сејф сити Archives - Република https://republika.mk/tema/sejf-siti/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 08:18:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сејф сити Archives - Република https://republika.mk/tema/sejf-siti/ 32 32 Ќе нема веќе „повикај пријател“: Камерите на „Сејф сити“ наскоро ќе ги испорачаат првите казни https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-nema-veke-povikaj-prijatel-kamerite-na-sejf-siti-naskoro-ke-gi-isporachaat-prvite-kazni/ Sat, 09 Nov 2024 08:44:36 +0000 https://republika.mk/?p=835776

Во текот на следната година ќе почне автоматското казнување на возачите во сообраќајот кои ќе бидат снимени од камерите на системот Сејф сити, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Министерот не може да прецизира точно кога ќе почне, можно е во јануари, но најверојатно подоцна, затоа што ќе треба да се направат и законски измени за да се озвозможи автоматското казнување на сторителите на прекршоците.

Целта на овој систем, категоричен е Тошковски, е да се намали трицифрениот број на жртвите во сообраќајот, а не да се собираат пари од граѓаните.

Според министерот, претходната власт на СДСМ и ДУИ не презела соодветни чекори за овој систем да се имплементира целосно до крај. Не направиле план за тоа како ќе се поставуваат камерите, а не утврдиле ниту како ќе се одвива наплатата на казните. За да се решат овие прашања, формирана и работна група.

Како и сè друго, и ова си го терале како процес „буцни прачка, пиј вино“. Така не бива. Ние сакаме навистина системски да ги решиме проблемите, но заклучно со 2024 година, нема теорија. Се надевам дека заклучно со 2025 година ќе можам да им презентирам на граѓаните систем кој што функционира, барем во Тетово, Скопје и во Куманово. Потоа се надевам дека ќе констатираме намален број на човечки жртви. Целата е таа, а не наплата на пари од граѓаните, вели Тошковски.

Тој додаде дека територијата на Скопје сè уште не е целосно покриена со камери.

Кога се тестирал системот, на 20 отсто од камерите биле констатирани 2.000 прекршоци.

Според Тошковски, со системот ќе завршат и ургенциите за укинување на казните.

Една од придобивките на Сејф сити е тоа што нема да има повеќе јави му се на Петре, на Трајче, на министерот, на главниот инспектор, на помошникот, на градоначалничката, туку едноставно компјутер ќе е. Нема кому да е јавите. Едноставно, ќе треба да му ѕвоните на компјутерот. Од таа страна нема да ви одговорат, посочи министерот.

Министерот рече и дека се потребни одредени законски измени за воспоставување на систем којшто ќе ги казнува оние кои управуваат моторно возило спротивно на закон, исклучувајќи го човечкиот фактор за одлуката дали треба или не треба да биде казнет.

Ќе треба да се направат одредени законски измени и да се утврдат чекорите кои што ќе се преземат во иднина, за на крајот на денот имаме систем којшто ќе ги казнува сите оние кои управуваат моторно возило спротивно на закон, исклучувајќи го човечкиот фактор во одлуката дали треба или не треба казна. Се надевам дека во текот на 2025 година ќе имаме финална имплементација на овој проект, рече вчера Тошковски.

The post Ќе нема веќе „повикај пријател“: Камерите на „Сејф сити“ наскоро ќе ги испорачаат првите казни appeared first on Република.

]]>

Во текот на следната година ќе почне автоматското казнување на возачите во сообраќајот кои ќе бидат снимени од камерите на системот Сејф сити, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Министерот не може да прецизира точно кога ќе почне, можно е во јануари, но најверојатно подоцна, затоа што ќе треба да се направат и законски измени за да се озвозможи автоматското казнување на сторителите на прекршоците. Целта на овој систем, категоричен е Тошковски, е да се намали трицифрениот број на жртвите во сообраќајот, а не да се собираат пари од граѓаните. Според министерот, претходната власт на СДСМ и ДУИ не презела соодветни чекори за овој систем да се имплементира целосно до крај. Не направиле план за тоа како ќе се поставуваат камерите, а не утврдиле ниту како ќе се одвива наплатата на казните. За да се решат овие прашања, формирана и работна група.
Како и сè друго, и ова си го терале како процес „буцни прачка, пиј вино“. Така не бива. Ние сакаме навистина системски да ги решиме проблемите, но заклучно со 2024 година, нема теорија. Се надевам дека заклучно со 2025 година ќе можам да им презентирам на граѓаните систем кој што функционира, барем во Тетово, Скопје и во Куманово. Потоа се надевам дека ќе констатираме намален број на човечки жртви. Целата е таа, а не наплата на пари од граѓаните, вели Тошковски.
Тој додаде дека територијата на Скопје сè уште не е целосно покриена со камери. Кога се тестирал системот, на 20 отсто од камерите биле констатирани 2.000 прекршоци. Според Тошковски, со системот ќе завршат и ургенциите за укинување на казните.
Една од придобивките на Сејф сити е тоа што нема да има повеќе јави му се на Петре, на Трајче, на министерот, на главниот инспектор, на помошникот, на градоначалничката, туку едноставно компјутер ќе е. Нема кому да е јавите. Едноставно, ќе треба да му ѕвоните на компјутерот. Од таа страна нема да ви одговорат, посочи министерот.
Министерот рече и дека се потребни одредени законски измени за воспоставување на систем којшто ќе ги казнува оние кои управуваат моторно возило спротивно на закон, исклучувајќи го човечкиот фактор за одлуката дали треба или не треба да биде казнет.
Ќе треба да се направат одредени законски измени и да се утврдат чекорите кои што ќе се преземат во иднина, за на крајот на денот имаме систем којшто ќе ги казнува сите оние кои управуваат моторно возило спротивно на закон, исклучувајќи го човечкиот фактор во одлуката дали треба или не треба казна. Се надевам дека во текот на 2025 година ќе имаме финална имплементација на овој проект, рече вчера Тошковски.

The post Ќе нема веќе „повикај пријател“: Камерите на „Сејф сити“ наскоро ќе ги испорачаат првите казни appeared first on Република.

]]>
Тошковски: „Сејф сити“ е круцијален за зголемување на безбедноста во сообраќајот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/toshkovski-sejf-siti-e-krutsijalen-za-zgolemuvane-na-bezbednosta-vo-soobrakajot/ Fri, 05 Jul 2024 11:05:27 +0000 https://republika.mk/?p=793756

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека поставувањето на камерите од системот „сејф сити“ е при крај и оти очекува и би сакал тој да почне да функционира од почетокот на следната година.

„Сејф сити“ е проект кој е од круцијален интерес за Македонија, првично за Скопје како центар, секако за Тетово и Куманово. Но, Скопје е главниот фокус, половина од Македонија е во Скопје, половина од прекршоците се во Скопје. Сметам дека ако можеме да возиме во рамки на дозволена брзина во Австрија и во Германија, може да возиме со дозволена брзина и во Македонија. Целта е да се намали бројката на смртни случаи како последица на небезбедно возење, вели Тошковски во интервју за Слободен печат.

Според него, ова не значи исклучување на полицајците од контрола по улиците. -Полицајците ќе ги има, сакам да ги има во зголемен број. Враќањето на позорникарите е следна цел. Мора да најдеме начин како да ја доближиме полицијата до граѓаните, вели Тошковски.

Што се однесува до првите казни од камерите за „Безбеден град“, министерот вели дека до крајот на оваа година ќе има законско решение кое ќе овозможи примена на овој систем.

Не би сакал да си дозволиме да го воведеме, да се стави во функција, а притоа да имаме проблем со доставување на казните. Задолжително ќе мораме да имаме период на адаптација, јас би го нарекол превентивен период каде што би укажувале, би опоменувале, но тоа да не трае до бескрај. Мислам дека е разумен период од 30-тина дена. Јас би сакал да профункционираме од Нова година – вели министерот.

Тој во интервјуто говори и за издавањето на пасошите со новото име на државата. Притоа потенцира дека се издадени повеќе од 400.000 пасоши за периодот што тој го менаџира како министер за внатрешни работи, и во техничката Влада и сега. Засега се чека за издавање на пасош по редовна постапка, но, додава, за два месеци се ќе се нормализира.

Тие што ќе се фотографираат во септември, ќе го земаат пасошот за 15 дена. Тоа е реалноста сега, ако се зголемат бројките, пак нема да го запазиме законскиот рок. Меѓутоа, во рамки на очекувањата, би требало во септември веќе да имаме нормален законски рок од фотографирање за 15 дена да имаме издавање на патната исправа. Во итна постапка, граѓаните кои имаат потреба можат да обезбедат пасош за вкупно четири дена, вели министерот.

Министерот за внатрешни работи во интервјуто се осврнува и на состојбите со криминалот и со дрогата во земјата. Според него, состојбата со количините на дрога што ја има по улиците е катастрофална.

Секој еден граѓанин скопјанец, битолчанец, ресенчанец, кавадарчанец, тетовец, ако го прашате каква е ситуацијата на терен во овој контекст, ќе ви кажат дека е катастрофална. Колку што сега има дрога на улица, немало никогаш. Количеството на дроги на улица во последните четири години е фрапантно, вели Тошковски и тоа според него треба да се промени.

Прашан за безбедноста на границите Тошковски потенцира оти полицијата на тоа прашање треба да се посвети темелно и сеопфатно.

Тоа значи дека ќе имаме еден центар, од којшто ќе се употребуваат технички уреди, термални камери, дронови. Ќе се дејствува со мобилни екипи од внатрешноста, за да може длабински да се покрива, особено зелената граница, да имаме вистинска контрола и реална слика за фактичката состојба на границата. Дали досега тоа е ненаправено од немукает на претходните министри или заради тоа што така му одговарало на некој, ќе видиме, вели Тошковски.

Според него, ако сакаме да имаме вистински увид на фактичката состојба и вистинска борба против нелегална имиграција, вистинска борба против трговија со одредени нелегални работи, мора да се работи.

Ќе дадам еден пример, само краток. Многу од овие несакани насилни кривични дела коишто биле во минато, биле преземени од страна на поединци, луѓе коишто не се македонски државјани, кои влегуваат од соседните држави по диви рути, сторуваат тоа што сторуваат и после тоа повторно по истата рута се дислоцираат од државата, додава Тошковски.

Министерот за внатрешни работи вели дека во претстојниот период ќе мора да се работи многу на унапредување на работата на Министерството, бидејќи, како што нагласува, во МВР фалат многу работи, фали човечки кадар кој е обучен и стручен во делот на форензичари, луѓе од хемиската област кои се експерти, машинска струка и професионалци од информатичките области, фалат пилоти.

Она што е моја болка е освен организиран криминал и висока корупција, од аспект на соодветен фокус во делот на технички ресурси и човечки ресурси, коишто треба да ги фокусираме, се управните служби. Тоа е сè што е поврзано со лични карти, пасоши, возачки дозволи. Треба да имаме систем на функционирање. Се надевам дека после четири години, ќе имаме систем што функционира. Без оглед дали ќе биде прв на институцијата кадар којшто доаѓа од десница или доаѓа од левица или не знам, доаѓа од некоја центропартија, вели Тошковски.

Во врска со борбата против корупцијата, како што нагласува во интервјуто, смета дека законот треба да важи за сите и оти како техничка Влада тоа и го покажале на дело.

Покажавме дека нема да има недопирливи и покажавме дека дури и во таков технички период, може да се работи професионално во делот на надлежноста на МВР. Ама мора да има резултат. На крајот народот мора да види дека во рамки на вистината, врховен судија одговара доколку рекетира. Член на Совет на јавни обвинители ќе одговара доколку стори нешто што е незаконско. Па и министер кој ќе стори нешто незаконско, ќе одговара. Едноставно, треба вистински да се бориме против овие несакани работи, за да можеме да го направиме тоа што е од интерес на сите, а тоа е за одреден временски период да се гордееме со земјата во која живееме, нагласува министерот за внатрешни работи Тошковски.

The post Тошковски: „Сејф сити“ е круцијален за зголемување на безбедноста во сообраќајот appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека поставувањето на камерите од системот „сејф сити“ е при крај и оти очекува и би сакал тој да почне да функционира од почетокот на следната година. „Сејф сити“ е проект кој е од круцијален интерес за Македонија, првично за Скопје како центар, секако за Тетово и Куманово. Но, Скопје е главниот фокус, половина од Македонија е во Скопје, половина од прекршоците се во Скопје. Сметам дека ако можеме да возиме во рамки на дозволена брзина во Австрија и во Германија, може да возиме со дозволена брзина и во Македонија. Целта е да се намали бројката на смртни случаи како последица на небезбедно возење, вели Тошковски во интервју за Слободен печат. Според него, ова не значи исклучување на полицајците од контрола по улиците. -Полицајците ќе ги има, сакам да ги има во зголемен број. Враќањето на позорникарите е следна цел. Мора да најдеме начин како да ја доближиме полицијата до граѓаните, вели Тошковски. Што се однесува до првите казни од камерите за „Безбеден град“, министерот вели дека до крајот на оваа година ќе има законско решение кое ќе овозможи примена на овој систем. Не би сакал да си дозволиме да го воведеме, да се стави во функција, а притоа да имаме проблем со доставување на казните. Задолжително ќе мораме да имаме период на адаптација, јас би го нарекол превентивен период каде што би укажувале, би опоменувале, но тоа да не трае до бескрај. Мислам дека е разумен период од 30-тина дена. Јас би сакал да профункционираме од Нова година – вели министерот. Тој во интервјуто говори и за издавањето на пасошите со новото име на државата. Притоа потенцира дека се издадени повеќе од 400.000 пасоши за периодот што тој го менаџира како министер за внатрешни работи, и во техничката Влада и сега. Засега се чека за издавање на пасош по редовна постапка, но, додава, за два месеци се ќе се нормализира. Тие што ќе се фотографираат во септември, ќе го земаат пасошот за 15 дена. Тоа е реалноста сега, ако се зголемат бројките, пак нема да го запазиме законскиот рок. Меѓутоа, во рамки на очекувањата, би требало во септември веќе да имаме нормален законски рок од фотографирање за 15 дена да имаме издавање на патната исправа. Во итна постапка, граѓаните кои имаат потреба можат да обезбедат пасош за вкупно четири дена, вели министерот. Министерот за внатрешни работи во интервјуто се осврнува и на состојбите со криминалот и со дрогата во земјата. Според него, состојбата со количините на дрога што ја има по улиците е катастрофална. Секој еден граѓанин скопјанец, битолчанец, ресенчанец, кавадарчанец, тетовец, ако го прашате каква е ситуацијата на терен во овој контекст, ќе ви кажат дека е катастрофална. Колку што сега има дрога на улица, немало никогаш. Количеството на дроги на улица во последните четири години е фрапантно, вели Тошковски и тоа според него треба да се промени. Прашан за безбедноста на границите Тошковски потенцира оти полицијата на тоа прашање треба да се посвети темелно и сеопфатно. Тоа значи дека ќе имаме еден центар, од којшто ќе се употребуваат технички уреди, термални камери, дронови. Ќе се дејствува со мобилни екипи од внатрешноста, за да може длабински да се покрива, особено зелената граница, да имаме вистинска контрола и реална слика за фактичката состојба на границата. Дали досега тоа е ненаправено од немукает на претходните министри или заради тоа што така му одговарало на некој, ќе видиме, вели Тошковски. Според него, ако сакаме да имаме вистински увид на фактичката состојба и вистинска борба против нелегална имиграција, вистинска борба против трговија со одредени нелегални работи, мора да се работи. Ќе дадам еден пример, само краток. Многу од овие несакани насилни кривични дела коишто биле во минато, биле преземени од страна на поединци, луѓе коишто не се македонски државјани, кои влегуваат од соседните држави по диви рути, сторуваат тоа што сторуваат и после тоа повторно по истата рута се дислоцираат од државата, додава Тошковски. Министерот за внатрешни работи вели дека во претстојниот период ќе мора да се работи многу на унапредување на работата на Министерството, бидејќи, како што нагласува, во МВР фалат многу работи, фали човечки кадар кој е обучен и стручен во делот на форензичари, луѓе од хемиската област кои се експерти, машинска струка и професионалци од информатичките области, фалат пилоти. Она што е моја болка е освен организиран криминал и висока корупција, од аспект на соодветен фокус во делот на технички ресурси и човечки ресурси, коишто треба да ги фокусираме, се управните служби. Тоа е сè што е поврзано со лични карти, пасоши, возачки дозволи. Треба да имаме систем на функционирање. Се надевам дека после четири години, ќе имаме систем што функционира. Без оглед дали ќе биде прв на институцијата кадар којшто доаѓа од десница или доаѓа од левица или не знам, доаѓа од некоја центропартија, вели Тошковски. Во врска со борбата против корупцијата, како што нагласува во интервјуто, смета дека законот треба да важи за сите и оти како техничка Влада тоа и го покажале на дело. Покажавме дека нема да има недопирливи и покажавме дека дури и во таков технички период, може да се работи професионално во делот на надлежноста на МВР. Ама мора да има резултат. На крајот народот мора да види дека во рамки на вистината, врховен судија одговара доколку рекетира. Член на Совет на јавни обвинители ќе одговара доколку стори нешто што е незаконско. Па и министер кој ќе стори нешто незаконско, ќе одговара. Едноставно, треба вистински да се бориме против овие несакани работи, за да можеме да го направиме тоа што е од интерес на сите, а тоа е за одреден временски период да се гордееме со земјата во која живееме, нагласува министерот за внатрешни работи Тошковски.

The post Тошковски: „Сејф сити“ е круцијален за зголемување на безбедноста во сообраќајот appeared first on Република.

]]>
Казни на адреса ќе стигаат после законските измени, засега само се поставуваат нови камери за „Безбеден град“ https://republika.mk/vesti/makedonija/kazni-na-adresa-ke-stigaat-posle-zakonskite-izmeni-zasega-samo-se-postavuvaat-novi-kameri-za-bezbeden-grad/ Mon, 20 May 2024 14:25:12 +0000 https://republika.mk/?p=780205

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба на Единицата за оперативно-технички работи при Бирото за јавна безбедност во чија надлежност е системот за видеонадзор на сообраќајниците познат како „Безбеден град“.

Во рамки на посетата министерот беше запознаен со работата на оваа организациска единица, тековните активности и проблеми од делокругот на нивната работа.

Во тој контекст беше истакнато дека во моментот ваков систем е поставен само во Скопје, Куманово и Тетово, има недостаток на покриеност на многу значајни крстосници, а голем дел од камерите и опремата која се користи во овој систем е технички застарена, а дел и неисправна. Исто така бев информиран за наградбата на системот која е во тек, а која опфаќа замена на постојните камери со нови и проширување на системот со нови камери на точки кои досега не беа покриени. Водено, во фаза на тестирање е системот за автоматско евидентирање на сообраќајни прекршоци за чие целосно ставање во функција потребно е да се направат и соодветни законски измени, издвои министерот Тошковски од средбата.

Во иднина треба во континуитет да се инвестира во овој дел, да се прошири и во другите градови низ државата, како и да се распредели дополнителен кадар со цел оваа организациска единица да работи непречено во текот на 24 часа, бидејќи е од круцијално значење за обезбедување на поволна безбедносна состојба.

The post Казни на адреса ќе стигаат после законските измени, засега само се поставуваат нови камери за „Безбеден град“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба на Единицата за оперативно-технички работи при Бирото за јавна безбедност во чија надлежност е системот за видеонадзор на сообраќајниците познат како „Безбеден град“. Во рамки на посетата министерот беше запознаен со работата на оваа организациска единица, тековните активности и проблеми од делокругот на нивната работа.
Во тој контекст беше истакнато дека во моментот ваков систем е поставен само во Скопје, Куманово и Тетово, има недостаток на покриеност на многу значајни крстосници, а голем дел од камерите и опремата која се користи во овој систем е технички застарена, а дел и неисправна. Исто така бев информиран за наградбата на системот која е во тек, а која опфаќа замена на постојните камери со нови и проширување на системот со нови камери на точки кои досега не беа покриени. Водено, во фаза на тестирање е системот за автоматско евидентирање на сообраќајни прекршоци за чие целосно ставање во функција потребно е да се направат и соодветни законски измени, издвои министерот Тошковски од средбата.
Во иднина треба во континуитет да се инвестира во овој дел, да се прошири и во другите градови низ државата, како и да се распредели дополнителен кадар со цел оваа организациска единица да работи непречено во текот на 24 часа, бидејќи е од круцијално значење за обезбедување на поволна безбедносна состојба.

The post Казни на адреса ќе стигаат после законските измени, засега само се поставуваат нови камери за „Безбеден град“ appeared first on Република.

]]>
„Сејф сити“ во функција: Еве кога ќе почне да стигаат сообраќајни казни на домашна адреса! https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sejf-siti-vo-funktsija-eve-koga-ke-pochne-da-stigaat-soobrakajni-kazni-na-domashna-adresa/ Fri, 08 Mar 2024 10:44:58 +0000 https://republika.mk/?p=752595

Министерството за внатрешни работи за Плусинфо информира дека веќе е извршено тестирање на опремата од системот „Сејф сити“ во поглед на брзото возење и поминувањето на црвено. Резултатите од тестирањето на опремата и на камерите се позитивни.

Имплементацијата на надградбата на системот „Сејф сити“ е во почетна фаза. Во тек се пристигнување на целокупната опрема и подготовките за поставување на новите локации – велат од МВР за Плусинфо.

Оттаму додаваат дека временската рамка за имплементацијата за надградбата за системот „Сејф сити“ е класифицирана информација.

Засега не можеме да информираме кога точно ќе биде пуштен во употреба новиот систем. Во поглед на прашањето која е цената на надградбата на системот „Сејф сити“ и која е фирмата која е ангажирана за нејзина имплементација, истото е класифицирана информација – додаваат од МВР.

Како што претходно информиравме, поминувањето на црвено, движењето со поголема брзина од дозволената, погрешното паркирање и сличните прекршоци ќе бидат регистрирани од новите камери на „Сејф сити“, а казните за сообраќајните прекршоци ќе пристигнуваат на домашните адреси на сопствениците на автомобили.

Според информациите на Плусинфо, а тоа го потврдија и од МВР, сѐ уште не се донесени законските промени за да биде пуштен во функција системот. Со овие промени треба да биде овозможено фотографијата за сторениот прекршок од страна на возачот да се користи како доказен материјал за негово санкционирање.

Во постапка се измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со цел да се уреди начинот на обезбедување и испраќање на доказниот материјал од сторителот на прекршокот – велат од МВР.

По стартувањето на новиот систем со новите камери, возачите ќе треба да бидат многу повнимателни, бидејќи ќе бидат казнувани за секое зголемување на брзината над дозволеното. Исто така, системот ќе ги регистрира и оние возила кои на раскрсница ќе минат кога на семафорот ќе биде вклучено црвено светло.

Покрај овие казни, од „Сејф сити“ ќе фрчат казни и за непрописно паркираните возила, кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот во градските средини.

Нема да куртулат ниту возачите кои не ги носат безбедносните појаси, како и оние кои користат мобилен телефон додека управуваат со автомобилот.

На крајот на минатата година нашиот извор нѐ информираше дека секој сторител на сообраќаен прекршок што ќе биде „фатен“ од камерите, на домашна адреса ќе добие фотографија од возилото со регистарската табличка, местото, времето и опис за тоа кој прекршок е направен.

Доколку сопственикот го негира прекршокот, тврдејќи дека тој не го управувал возилото за кое е утврдена казна, тогаш повторно ќе му биде испратена фотографија само од лицето кое го возело автомобилот, но не и на другите патници кои се наоѓале во тој момент во возилото. Тогаш казната ќе биде наменета за возачот, но не и за сопственикот на автомобилот. Секако, приватноста на секој од возачите ќе биде загарантирана, па затоа фотографии ќе добива само лицето кое го управува автомобилот – објасни тогаш нашиот извор.

Камери коишто ќе евидентираат сообраќајни прекршоци засега ќе има во Скопје, во Тетово и во Куманово, како и на автопатиштата, а во иднина се размислува за воведување на системот „Сејф сити“ и во другите градови во земјава и на автопатиштата.

Извор: Плусинфо

The post „Сејф сити“ во функција: Еве кога ќе почне да стигаат сообраќајни казни на домашна адреса! appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи за Плусинфо информира дека веќе е извршено тестирање на опремата од системот „Сејф сити“ во поглед на брзото возење и поминувањето на црвено. Резултатите од тестирањето на опремата и на камерите се позитивни. Имплементацијата на надградбата на системот „Сејф сити“ е во почетна фаза. Во тек се пристигнување на целокупната опрема и подготовките за поставување на новите локации – велат од МВР за Плусинфо. Оттаму додаваат дека временската рамка за имплементацијата за надградбата за системот „Сејф сити“ е класифицирана информација. Засега не можеме да информираме кога точно ќе биде пуштен во употреба новиот систем. Во поглед на прашањето која е цената на надградбата на системот „Сејф сити“ и која е фирмата која е ангажирана за нејзина имплементација, истото е класифицирана информација – додаваат од МВР. Како што претходно информиравме, поминувањето на црвено, движењето со поголема брзина од дозволената, погрешното паркирање и сличните прекршоци ќе бидат регистрирани од новите камери на „Сејф сити“, а казните за сообраќајните прекршоци ќе пристигнуваат на домашните адреси на сопствениците на автомобили. Според информациите на Плусинфо, а тоа го потврдија и од МВР, сѐ уште не се донесени законските промени за да биде пуштен во функција системот. Со овие промени треба да биде овозможено фотографијата за сторениот прекршок од страна на возачот да се користи како доказен материјал за негово санкционирање. Во постапка се измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со цел да се уреди начинот на обезбедување и испраќање на доказниот материјал од сторителот на прекршокот – велат од МВР. По стартувањето на новиот систем со новите камери, возачите ќе треба да бидат многу повнимателни, бидејќи ќе бидат казнувани за секое зголемување на брзината над дозволеното. Исто така, системот ќе ги регистрира и оние возила кои на раскрсница ќе минат кога на семафорот ќе биде вклучено црвено светло. Покрај овие казни, од „Сејф сити“ ќе фрчат казни и за непрописно паркираните возила, кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот во градските средини. Нема да куртулат ниту возачите кои не ги носат безбедносните појаси, како и оние кои користат мобилен телефон додека управуваат со автомобилот. На крајот на минатата година нашиот извор нѐ информираше дека секој сторител на сообраќаен прекршок што ќе биде „фатен“ од камерите, на домашна адреса ќе добие фотографија од возилото со регистарската табличка, местото, времето и опис за тоа кој прекршок е направен. Доколку сопственикот го негира прекршокот, тврдејќи дека тој не го управувал возилото за кое е утврдена казна, тогаш повторно ќе му биде испратена фотографија само од лицето кое го возело автомобилот, но не и на другите патници кои се наоѓале во тој момент во возилото. Тогаш казната ќе биде наменета за возачот, но не и за сопственикот на автомобилот. Секако, приватноста на секој од возачите ќе биде загарантирана, па затоа фотографии ќе добива само лицето кое го управува автомобилот – објасни тогаш нашиот извор. Камери коишто ќе евидентираат сообраќајни прекршоци засега ќе има во Скопје, во Тетово и во Куманово, како и на автопатиштата, а во иднина се размислува за воведување на системот „Сејф сити“ и во другите градови во земјава и на автопатиштата. Извор: Плусинфо

The post „Сејф сити“ во функција: Еве кога ќе почне да стигаат сообраќајни казни на домашна адреса! appeared first on Република.

]]>
Се поставуваат нови камери во Скопје, од МВР велат дека ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци https://republika.mk/vesti/skopje/se-postavuvaat-novi-kameri-vo-skopje-od-mvr-velat-deka-ke-se-koristat-za-dokumentirane-na-soobrakajni-prekrshotsi/ Thu, 21 Dec 2023 15:35:07 +0000 https://republika.mk/?p=725349

Ќе пристигаат ли казни за сообраќајни прекршоци на домашна адреса? Вакви муабети се раширија меѓу корисниците на социјалните мрежи откако беа забележани нови камери на скопските раскрсници. Уреди во сина боја се поставуваат до веќе постоечките камери, а од МВР за „Република“ велат дека тоа се камери кои се поставуваат во рамките на проектот „Безбеден град”.

На прашањата дали се планира воведување на казни за брзо возење, поминување на црвено светло и слични сообраќајни прекршоци кои се регистрирани од овие камери, од Министерството велат дека тие сè уште се поставуваат и дека откако сите предвидени ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци.

Потенцираат и дека камерите сè уште не се во функција.

По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект соодветно ќе ја известиме јавноста, велат од Министерството.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна ја најави надоградбата на системот „Сејф сити“, но зборуваше за вклучување на автопатиштата низ државата и други поголеми градови.

Во овој момент го имаме само во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес на надграба на целиот овој систем. Надградбата ќе ги вклучи и автопатиштата низ државата и овие три градови и тука ќе се вклучи, секако, и електронското утврдување на собраќајните прекршоци. Идејата е да се прошири, пред се, во големите градови кадешто имаме поголема фреквенција на луѓе. Штип е е еден од тие градови, иако мораме да кажеме дека Истокот, подрачјето на Штип е мирно, стабилно, меѓутоа секаде кадешто имаме видео надзор имаме подобрување на безбедносната состојба, но ни помага и во откривачката дејност на јавната безбедност, рече Спасовски во одговор на новинарското прашање.

The post Се поставуваат нови камери во Скопје, од МВР велат дека ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци appeared first on Република.

]]>

Ќе пристигаат ли казни за сообраќајни прекршоци на домашна адреса? Вакви муабети се раширија меѓу корисниците на социјалните мрежи откако беа забележани нови камери на скопските раскрсници. Уреди во сина боја се поставуваат до веќе постоечките камери, а од МВР за „Република“ велат дека тоа се камери кои се поставуваат во рамките на проектот „Безбеден град”. На прашањата дали се планира воведување на казни за брзо возење, поминување на црвено светло и слични сообраќајни прекршоци кои се регистрирани од овие камери, од Министерството велат дека тие сè уште се поставуваат и дека откако сите предвидени ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци. Потенцираат и дека камерите сè уште не се во функција.
По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект соодветно ќе ја известиме јавноста, велат од Министерството.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна ја најави надоградбата на системот „Сејф сити“, но зборуваше за вклучување на автопатиштата низ државата и други поголеми градови.
Во овој момент го имаме само во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес на надграба на целиот овој систем. Надградбата ќе ги вклучи и автопатиштата низ државата и овие три градови и тука ќе се вклучи, секако, и електронското утврдување на собраќајните прекршоци. Идејата е да се прошири, пред се, во големите градови кадешто имаме поголема фреквенција на луѓе. Штип е е еден од тие градови, иако мораме да кажеме дека Истокот, подрачјето на Штип е мирно, стабилно, меѓутоа секаде кадешто имаме видео надзор имаме подобрување на безбедносната состојба, но ни помага и во откривачката дејност на јавната безбедност, рече Спасовски во одговор на новинарското прашање.

The post Се поставуваат нови камери во Скопје, од МВР велат дека ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Ќе се надградува системот „Сејф сити“ https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-ke-se-nadgraduva-sistemot-sejf-siti/ Tue, 12 Dec 2023 09:56:30 +0000 https://republika.mk/?p=722074

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави дека ќе се надградува системот „Сејф сити“, а тоа ќе ги вклучи автопатиштата низ државата и други поголеми градови.

Спасовски ова го изјави во одговор на новинарско прашање по денешната посета на СВР Штип, при што најави дека и овој град е еден од тие во кој може да се прошири овој систем.

Во овој момент го имаме само во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес на надграба на целиот овој систем. Надградбата ќе ги вклучи и автопатиштата низ државата и овие три градови и тука ќе се вклучи, секако, и електронското утврдување на собраќајните прекршоци. Идејата е да се прошири, пред се, во големите градови кадешто имаме поголема фреквенција на луѓе. Штип е е еден од тие градови, иако мораме да кажеме дека Истокот, подрачјето на Штип е мирно, стабилно, меѓутоа секаде кадешто имаме видео надзор имаме подобрување на безбедносната состојба, но ни помага и во откривачката дејност на јавната безбедност, рече Спасовски во одговор на новинарското прашање.

The post Спасовски: Ќе се надградува системот „Сејф сити“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави дека ќе се надградува системот „Сејф сити“, а тоа ќе ги вклучи автопатиштата низ државата и други поголеми градови. Спасовски ова го изјави во одговор на новинарско прашање по денешната посета на СВР Штип, при што најави дека и овој град е еден од тие во кој може да се прошири овој систем.