саудиска принцеза Archives - Република https://republika.mk/tema/saudiska-princeza/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Jan 2022 08:49:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png саудиска принцеза Archives - Република https://republika.mk/tema/saudiska-princeza/ 32 32 Без обвинение помина три години во притвор: Саудиската принцеза е ослободена https://republika.mk/vesti/svet/bez-obvinenie-pomina-tri-godini-vo-pritvor-saudiskata-princeza-e-oslobodena/ Sun, 09 Jan 2022 08:49:47 +0000 https://republika.mk/?p=442111

Саудиските власти ги ослободија принцезата и нејзината ќерка, кои беа затворени без обвинение речиси три години, соопшти Организацијата за заштита на човековите права во Саудиска Арабија.

Басма бинт Сауд (57), членка на кралското семејство која долго време се сметаше за застапник за правата на жените и уставната монархија, беше во притвор од март 2019 година, а во април 2020 година бараше од кралот Салман и престолонаследникот Мухамед бин Салман да ја ослободат од здравствени причини.

„Принцезата и нејзината ќерка Сухуд … се ослободени“, објави Организацијата на Твитер.

Во објавата се наведува дека „нејзе ѝ е одбиена медицинската нега што ѝ е неопходно потребна“ и „дека во ниту еден момент од нејзиниот притвор не беше покренато обвинение против неа“.

Принцезата Басма е уапсена непосредно пред планираното патување во Швајцарија на лекување, според извор близок до семејството.

Природата на нејзината болест не е откриена.

Принцот Мухамед ги надгледува реформите откако неговиот татко Салман го назначи на функцијата во јуни 2017 година на местото на соборениот Мухамед бин Наџеф.

Реформите вклучуваат укинување на повеќедецениската забрана за возење на жените и олеснување на таканаречените правила за „старателство“ кои на мажите им даваат произволни овластувања над женските членови на семејството.

Но, саудиските власти се справија и со дисиденти, па дури и со потенцијални противници, од проповедници до активисти за правата на жените, дури и со членови на кралското семејство.

Принцезата Басма беше во затворот Ал-Хаир, каде што се наоѓаат и многу други политички затвореници.

The post Без обвинение помина три години во притвор: Саудиската принцеза е ослободена appeared first on Република.

]]>

Саудиските власти ги ослободија принцезата и нејзината ќерка, кои беа затворени без обвинение речиси три години, соопшти Организацијата за заштита на човековите права во Саудиска Арабија. Басма бинт Сауд (57), членка на кралското семејство која долго време се сметаше за застапник за правата на жените и уставната монархија, беше во притвор од март 2019 година, а во април 2020 година бараше од кралот Салман и престолонаследникот Мухамед бин Салман да ја ослободат од здравствени причини. „Принцезата и нејзината ќерка Сухуд … се ослободени“, објави Организацијата на Твитер. Во објавата се наведува дека „нејзе ѝ е одбиена медицинската нега што ѝ е неопходно потребна“ и „дека во ниту еден момент од нејзиниот притвор не беше покренато обвинение против неа“. Принцезата Басма е уапсена непосредно пред планираното патување во Швајцарија на лекување, според извор близок до семејството. Природата на нејзината болест не е откриена. Принцот Мухамед ги надгледува реформите откако неговиот татко Салман го назначи на функцијата во јуни 2017 година на местото на соборениот Мухамед бин Наџеф. Реформите вклучуваат укинување на повеќедецениската забрана за возење на жените и олеснување на таканаречените правила за „старателство“ кои на мажите им даваат произволни овластувања над женските членови на семејството. Но, саудиските власти се справија и со дисиденти, па дури и со потенцијални противници, од проповедници до активисти за правата на жените, дури и со членови на кралското семејство. Принцезата Басма беше во затворот Ал-Хаир, каде што се наоѓаат и многу други политички затвореници.

The post Без обвинение помина три години во притвор: Саудиската принцеза е ослободена appeared first on Република.

]]>