Сарамандов Archives - Република https://republika.mk/tema/saramandov/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Jun 2023 19:06:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сарамандов Archives - Република https://republika.mk/tema/saramandov/ 32 32 На ВМРО-ДПМНЕ не му е до функции, нудиме решенија за заштитен идентитет и обезбедена иднина https://republika.mk/vesti/makedonija/na-vmro-dpmne-ne-mu-e-do-funktsii-nudime-reshenija-za-zashtiten-identitet-i-obezbedena-idnina/ Thu, 15 Jun 2023 19:42:52 +0000 https://republika.mk/?p=651880

Уставни измени под бугарски диктат ниту сум прифатил, ниту некогаш ќе прифатам, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашната трибина во Гевгелија насловена „Борба против корупцијата и криминалот“.

-За една иста средба за која и самите рекоа дека е неуспешна, тие излегуваат и велат дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило безусловно уставни измени. Граѓаните, медиумите, експертите знаат дека не е така, а лудо настојчиво лажат за нешто што е очигледно - дека уставни измени под бугарски диктат ниту сум прифатил, ниту некогаш ќе прифатам. Лажат затоа што друго немаат што да прават, рече Мицкоски.

Нагласи дека се дегутантни аукциите и лицитациите кои секој ден се случуваат координирано од ДУИ и СДСМ за нови функции за ВМРО-ДПМНЕ.

-Мене ниту ми е до позиции, ниту на ВМРО-ДПМНЕ му е до функции особено не кога е загрозена Македонија и кога народот е под блокада и нема иднина. Доста беше поткусурување со идентитетот и блокада на интеграциите. Измените на Уставот може да поминат само со заштитен идентитет, обезбедена иднина и целосна и непречена карта за влез во Европската Унија.  Благодарение на пратениците, на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои се вистинскиот бедем во македонскиот парламент, уставни измени под бугарски диктат нема да има, рече Мицкоски.

Порача дека нивниот став останува ист - промена на околностите и заштита на идентитетот и додаде дека не очекува позитивен одговор од власта. Потенцираше дека се дадени два предлози до власта кои, како што кажа, се јасни и бидејќи оттаму има молк и лаги го повика премиерот Димитар Ковачевски на дуел пред јавноста за сите да ја видат вистината.

-Тие се оние што ги менуваат ставовите. Пред да излезе францускиот предлог Ковачевски велеше дека тој не е прифатлив. Потоа волшебно, иако од предлогот не се промени буквално ништо, тој го смени мислењето и денес е главната скала на сопнување. Воедно она што претставува лицемерна политика е тврдењето на министерот за надворешни работи дека сепак Бугарите биле обесправени со сегашниот Устав. Како министер кој 20 години е актуелен на политичката сцена, чудно е навистина што токму сега му засмета Уставот и односот кон Бугарите, а не претходно, посочи Мицкоски.

Истакна дека токму корупцијата и криминалот, кои се тема на денешната трибина се најтешката дијагноза на нашето општество.

-Корупцијата е раширена и во најситните порни од општеството. Ја претворија Македонија во територија на мафијашки кланови, каде точно се знае кој од власта кој тендер го добива, и колку проценти треба да и врати на партијата на власт. Имате преку ноќ креирани бизнис магнати кои се богатат на трудот на народот, рече Мицкоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакна дека токму чистење на криминалот и корупцијата ќе биде приоритет број еден на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нема функционер на СДСМ од најниско ниво, од обичен раководител завршувајќи со премиер кој не злоупотребува. Аферите на дневна основа еруптираат и за нив ние зборуваме во јавноста. Мора да се направат темелни истраги за злоупотребите кои овие шест години се направени, пред се во финансискиот дел, да се види текот на парите и се што е возможно да се врати во државниот буџет, а на тој начин кај граѓаните, посочи Николоски.

Градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов најави дека општината ќе добие нов модерен парк на површина од 6.000 квадратни метри, потсети дека се возобнови фестивалот „Калинка“ и додаде дека буџетот за култура во Гевгелија годинава изнесува 3,6 милиони денари.

-Годинава значително ги зголемивме финансиските поддршки за сите ентузијасти, за здруженија кои што организираат културни настани на целата територија на нашата општина. Од оваа година, од септември ќе се започне со една нова традиција, предвидено е да се направи Фестивал на храната и виното, кој ќе трае три дена, вети Сарамандов.

The post На ВМРО-ДПМНЕ не му е до функции, нудиме решенија за заштитен идентитет и обезбедена иднина appeared first on Република.

]]>

Уставни измени под бугарски диктат ниту сум прифатил, ниту некогаш ќе прифатам, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашната трибина во Гевгелија насловена „Борба против корупцијата и криминалот“. -За една иста средба за која и самите рекоа дека е неуспешна, тие излегуваат и велат дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило безусловно уставни измени. Граѓаните, медиумите, експертите знаат дека не е така, а лудо настојчиво лажат за нешто што е очигледно - дека уставни измени под бугарски диктат ниту сум прифатил, ниту некогаш ќе прифатам. Лажат затоа што друго немаат што да прават, рече Мицкоски. Нагласи дека се дегутантни аукциите и лицитациите кои секој ден се случуваат координирано од ДУИ и СДСМ за нови функции за ВМРО-ДПМНЕ. -Мене ниту ми е до позиции, ниту на ВМРО-ДПМНЕ му е до функции особено не кога е загрозена Македонија и кога народот е под блокада и нема иднина. Доста беше поткусурување со идентитетот и блокада на интеграциите. Измените на Уставот може да поминат само со заштитен идентитет, обезбедена иднина и целосна и непречена карта за влез во Европската Унија.  Благодарение на пратениците, на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои се вистинскиот бедем во македонскиот парламент, уставни измени под бугарски диктат нема да има, рече Мицкоски. Порача дека нивниот став останува ист - промена на околностите и заштита на идентитетот и додаде дека не очекува позитивен одговор од власта. Потенцираше дека се дадени два предлози до власта кои, како што кажа, се јасни и бидејќи оттаму има молк и лаги го повика премиерот Димитар Ковачевски на дуел пред јавноста за сите да ја видат вистината. -Тие се оние што ги менуваат ставовите. Пред да излезе францускиот предлог Ковачевски велеше дека тој не е прифатлив. Потоа волшебно, иако од предлогот не се промени буквално ништо, тој го смени мислењето и денес е главната скала на сопнување. Воедно она што претставува лицемерна политика е тврдењето на министерот за надворешни работи дека сепак Бугарите биле обесправени со сегашниот Устав. Како министер кој 20 години е актуелен на политичката сцена, чудно е навистина што токму сега му засмета Уставот и односот кон Бугарите, а не претходно, посочи Мицкоски. Истакна дека токму корупцијата и криминалот, кои се тема на денешната трибина се најтешката дијагноза на нашето општество. -Корупцијата е раширена и во најситните порни од општеството. Ја претворија Македонија во територија на мафијашки кланови, каде точно се знае кој од власта кој тендер го добива, и колку проценти треба да и врати на партијата на власт. Имате преку ноќ креирани бизнис магнати кои се богатат на трудот на народот, рече Мицкоски. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакна дека токму чистење на криминалот и корупцијата ќе биде приоритет број еден на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. -Нема функционер на СДСМ од најниско ниво, од обичен раководител завршувајќи со премиер кој не злоупотребува. Аферите на дневна основа еруптираат и за нив ние зборуваме во јавноста. Мора да се направат темелни истраги за злоупотребите кои овие шест години се направени, пред се во финансискиот дел, да се види текот на парите и се што е возможно да се врати во државниот буџет, а на тој начин кај граѓаните, посочи Николоски. Градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов најави дека општината ќе добие нов модерен парк на површина од 6.000 квадратни метри, потсети дека се возобнови фестивалот „Калинка“ и додаде дека буџетот за култура во Гевгелија годинава изнесува 3,6 милиони денари. -Годинава значително ги зголемивме финансиските поддршки за сите ентузијасти, за здруженија кои што организираат културни настани на целата територија на нашата општина. Од оваа година, од септември ќе се започне со една нова традиција, предвидено е да се направи Фестивал на храната и виното, кој ќе трае три дена, вети Сарамандов.

The post На ВМРО-ДПМНЕ не му е до функции, нудиме решенија за заштитен идентитет и обезбедена иднина appeared first on Република.

]]>
Сарамандов: Гевгелија ќе добие нов модерен парк на површина од 6.000 м2, фестивалот „Калинка“ се возобнови, а буџетот за култура оваа година изнесува 3 милиони и 600 илјади денари https://republika.mk/vesti/makedonija/saramandov-gevgelija-ke-dobie-nov-moderen-park-na-povrshina-od-6-000-m2-festivalot-kalinka-se-vozobnovi-a-budhetot-za-kultura-ovaa-godina-iznesuva-3-milioni-i-600-iljadi-denari/ Thu, 15 Jun 2023 19:13:36 +0000 https://republika.mk/?p=651874

„Вчера и официјално заврши детскиот музички фестивал „Калинка“ со настапи и дружење на родителите и децата. Во изминатиот период значи имавме една убава еуфорија со одржувањето на овој фестивал. Пред 30-тина години детскиот музички фестивал „Калинка“ беше еден од реномираните фестивали заедно со „Златно славејче“ во Скопје и детскиот музички фестивал „Си-до“ во Битола. Низ годините пораснаа многу генерации со „Калинка“ и остави траен белег во Гевгелија. И затоа сметавме дека е неопходно да се возобнови овој фестивал“, истакна Андон Сарамандов, градоначалник на општина Гевгелија во воведниот разговор од трибината организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Борба против корупцијата и криминалот“ од акцијата „Ова е Македонија за сите“.

Сарамандов додаде дека во 2022 година Буџетот за култура беше милион и 600 илјади денари за да во оваа 2023-та година Буџетот за култура е проектиран на 3 милиони и 600 илјади денари. Гевгелија има богата културна историја и обврска на него како градоначалник е да се негуваат културните вредности.

„Годинава значително ги зголемивме финансиските поддршки за сите ентузијасти, за здруженија кои што организираат културни настани на целата територија на нашата општина“, нагласи градоначалникот.

Тој посочи дека  од оваа година, од месец септември ќе се започне со една нова традиција, предвидено е да се направи Фестивал на храната и виното, кој ќе трае три дена.

„Гевгелија бил значаен спортски центра и ќе биде и во иднина со помош на локалната самоуправа и тука во континуитет ја зголемуваме финансиската и логистичката поддршка за спортот, спортските клубови и за спортските работници, а и исто така за здруженијата кои организираат спортски настани“, рече тој.

Сарамандов се осврна и на инфраструктурата во Гевгелија и истакна дека најголем проект кој започна минатата година 2022 во март месец и кој што се реализира е поставувањето на атмосферската канализација во градот во должина од 6.500 метри некаде околу една третина од градот. И овој проект веќе влегува во финална завршница значи реализиран се околу 95% од изведбените работи.

„Поставувањето на атмосферската канализација беше еден тежок процес и го наруши сообраќајниот режим во градот, но моравме да ги почитуваме правилата на градежништвото, тие ја одредуваат динамиката на работата затоа што наша крајна цел е со реализација на овој проект да добиеме квалитетен проект по сите стандарди. И кој во иднина ќе биде од голем бенефит за сите граѓани“, заклучи Сарамандов.

Градоначалникот укажа дека сега ќе се започне со два проекти, со реализација во делот на комуналната инфраструктура, едниот проект е во областа наречена „Касарна“ и ќе има изградба на краците 1 и 2, 5, 6 и 7, за поставување на фекална канализација. А, вториот проект е поставување на фекална канализација на дел од улицата „7-ми Ноември“ во блок 1, во централното градско подрачје.

„За наредниот период имаме утврдено уште два проекти од комуналната инфраструктура кои се приоритетни и за кои веќе имаме изработено основен проект и имаме одобрение, а во моментов работиме и на тоа да обезбедиме финансиски средства. Едниот проект е поставување на атмосферска и фекална канализација, нови водоводни линии во блок 4, тоа е делот од градот позади градинката „Сончогледи“. А, вториот проект за кој што имаме основен проект со одобрение и сакаме да го реализираме е канализационата мрежа во населеното место Милетково“, рече тој.

Сарамандов нагласи дека од пред некој ден се започна со изградба на нов модерен парк во Гевгелија. Тој ќе се протега на површина од 6.000 м2 и се предвидени повеќе содржини како пешачки патеки, место за одмор, модерно осветлување итн.

https://www.youtube.com/watch?v=8X5IHNNVeFY&t=3s

The post Сарамандов: Гевгелија ќе добие нов модерен парк на површина од 6.000 м2, фестивалот „Калинка“ се возобнови, а буџетот за култура оваа година изнесува 3 милиони и 600 илјади денари appeared first on Република.

]]>

„Вчера и официјално заврши детскиот музички фестивал „Калинка“ со настапи и дружење на родителите и децата. Во изминатиот период значи имавме една убава еуфорија со одржувањето на овој фестивал. Пред 30-тина години детскиот музички фестивал „Калинка“ беше еден од реномираните фестивали заедно со „Златно славејче“ во Скопје и детскиот музички фестивал „Си-до“ во Битола. Низ годините пораснаа многу генерации со „Калинка“ и остави траен белег во Гевгелија. И затоа сметавме дека е неопходно да се возобнови овој фестивал“, истакна Андон Сарамандов, градоначалник на општина Гевгелија во воведниот разговор од трибината организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Борба против корупцијата и криминалот“ од акцијата „Ова е Македонија за сите“. Сарамандов додаде дека во 2022 година Буџетот за култура беше милион и 600 илјади денари за да во оваа 2023-та година Буџетот за култура е проектиран на 3 милиони и 600 илјади денари. Гевгелија има богата културна историја и обврска на него како градоначалник е да се негуваат културните вредности. „Годинава значително ги зголемивме финансиските поддршки за сите ентузијасти, за здруженија кои што организираат културни настани на целата територија на нашата општина“, нагласи градоначалникот. Тој посочи дека  од оваа година, од месец септември ќе се започне со една нова традиција, предвидено е да се направи Фестивал на храната и виното, кој ќе трае три дена. „Гевгелија бил значаен спортски центра и ќе биде и во иднина со помош на локалната самоуправа и тука во континуитет ја зголемуваме финансиската и логистичката поддршка за спортот, спортските клубови и за спортските работници, а и исто така за здруженијата кои организираат спортски настани“, рече тој. Сарамандов се осврна и на инфраструктурата во Гевгелија и истакна дека најголем проект кој започна минатата година 2022 во март месец и кој што се реализира е поставувањето на атмосферската канализација во градот во должина од 6.500 метри некаде околу една третина од градот. И овој проект веќе влегува во финална завршница значи реализиран се околу 95% од изведбените работи. „Поставувањето на атмосферската канализација беше еден тежок процес и го наруши сообраќајниот режим во градот, но моравме да ги почитуваме правилата на градежништвото, тие ја одредуваат динамиката на работата затоа што наша крајна цел е со реализација на овој проект да добиеме квалитетен проект по сите стандарди. И кој во иднина ќе биде од голем бенефит за сите граѓани“, заклучи Сарамандов. Градоначалникот укажа дека сега ќе се започне со два проекти, со реализација во делот на комуналната инфраструктура, едниот проект е во областа наречена „Касарна“ и ќе има изградба на краците 1 и 2, 5, 6 и 7, за поставување на фекална канализација. А, вториот проект е поставување на фекална канализација на дел од улицата „7-ми Ноември“ во блок 1, во централното градско подрачје. „За наредниот период имаме утврдено уште два проекти од комуналната инфраструктура кои се приоритетни и за кои веќе имаме изработено основен проект и имаме одобрение, а во моментов работиме и на тоа да обезбедиме финансиски средства. Едниот проект е поставување на атмосферска и фекална канализација, нови водоводни линии во блок 4, тоа е делот од градот позади градинката „Сончогледи“. А, вториот проект за кој што имаме основен проект со одобрение и сакаме да го реализираме е канализационата мрежа во населеното место Милетково“, рече тој. Сарамандов нагласи дека од пред некој ден се започна со изградба на нов модерен парк во Гевгелија. Тој ќе се протега на површина од 6.000 м2 и се предвидени повеќе содржини како пешачки патеки, место за одмор, модерно осветлување итн. https://www.youtube.com/watch?v=8X5IHNNVeFY&t=3s

The post Сарамандов: Гевгелија ќе добие нов модерен парк на површина од 6.000 м2, фестивалот „Калинка“ се возобнови, а буџетот за култура оваа година изнесува 3 милиони и 600 илјади денари appeared first on Република.

]]>