СБ Archives - Република https://republika.mk/tema/sb/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Mar 2024 07:52:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СБ Archives - Република https://republika.mk/tema/sb/ 32 32 СБ на ОН загрижен поради ситуацијата во Хаити https://republika.mk/vesti/svet/sb-na-on-zagrizhen-poradi-situatsijata-vo-haiti/ Thu, 07 Mar 2024 07:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=752096

Советот за безбедност на Обединети нации изрази загриженост поради влошувањето на ситуацијата на Хаити.

Вооружените банди кои контролираат делови од земјата минатата недела почнаа координирани напори за соборување на отсутниот премиер Ариел Хенри, напаѓајќи го аеродромот, затворите и полициските станици и заканувајќи се со целосна граѓанска војна.

САД го повикаа премиерот Хенри да одржи слободни избори, но не побараа негова оставка, клучното барање на лидерот на моќната банда Џими Черисие. Тој е на власт од атентатот на претседателот Џовенел Моис во 2021 година, а Хенри требаше да ја напушти функцијата во февруари, но наместо тоа, се согласи на договор за поделба на власта со опозицијата до одржување на нови избори.

Черисие пред два дена предупреди дека влошувањето на ситуацијата ќе доведе до граѓанска војна и масовно крвопролевање доколку Хенри не се повлече од функцијата.

Најмалку 15.000 луѓе побегнаа од најтешко погодените делови на Порт-о-Пренс, а загинаа 1.193 лица. Шефот за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк вчера ја опиша ситуацијата како „неодржлива“.

Во екот на најновите немири, Хенри не можеше да се врати дома. Тој беше во Кенија за да изврши притисок за распоредување на мултинационална безбедносна мисија поддржана од ОН за да помогне да се стабилизира неговата земја кога започна обидот за негово соборување.

The post СБ на ОН загрижен поради ситуацијата во Хаити appeared first on Република.

]]>

Советот за безбедност на Обединети нации изрази загриженост поради влошувањето на ситуацијата на Хаити. Вооружените банди кои контролираат делови од земјата минатата недела почнаа координирани напори за соборување на отсутниот премиер Ариел Хенри, напаѓајќи го аеродромот, затворите и полициските станици и заканувајќи се со целосна граѓанска војна. САД го повикаа премиерот Хенри да одржи слободни избори, но не побараа негова оставка, клучното барање на лидерот на моќната банда Џими Черисие. Тој е на власт од атентатот на претседателот Џовенел Моис во 2021 година, а Хенри требаше да ја напушти функцијата во февруари, но наместо тоа, се согласи на договор за поделба на власта со опозицијата до одржување на нови избори. Черисие пред два дена предупреди дека влошувањето на ситуацијата ќе доведе до граѓанска војна и масовно крвопролевање доколку Хенри не се повлече од функцијата. Најмалку 15.000 луѓе побегнаа од најтешко погодените делови на Порт-о-Пренс, а загинаа 1.193 лица. Шефот за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк вчера ја опиша ситуацијата како „неодржлива“. Во екот на најновите немири, Хенри не можеше да се врати дома. Тој беше во Кенија за да изврши притисок за распоредување на мултинационална безбедносна мисија поддржана од ОН за да помогне да се стабилизира неговата земја кога започна обидот за негово соборување.

The post СБ на ОН загрижен поради ситуацијата во Хаити appeared first on Република.

]]>
СБ ја намали прогнозата за раст на БДП https://republika.mk/vesti/ekonomija/sb-ja-namali-prognozata-za-rast-na-bdp/ Thu, 12 Jan 2023 09:46:41 +0000 https://republika.mk/?p=596076

Светска банка ја намали прогнозата за раст на домашниот бруто-производ на Македонија за оваа година за 0,7 процентни поени во однос на јунските проекции, на 2,4 отсто, покажува најновиот, јануарски, извештај на банката „Глобални економски изгледи“, објавен вчера. Намалени се и прогнозите за наредната 2024 година за 0,5 процентни поени на 2,7 отсто, стои во извештајот. Инаку, штотуку завршената 2022 година според процената на Светска банка, БДП во земјава се зголемил за 2,1 отсто, што е потфрлање во однос на јунските проекции за 0,6 отсто.

Македонија не е единствената земја за која Светска банка ги ревидира проекциите за економски раст. За Албанија на пример, проекцијата за растот е намалена за 1,3 процентни поени на 2,2 отсто за оваа година, за Босна и Херцеговина за 0,6 процентни поени на 2,5 отсто, за Бугарија за 2,6 процентни поени на 1,7 отсто, за Хрватска за 2,6 процентни поени на 0,8 отсто, за Црна Гора за 1,3 процентни поени на 3,4 отсто, за Србија за 0,4 процентни поени на 2,3 отсто раст годинава и тн.

Генерално, прогнозите за економски раст и на глобално ниво не се добри, а тоа посебно се однесува на развиените економии на кои им се заканува рецесија.

Во извештајот, Светска банка ги намали прогнозите за раст за 2023 година на ниво кое е на работ на рецесија за многу земји, наведувајќи го влијанието на засилените зголемувања на каматните стапки, продолжувањето на војната во Украина и колапсот на главните мотори на за раст на глобалната економија.

The post СБ ја намали прогнозата за раст на БДП appeared first on Република.

]]>

Светска банка ја намали прогнозата за раст на домашниот бруто-производ на Македонија за оваа година за 0,7 процентни поени во однос на јунските проекции, на 2,4 отсто, покажува најновиот, јануарски, извештај на банката „Глобални економски изгледи“, објавен вчера. Намалени се и прогнозите за наредната 2024 година за 0,5 процентни поени на 2,7 отсто, стои во извештајот. Инаку, штотуку завршената 2022 година според процената на Светска банка, БДП во земјава се зголемил за 2,1 отсто, што е потфрлање во однос на јунските проекции за 0,6 отсто. Македонија не е единствената земја за која Светска банка ги ревидира проекциите за економски раст. За Албанија на пример, проекцијата за растот е намалена за 1,3 процентни поени на 2,2 отсто за оваа година, за Босна и Херцеговина за 0,6 процентни поени на 2,5 отсто, за Бугарија за 2,6 процентни поени на 1,7 отсто, за Хрватска за 2,6 процентни поени на 0,8 отсто, за Црна Гора за 1,3 процентни поени на 3,4 отсто, за Србија за 0,4 процентни поени на 2,3 отсто раст годинава и тн. Генерално, прогнозите за економски раст и на глобално ниво не се добри, а тоа посебно се однесува на развиените економии на кои им се заканува рецесија. Во извештајот, Светска банка ги намали прогнозите за раст за 2023 година на ниво кое е на работ на рецесија за многу земји, наведувајќи го влијанието на засилените зголемувања на каматните стапки, продолжувањето на војната во Украина и колапсот на главните мотори на за раст на глобалната економија.

The post СБ ја намали прогнозата за раст на БДП appeared first on Република.

]]>
Потпишан договор со Светска банка за 37 милиони евра инвестиции во локални патишта https://republika.mk/vesti/ekonomija/potpishan-dogovor-so-svetska-banka-za-37-milioni-evra-investicii-vo-lokalni-patishta/ Fri, 29 Jul 2022 13:32:41 +0000 https://republika.mk/?p=534697

Потпишан е договор помеѓу Министерството за финансии и Светска банка со кој се обезбедуваат 37 милиони евра за Проектот за поврзување на локални патишта со кој ќе се реконструираат, надградат и рехабилитираат севкупно 450 километри локални патишта, во сите општини во државава.

Проектот денеска го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Канцеларијата на Светска банка за Република Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, во присуство на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Вкупната вредност на Проектот изнесува 70 милиони евра.

Единиците на локалната самоуправа се властите кои се најблиску до граѓаните, кои играат значајна улога во уредувањето на секојдневното живеење преку јавните услуги кои ги обезбедуваат. Оттаму, инвестициите во општинската инфраструктура, значи инвестиција во подобрувањето на животот на граѓаните, но и во поттикнување на економскиот развој преку развојот на нивните микроекономии. Понатаму, во време кога светската економија се соочува со крупни предизвици и кога во сите економии економскиот раст успорува, од исклучително значење е спроведувањето на инвестициската агенда за поттикнување на економската активност во овие исклучително сложени услови. Инвестицијата во патишта е секогаш квалитетна инвестиција - потенцирал министерот Бесими.

Како што соопштија од Министерството за финансии, тој додал дека неделава е усвоен и Законот за финансирање на ЕЛС, каде се поставени реформите за унапредување на фискалната децентрализација.

Проектот, информирал министерот за транспорт Бочварски, се реализира согласно предвидената динамика. Досега, навел, се склучени договори за градежни работи на локални патишта во 46 општини.

Влезени сме во една поодмината фаза во реализација на овој проект и слободно можам да кажам дека бележиме добри резултати. Успеавме да ја подигнеме мобилноста и квалитетот на живеење на локално ниво во оние општини каде веќе се реализира овој проект. Би сакал да потенцирам дека до сега Министерството за транспорт и врски преку Единицата за имплементација на проекти распиша 4 јавни повици во кој се опфатени 46 општини со вкупно 94 улици и со вкупна инвестиција од преку 17 милион евра - подвлекол Бочварски.

Директорот на Канцеларијата на СБ, Паолучи, потенцирал дека нашата држава значително напредува во подобрувањето на националната патна инфраструктура и поврзаност, иако, сè уште постојат предизвиците што произлегуваат од реформите за управување и надградба на локалната патна мрежа, со цел развивање постабилен транспортен сектор низ земјата.

Преку Проектот за поврзување на локалните патишта, Светска банка дава поддршка за зајакнување на капацитетите на државата во управувањето со локалните патишта и подобрување на пристапот до работни места, услуги и пазари. Целта на Проектот е рехабилитација и надградба на локални патишта во должина од околу 450 километри – создавање подобри и побезбедни транспортни услови во 80 општини коишто се вклучени во Проектот. Меѓу корисниците на овој проект се и рурални општини со високо ниво на сиромаштија и оние што се бават со земјоделие, како и урбани општини и области со население со различна социо-економски позадина. Ова дополнително финансирање ќе ги надополни средствата од првичниот заем за Проектот за поврзување на локалните патишта – одобрен од Светска банка на 19 декември 2019 година – алоцирани како одговор на пандемијата на КОВИД -19 - посочил Паолучи.

Во моментот со средства од Светска банка се реализираат проекти во вредност од над половина милијарда евра во земјава во инфраструктура, образование и земјоделство.

The post Потпишан договор со Светска банка за 37 милиони евра инвестиции во локални патишта appeared first on Република.

]]>

Потпишан е договор помеѓу Министерството за финансии и Светска банка со кој се обезбедуваат 37 милиони евра за Проектот за поврзување на локални патишта со кој ќе се реконструираат, надградат и рехабилитираат севкупно 450 километри локални патишта, во сите општини во државава. Проектот денеска го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Канцеларијата на Светска банка за Република Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, во присуство на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Вкупната вредност на Проектот изнесува 70 милиони евра.
Единиците на локалната самоуправа се властите кои се најблиску до граѓаните, кои играат значајна улога во уредувањето на секојдневното живеење преку јавните услуги кои ги обезбедуваат. Оттаму, инвестициите во општинската инфраструктура, значи инвестиција во подобрувањето на животот на граѓаните, но и во поттикнување на економскиот развој преку развојот на нивните микроекономии. Понатаму, во време кога светската економија се соочува со крупни предизвици и кога во сите економии економскиот раст успорува, од исклучително значење е спроведувањето на инвестициската агенда за поттикнување на економската активност во овие исклучително сложени услови. Инвестицијата во патишта е секогаш квалитетна инвестиција - потенцирал министерот Бесими.
Како што соопштија од Министерството за финансии, тој додал дека неделава е усвоен и Законот за финансирање на ЕЛС, каде се поставени реформите за унапредување на фискалната децентрализација. Проектот, информирал министерот за транспорт Бочварски, се реализира согласно предвидената динамика. Досега, навел, се склучени договори за градежни работи на локални патишта во 46 општини.
Влезени сме во една поодмината фаза во реализација на овој проект и слободно можам да кажам дека бележиме добри резултати. Успеавме да ја подигнеме мобилноста и квалитетот на живеење на локално ниво во оние општини каде веќе се реализира овој проект. Би сакал да потенцирам дека до сега Министерството за транспорт и врски преку Единицата за имплементација на проекти распиша 4 јавни повици во кој се опфатени 46 општини со вкупно 94 улици и со вкупна инвестиција од преку 17 милион евра - подвлекол Бочварски.
Директорот на Канцеларијата на СБ, Паолучи, потенцирал дека нашата држава значително напредува во подобрувањето на националната патна инфраструктура и поврзаност, иако, сè уште постојат предизвиците што произлегуваат од реформите за управување и надградба на локалната патна мрежа, со цел развивање постабилен транспортен сектор низ земјата.
Преку Проектот за поврзување на локалните патишта, Светска банка дава поддршка за зајакнување на капацитетите на државата во управувањето со локалните патишта и подобрување на пристапот до работни места, услуги и пазари. Целта на Проектот е рехабилитација и надградба на локални патишта во должина од околу 450 километри – создавање подобри и побезбедни транспортни услови во 80 општини коишто се вклучени во Проектот. Меѓу корисниците на овој проект се и рурални општини со високо ниво на сиромаштија и оние што се бават со земјоделие, како и урбани општини и области со население со различна социо-економски позадина. Ова дополнително финансирање ќе ги надополни средствата од првичниот заем за Проектот за поврзување на локалните патишта – одобрен од Светска банка на 19 декември 2019 година – алоцирани како одговор на пандемијата на КОВИД -19 - посочил Паолучи.
Во моментот со средства од Светска банка се реализираат проекти во вредност од над половина милијарда евра во земјава во инфраструктура, образование и земјоделство.

The post Потпишан договор со Светска банка за 37 милиони евра инвестиции во локални патишта appeared first on Република.

]]>
СБ ја предупредува албанската Влада дека е загрозено финансирањето на долгот https://republika.mk/vesti/svet/sb-ja-predupreduva-albanskata-vlada-deka-e-zagrozeno-finansiranjeto-na-dolgot/ Tue, 12 Apr 2022 11:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=487327

Светската банка, во својот последен извештај за Централна Европа и Азија, е остра за високото ниво на долг на Албанија и предупредува дека неговото рефинансирање може да биде загрозено и дека владата може да биде принудена да ги намали своите капитални расходи.

Јавниот долг дополнително се зголеми во 2021 година, достигнувајќи 78,4 отсто од бруто домашниот производ (БДП). Владата го суспендираше фискалното правило за намалување на долгот кон БДП и издаде еврообврзница од 650 милиони евра, искористувајќи го стабилниот рејтинг на земјата Б +. На сегашното ниво, високиот државен долг е изложен на значителен ризик за рефинансирање. Со оглед на моментната инфлација и очекуваното заострување на монетарната политика во економиите со високи приходи, намалувањето на јавниот долг на Албанија и зајакнувањето на кредибилитетот на нејзината фискална политика се од витално значење, стои во извештајот, пренесува весникот „Монитор“.

Се додава дека јавниот долг се очекува благо да се намали, на 78,1 отсто од БДП во 2022 година, и позначајно на среден рок. Сепак, банката предупредува, дека фискалната рамнотежа може дополнително да се влоши ако меѓународната средина е неповолна, принудувајќи ја владата да ги намали капиталните трошоци за да спречи зголемување на односот долг кон БДП.

Со оглед на зголемената зависност на Албанија од надворешно финансирање, ризиците од девизниот курс, каматните стапки и рефинансирањето остануваат високи.

Според извештајот, повисоките даночни приходи и новиот долг и овозможија на владата да ги зголеми трошоците за инфраструктура. Владата, исто така, ги зголеми субвенциите за државните енергетски претпријатија за да обезбедат снабдување со енергија во текот на последниот квартал од 2021 година. Неизвесните обврски од државните енергетски претпријатија претставуваат големи буџетски ризици, додава „Монитор“.

Според табелите на Светска банка, јавниот долг се очекува да падне на 75,1 отсто од БДП во 2024 година.

Оваа финансиска институција ја намали прогнозата за економскиот раст во Албанија за оваа година.

Банката веќе очекува домашната економија да порасне за 3,2 отсто или за 0,6 процентни поени помалку од претходниот коефициент. Дури и за 2023 година се очекува економијата да порасне за 3,4 отсто, или 0,3 процентни поени помалку од претходната процена, заклучува „Монитор“ во написот.

The post СБ ја предупредува албанската Влада дека е загрозено финансирањето на долгот appeared first on Република.

]]>

Светската банка, во својот последен извештај за Централна Европа и Азија, е остра за високото ниво на долг на Албанија и предупредува дека неговото рефинансирање може да биде загрозено и дека владата може да биде принудена да ги намали своите капитални расходи. Јавниот долг дополнително се зголеми во 2021 година, достигнувајќи 78,4 отсто од бруто домашниот производ (БДП). Владата го суспендираше фискалното правило за намалување на долгот кон БДП и издаде еврообврзница од 650 милиони евра, искористувајќи го стабилниот рејтинг на земјата Б +. На сегашното ниво, високиот државен долг е изложен на значителен ризик за рефинансирање. Со оглед на моментната инфлација и очекуваното заострување на монетарната политика во економиите со високи приходи, намалувањето на јавниот долг на Албанија и зајакнувањето на кредибилитетот на нејзината фискална политика се од витално значење, стои во извештајот, пренесува весникот „Монитор“. Се додава дека јавниот долг се очекува благо да се намали, на 78,1 отсто од БДП во 2022 година, и позначајно на среден рок. Сепак, банката предупредува, дека фискалната рамнотежа може дополнително да се влоши ако меѓународната средина е неповолна, принудувајќи ја владата да ги намали капиталните трошоци за да спречи зголемување на односот долг кон БДП. Со оглед на зголемената зависност на Албанија од надворешно финансирање, ризиците од девизниот курс, каматните стапки и рефинансирањето остануваат високи. Според извештајот, повисоките даночни приходи и новиот долг и овозможија на владата да ги зголеми трошоците за инфраструктура. Владата, исто така, ги зголеми субвенциите за државните енергетски претпријатија за да обезбедат снабдување со енергија во текот на последниот квартал од 2021 година. Неизвесните обврски од државните енергетски претпријатија претставуваат големи буџетски ризици, додава „Монитор“. Според табелите на Светска банка, јавниот долг се очекува да падне на 75,1 отсто од БДП во 2024 година. Оваа финансиска институција ја намали прогнозата за економскиот раст во Албанија за оваа година. Банката веќе очекува домашната економија да порасне за 3,2 отсто или за 0,6 процентни поени помалку од претходниот коефициент. Дури и за 2023 година се очекува економијата да порасне за 3,4 отсто, или 0,3 процентни поени помалку од претходната процена, заклучува „Монитор“ во написот.

The post СБ ја предупредува албанската Влада дека е загрозено финансирањето на долгот appeared first on Република.

]]>