Саша Каталиниќ Archives - Република https://republika.mk/tema/sasha-katalinik/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 12:28:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Саша Каталиниќ Archives - Република https://republika.mk/tema/sasha-katalinik/ 32 32 Спортскиот документарец „Први до четврто“ со наградa на фестивал во Златибор https://republika.mk/sport/kosarka/sportskiot-dokumentarets-prvi-do-chetvrto-so-nagrada-na-festival-vo-zlatibor/ Tue, 27 Aug 2024 12:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=810583

Спортското документарно филмско остварување "Први до Четврто" доби "Golden Gondola, прва награда за високи морални вредности во спортот" на престижниот филмски фестивал во Златибор, Србија.

Филмот е дело на продуцентот Саша Каталиниќ, сценарио и режија Игор Ивановски и камера и монтажа Матеј Mилев.

Фестивалот во Златибор е еден од најпрестижните во регионот.Наградата добива на тежина ако се знае дека е добиена во конкуренција од над 200 филмови и продукции како ХТВ, РТС и др. Листата на сите наградени погледнете ја на официјалната страница на фестивалот.

The post Спортскиот документарец „Први до четврто“ со наградa на фестивал во Златибор appeared first on Република.

]]>

Спортското документарно филмско остварување "Први до Четврто" доби "Golden Gondola, прва награда за високи морални вредности во спортот" на престижниот филмски фестивал во Златибор, Србија. Филмот е дело на продуцентот Саша Каталиниќ, сценарио и режија Игор Ивановски и камера и монтажа Матеј Mилев. Фестивалот во Златибор е еден од најпрестижните во регионот.Наградата добива на тежина ако се знае дека е добиена во конкуренција од над 200 филмови и продукции како ХТВ, РТС и др. Листата на сите наградени погледнете ја на официјалната страница на фестивалот.

The post Спортскиот документарец „Први до четврто“ со наградa на фестивал во Златибор appeared first on Република.

]]>
Експедицијата на Каталиниќ ќе го освојува Златибор https://republika.mk/sport/kosarka/ekspeditsijata-na-katalinik-ke-go-osvojuva-zlatibor/ Wed, 14 Aug 2024 18:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=806600

Спортскиот новинар Игор Ивановски, сценарист и режисер на спортскиот документарен филм “ Први до Четврто” заедно со виртузот зад камерите Матеј Милев одговорен за снимање и монтажа на овој проект, во периодот од 23.08 до 26.08 ќе бидат дел од меѓународниот фестивал за спортски документарни филмови кој ќе се одржува во Златибор, Србија.

“Саша, веќе одамна си докажан во оперативното организациско работење како во спортот така и во водењето на големи корпоративни системи, сепак овој проект беше нов предизвик со огромна вредност за македонскиот спорт, како го реши најтешкиот проблем, финансии?”

Мојата соработка со бизнис фелата во Македонија се заснова врз професионално работење кое секогаш ги дава посакуваните резултати. Контактите кои ги имам со бизнис заедницата се базираат на стекната доверба која секогаш се одвивала по теркот “од идеа до реализација”, за на крајот соработката да премине во пријателство.Сме оставиле простор за убави работи.........како што знае да каже народот.Точно е дека најголемиот проблем во нашата држава се финансиите, малку сеоние кои имаат сенс и знаат што значи спортот, но мојата соработка е селективна и насочена исклучиво со луѓе кои имаат разбирање за спортот и го согледуваат значењето и големината на овој проект. Токму со поддршката на нивните компании Еко Логистик Сервис, Сити Фешн Мултибренд, Триглав, Интерфуд,Спорт Лајф, Вива, Циак Ауто се овозможии остварување на проектот “Први до Четврто”-вели проект менаџерот Саша Каталиниќ.

“Како дојде повикот да учествувате на еден голем меѓународен филмскифестивал? Како “Први до Четврто” го доби приматот кај еминентното жири во Залтибор”

GoForSports се заблагодарува на спортскиот новинар Бобан Радуловиќ кој го препозна потенцијалот на нашиот проект и несебично во духот на спортот ги искористи контактите кои ги има со организаторите на филмскиот фестивал воСрбија.“Први до Четврто” по препорака на спортскиот новинар Бранко Казаковски беше емитуван на ТВ Телма, потоа испратен во драфт верзија до г-динот АцаАврамовиќ кој воодушевен од приказната го прифати како проект со огромна вредност кој сега ќе се емитува во Златибор, а потоа во Милано, Италија-објаснува Каталиниќ.

“Матеј виртуоз зад камерите како што те нарекува Саша, како е да се работина еден ваков проект, кое е темпото, дали на самиот почеток очекуваше ваков успех?”

Кога имате концепт, јасна визија и цел, реализацијата доаѓа спонтано. Морам да признаам не беше воопшто лесно, особено во делот на монтажата; се работеше деноноќно за да се доловат вистинските моменти во филмот.Видете, навистина треба да си виртуоз да реализираш проект во кој наместо триесет луѓе, имаш тим составен од тројца, посебно во делот на снимањето и секако крајната монтажа која ја даде оваа прекрасна целина и финалниот дел од овој проект.Знаевме дека работиме на нешто несекојдневно, нешто што ќе остави трајни вредности преку кој ќе се претстави начинот на кој е остварен еден од најголемите успеси на една македонска кошаркарска репрезентација, еден животен циклус на целиот тим, сите нивни победи, падови, загуби и успеси.

По емитувањето на документарниот филм на ТВ Телма и рекциите кои ги имаше во јавноста знаевме дека сме направиле нешто големо, и затоа сега ќе бидеме дел од интернационалните фестивали.

“Игор кои се вашите планови и очекувања, дали се работи на нови проекти, се изработуваат ли нови сценарија?”

Веднаш можам да ви потврдам дека до крајот на 2025 година имаме план за реализација на уште два големи проекта. По заваршувањето на “Први до Четврто”, започнавме со изработка на оперативен план и сценарија за два нови документарни спортски филма “Работнички –Брендот под кошевите” и “Патот до Палермо”. Првиот филм “Работнички – Брендот под кошевите” е веќе во реализација,снимањето е речиси завршено, тајм кодовите се во завршна фаза, реално за кратко влегуваме во почетна фаза од монтажа.Сценариото за “Патот до Палермо” е во изработка, размислувам во кој правец ќе се одвива, целта е да се прикаже целокупното патешествие на учесниците во овој настан кои за време на Ковид 19 најдоа ентузијазам и желба да бидат дел од една значајна победа која тогаш ја оствари мекедонската фудбалска репрезентација.Идеи имаме премногу, како тим работиме беспрекорно, доколку имаме финансиска поддршка од бизнис заедницата и државата, GoForSports би изработил уште многу проекти кои ќе бидат значајни за мaкедонскиот спорт.Во Златибор очекуваме успех кој ќе го потврди нашето професионално работење и желба да оставиме дела со трајни вредности за младите генерации во македонскиот спорт-нагласува Ивановски.

The post Експедицијата на Каталиниќ ќе го освојува Златибор appeared first on Република.

]]>

Спортскиот новинар Игор Ивановски, сценарист и режисер на спортскиот документарен филм “ Први до Четврто” заедно со виртузот зад камерите Матеј Милев одговорен за снимање и монтажа на овој проект, во периодот од 23.08 до 26.08 ќе бидат дел од меѓународниот фестивал за спортски документарни филмови кој ќе се одржува во Златибор, Србија. “Саша, веќе одамна си докажан во оперативното организациско работење како во спортот така и во водењето на големи корпоративни системи, сепак овој проект беше нов предизвик со огромна вредност за македонскиот спорт, како го реши најтешкиот проблем, финансии?”
Мојата соработка со бизнис фелата во Македонија се заснова врз професионално работење кое секогаш ги дава посакуваните резултати. Контактите кои ги имам со бизнис заедницата се базираат на стекната доверба која секогаш се одвивала по теркот “од идеа до реализација”, за на крајот соработката да премине во пријателство.Сме оставиле простор за убави работи.........како што знае да каже народот.Точно е дека најголемиот проблем во нашата држава се финансиите, малку сеоние кои имаат сенс и знаат што значи спортот, но мојата соработка е селективна и насочена исклучиво со луѓе кои имаат разбирање за спортот и го согледуваат значењето и големината на овој проект. Токму со поддршката на нивните компании Еко Логистик Сервис, Сити Фешн Мултибренд, Триглав, Интерфуд,Спорт Лајф, Вива, Циак Ауто се овозможии остварување на проектот “Први до Четврто”-вели проект менаџерот Саша Каталиниќ.
“Како дојде повикот да учествувате на еден голем меѓународен филмскифестивал? Како “Први до Четврто” го доби приматот кај еминентното жири во Залтибор”
GoForSports се заблагодарува на спортскиот новинар Бобан Радуловиќ кој го препозна потенцијалот на нашиот проект и несебично во духот на спортот ги искористи контактите кои ги има со организаторите на филмскиот фестивал воСрбија.“Први до Четврто” по препорака на спортскиот новинар Бранко Казаковски беше емитуван на ТВ Телма, потоа испратен во драфт верзија до г-динот АцаАврамовиќ кој воодушевен од приказната го прифати како проект со огромна вредност кој сега ќе се емитува во Златибор, а потоа во Милано, Италија-објаснува Каталиниќ.
  “Матеј виртуоз зад камерите како што те нарекува Саша, како е да се работина еден ваков проект, кое е темпото, дали на самиот почеток очекуваше ваков успех?”
Кога имате концепт, јасна визија и цел, реализацијата доаѓа спонтано. Морам да признаам не беше воопшто лесно, особено во делот на монтажата; се работеше деноноќно за да се доловат вистинските моменти во филмот.Видете, навистина треба да си виртуоз да реализираш проект во кој наместо триесет луѓе, имаш тим составен од тројца, посебно во делот на снимањето и секако крајната монтажа која ја даде оваа прекрасна целина и финалниот дел од овој проект.Знаевме дека работиме на нешто несекојдневно, нешто што ќе остави трајни вредности преку кој ќе се претстави начинот на кој е остварен еден од најголемите успеси на една македонска кошаркарска репрезентација, еден животен циклус на целиот тим, сите нивни победи, падови, загуби и успеси.
По емитувањето на документарниот филм на ТВ Телма и рекциите кои ги имаше во јавноста знаевме дека сме направиле нешто големо, и затоа сега ќе бидеме дел од интернационалните фестивали.   “Игор кои се вашите планови и очекувања, дали се работи на нови проекти, се изработуваат ли нови сценарија?”
Веднаш можам да ви потврдам дека до крајот на 2025 година имаме план за реализација на уште два големи проекта. По заваршувањето на “Први до Четврто”, започнавме со изработка на оперативен план и сценарија за два нови документарни спортски филма “Работнички –Брендот под кошевите” и “Патот до Палермо”. Првиот филм “Работнички – Брендот под кошевите” е веќе во реализација,снимањето е речиси завршено, тајм кодовите се во завршна фаза, реално за кратко влегуваме во почетна фаза од монтажа.Сценариото за “Патот до Палермо” е во изработка, размислувам во кој правец ќе се одвива, целта е да се прикаже целокупното патешествие на учесниците во овој настан кои за време на Ковид 19 најдоа ентузијазам и желба да бидат дел од една значајна победа која тогаш ја оствари мекедонската фудбалска репрезентација.Идеи имаме премногу, како тим работиме беспрекорно, доколку имаме финансиска поддршка од бизнис заедницата и државата, GoForSports би изработил уште многу проекти кои ќе бидат значајни за мaкедонскиот спорт.Во Златибор очекуваме успех кој ќе го потврди нашето професионално работење и желба да оставиме дела со трајни вредности за младите генерации во македонскиот спорт-нагласува Ивановски.

The post Експедицијата на Каталиниќ ќе го освојува Златибор appeared first on Република.

]]>
Саша Каталиниќ за „Први до четврто“ https://republika.mk/sport/kosarka/sasha-katalinik-za-prvi-do-chetvrto/ Mon, 25 Dec 2023 16:21:48 +0000 https://republika.mk/?p=726593

„Први до Четврто”e документарен видео запис кој со години чекаше да биде реализиран, со насмевка ни потврди нашиот соговорник Саша Каталиниќ.

Поминати се точно 30 години од процесот на создавање на селекцијата со која Митко Луковски го направи најголемиот успех во својата богата спортска, кошаркарска кариера, нагласи Саша Каталиниќ, еден од 12те играчи кои го поминаа целокупниот селективен циклус од самиот почеток па се до финалните натпревари кои оваа успешна генерација ги одигра во далечната 1995 година во Лисабон, Португалија.
Како што реков, идејата за овој проект постоеше, само требаше да дојде вистинскиот момент, и како за повеќето убави работи во животот, така и проектот „Први до Четврто” се случи сосема спонтано.

Во еден неврзан разговор со спортскиот новинар Игор Ивановски дојдовме до заедничка идеја дека оваа селекција заслужува посебен третман и така одлучивме да го реализираме овој документарен видео запис кој ќе остави еден траен белег во македонскиот спорт, ни потврди Саша Каталиниќ.

Саша Каталиниќ е магистер на социологија-менаџмент на општествени промени, и активен кошаркарски тренер па затоа од него побаравме да ни даде еден краток осврт за времето во кое е создадена репрезентацијатa.

Гледано 30 години наназад тоа беа бурни времиња, еден цел систем во кој веруваа над 24 милиони луѓе се сруши, многу сегменти на опшественото живеење се најдоа пред тестот на транзицијата, влегоа во непознатото. Општеството почна рапидно да се менува, етичките и моралните норми станаа аномични, почна да се чувствува економскиот пад, се одрази на нуклеусот, семејството почна да доживува негативен импакт под влијание на новата средина, работите не одеа на добро, мислам дека не одат ни во моментов, за жал- ни потврди Саша.

Спортот не остана имун, кошарката воопшто, КФM беше ставена пред испит и мораше да покаже дека има сила и капацитет, кадар кој ќе може да одговори на барањата на македонската јавност и да докаже дека Македонија е способна сама да оствари резултати и значајни победи.

Зоре Темелковски, тогашен претседател на МКФ заедно со секретарот одговорен за кошаркарски операции, Димитар Маневски, го направија најдобриот избор- Митко Луковски за селектор на Кадетската Кошаркарска Репрезентација на Македонија која имаше задача да ја претстави нашата самостојна држава во најдобро можно светло на претстојното европско првенство во Лисабон, Португалија 1995 година.

Го прашавме за Митко Луковски, а како одговор на ова прашање добивме реакција која не може да се опише со зборови. Саша кратко ни одговори: –

Ако го пројдеш Митко Луковски, тогаш си спремен за животот во секоја смисла на зборот. Стабилен, цврст човек, човек од збор, тренер за почит со јасна визија и победнички менталитет. Митко за сите нас кои бевме дел од репрезентацијата беше синоним за борба, секогаш ни велеше НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ, го цитирам:

Тогаш кога мислиш дека не можеш повеќе но продолжиш да тренираш, само тогаш напредуваш. На крајот на краиштата што имавме да изгубиме; бевме млади деца, имавме желба, сакавме да се докажеме, ја сакавме кошарката.

Бевме тим во кој имаше кохезија, важна улога во тимот имаше и тренерот Сашо Тодоровски, помлад генерациски од Митко, човек со фантастичен дух, секогаш во добро расположение, некако релаксиран но секогаш на ниво на задачата. Неговиот пристап всушност беше баланс во работењето бидејќи ги амортизираше строгите правила и спартанскиот метод на работа кој го наметнуваше Митко Луковски.

На прашањето зошто документарецот е именуван „Први до Четврто”, Саша одговори:

Затоа што ние први дојдовме до тој успех, заслужено, атакувавме на третото место и сите посакувавме бронза, но ете факторот спортска среќа не беше на наша страна. Грците одиграа во последната четвртина подобро, крајниот резултат за нас до ден денес е неприфатлив, Македонија – Грција 72-73 имавме и последен напад, згрешивме…денот не беше наш.

Го прашавме за прерано починатиот Благоја Патровски, член на оваа селекција, на што емотивно ни одговори: – Секогаш кога Благоја ќе биде тема на разговор имам микс од емоции, беше фантастичен другар, секогаш насмеан, полн со енергија, со огромна смисла за хумор, беше посебен во секој поглед.

Благоја беше вистински кошаркарски талент, нагласи Каталиниќ, му предвидуваа успешна кариера и ги имаше сите предиспозиции да успее во овој спорт, висок 213 см, одлична координација и спортска конституција, фатастичен шут, одлично се движеше во рекетот. Огромна загуба, огромна, во секој поглед изубивме многу, изгубивме еден од нас, лично многу ме погоди оваа трагедија, сите не погоди- додаде Каталиниќ.

Кои се плановите на кошаркарски план, што е со тренерската кариера во иднина, го прашавме Саша.

Во моментов работам на деловни проекти за странски и домашни компании кои се од оперативен карактер, но веќе сум во преговори со неколку клубови за започнување на соработка од 2024 година кога и официјално започнуватренажниот циклус во новата сезона. Сепак во овој период мојата желба е соработката да биде насочена кон младинските селекции.Поседувам ФИБА тренерска лиценца, како и А лиценци од две сениорски национални првенства, знаете професионалниот пристап во работењето за мене е пресуден и секогаш барам средина која е со победнички менталитет и насочена кон постигнување на резултати.

Меѓудругото, Саша веќе бил дел од стручниот штаб на младинската репрезентација која играше во квалификациските натпреварувања во Б дивизија во Анкона, Италија.

Го прашавме дали повторно би прифатил тренерска позиција во некоја од сегашните селекции на Македонија, на што потврдно ни одговори:

Секако, како и до сега, задоволство и чест ми е да ја претставувам Македонија.

На крајот од разговорот Саша Каталиниќ посочи:

Погледнете го документарниот видео запис бидејќи тоа е сведоштво за едно време, за успех кој преставува гордост за целата македонска нација, нешто што е за паметење и пример за генерациите кои доаѓаат.

The post Саша Каталиниќ за „Први до четврто“ appeared first on Република.

]]>

„Први до Четврто”e документарен видео запис кој со години чекаше да биде реализиран, со насмевка ни потврди нашиот соговорник Саша Каталиниќ.
Поминати се точно 30 години од процесот на создавање на селекцијата со која Митко Луковски го направи најголемиот успех во својата богата спортска, кошаркарска кариера, нагласи Саша Каталиниќ, еден од 12те играчи кои го поминаа целокупниот селективен циклус од самиот почеток па се до финалните натпревари кои оваа успешна генерација ги одигра во далечната 1995 година во Лисабон, Португалија. Како што реков, идејата за овој проект постоеше, само требаше да дојде вистинскиот момент, и како за повеќето убави работи во животот, така и проектот „Први до Четврто” се случи сосема спонтано.
Во еден неврзан разговор со спортскиот новинар Игор Ивановски дојдовме до заедничка идеја дека оваа селекција заслужува посебен третман и така одлучивме да го реализираме овој документарен видео запис кој ќе остави еден траен белег во македонскиот спорт, ни потврди Саша Каталиниќ. Саша Каталиниќ е магистер на социологија-менаџмент на општествени промени, и активен кошаркарски тренер па затоа од него побаравме да ни даде еден краток осврт за времето во кое е создадена репрезентацијатa.
Гледано 30 години наназад тоа беа бурни времиња, еден цел систем во кој веруваа над 24 милиони луѓе се сруши, многу сегменти на опшественото живеење се најдоа пред тестот на транзицијата, влегоа во непознатото. Општеството почна рапидно да се менува, етичките и моралните норми станаа аномични, почна да се чувствува економскиот пад, се одрази на нуклеусот, семејството почна да доживува негативен импакт под влијание на новата средина, работите не одеа на добро, мислам дека не одат ни во моментов, за жал- ни потврди Саша.
Спортот не остана имун, кошарката воопшто, КФM беше ставена пред испит и мораше да покаже дека има сила и капацитет, кадар кој ќе може да одговори на барањата на македонската јавност и да докаже дека Македонија е способна сама да оствари резултати и значајни победи. Зоре Темелковски, тогашен претседател на МКФ заедно со секретарот одговорен за кошаркарски операции, Димитар Маневски, го направија најдобриот избор- Митко Луковски за селектор на Кадетската Кошаркарска Репрезентација на Македонија која имаше задача да ја претстави нашата самостојна држава во најдобро можно светло на претстојното европско првенство во Лисабон, Португалија 1995 година. Го прашавме за Митко Луковски, а како одговор на ова прашање добивме реакција која не може да се опише со зборови. Саша кратко ни одговори: – Ако го пројдеш Митко Луковски, тогаш си спремен за животот во секоја смисла на зборот. Стабилен, цврст човек, човек од збор, тренер за почит со јасна визија и победнички менталитет. Митко за сите нас кои бевме дел од репрезентацијата беше синоним за борба, секогаш ни велеше НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ, го цитирам:
Тогаш кога мислиш дека не можеш повеќе но продолжиш да тренираш, само тогаш напредуваш. На крајот на краиштата што имавме да изгубиме; бевме млади деца, имавме желба, сакавме да се докажеме, ја сакавме кошарката.
Бевме тим во кој имаше кохезија, важна улога во тимот имаше и тренерот Сашо Тодоровски, помлад генерациски од Митко, човек со фантастичен дух, секогаш во добро расположение, некако релаксиран но секогаш на ниво на задачата. Неговиот пристап всушност беше баланс во работењето бидејќи ги амортизираше строгите правила и спартанскиот метод на работа кој го наметнуваше Митко Луковски. На прашањето зошто документарецот е именуван „Први до Четврто”, Саша одговори:
Затоа што ние први дојдовме до тој успех, заслужено, атакувавме на третото место и сите посакувавме бронза, но ете факторот спортска среќа не беше на наша страна. Грците одиграа во последната четвртина подобро, крајниот резултат за нас до ден денес е неприфатлив, Македонија – Грција 72-73 имавме и последен напад, згрешивме…денот не беше наш.
Го прашавме за прерано починатиот Благоја Патровски, член на оваа селекција, на што емотивно ни одговори: – Секогаш кога Благоја ќе биде тема на разговор имам микс од емоции, беше фантастичен другар, секогаш насмеан, полн со енергија, со огромна смисла за хумор, беше посебен во секој поглед.
Благоја беше вистински кошаркарски талент, нагласи Каталиниќ, му предвидуваа успешна кариера и ги имаше сите предиспозиции да успее во овој спорт, висок 213 см, одлична координација и спортска конституција, фатастичен шут, одлично се движеше во рекетот. Огромна загуба, огромна, во секој поглед изубивме многу, изгубивме еден од нас, лично многу ме погоди оваа трагедија, сите не погоди- додаде Каталиниќ.
Кои се плановите на кошаркарски план, што е со тренерската кариера во иднина, го прашавме Саша.
Во моментов работам на деловни проекти за странски и домашни компании кои се од оперативен карактер, но веќе сум во преговори со неколку клубови за започнување на соработка од 2024 година кога и официјално започнуватренажниот циклус во новата сезона. Сепак во овој период мојата желба е соработката да биде насочена кон младинските селекции.Поседувам ФИБА тренерска лиценца, како и А лиценци од две сениорски национални првенства, знаете професионалниот пристап во работењето за мене е пресуден и секогаш барам средина која е со победнички менталитет и насочена кон постигнување на резултати.
Меѓудругото, Саша веќе бил дел од стручниот штаб на младинската репрезентација која играше во квалификациските натпреварувања во Б дивизија во Анкона, Италија. Го прашавме дали повторно би прифатил тренерска позиција во некоја од сегашните селекции на Македонија, на што потврдно ни одговори: