Сејдини Archives - Република https://republika.mk/tema/sejdini/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 20:39:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сејдини Archives - Република https://republika.mk/tema/sejdini/ 32 32 Сејдини си заминува од ФФМ https://republika.mk/sport/fudbal/sejdini-si-zaminuva-od-ffm/ Mon, 11 Nov 2024 20:39:36 +0000 https://republika.mk/?p=836534

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини, ќе си замине од функцијата по завршувањето на двата ноемвриски дуели на А-тимот против Летонија на 14 ноември и против Фарски Острови три дена подоцна, дознава Спорт1 од извори блиски до Куќата на фудбалот.

Според информациите, Сејдини веќе ја ковертирал оставката и ќе ја обелодени по завршувањето на двата меча, со цел да нема нарушување на атмосферата во А-тимот, кој го обезбеди првото место во четвртата група од Ц Лигата на Нациите, со што во наредниот циклус ќе оди во посилната – Б Лига.

Претседателот Сејдини периодов ја изгуби довербата и кај најблиските соработници, членовите на Управниот одбор, кои верно му слугуваа и аминуваа досега, но наеднаш му го завртеа грбот, па свесен дека не може да се спаси, решил да си поднесе оставка. Неговиот мандат е при крај, напролет треба да има редовно Изборно собрание, но извесно е дека тој нема да биде кандидат.

Потпретседателот Лазар Ракиџиев веројатно ќе биде назначен за в.д. претседател, но само со ограничени ингеренции, а најважната задача ќе му биде да организира фер Изборно Собрание, на кое ќе биде избран наследник на Сејдини.

Сејдини стана претседател по оставката на Илчо Ѓорѓиевски во јули 2018 година, а дотогаш ја извршуваше функцијата потпретседател на ФФМ. Неговиот мандат ќе остане забележан по тоа што Македонија за првпат играше на едно ЕП (2020), но не поради тоа тој беше заслужен за тоа, туку поради тоа што наследи сплет на околности, синергија во А-тимот и лесен начин за пласман на Евро, па нескромно си ги припиша заслугите и се обиде да го собере ловориките.

Напротив, имаше мал милион скандали во неговата работа – најсрамната беше премирање на неговите фотељаши од УО (секој по 20.000 евра) за пласманот на ЕП, чиниш тие играа на теренот, потоа кавгите и препукувањата со тогашниот селектор Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев, приватизирањето на Федерацијата и целосното оддалечување од јавноста.

Во негово време тотално пропадна прволигашкиот фудбал, македонските екипи постојано имаа срамни резултати во еврокуповите, а инфраструктурата е на најниско ниво во историјата. Сејдини беше поврзуван и со флертување со една политичка партија, често беше гледан во друштво на министри, но затоа пак брзаше да оди во Нион и Лозана за да се жали дека политиката се меша во работата на ФФМ.

Обрачот околу Сејдини почна интензивно да се стега во последните три месеци, иако и од претходно најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев постојано реагираше и критикуваше за начинот на работа. Пред извесно време, оставка од функцијата директор си поднесе Дени Масев, кој не пропушти да распука по Сејдини, а десетина дена претходно се случил инцидент во кој бил нападнат токму првиот човек на Федерацијата.

Интересно, единствениот кој му дава поддршка и засега е на страната на Сејдини е Дарко Панчев, кој постојано потенцира дека актуелното раководство добро си ја врши работата и е на вистински пат да го врати македонскиот фудбал каде што му е местото.

извор. sport1.mk

The post Сејдини си заминува од ФФМ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини, ќе си замине од функцијата по завршувањето на двата ноемвриски дуели на А-тимот против Летонија на 14 ноември и против Фарски Острови три дена подоцна, дознава Спорт1 од извори блиски до Куќата на фудбалот.
Според информациите, Сејдини веќе ја ковертирал оставката и ќе ја обелодени по завршувањето на двата меча, со цел да нема нарушување на атмосферата во А-тимот, кој го обезбеди првото место во четвртата група од Ц Лигата на Нациите, со што во наредниот циклус ќе оди во посилната – Б Лига. Претседателот Сејдини периодов ја изгуби довербата и кај најблиските соработници, членовите на Управниот одбор, кои верно му слугуваа и аминуваа досега, но наеднаш му го завртеа грбот, па свесен дека не може да се спаси, решил да си поднесе оставка. Неговиот мандат е при крај, напролет треба да има редовно Изборно собрание, но извесно е дека тој нема да биде кандидат.
Потпретседателот Лазар Ракиџиев веројатно ќе биде назначен за в.д. претседател, но само со ограничени ингеренции, а најважната задача ќе му биде да организира фер Изборно Собрание, на кое ќе биде избран наследник на Сејдини. Сејдини стана претседател по оставката на Илчо Ѓорѓиевски во јули 2018 година, а дотогаш ја извршуваше функцијата потпретседател на ФФМ. Неговиот мандат ќе остане забележан по тоа што Македонија за првпат играше на едно ЕП (2020), но не поради тоа тој беше заслужен за тоа, туку поради тоа што наследи сплет на околности, синергија во А-тимот и лесен начин за пласман на Евро, па нескромно си ги припиша заслугите и се обиде да го собере ловориките.
Напротив, имаше мал милион скандали во неговата работа – најсрамната беше премирање на неговите фотељаши од УО (секој по 20.000 евра) за пласманот на ЕП, чиниш тие играа на теренот, потоа кавгите и препукувањата со тогашниот селектор Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев, приватизирањето на Федерацијата и целосното оддалечување од јавноста. Во негово време тотално пропадна прволигашкиот фудбал, македонските екипи постојано имаа срамни резултати во еврокуповите, а инфраструктурата е на најниско ниво во историјата. Сејдини беше поврзуван и со флертување со една политичка партија, често беше гледан во друштво на министри, но затоа пак брзаше да оди во Нион и Лозана за да се жали дека политиката се меша во работата на ФФМ.
Обрачот околу Сејдини почна интензивно да се стега во последните три месеци, иако и од претходно најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев постојано реагираше и критикуваше за начинот на работа. Пред извесно време, оставка од функцијата директор си поднесе Дени Масев, кој не пропушти да распука по Сејдини, а десетина дена претходно се случил инцидент во кој бил нападнат токму првиот човек на Федерацијата. Интересно, единствениот кој му дава поддршка и засега е на страната на Сејдини е Дарко Панчев, кој постојано потенцира дека актуелното раководство добро си ја врши работата и е на вистински пат да го врати македонскиот фудбал каде што му е местото. извор. sport1.mk

The post Сејдини си заминува од ФФМ appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Управниот суд Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-upravniot-sud-sejdini-gi-otfrla-tvrdenata-deka-vrshi-pritisok-vrz-sudiite-koi-odluchuvaat-za-tuzhbite-na-evropskiot-front/ Fri, 17 May 2024 18:05:29 +0000 https://republika.mk/?p=779326

Претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини вечерва на прес-конференција демантира дека вршел притисок врз судиите во судечките совет кои одлучуваат за тужбите на Коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија за парламентарните избори. Тој оцени дека тврдењата на Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ се невистинити, инсинуации и клевети.

-Денешното мое појавување во јавноста е во врска со јавните изјави на господинот (Арбен) Таравари дека има сознанија односно информации дека јас како претседател на Судот вршам притисок над судиите кои што ги ценам како комплетни невистини, како инсинуации и клевети врз мојата работа како претседател на Управниот суд, рече Сејдини на прес-конференцијата во Судот.

Досега, како што кажа, Управниот суд има одржано четири јавни расправи, а во тек е петатата. Објавени се две одлуки на веб - странicата, а претходно тие беа објавени од самите судечки совети.

Сејдини смета дека ваквите изјави на јавните личности сериозно му штетат на имиџот на нашата земја во евроинтеграциските процеси. Особено смета дека, како што вели, делот од изјавата на господинот Таравари за негова одговорност и на судиите после 15 јуни, односно после формирање на новата Влада каде што тој ќе биде дел „се сериозен притисок и директен врз судиите, Управниот суд и генерално судството“.

-Морам да напоменам дека совесно, согласно закон и со многу голема одговорност сум ја вршел мојата работа како претседател на судот и истото ви го тврдам и за колегите мои и за стручната служба. Лично јас како претседател на Управниот суд немам потреба односно не знам да стравувам за мојата работа да ја вршам одговорно, согласно закон така што датумите што се спомнуваат 15 јуни или други датуми само ги гледам како денови во кои што со личниот интегритет и капацитет ќе можам да придонесам за доборото на нашата земја. Истото можам да го тврдам и за судиите од овој суд дека деновите, датумите ги гледаме како можности за да придонесеме за поквалитетна правда во нашата земја, рече Сејдини.

The post Претседателот на Управниот суд Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини вечерва на прес-конференција демантира дека вршел притисок врз судиите во судечките совет кои одлучуваат за тужбите на Коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија за парламентарните избори. Тој оцени дека тврдењата на Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ се невистинити, инсинуации и клевети. -Денешното мое појавување во јавноста е во врска со јавните изјави на господинот (Арбен) Таравари дека има сознанија односно информации дека јас како претседател на Судот вршам притисок над судиите кои што ги ценам како комплетни невистини, како инсинуации и клевети врз мојата работа како претседател на Управниот суд, рече Сејдини на прес-конференцијата во Судот. Досега, како што кажа, Управниот суд има одржано четири јавни расправи, а во тек е петатата. Објавени се две одлуки на веб - странicата, а претходно тие беа објавени од самите судечки совети. Сејдини смета дека ваквите изјави на јавните личности сериозно му штетат на имиџот на нашата земја во евроинтеграциските процеси. Особено смета дека, како што вели, делот од изјавата на господинот Таравари за негова одговорност и на судиите после 15 јуни, односно после формирање на новата Влада каде што тој ќе биде дел „се сериозен притисок и директен врз судиите, Управниот суд и генерално судството“. -Морам да напоменам дека совесно, согласно закон и со многу голема одговорност сум ја вршел мојата работа како претседател на судот и истото ви го тврдам и за колегите мои и за стручната служба. Лично јас како претседател на Управниот суд немам потреба односно не знам да стравувам за мојата работа да ја вршам одговорно, согласно закон така што датумите што се спомнуваат 15 јуни или други датуми само ги гледам како денови во кои што со личниот интегритет и капацитет ќе можам да придонесам за доборото на нашата земја. Истото можам да го тврдам и за судиите од овој суд дека деновите, датумите ги гледаме како можности за да придонесеме за поквалитетна правда во нашата земја, рече Сејдини.

The post Претседателот на Управниот суд Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт appeared first on Република.

]]>
Пандев: Што да разговарам со Сејдини, кога не разбира ништо за фудбал! https://republika.mk/sport/fudbal/pandev-shto-da-razgovaram-so-sejdini-koga-ne-razbira-nishto-za-fudbal/ Tue, 21 Mar 2023 11:57:02 +0000 https://republika.mk/?p=622017

Како и што да разговарам човекот (Муамед Сејдини – претседателот на ФФМ н.з.), кога не разбира фудбал, му одговори македонската легенда Горан Пандев на легендарниот хрватски фудбалер Марио Станиќ, сега во улога на новинар, во емисијата „(Не)успех првака“ на регионалната „Арена Спорт“ на прашањето какви се сега односите на рекордерот на Македонија со раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Пандев уште пред историскиот настап на Еуро 2020 е во „војна“ со ФФМ, постојано критикувајќи го раководството за фудбалското неработење и исклучиво личните интереси, па калчо-иконата која лани во септември замина во фудбалска пензија, посочи дека веќе подолг период ја кажува реалноста за состојбите во македонскиот фудбал.

„Односите се катастрофално лоши. Јас и пред Европското првенство кажував што мислам за ФФМ, дека организацијата е катастрофа… Ние отидовме на Европско со стари дресови десет години, мене од Италија ми бараа дресови, не знаев што да им кажам. Маркетингот ужас. Мислев со пласманот ќе се сменат многу работи, дека ќе се инвестира во развој, ама ништо… Сѐ за лични интереси, нас во Прва лига ни се откажува клуб пред почеток на сезона. Како да зборувам со човек кој не разбира фудбал? Едноставно не разбира. Никако не ми е сфатливо, никој од легендите како Митко Стојковски, Дарко Панчев, Милко и Бошко Ѓуровски, Чеде Јаневскии…, ама баш никој да не е во ФФМ“, рече Пандев.

Легендата на македонскиот фудбал со 122 настапи и 38 гола посочи и дека најтешка одлука во кариерата му била откажувањето од националниот дрес во еден период од 2014 до 2016 година, после што се врати, повторувајќи дека „менаџерските шеми“ го натерале да се повлече од националниот дрес.

„Јас плачев за Македонија, а гледав што се сѐ случува. Гледаш менаџери работат, нешто што никогаш не можев да прифатам, дека мора некој да игра за да биде продаден. Како може тоа да го гарантираш. Десет пати зборував со претседателот, да играат најдобрите, ама сѐ беше хаос. Тотална катастрофа, ништо не функционираше, секој циклус нов селектор, а во еден циклус играа 50 фудбалери. Ние Италија ли сме? Mи велеа – ти само одработи го своето. Но, не можев и тоа откажување ми беше најтешката одлука во животот. После се сменија некои работи, прв Љубинко Друловиќ ме бараше да се вратам, но не бев подготвен, а потоа по разговорот со Игор Ангеловски се вратив. Се вратив зашто почнаа да ги почитуваат А-репрезентативците, зашто претходно менувавме по четири авиони. Едноставно мора да се почитуваат играчите, па почнавме да одиме со чартери. Јас претходно не можев по четири дена да се соземам, додека играв во Лацио, Делио Роси ми велеше: ‘Ти после настап за Македонија, цел месец не може да дојдеш при себе’“, додаде Пандев.

The post Пандев: Што да разговарам со Сејдини, кога не разбира ништо за фудбал! appeared first on Република.

]]>

Како и што да разговарам човекот (Муамед Сејдини – претседателот на ФФМ н.з.), кога не разбира фудбал, му одговори македонската легенда Горан Пандев на легендарниот хрватски фудбалер Марио Станиќ, сега во улога на новинар, во емисијата „(Не)успех првака“ на регионалната „Арена Спорт“ на прашањето какви се сега односите на рекордерот на Македонија со раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Пандев уште пред историскиот настап на Еуро 2020 е во „војна“ со ФФМ, постојано критикувајќи го раководството за фудбалското неработење и исклучиво личните интереси, па калчо-иконата која лани во септември замина во фудбалска пензија, посочи дека веќе подолг период ја кажува реалноста за состојбите во македонскиот фудбал. „Односите се катастрофално лоши. Јас и пред Европското првенство кажував што мислам за ФФМ, дека организацијата е катастрофа… Ние отидовме на Европско со стари дресови десет години, мене од Италија ми бараа дресови, не знаев што да им кажам. Маркетингот ужас. Мислев со пласманот ќе се сменат многу работи, дека ќе се инвестира во развој, ама ништо… Сѐ за лични интереси, нас во Прва лига ни се откажува клуб пред почеток на сезона. Како да зборувам со човек кој не разбира фудбал? Едноставно не разбира. Никако не ми е сфатливо, никој од легендите како Митко Стојковски, Дарко Панчев, Милко и Бошко Ѓуровски, Чеде Јаневскии…, ама баш никој да не е во ФФМ“, рече Пандев. Легендата на македонскиот фудбал со 122 настапи и 38 гола посочи и дека најтешка одлука во кариерата му била откажувањето од националниот дрес во еден период од 2014 до 2016 година, после што се врати, повторувајќи дека „менаџерските шеми“ го натерале да се повлече од националниот дрес. „Јас плачев за Македонија, а гледав што се сѐ случува. Гледаш менаџери работат, нешто што никогаш не можев да прифатам, дека мора некој да игра за да биде продаден. Како може тоа да го гарантираш. Десет пати зборував со претседателот, да играат најдобрите, ама сѐ беше хаос. Тотална катастрофа, ништо не функционираше, секој циклус нов селектор, а во еден циклус играа 50 фудбалери. Ние Италија ли сме? Mи велеа – ти само одработи го своето. Но, не можев и тоа откажување ми беше најтешката одлука во животот. После се сменија некои работи, прв Љубинко Друловиќ ме бараше да се вратам, но не бев подготвен, а потоа по разговорот со Игор Ангеловски се вратив. Се вратив зашто почнаа да ги почитуваат А-репрезентативците, зашто претходно менувавме по четири авиони. Едноставно мора да се почитуваат играчите, па почнавме да одиме со чартери. Јас претходно не можев по четири дена да се соземам, додека играв во Лацио, Делио Роси ми велеше: ‘Ти после настап за Македонија, цел месец не може да дојдеш при себе’“, додаде Пандев.

The post Пандев: Што да разговарам со Сејдини, кога не разбира ништо за фудбал! appeared first on Република.

]]>