Сао Паоло Archives - Република https://republika.mk/tema/sao-paolo/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Nov 2024 17:17:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сао Паоло Archives - Република https://republika.mk/tema/sao-paolo/ 32 32 Норис победи на Ф1 спринт трката во Сао Паоло https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/noris-pobedi-na-f1-sprint-trkata-vo-sao-paolo/ Sat, 02 Nov 2024 18:11:22 +0000 https://republika.mk/?p=833578

Возачот на Мекларен, Ландо Норис е победник на денешната спринтерска трка во Формула 1 за Големата награда на Бразил.

Норис до победата на патеката во Сао Паоло и нови осум бодови дојде со резултат 29:46.045 минути.

Втор беше неговиот клупски колега Оскар Пјастри, со заостанување од 0,593 секунди, а трет актуелниот светски шампион и лидер во генералниот пласман, Макс Верстапен од Ред Бул, со заостанување од 1,497 секунди зад победникот.

Бодови на спринтерска трка во Сао Паоло освоија и Шарл Леклер, Карлос Саинц, Џорџ Расел, Пјер Гасли и Серхио Перез.

Трката за Големата награда на Бразил е на програмата утре од 18.00 часот.

The post Норис победи на Ф1 спринт трката во Сао Паоло appeared first on Република.

]]>

Возачот на Мекларен, Ландо Норис е победник на денешната спринтерска трка во Формула 1 за Големата награда на Бразил. Норис до победата на патеката во Сао Паоло и нови осум бодови дојде со резултат 29:46.045 минути. Втор беше неговиот клупски колега Оскар Пјастри, со заостанување од 0,593 секунди, а трет актуелниот светски шампион и лидер во генералниот пласман, Макс Верстапен од Ред Бул, со заостанување од 1,497 секунди зад победникот. Бодови на спринтерска трка во Сао Паоло освоија и Шарл Леклер, Карлос Саинц, Џорџ Расел, Пјер Гасли и Серхио Перез. Трката за Големата награда на Бразил е на програмата утре од 18.00 часот.

The post Норис победи на Ф1 спринт трката во Сао Паоло appeared first on Република.

]]>
Илјадници лица протестираа во Сао Паоло, бараат апсење на поранешниот претседател на Бразил https://republika.mk/vesti/svet/iljadnitsi-litsa-protestiraa-vo-sao-paolo-baraat-apsene-na-poraneshniot-pretsedatel-na-brazil/ Tue, 10 Jan 2023 08:37:52 +0000 https://republika.mk/?p=595203

Десетици илјади луѓе се собраа во Сао Паоло, во знак на протест против упадот на приврзаниците на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро во Конгресот.

Демонстрантите бараат негово апсење.

Во голем број градови и населени места на Бразил вчера се одржаа улични собири за поддршка на новиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, а бројот на присутни во Сао Паоло бил импресивен, јави „Би-Би-Си“.

Многумина дојдоа облечени во црвено – бојата на Работничката партија на Лула, други вееја транспаренти на кои пишуваше „Нема амнестија за пучистите“ и повикаа да бидат казнети одговорните. Имаше и скандирања „Затвор за Болсонаро“, а собирот се одржа под силно полициско присуство.

Новиот претседател заедно со гувернерите на земјата направи обиколка на објектите на државните институции оштетени во немирите, претседателската палата и Врховниот суд.

Притоа ги осуди „терористичките акти“ и вети дека ќе ги казни сторителите.

Околу 1.500 луѓе беа приведени во нередите во неделата во главниот град на Бразил, седум дена откако претседателот Лула да Силва положи заклетва по поделените избори во октомври.

Болсонаро (67) не го призна поразот на тензичните избори и замина во САД пред да ја предаде функцијата на 1 јануари. Тој вчера беше примен во болница во Флорида поради болки во стомакот.

 

The post Илјадници лица протестираа во Сао Паоло, бараат апсење на поранешниот претседател на Бразил appeared first on Република.

]]>

Десетици илјади луѓе се собраа во Сао Паоло, во знак на протест против упадот на приврзаниците на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро во Конгресот. Демонстрантите бараат негово апсење. Во голем број градови и населени места на Бразил вчера се одржаа улични собири за поддршка на новиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, а бројот на присутни во Сао Паоло бил импресивен, јави „Би-Би-Си“. Многумина дојдоа облечени во црвено – бојата на Работничката партија на Лула, други вееја транспаренти на кои пишуваше „Нема амнестија за пучистите“ и повикаа да бидат казнети одговорните. Имаше и скандирања „Затвор за Болсонаро“, а собирот се одржа под силно полициско присуство. Новиот претседател заедно со гувернерите на земјата направи обиколка на објектите на државните институции оштетени во немирите, претседателската палата и Врховниот суд. Притоа ги осуди „терористичките акти“ и вети дека ќе ги казни сторителите. Околу 1.500 луѓе беа приведени во нередите во неделата во главниот град на Бразил, седум дена откако претседателот Лула да Силва положи заклетва по поделените избори во октомври. Болсонаро (67) не го призна поразот на тензичните избори и замина во САД пред да ја предаде функцијата на 1 јануари. Тој вчера беше примен во болница во Флорида поради болки во стомакот.  

The post Илјадници лица протестираа во Сао Паоло, бараат апсење на поранешниот претседател на Бразил appeared first on Република.

]]>
Поплави и лизгање на земјиштето земаа 24 жртви во Бразил https://republika.mk/vesti/svet/poplavi-i-lizganje-na-zemjishteto-zemaa-24-zrtvi-vo-brazil/ Tue, 01 Feb 2022 11:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=452334

Бројот на загинати во свлечиштата и поплавите предизвикани од обилните дождови во бразилската држава Сао Паоло се зголемил на 24, а пожарникарите ги продолжуваат спасувачките операции.

Најнаселената бразилска држава, за време на викендот беше погодена од силен дожд, поради што стотици илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови. Поплавите зафатија вкупно 27 градови.

Гувернерот на Сао Паоло, Жоао Дорија, во неделата со хеликоптер ги обиколи погодените области и најави финансиска помош во износ од 2,8 милиони долари.

Југоисточен Бразил од почетокот на годината го погодија обилни дождови повеќе од вообичаено, а во јануари во поплавите во државата Минас Жераис загинаа 19 лица.

The post Поплави и лизгање на земјиштето земаа 24 жртви во Бразил appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во свлечиштата и поплавите предизвикани од обилните дождови во бразилската држава Сао Паоло се зголемил на 24, а пожарникарите ги продолжуваат спасувачките операции. Најнаселената бразилска држава, за време на викендот беше погодена од силен дожд, поради што стотици илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови. Поплавите зафатија вкупно 27 градови. Гувернерот на Сао Паоло, Жоао Дорија, во неделата со хеликоптер ги обиколи погодените области и најави финансиска помош во износ од 2,8 милиони долари. Југоисточен Бразил од почетокот на годината го погодија обилни дождови повеќе од вообичаено, а во јануари во поплавите во државата Минас Жераис загинаа 19 лица.

The post Поплави и лизгање на земјиштето земаа 24 жртви во Бразил appeared first on Република.

]]>