Сашко Гешовски Archives - Република https://republika.mk/tema/sashko-geshovski/ За подобро да се разбереме Mon, 06 May 2024 12:34:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сашко Гешовски Archives - Република https://republika.mk/tema/sashko-geshovski/ 32 32 Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија https://republika.mk/vesti/makedonija/trieset-i-tri-godini-od-zaginuvaneto-na-sashko-geshovski-od-kavadartsi-prva-zhrtva-pri-raspadot-na-jugoslavija/ Mon, 06 May 2024 12:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=774700

Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на Југословенската народна армија, прва жртва при распадот на Југославија, се одбележаа денеска во Кавадарци. Беше положено цвеќе на неговиот споменик на градските гробишта, а беше посетена и новата фонтана изградена во негова чест, на кружниот тек што го носи неговото име.

Од кавадаречката Музеј галерија, денеска потсетија дека Гешовски бил роден во Кавадарци на 31 октомври 1971 година, основно и средно училиште завршил во родниот град. По завршување на средното образование, заминал на отслужување на воениот рок во ЈНА во Сплит, Хрватска.

– На 6 мај 1991 година во него пукал маскиран припадник на МУП на Република Хрватска и смртно го погодил со четири куршуми. Гешовски во критичниот момент бил на задача пред зградата на Воено поморската област во Сплит. Тој е првата жртва во конфликтот што предизвика распад на Југославија во 1991 година. На 7 мај во Кавадарци се одржа протестен митинг, учествуваше речиси целото население од градот и околината. Се палеа свеќи на градскиот плоштад во чест на Гешовски. Неговото тело со воен хеликоптер беше пренесено во Кавадарци. На погребот присуствуваа повеќе од 20.000 граѓани, дојдени од сите краишта на поранешна Југославија. Во Кавадарци беше прогласена тридневна жалост, потсетија од Музејот.

Во воениот конфликт во 1991 година, покрај Гешовски, од Кавадарци загина и Петре Тодоровски, роден во 1971 година.

– Тодоровски загина како припадник на ЈНА на 26 јули 1991 година, во касарната Љубљана – Поље, Репубпика Словенија. Својот млад живот го загуби како војник, додека бил на стража. Во овој конфликт загина и Мишко Митрев, роден во 1954 година во Ваташа. Митрев загина како подофицер во ЈНА во септември 1991 година, при одбрана на касарната во Ѓаково, потсетија од Музеј галеријата.

The post Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија appeared first on Република.

]]>

Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на Југословенската народна армија, прва жртва при распадот на Југославија, се одбележаа денеска во Кавадарци. Беше положено цвеќе на неговиот споменик на градските гробишта, а беше посетена и новата фонтана изградена во негова чест, на кружниот тек што го носи неговото име. Од кавадаречката Музеј галерија, денеска потсетија дека Гешовски бил роден во Кавадарци на 31 октомври 1971 година, основно и средно училиште завршил во родниот град. По завршување на средното образование, заминал на отслужување на воениот рок во ЈНА во Сплит, Хрватска. – На 6 мај 1991 година во него пукал маскиран припадник на МУП на Република Хрватска и смртно го погодил со четири куршуми. Гешовски во критичниот момент бил на задача пред зградата на Воено поморската област во Сплит. Тој е првата жртва во конфликтот што предизвика распад на Југославија во 1991 година. На 7 мај во Кавадарци се одржа протестен митинг, учествуваше речиси целото население од градот и околината. Се палеа свеќи на градскиот плоштад во чест на Гешовски. Неговото тело со воен хеликоптер беше пренесено во Кавадарци. На погребот присуствуваа повеќе од 20.000 граѓани, дојдени од сите краишта на поранешна Југославија. Во Кавадарци беше прогласена тридневна жалост, потсетија од Музејот. Во воениот конфликт во 1991 година, покрај Гешовски, од Кавадарци загина и Петре Тодоровски, роден во 1971 година. – Тодоровски загина како припадник на ЈНА на 26 јули 1991 година, во касарната Љубљана – Поље, Репубпика Словенија. Својот млад живот го загуби како војник, додека бил на стража. Во овој конфликт загина и Мишко Митрев, роден во 1954 година во Ваташа. Митрев загина како подофицер во ЈНА во септември 1991 година, при одбрана на касарната во Ѓаково, потсетија од Музеј галеријата.

The post Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија appeared first on Република.

]]>
Во завршна фаза е фонтаната во спомен на Сашко Гешовски – првата жртва при распадот на Југославија https://republika.mk/vesti/vo-zavrshna-faza-e-fontanata-vo-spomen-na-sashko-geshovski-prvata-zhrtva-pri-raspadot-na-jugoslavija/ Tue, 30 Apr 2024 17:21:51 +0000 https://republika.mk/?p=772733

Во завршна фаза е фонтаната во спомен на Сашко Гешовски, прва жртва на војните при распадот на Југославија, информираат од локалната самоуправа на Кавадарци.

Фонтаната се гради на кружниот тек, кој го доби неговото име.

Идејното решение се состои од централна кружна фонтана со висок млаз вода и две полукружни фонтани, што се изработени од темен материјал, што ја обиколуваат централната фонтана, материјалите се модерни, лесни за одржување и долготрајни. Изведувач на проектот е ОЈА ДООЕЛ, а финансиската конструкција е во висина од 2.700.000,00 денари, соопштија од Општината.

Гешовски е првата жртва што Македонија ја даде при распадот на поранешна Југославија. Тој загина при протести во Сплит во 1991 година на 20 годишна возраст, како војник на ЈНА.

https://republika.mk/vesti/makedonija/trieset-i-dve-godini-od-zaginuvaneto-na-sashko-geshovski-pripadnik-na-jna-i-prva-zhrtva-pri-raspadot-na-jugoslavija/

Активностите за изградба на фонтаната се дел од програмата на Општината за одбележување на значајни настани и истакнати личности. Весела Честоева, претседател на Одборот за спроведување на постапка за подигање на спомен обележјето, во изјава за МИА, потсети дека претходно, е избран идеен проект на фонтани, на кружниот тек кај новата автобуска станица во Кавадарци. Станува збор за најстариот кружен тек во градот.

Честоева, инаку директор на Винскиот музеј, појасни дека се бараше идејниот проект да биде со симболика за животот на Сашко Гешовски, неговата младост. Идејното решение естетски да го збогати кружниот тек, а да не влијае врз сообраќајното решение.

Таа информираше дека креативноста, иновативноста и оригиналноста, усогласеноста со општиот амбиент, функционалноста и економичноста за реализација, беа критериуми при изборот на најдобро решение.

Обележјето се поставува на зелена површина, во околината се предвидени да се посадат цвеќиња во шарени бои, симбол на радоста и среќата, како и нискожбунести дрва што рефлектираат чистота.

На пониската страна од полукружната фонтана ќе биде испишана мислата ,,Хероите живеат вечно. Храброста и лојалноста остануваат засекогаш врежани во меморијата на една нација". На повисоката страна, со бронзени букви ќе бидат испишани датумите на раѓањето и загинувањето на Гешовски.

Честоева нагласи дека со ова, Кавадарци потврдува дека не ги заборава и ги почитува луѓето што потекнуваат од овој град, а се значајни не само за кавадаречката, туку и за македонската и пошироката јавност.

The post Во завршна фаза е фонтаната во спомен на Сашко Гешовски – првата жртва при распадот на Југославија appeared first on Република.

]]>

Во завршна фаза е фонтаната во спомен на Сашко Гешовски, прва жртва на војните при распадот на Југославија, информираат од локалната самоуправа на Кавадарци. Фонтаната се гради на кружниот тек, кој го доби неговото име.
Идејното решение се состои од централна кружна фонтана со висок млаз вода и две полукружни фонтани, што се изработени од темен материјал, што ја обиколуваат централната фонтана, материјалите се модерни, лесни за одржување и долготрајни. Изведувач на проектот е ОЈА ДООЕЛ, а финансиската конструкција е во висина од 2.700.000,00 денари, соопштија од Општината.
Гешовски е првата жртва што Македонија ја даде при распадот на поранешна Југославија. Тој загина при протести во Сплит во 1991 година на 20 годишна возраст, како војник на ЈНА. https://republika.mk/vesti/makedonija/trieset-i-dve-godini-od-zaginuvaneto-na-sashko-geshovski-pripadnik-na-jna-i-prva-zhrtva-pri-raspadot-na-jugoslavija/ Активностите за изградба на фонтаната се дел од програмата на Општината за одбележување на значајни настани и истакнати личности. Весела Честоева, претседател на Одборот за спроведување на постапка за подигање на спомен обележјето, во изјава за МИА, потсети дека претходно, е избран идеен проект на фонтани, на кружниот тек кај новата автобуска станица во Кавадарци. Станува збор за најстариот кружен тек во градот. Честоева, инаку директор на Винскиот музеј, појасни дека се бараше идејниот проект да биде со симболика за животот на Сашко Гешовски, неговата младост. Идејното решение естетски да го збогати кружниот тек, а да не влијае врз сообраќајното решение. Таа информираше дека креативноста, иновативноста и оригиналноста, усогласеноста со општиот амбиент, функционалноста и економичноста за реализација, беа критериуми при изборот на најдобро решение. Обележјето се поставува на зелена површина, во околината се предвидени да се посадат цвеќиња во шарени бои, симбол на радоста и среќата, како и нискожбунести дрва што рефлектираат чистота. На пониската страна од полукружната фонтана ќе биде испишана мислата ,,Хероите живеат вечно. Храброста и лојалноста остануваат засекогаш врежани во меморијата на една нација". На повисоката страна, со бронзени букви ќе бидат испишани датумите на раѓањето и загинувањето на Гешовски. Честоева нагласи дека со ова, Кавадарци потврдува дека не ги заборава и ги почитува луѓето што потекнуваат од овој град, а се значајни не само за кавадаречката, туку и за македонската и пошироката јавност.

The post Во завршна фаза е фонтаната во спомен на Сашко Гешовски – првата жртва при распадот на Југославија appeared first on Република.

]]>
Во Кавадарци се гради фонтана во спомен на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-kavadartsi-se-gradi-fontana-vo-spomen-na-sashko-geshovski-prva-zhrtva-pri-raspadot-na-jugoslavija/ Wed, 06 Mar 2024 17:32:55 +0000 https://republika.mk/?p=752012

Започна изградбата на фонтаната во спомен на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија, информираа денеска од кавадаречката локална самоуправа. Се гради на кружниот тек, кој го доби неговото име.

Идејното решение се состои од централна кружна фонтана со висок млаз вода и две полукружни фонтани кои се изработени од темен материјал кој ја обиколуваат централната фонтана, материјалите се модерни, лесни за одржување и долготрајни. Изведувач на проектот е ОЈА ДООЕЛ, а финансиската конструкција е во висина од 2 700 000,00 денари, соопштија од Општината.

Гешовски е првата жртва што Македонија ја даде при распадот на поранешна Југославија, загинувајќи во Сплит 1991 година на 20-годишна возраст, како војник.

Активностите се дел од програмата на Општината за одбележување на значајни настани и истакнати личности. Весела Честоева, претседател на Одборот за спроведување на постапка за подигање на спомен-обележјето, во изјава за МИА, потсети дека претходно беше избран идеен проект на фонтани, на кружниот тек кај новата автобуска станица во Кавадарци. Станува збор за најстариот кружен тек во градот.

Честоева, која е директор на Винскиот музеј, појасни дека се бараше идејниот проект да биде со симболика за животот на Сашко Гешовски, неговата младост. Идејното решение естетски да го збогати кружниот тек, а да не влијае врз сообраќајното решение.

Обележјето ќе биде поставено на зелена површина, во околината се предвидени да се посадат цвеќиња во шарени бои, симбол на радоста и среќата, како и нискожбунести дрвја што рефлектираат чистота.

На пониската страна од полукружната фонтана ќе биде испишана мислата „Хероите живеат вечно. Храброста и лојалноста остануваат засекогаш врежани во меморијата на една нација“. На повисоката страна, со бронзени букви ќе бидат испишани датумите на раѓањето и загинувањето на Гешовски.

 

The post Во Кавадарци се гради фонтана во спомен на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија appeared first on Република.

]]>

Започна изградбата на фонтаната во спомен на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија, информираа денеска од кавадаречката локална самоуправа. Се гради на кружниот тек, кој го доби неговото име.
Идејното решение се состои од централна кружна фонтана со висок млаз вода и две полукружни фонтани кои се изработени од темен материјал кој ја обиколуваат централната фонтана, материјалите се модерни, лесни за одржување и долготрајни. Изведувач на проектот е ОЈА ДООЕЛ, а финансиската конструкција е во висина од 2 700 000,00 денари, соопштија од Општината.
Гешовски е првата жртва што Македонија ја даде при распадот на поранешна Југославија, загинувајќи во Сплит 1991 година на 20-годишна возраст, како војник. Активностите се дел од програмата на Општината за одбележување на значајни настани и истакнати личности. Весела Честоева, претседател на Одборот за спроведување на постапка за подигање на спомен-обележјето, во изјава за МИА, потсети дека претходно беше избран идеен проект на фонтани, на кружниот тек кај новата автобуска станица во Кавадарци. Станува збор за најстариот кружен тек во градот. Честоева, која е директор на Винскиот музеј, појасни дека се бараше идејниот проект да биде со симболика за животот на Сашко Гешовски, неговата младост. Идејното решение естетски да го збогати кружниот тек, а да не влијае врз сообраќајното решение. Обележјето ќе биде поставено на зелена површина, во околината се предвидени да се посадат цвеќиња во шарени бои, симбол на радоста и среќата, како и нискожбунести дрвја што рефлектираат чистота. На пониската страна од полукружната фонтана ќе биде испишана мислата „Хероите живеат вечно. Храброста и лојалноста остануваат засекогаш врежани во меморијата на една нација“. На повисоката страна, со бронзени букви ќе бидат испишани датумите на раѓањето и загинувањето на Гешовски.  

The post Во Кавадарци се гради фонтана во спомен на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија appeared first on Република.

]]>
Триесет и две години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на ЈНА и прва жртва при распадот на Југославија https://republika.mk/vesti/makedonija/trieset-i-dve-godini-od-zaginuvaneto-na-sashko-geshovski-pripadnik-na-jna-i-prva-zhrtva-pri-raspadot-na-jugoslavija/ Sat, 06 May 2023 07:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=637546

Денеска се навршуваат 32 години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на ЈНА и прва жртва при распадот на Југославија.

- Роден е во Кавадарци на 31 октомври 1971 година, основно и средно училиште завршил во родниот град. По завршување на средното образование заминал на отслужување на воениот рок во ЈНА во Сплит – Р. Хрватска. На 6 мај 1991 година во него пука маскиран припадник на МУП на Република Хрватска и смртно го погодил со 4 куршуми. Гешовски во критичниот момент бил на задача пред зградата на Воено-поморската област во Сплит, истакнуваат изутринава  во соопштение од Музеј галеријата во Кавадарци.

Оттаму нагласија дека тој беше првата жртва во конфликтот, што предизвика распад на Југославија во 1991 година.

- На 7 мај во Кавадарци се одржа протестен митинг на кој учествува речиси целото население од градот и околината, за да го искажат својот револт за смртта на својот сограѓанин, палејќи свеќи на градскиот плоштад во чест на Гешовски. Неговото тело со воен хеликоптер беше пренесено во Кавадарци. На погребот присуствуваа повеќе од 20 000 граѓани, дојдени од сите краишта на поранешна Југославија. Во Кавадарци беше прогласена тридневна жалост, споделија од Музеј галеријата.

Оттаму потсетија дека во воениот конфликт во 1991 година, покрај Гешовски, од Кавадарци загина и Петре Тодоровски, роден во 1971 година.

- Тодоровски загина како припадник на ЈНА на 26 јули 1991 година во касарната Љубљана – Поље, Р. Словенија. Својот млад живот го загуби како војник, додека бил на стража. Во овој конфликт загина и Мишко Митрев, роден во 1954 година во Ваташа. Митрев загина како подофицер во ЈНА во септември 1991 година, при одбрана на касарната во Ѓаково, потсетија од Музејот. 

The post Триесет и две години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на ЈНА и прва жртва при распадот на Југославија appeared first on Република.

]]>

Денеска се навршуваат 32 години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на ЈНА и прва жртва при распадот на Југославија. - Роден е во Кавадарци на 31 октомври 1971 година, основно и средно училиште завршил во родниот град. По завршување на средното образование заминал на отслужување на воениот рок во ЈНА во Сплит – Р. Хрватска. На 6 мај 1991 година во него пука маскиран припадник на МУП на Република Хрватска и смртно го погодил со 4 куршуми. Гешовски во критичниот момент бил на задача пред зградата на Воено-поморската област во Сплит, истакнуваат изутринава  во соопштение од Музеј галеријата во Кавадарци.
Оттаму нагласија дека тој беше првата жртва во конфликтот, што предизвика распад на Југославија во 1991 година.
- На 7 мај во Кавадарци се одржа протестен митинг на кој учествува речиси целото население од градот и околината, за да го искажат својот револт за смртта на својот сограѓанин, палејќи свеќи на градскиот плоштад во чест на Гешовски. Неговото тело со воен хеликоптер беше пренесено во Кавадарци. На погребот присуствуваа повеќе од 20 000 граѓани, дојдени од сите краишта на поранешна Југославија. Во Кавадарци беше прогласена тридневна жалост, споделија од Музеј галеријата.
Оттаму потсетија дека во воениот конфликт во 1991 година, покрај Гешовски, од Кавадарци загина и Петре Тодоровски, роден во 1971 година. - Тодоровски загина како припадник на ЈНА на 26 јули 1991 година во касарната Љубљана – Поље, Р. Словенија. Својот млад живот го загуби како војник, додека бил на стража. Во овој конфликт загина и Мишко Митрев, роден во 1954 година во Ваташа. Митрев загина како подофицер во ЈНА во септември 1991 година, при одбрана на касарната во Ѓаково, потсетија од Музејот. 

The post Триесет и две години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на ЈНА и прва жртва при распадот на Југославија appeared first on Република.

]]>