неговата земја.

The post Љубовен скандал во Премиер лигата: Познат фудбалер остана без сопругата откако дома ја донел швалерката appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Кога лажеше министерката за одбрана и дали сега премиерот ќе ја разреши? https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-koga-lazheshe-ministerkata-za-odbrana-i-dali-sega-premierot-ke-ja-razreshi/ Fri, 27 Oct 2023 19:04:04 +0000 https://republika.mk/?p=695696

Кога лажеше министерката за одбрана?, прашува пратеникот Драган Ковачки кој на својот Фејсбук профил објави видео со контрадикторни изјави за секс скандалот во АРМ на министерката Славјанка Петровска во само еден ден.

Кога лажеше министерката за одбрана?
На седница на Собрание преку ден, или вечерта на ТВ интервју?
Несериозно и потценувачки за граѓаните е во ист ден јавен функционер-Министер, да даде две спротивни изјави.
Се слушаат ли што зборуваат Владините министри?
Ги слуша ли Премиерот своите министри?
Повторно го поставувам прашањето до Ковачевски кое тој не сакаше да го одговори:
Дали сега Премиерот ќе ја разреши Министерката за одбрана?

The post Ковачки: Кога лажеше министерката за одбрана и дали сега премиерот ќе ја разреши? appeared first on Република.

]]>

Кога лажеше министерката за одбрана?, прашува пратеникот Драган Ковачки кој на својот Фејсбук профил објави видео со контрадикторни изјави за секс скандалот во АРМ на министерката Славјанка Петровска во само еден ден.
Кога лажеше министерката за одбрана? На седница на Собрание преку ден, или вечерта на ТВ интервју? Несериозно и потценувачки за граѓаните е во ист ден јавен функционер-Министер, да даде две спротивни изјави. Се слушаат ли што зборуваат Владините министри? Ги слуша ли Премиерот своите министри? Повторно го поставувам прашањето до Ковачевски кое тој не сакаше да го одговори: Дали сега Премиерот ќе ја разреши Министерката за одбрана?

The post Ковачки: Кога лажеше министерката за одбрана и дали сега премиерот ќе ја разреши? appeared first on Република.

]]>
Митева: Срамота е што Славјанка, како жена министерка, се обидува да го скрие скандалот во АРМ кој првично го призна https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-sramota-e-shto-slavjanka-kako-zhena-ministerka-se-obiduva-da-go-skrie-skandalot-vo-arm-koj-prvichno-go-prizna/ Fri, 27 Oct 2023 10:55:56 +0000 https://republika.mk/?p=695536

Можам само да кажам дека различните изјави на Славјанка Петровска се доказ дека во рамки на институциите на државата секоја незаконито постапување или однесување од страна на власта, тие се обидуваат да го сокријат наместо да го санкционираат, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева запрашана за коментар за изјавите на министерката за одбрана, Славјанка Петровска каде што таа прво, на седница за пратенички прашања во Собрание, признава дека имало секс афера во министерството за одбрана која потоа во телевизиско гостување вечерта, негираше.

Фрапантно е тоа што една министерка на земја членка на НАТО си дозволува да даде една изјава од собраниска говорница, при тоа потенцирајќи дека е запознаена со случајот, а веднаш потоа на интервју, истиот ден, да каже дека не била запознаена. Тоа отвара многу прашања, кој побара од неа да даде различна изјава од таа што ја дала? Кога ја зборува Славјанка вистината, дали од собраниска говорница или на нејзиното интервју? Или да бидам попрецизна, кога лаже, прашува Митева.

И дополнително, додаде Митева, фрапантен е моментот што жена министерка се обидува да сокрие ваков скандал.

Очекуваме одговорност и оставка. Дополнително, Славјанка Петровска континуирано се обидува да креира перцепција во јавноста дека пратеникот Ковачки, кој постојано објавува скандали од нејзиното работење и од работењето на останатите министри, дека креира лажни вести. Напротив, се докажало дека Ковачки, како пратеник, секогаш ги обелоденува скандалите кои што подоцна се потврдува дека се вистинити, истакна Митева.

https://youtu.be/UEHFTQgblUE?si=P19uKnBvf_lvbajb

The post Митева: Срамота е што Славјанка, како жена министерка, се обидува да го скрие скандалот во АРМ кој првично го призна appeared first on Република.

Ковачки до Пендаровски: Срамота е што не Ве информирале за секс скандалот во АРМ https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-do-pendarovski-sramota-e-shto-ne-ve-informirale-za-seks-skandalot-vo-arm/ Fri, 27 Oct 2023 10:49:45 +0000 https://republika.mk/?p=695527

Пратеникот Драган Ковачки, дел од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, со отворено писмо до претседателот Стево Пендаровски, по неговата изјава дека не знаел за скандалот со изнуда на сексуални услуги во АРМ и му дал совет да информациите ги пријави во надлежни институции:

https://republika.mk/vesti/makedonija/i-ova-se-zaboshotuva-petrovska-go-sokrila-seks-skandalot-vo-arm-od-vrhovniot-komandant-pendarovski/

Претседателе Пендаровски, зошто бегате од одговорност?

Барате од мене да доставам информации до надлежни институции, а Вие како Врховен командант на АРМ, СТЕ надлежна институција.

Според тоа, барате од мене да Ви доставам информации за изнудите на сексуални услуги.

Во ред, се согласувам, кажете кога имате термин, од овој момент па во следните денови, во било кое време на денот и ноќта, кога Вие ќе одлучите, јас Ви стојам на располагање да дојдам кај институцијата Претседател.

Но, сепак најпрвин би Ве упатил институционално, односно за истото да се информирате од Министерката за одбрана која од Собраниска говорница ПОТВРДИ дека знаела за изнудите на сексуални услуги од високите офицери, но дека не преземала ништо против нив со што јас ценам дека создала услови дејанијата да бидат повторувани во недоглед.

Не сте преземале ниту Вие, со што и Вие создавате услови овие дејанија да продолжат да се повторуваат.

Знаете дека офицерите во ранг генерал и полковник се во Ваша директна надлежност и за истото по службена должност требало да Ве информира Министерката за одбрана.

Не навлегувајќи во овој момент во други подробности, не сакам да се сомневам дека таква информација истата ја сокрила од Вас.

Лично сметам дека таа Ве информирала, но дека заеднички сте се договориле да го забошотите случајот и да не преземете најстроги дисциплински мерки.

Доколку пак министерката не Ве информирала, тогаш тоа е сигнал дека има нефункционалност на комуникацијата помеѓу Врховен командант и Министер за одбрана, а особено поврзана со случки кои може да влијаат и на борбената готовност на АРМ.

И во двата случаи - и да сте знаеле (а сметам дека сте знаеле) и да не сте знаеле (како што сакате да изгледа) е подеднакво поразително за Вас.

*Мора да се расчисти кој учествувал во забошотување на случајот и зошто?

Мора да има одговорност за сите инволвирани.

The post Ковачки до Пендаровски: Срамота е што не Ве информирале за секс скандалот во АРМ appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Драган Ковачки, дел од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, со отворено писмо до претседателот Стево Пендаровски, по неговата изјава дека не знаел за скандалот со изнуда на сексуални услуги во АРМ и му дал совет да информациите ги пријави во надлежни институции: https://republika.mk/vesti/makedonija/i-ova-se-zaboshotuva-petrovska-go-sokrila-seks-skandalot-vo-arm-od-vrhovniot-komandant-pendarovski/ Претседателе Пендаровски, зошто бегате од одговорност? Барате од мене да доставам информации до надлежни институции, а Вие како Врховен командант на АРМ, СТЕ надлежна институција. Според тоа, барате од мене да Ви доставам информации за изнудите на сексуални услуги. Во ред, се согласувам, кажете кога имате термин, од овој момент па во следните денови, во било кое време на денот и ноќта, кога Вие ќе одлучите, јас Ви стојам на располагање да дојдам кај институцијата Претседател. Но, сепак најпрвин би Ве упатил институционално, односно за истото да се информирате од Министерката за одбрана која од Собраниска говорница ПОТВРДИ дека знаела за изнудите на сексуални услуги од високите офицери, но дека не преземала ништо против нив со што јас ценам дека создала услови дејанијата да бидат повторувани во недоглед. Не сте преземале ниту Вие, со што и Вие создавате услови овие дејанија да продолжат да се повторуваат. Знаете дека офицерите во ранг генерал и полковник се во Ваша директна надлежност и за истото по службена должност требало да Ве информира Министерката за одбрана. Не навлегувајќи во овој момент во други подробности, не сакам да се сомневам дека таква информација истата ја сокрила од Вас. Лично сметам дека таа Ве информирала, но дека заеднички сте се договориле да го забошотите случајот и да не преземете најстроги дисциплински мерки. Доколку пак министерката не Ве информирала, тогаш тоа е сигнал дека има нефункционалност на комуникацијата помеѓу Врховен командант и Министер за одбрана, а особено поврзана со случки кои може да влијаат и на борбената готовност на АРМ. И во двата случаи - и да сте знаеле (а сметам дека сте знаеле) и да не сте знаеле (како што сакате да изгледа) е подеднакво поразително за Вас. *Мора да се расчисти кој учествувал во забошотување на случајот и зошто? Мора да има одговорност за сите инволвирани.

The post Ковачки до Пендаровски: Срамота е што не Ве информирале за секс скандалот во АРМ appeared first on Република.

]]>
И ова се забошотува? Петровска го сокрила секс-скандалот во АРМ од врховниот командант Пендаровски https://republika.mk/vesti/makedonija/i-ova-se-zaboshotuva-petrovska-go-sokrila-seks-skandalot-vo-arm-od-vrhovniot-komandant-pendarovski/ Fri, 27 Oct 2023 06:55:55 +0000 https://republika.mk/?p=695395

Власта на ДУИ и СДСМ е одговорна за целокупниот распад на системот кој се случува во Македонија, дури и една институција како АРМ ја тресат сериозни скандали, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека освен корупцијата во македонската армија постои секс скандал, односно злоупотреба на службената позиција и сексуално малтретирање на офицерки и воени лица од страна на високи офицери.

Кај едно од лицата во министерството за одбрана кои биле осомничени за корупција, во телефонот на уапсено лице се пронајдени докази односно постојат фото и фоно записи со кои се потврдува злоупотребата за службената позиција од страна на генерал и полковник. Но да биде уште пострашно овој скандал се криел, а искуството вели дека кога власта на ДУИ и СДС нешто крие, тогаш има намера и да го забошоти. Дека е тоа така говори и фактот што никој од АРМ и од Министерството за одбрана, вклучително и министерката Славјанка Петровска, не го известиле Стево Пендаровски, кој формално правно е врховен командант. Фатена во небрано Петровска призна дека постои скандалот и рече дека го пријавила некаде, но сепак според тврдењата на Пендаровски не го информирала врховниот командант, открива ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат дека ова е сериозен удар за АРМ како институција, но и целокупниот систем на одбраната.

Овој скандал покажува дека освен што постојат злоупотреби, има и целосно отсуство на комуникација меѓу надлежните институции, што можеби е тенденциозно за да може некои работи да се сокриваат под тепих. И овој скандал, како и илјадниците други, доколку не се истражат и процесуираат сега, ќе бидат предмет на обработка после промената на власта. Секој што е вмешан и што учествувал во прикривање на вакви скандали на сексуална злоупотреба и корупција ќе одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post И ова се забошотува? Петровска го сокрила секс-скандалот во АРМ од врховниот командант Пендаровски appeared first on Република.

Секс скандал во МНР: Македонскиот амбасадор во Токио добил пет дена да се врати дома https://republika.mk/vesti/makedonija/seks-skandal-vo-mnr-makedonskiot-ambasador-vo-tokio-dobil-pet-dena-da-se-vrati-doma/ Sat, 29 Jul 2023 09:59:26 +0000 https://republika.mk/?p=666571

Во еден од најголемите скандали во македонската дипломатија со години, амбасадорот Горан Цеков со указ е повлечен од амбасадата на Македонија во Токио, Јапонија, брифираат извори во Министерството за надворешни работи за „експрес.мк“.

Амбасадорот прво бил оценет како виновен за вршење сексуално вознемирување, а потоа од страна на министерот Бујар Османи и претседателот Стево Пендаровски биле донесени одлуки за негово итно враќање во земјава.

На Горан Цеков, по завршувањето на дисциплинската постапка во МНР, дадени му се пет дена да го одјави службениот стан и да си организира транспорт на покуќнината до Скопје.

Скандалот се случил откако бил пријавен од две жени кои соработувале со него во амбасадата во Токио.

Случајот прв го објави “експрес“ на први јуни, а потоа претседателот на собраниската комисија за надворешна политика, Антонијо Милошоски, објави детали за скандалот со поплаки за мобинг и сексуално вознемирување, поднесени од една македонска дипломатка, како и од јапонска државјанка која повремено работела на културни проекти во македонската амбасада.

Амбасадорот во дипломатските кругови важи за близок на шефот на државата Стево Пендаровски.

The post Секс скандал во МНР: Македонскиот амбасадор во Токио добил пет дена да се врати дома appeared first on Република.

]]>

Во еден од најголемите скандали во македонската дипломатија со години, амбасадорот Горан Цеков со указ е повлечен од амбасадата на Македонија во Токио, Јапонија, брифираат извори во Министерството за надворешни работи за „експрес.мк“. Амбасадорот прво бил оценет како виновен за вршење сексуално вознемирување, а потоа од страна на министерот Бујар Османи и претседателот Стево Пендаровски биле донесени одлуки за негово итно враќање во земјава. На Горан Цеков, по завршувањето на дисциплинската постапка во МНР, дадени му се пет дена да го одјави службениот стан и да си организира транспорт на покуќнината до Скопје. Скандалот се случил откако бил пријавен од две жени кои соработувале со него во амбасадата во Токио. Случајот прв го објави “експрес“ на први јуни, а потоа претседателот на собраниската комисија за надворешна политика, Антонијо Милошоски, објави детали за скандалот со поплаки за мобинг и сексуално вознемирување, поднесени од една македонска дипломатка, како и од јапонска државјанка која повремено работела на културни проекти во македонската амбасада. Амбасадорот во дипломатските кругови важи за близок на шефот на државата Стево Пендаровски.

The post Секс скандал во МНР: Македонскиот амбасадор во Токио добил пет дена да се врати дома appeared first on Република.

]]>