сцадбари Archives - Република https://republika.mk/tema/scadbari/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Jun 2022 11:49:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сцадбари Archives - Република https://republika.mk/tema/scadbari/ 32 32 Казни од 200 до 500 евра за свадбарите кои ќе слават со пукање во Тетовско https://republika.mk/vesti/kazni-od-200-do-500-evra-za-svadbarite-koi-kje-slavat-so-pukanje-vo-tetovsko/ Tue, 21 Jun 2022 11:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=517981

Полицијата во полошкиот регион во наредниов период значително ќе ги засили контролните активности за откривање и санкционирање пукање од огнено оружје, правење на огномети и користење на пиротехнички средства. Деновиве се одржуваат состаноци на советодавните групи на граѓани и на месните и урбаните заедници во Полог за да се намалат и спречат ваквите нарушувања на јавниот ред и мир.

Од СВР Тетово појаснуваат дека во наредниве два месеца, (јули и август), на поширокото полошко подрачје закажани се и ќе бидат организирани голем број свадбени и други свечености.

Ваквите свечености минатите години, повеќе или помалку, се карактеризираа со повремени нарушувања на јавниот ред и мир, најчесто со пукање од огнено оружје или неовластено приредување огномети, односно употреба на разновидни пиротехнички средства - вели портпаролот Марјан Јосифоски.

Тој упати апел до граѓаните да се воздржат од пукање со пиштоли или друго огнено оружје, како и од неовластено организирање огномети, кои во последно време стануваат задолжителна свадбена содржина, односно практика на ова подрачје.

Неовластеното пукање на семејни веселби може да биде санкционирано како прекршок, но и да биде кривично дело.

Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31 се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик) - вели полицискиот портпарол.

За да се избегнат непријатностите и казнувањата, од СВР Тетово потсетуваат дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а нивните организатори навреме да ги спроведат пропишаните превентивни мерки. Истото се однесува и на други свечености кои ќе се организираат по различни поводи.

Од полицијата потсетуваат дека нивни службеници ќе бидат зачестено на терен и ќе вршат контроли на планот на откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир.

The post Казни од 200 до 500 евра за свадбарите кои ќе слават со пукање во Тетовско appeared first on Република.

]]>

Полицијата во полошкиот регион во наредниов период значително ќе ги засили контролните активности за откривање и санкционирање пукање од огнено оружје, правење на огномети и користење на пиротехнички средства. Деновиве се одржуваат состаноци на советодавните групи на граѓани и на месните и урбаните заедници во Полог за да се намалат и спречат ваквите нарушувања на јавниот ред и мир. Од СВР Тетово појаснуваат дека во наредниве два месеца, (јули и август), на поширокото полошко подрачје закажани се и ќе бидат организирани голем број свадбени и други свечености.
Ваквите свечености минатите години, повеќе или помалку, се карактеризираа со повремени нарушувања на јавниот ред и мир, најчесто со пукање од огнено оружје или неовластено приредување огномети, односно употреба на разновидни пиротехнички средства - вели портпаролот Марјан Јосифоски.
Тој упати апел до граѓаните да се воздржат од пукање со пиштоли или друго огнено оружје, како и од неовластено организирање огномети, кои во последно време стануваат задолжителна свадбена содржина, односно практика на ова подрачје. Неовластеното пукање на семејни веселби може да биде санкционирано како прекршок, но и да биде кривично дело.
Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31 се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик) - вели полицискиот портпарол.
За да се избегнат непријатностите и казнувањата, од СВР Тетово потсетуваат дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а нивните организатори навреме да ги спроведат пропишаните превентивни мерки. Истото се однесува и на други свечености кои ќе се организираат по различни поводи. Од полицијата потсетуваат дека нивни службеници ќе бидат зачестено на терен и ќе вршат контроли на планот на откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир.

The post Казни од 200 до 500 евра за свадбарите кои ќе слават со пукање во Тетовско appeared first on Република.

]]>