сашко митовски Archives - Република https://republika.mk/tema/sashko-mitovski/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Dec 2023 20:21:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сашко митовски Archives - Република https://republika.mk/tema/sashko-mitovski/ 32 32 Тепачка пред кафулето на градоначалникот на Крива Паланка, меѓу тепачите бил и неговиот брат https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tepachka-pred-kafuleto-na-gradonachalnikot-na-kriva-palanka-megu-tepachite-bil-i-negoviot-brat/ Sun, 24 Dec 2023 18:14:02 +0000 https://republika.mk/?p=726228

Пред кафе бар во Крива Паланка, што е во сопственост на градоначалникот Сашко Митовски, околу еден часот по полноќ се случила масовна тепачка, во која десетина лица се здобиле со тешки телесни повреди и се хоспитализирани.

„Нетпрес“ тврди дека во тепачката учествувал и братот на градоначалникот.Од Министерството за внатрешни работи, го потврдија случајот.

„На 24.12.2023 година во 01.15 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на улицата „Јоаким Осоговски” во Крива Паланка дошло до физичка пресметка помеѓу повеќе лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, посочија од МВР.

Сашко Митовски, во јануари годинава  беше обвинет дека му удрил два шамари на полицаец од Крива Паланка.Полицаецот Кристофер Стоевски, објави дека ноќта на 13 јануари бил нападнат од Митовски, кој бил во алкохолизирана состојба.

 

The post Тепачка пред кафулето на градоначалникот на Крива Паланка, меѓу тепачите бил и неговиот брат appeared first on Република.

]]>

Пред кафе бар во Крива Паланка, што е во сопственост на градоначалникот Сашко Митовски, околу еден часот по полноќ се случила масовна тепачка, во која десетина лица се здобиле со тешки телесни повреди и се хоспитализирани. „Нетпрес“ тврди дека во тепачката учествувал и братот на градоначалникот.Од Министерството за внатрешни работи, го потврдија случајот.
„На 24.12.2023 година во 01.15 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на улицата „Јоаким Осоговски” во Крива Паланка дошло до физичка пресметка помеѓу повеќе лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, посочија од МВР.
Сашко Митовски, во јануари годинава  беше обвинет дека му удрил два шамари на полицаец од Крива Паланка.Полицаецот Кристофер Стоевски, објави дека ноќта на 13 јануари бил нападнат од Митовски, кој бил во алкохолизирана состојба.
 

The post Тепачка пред кафулето на градоначалникот на Крива Паланка, меѓу тепачите бил и неговиот брат appeared first on Република.

]]>
Петрушевски: Градоначалникот Митовски да си поднесе оставка после насилството https://republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-gradonachalnikot-mitovski-da-si-podnese-ostavka-posle-nasilstvoto/ Thu, 19 Jan 2023 12:54:57 +0000 https://republika.mk/?p=598672

СДС и институциите под нивна контрола со невидена леснотија се обидуваат да го заташкаат скандалот во кој директен актер е нивниот функционер, градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Човекот кој беше избран да работи во интерес на граѓаните, во алкохолизирана состојба тепа и напаѓа луѓе по улица!?

Овој човек не е достоен да ја врши функцијата градоначалник. Овој човек треба да си поднесе ОСТАВКА! Ова не е само обично насилство, ова е насилство направено од човек кој ја користи моќта која му ја дава функцијата за да ги тероризира граѓаните, а после и да им се заканува да не го пријавуваат настанот!

Шерифите на СДС, каков што е Митовски треба да знаат дека одговорност за нивното самоволие ќе има. Народот веќе не им се плаши. Ни Спасовски, ни партизираното судство нема да ги спаси!, пишува Петрушевски во својата објава.

The post Петрушевски: Градоначалникот Митовски да си поднесе оставка после насилството appeared first on Република.

]]>

СДС и институциите под нивна контрола со невидена леснотија се обидуваат да го заташкаат скандалот во кој директен актер е нивниот функционер, градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Човекот кој беше избран да работи во интерес на граѓаните, во алкохолизирана состојба тепа и напаѓа луѓе по улица!? Овој човек не е достоен да ја врши функцијата градоначалник. Овој човек треба да си поднесе ОСТАВКА! Ова не е само обично насилство, ова е насилство направено од човек кој ја користи моќта која му ја дава функцијата за да ги тероризира граѓаните, а после и да им се заканува да не го пријавуваат настанот! Шерифите на СДС, каков што е Митовски треба да знаат дека одговорност за нивното самоволие ќе има. Народот веќе не им се плаши. Ни Спасовски, ни партизираното судство нема да ги спаси!, пишува Петрушевски во својата објава.

The post Петрушевски: Градоначалникот Митовски да си поднесе оставка после насилството appeared first on Република.

]]>
Ковачевски призна дека нивниот градоначалник од Крива Паланка нападнал полицаец, ама се уште нема одговорност https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kovachevski-prizna-deka-nivniot-gradonachalnik-od-kriva-palanka-napadnal-politsaets-ama-seushte-nema-odgovornost/ Wed, 18 Jan 2023 12:18:21 +0000 https://republika.mk/?p=598309

Македонскиот премиер, Димират Ковачевски на прес конференција од Влада, одговарајќи на новинарски прашања, призна дека нивниот градоначалник од редовите на Социјалдемократскиот Сојуз (СДСМ), Сашко Митовски нападнал полицаец. Празнавање дека социјалдемократскиот градоначалник нападнал полицаец има, но одговорност за делото сеуште нема на повидок.

Во однос на случајот кој што беше во Крива Паланка, врз основа на своите надлежности, непристрасно, Министерството за вматрешни работи, постапува и ќе бидат изречени санкции без притоа да се гледа дали учесник во тој настан е на одредена позиција или не е на одредена позиција.

 

Што се однесува до одговорност, градоначалниците се избрани од граѓаните и тие имаат одговорност пред граѓаните во рамки на својот мандат. Сите институции понатаму, кои што се дел од системот во делот на санкционирање, во делот на оценка на ваков настан, треба непристрасно да одлучуваат“, рече Ковачевски.

Освен кривична одговорност, која се уште не е на повидок, во најмала рака, денес премиерот Ковачевски требаше да побара и морална одговорност од неговиот градоначалник, да си поднесе неоповиклива оставка. Затоа што локалната власт на чело со градоначалникот, се најблиски до граѓаните кои непосредно се избираат и треба да бидат нивен сервис, а не силеџиски и каубојски да се изживуваат кон оние кои ги избрале, а уште помалку кон лица за одржување на редот и поредокот, дури и кога не се на службена должност.

Имено, први кои јавно објавија за тепањето на полицаецот од страна на кривопаланечкиот градоначалник, Митовски беа од партијата ВМРО-ДПМНЕ „Шокирани сме од информациите кои деновиве кружат помеѓу кривопаланчани, според кои градоначалникот Сашко Митовски, нешто по полноќ на 14.01.2023 година физички нападнал наш сограѓанин без било каква причина.

Дополнително на тоа информациите говорат дека настанот во билтенот на МВР бил заведен како Напад од Н.Н. сторител (непознат сторител) како да сме паднати од Марс, а граѓанинот не знае кој го нападнал“, преку сооштение за јавност информираа од ВМРО-ДПМНЕ на 16 јануари. После тоа следеше и признание од страна на натепаниот полицаец кој со статус преку социјалните мрежи потврдил дека инцидентот се случил во петокот вечерта кога по заминување од угостителски објект се случива сообраќајна несреќа, при што сообраќајот бил во прекин, нешто што го налутило градоначалникот Митовски, кој бил во алкохолизирана состојба. „

Бидејќи автомобилите стоеја оштетени на патот, сообраќајот беше во застој само неколку минути, па така ВИДНО изреволтиран и во видно алкохолизирана состојба, таткото на Крива Паланка - С.M. приоѓа и од нигде никаде, ме напаѓа со 2 шамари затоа што сум чекал со автомобилот на пат, што е согласно законските прописи дека не треба да се поместува возило при сообраќајка“, пишува Кристофер Стоевски, припадник на МВР, кој вечерта не бил на должност, додавајќи дека не му возвратил на Митовски туку повикал полиција и го пријавил случајот на кој посведочеле многу луѓе. Очекувано, градоначалникот Митовски негираше дека го истепал полицаецот, но на настанот имаше доволно граѓани кои се сведоци на целиот настан. Но, граѓаните на Крива Паланка и воопшто сите македонски граѓани не заслужуваа ваков третман и насилии од страна на градоначлниците кои ги избрале на директни избори.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денес преку соопштение повикаа самоволието и насилството на градоначалникот да СДСМ да биде казнето и дека покрај секојдневните притисоци и партизираните судии и обвинители, граѓаните се охрабруваат и јавно говорат за насилието и вршителите на функции. „Шерифлукот на функционерите од владејачката партија станува опасност по безбедноста на граѓаните.

Очигледно колку повеќе чувствуваат дека им се ближи политичкиот крај, толку понервозни стануваат. Но треба да знаат дека власта на СДС и ДУИ, партизираните судии и обвинители нема вечно да ги штитат за криминалите и прекршувањата на законот кои ги прават. Граѓаните се охрабруваат и ниту им се плашат, ниту им молчат. Доаѓа времето за одговорност и народна казна“, се вели меѓу другото во соопштението.

The post Ковачевски призна дека нивниот градоначалник од Крива Паланка нападнал полицаец, ама се уште нема одговорност appeared first on Република.

]]>

Македонскиот премиер, Димират Ковачевски на прес конференција од Влада, одговарајќи на новинарски прашања, призна дека нивниот градоначалник од редовите на Социјалдемократскиот Сојуз (СДСМ), Сашко Митовски нападнал полицаец. Празнавање дека социјалдемократскиот градоначалник нападнал полицаец има, но одговорност за делото сеуште нема на повидок.
Во однос на случајот кој што беше во Крива Паланка, врз основа на своите надлежности, непристрасно, Министерството за вматрешни работи, постапува и ќе бидат изречени санкции без притоа да се гледа дали учесник во тој настан е на одредена позиција или не е на одредена позиција.   Што се однесува до одговорност, градоначалниците се избрани од граѓаните и тие имаат одговорност пред граѓаните во рамки на својот мандат. Сите институции понатаму, кои што се дел од системот во делот на санкционирање, во делот на оценка на ваков настан, треба непристрасно да одлучуваат“, рече Ковачевски.
Освен кривична одговорност, која се уште не е на повидок, во најмала рака, денес премиерот Ковачевски требаше да побара и морална одговорност од неговиот градоначалник, да си поднесе неоповиклива оставка. Затоа што локалната власт на чело со градоначалникот, се најблиски до граѓаните кои непосредно се избираат и треба да бидат нивен сервис, а не силеџиски и каубојски да се изживуваат кон оние кои ги избрале, а уште помалку кон лица за одржување на редот и поредокот, дури и кога не се на службена должност. Имено, први кои јавно објавија за тепањето на полицаецот од страна на кривопаланечкиот градоначалник, Митовски беа од партијата ВМРО-ДПМНЕ „Шокирани сме од информациите кои деновиве кружат помеѓу кривопаланчани, според кои градоначалникот Сашко Митовски, нешто по полноќ на 14.01.2023 година физички нападнал наш сограѓанин без било каква причина. Дополнително на тоа информациите говорат дека настанот во билтенот на МВР бил заведен како Напад од Н.Н. сторител (непознат сторител) како да сме паднати од Марс, а граѓанинот не знае кој го нападнал“, преку сооштение за јавност информираа од ВМРО-ДПМНЕ на 16 јануари. После тоа следеше и признание од страна на натепаниот полицаец кој со статус преку социјалните мрежи потврдил дека инцидентот се случил во петокот вечерта кога по заминување од угостителски објект се случива сообраќајна несреќа, при што сообраќајот бил во прекин, нешто што го налутило градоначалникот Митовски, кој бил во алкохолизирана состојба. „ Бидејќи автомобилите стоеја оштетени на патот, сообраќајот беше во застој само неколку минути, па така ВИДНО изреволтиран и во видно алкохолизирана состојба, таткото на Крива Паланка - С.M. приоѓа и од нигде никаде, ме напаѓа со 2 шамари затоа што сум чекал со автомобилот на пат, што е согласно законските прописи дека не треба да се поместува возило при сообраќајка“, пишува Кристофер Стоевски, припадник на МВР, кој вечерта не бил на должност, додавајќи дека не му возвратил на Митовски туку повикал полиција и го пријавил случајот на кој посведочеле многу луѓе. Очекувано, градоначалникот Митовски негираше дека го истепал полицаецот, но на настанот имаше доволно граѓани кои се сведоци на целиот настан. Но, граѓаните на Крива Паланка и воопшто сите македонски граѓани не заслужуваа ваков третман и насилии од страна на градоначлниците кои ги избрале на директни избори. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денес преку соопштение повикаа самоволието и насилството на градоначалникот да СДСМ да биде казнето и дека покрај секојдневните притисоци и партизираните судии и обвинители, граѓаните се охрабруваат и јавно говорат за насилието и вршителите на функции. „Шерифлукот на функционерите од владејачката партија станува опасност по безбедноста на граѓаните.
Очигледно колку повеќе чувствуваат дека им се ближи политичкиот крај, толку понервозни стануваат. Но треба да знаат дека власта на СДС и ДУИ, партизираните судии и обвинители нема вечно да ги штитат за криминалите и прекршувањата на законот кои ги прават. Граѓаните се охрабруваат и ниту им се плашат, ниту им молчат. Доаѓа времето за одговорност и народна казна“, се вели меѓу другото во соопштението.

The post Ковачевски призна дека нивниот градоначалник од Крива Паланка нападнал полицаец, ама се уште нема одговорност appeared first on Република.

]]>