сас Archives - Република https://republika.mk/tema/sas/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Jul 2022 08:58:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сас Archives - Република https://republika.mk/tema/sas/ 32 32 Скандинавската авиокомпанија, која лета и до Скопје, дневно губи по 13 милиони долари, пилотите штрајкуваат веќе 11 дена https://republika.mk/vesti/svet/skandinavskata-aviokompanija-koja-leta-i-do-skopje-dnevno-gubi-po-13-milioni-dolari-pilotite-shtrajkuvaat-vekje-11-dena/ Thu, 14 Jul 2022 08:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=528491

Пилотите во авиокомпанијата „САС“ штрајкуваат веќе 11 дена, а со штрајкот се засегнати стотици илјади туристи, пред се оние од скандинавските земји.

Претставниците на работодачавот и на синдикатите во текот на вчерашниот ден ги продолжија преговорите по новиот колективен договор што беа прекинати на 4 јули, но не успеаја да ги надминат несогласувањата. Се очекува разговорите да продолжат денеска, најавуваат од синдикатот „Данск метал“ што ги застапува данските пилоти во „САС“.

Авиокомпанијата што подолг период е во криза соопшти дека штрајкот во шпицот на сезоната на патувања резултира со загуби меѓу десет и 13 милиони долари дневно, во време кога компанијата се обидува да ги намали трошоците и да привлече нови инвеститори за да опстане.

Пилотите вработени во филијалата „САС Скандинавија“, велат дека прифатиле ограничено намалување на платите и нешто понеповолни услови, за од управата на компанијата да посочат дека понудените отстапки не се доволни за успешно спроведување на опсежниот план за спас најавен во февруари годинава.

Синдикатите исто така бараат пилотите отпуштени за време на пандемијата повторно да се вработат во „САС Скандинавија“, наместо да бидат конкуренција на потенцијалните кандидати за работно место во новоотворените подружници „САСЛинк“ и „САС Конект“ со седиште во Ирска.

Авиокомпанијата чии главни сопственици се владите на Шведска и на Данска со акции од по 22 отсто, откажа 201 или 64 отсто од за денеска планираните летови.

The post Скандинавската авиокомпанија, која лета и до Скопје, дневно губи по 13 милиони долари, пилотите штрајкуваат веќе 11 дена appeared first on Република.

]]>

Пилотите во авиокомпанијата „САС“ штрајкуваат веќе 11 дена, а со штрајкот се засегнати стотици илјади туристи, пред се оние од скандинавските земји. Претставниците на работодачавот и на синдикатите во текот на вчерашниот ден ги продолжија преговорите по новиот колективен договор што беа прекинати на 4 јули, но не успеаја да ги надминат несогласувањата. Се очекува разговорите да продолжат денеска, најавуваат од синдикатот „Данск метал“ што ги застапува данските пилоти во „САС“. Авиокомпанијата што подолг период е во криза соопшти дека штрајкот во шпицот на сезоната на патувања резултира со загуби меѓу десет и 13 милиони долари дневно, во време кога компанијата се обидува да ги намали трошоците и да привлече нови инвеститори за да опстане. Пилотите вработени во филијалата „САС Скандинавија“, велат дека прифатиле ограничено намалување на платите и нешто понеповолни услови, за од управата на компанијата да посочат дека понудените отстапки не се доволни за успешно спроведување на опсежниот план за спас најавен во февруари годинава. Синдикатите исто така бараат пилотите отпуштени за време на пандемијата повторно да се вработат во „САС Скандинавија“, наместо да бидат конкуренција на потенцијалните кандидати за работно место во новоотворените подружници „САСЛинк“ и „САС Конект“ со седиште во Ирска. Авиокомпанијата чии главни сопственици се владите на Шведска и на Данска со акции од по 22 отсто, откажа 201 или 64 отсто од за денеска планираните летови.

The post Скандинавската авиокомпанија, која лета и до Скопје, дневно губи по 13 милиони долари, пилотите штрајкуваат веќе 11 дена appeared first on Република.

]]>
Диверзанти маскирани во медицински работници: Русите тврдат дека Британците испратиле експерти за „партизанска борба“ https://republika.mk/vesti/svet/diverzanti-maskirani-vo-medicinski-rabotnici-rusite-tvrdat-deka-britancite-ispratile-eksperti-za-partizanska-borba/ Sun, 24 Apr 2022 06:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=492876

Најмалку две групи од по околу 20 експерти за диверзии и партизански борби од Специјалната воздушна служба на британските воздухопловни сили  (САС) пристигнале во регионот на Лавов во Украина, вели неименуван претставник на руската армија, за руските медиуми.

Како што вели тој, припадниците на таа служба важат за едни од најквалификуваните експерти во светот во областа на организирање државен удар, масовни протести и собири, организирање убиства на политички функционери, регрутирање, но и подготовка на терористички акти.

Тоа не се обични специјалци, тоа се интелектуалци кои во својот состав имаат и идеолози, така да се каже професори, а останатите се експерти од различни области - вели рускиот претставник.

Претставникот на руската армија рече и дека тие обично работат во борбени зони под маската на медицински работници или хуманитарци.

Специјалната воздушна служба, скратено САС, е единица на британската армија, основана во 1941 година како полк, кој во 1950 година бил трансформиран во корпус. Оваа единица послужи како модел за создавање на многу специјални единици ширум светот.

САС врши голем број функции, вклучувајќи тајно извидување, борба против тероризам, директна акција и собирање разузнавачки информации.

The post Диверзанти маскирани во медицински работници: Русите тврдат дека Британците испратиле експерти за „партизанска борба“ appeared first on Република.

]]>

Најмалку две групи од по околу 20 експерти за диверзии и партизански борби од Специјалната воздушна служба на британските воздухопловни сили  (САС) пристигнале во регионот на Лавов во Украина, вели неименуван претставник на руската армија, за руските медиуми. Како што вели тој, припадниците на таа служба важат за едни од најквалификуваните експерти во светот во областа на организирање државен удар, масовни протести и собири, организирање убиства на политички функционери, регрутирање, но и подготовка на терористички акти.
Тоа не се обични специјалци, тоа се интелектуалци кои во својот состав имаат и идеолози, така да се каже професори, а останатите се експерти од различни области - вели рускиот претставник.
Претставникот на руската армија рече и дека тие обично работат во борбени зони под маската на медицински работници или хуманитарци. Специјалната воздушна служба, скратено САС, е единица на британската армија, основана во 1941 година како полк, кој во 1950 година бил трансформиран во корпус. Оваа единица послужи како модел за создавање на многу специјални единици ширум светот. САС врши голем број функции, вклучувајќи тајно извидување, борба против тероризам, директна акција и собирање разузнавачки информации.

The post Диверзанти маскирани во медицински работници: Русите тврдат дека Британците испратиле експерти за „партизанска борба“ appeared first on Република.

]]>