санторини Archives - Република https://republika.mk/tema/santorini/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 10:54:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png санторини Archives - Република https://republika.mk/tema/santorini/ 32 32 Подобро од оригиналот: Кинезите си направија свое Санторини https://republika.mk/zivot/patuvanja/podobro-od-originalot-kinezite-si-napravija-svoe-santorini/ Tue, 15 Oct 2024 17:46:26 +0000 https://republika.mk/?p=827090

Кинезите ја сакаат убавината на Санторини и  направија минијатура од него во провинцијата Јунан во југозападна Кина. Тие изградија одморалиште, реплика  иако далеку од оригиналната глетка во Егејското Море без море и вулкан.

Изграден во планинска населба наречена „Идеалната држава на Дали“, на страната на планинскиот венец Кангшан, ...кинескиот Санторини гледа на езерото Ерхаи.

Погледнете, дали би отишле?

https://www.youtube.com/watch?v=mTex3cP0wuA&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.keeptalkinggreece.com%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Подобро од оригиналот: Кинезите си направија свое Санторини appeared first on Република.

]]>

Кинезите ја сакаат убавината на Санторини и  направија минијатура од него во провинцијата Јунан во југозападна Кина. Тие изградија одморалиште, реплика  иако далеку од оригиналната глетка во Егејското Море без море и вулкан. Изграден во планинска населба наречена „Идеалната држава на Дали“, на страната на планинскиот венец Кангшан, ...кинескиот Санторини гледа на езерото Ерхаи. Погледнете, дали би отишле? https://www.youtube.com/watch?v=mTex3cP0wuA&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.keeptalkinggreece.com%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Подобро од оригиналот: Кинезите си направија свое Санторини appeared first on Република.

]]>
Грција воведува нова такса: Туристите од крузерите на Миконос и Санторини ќе плаќаат по 20 евра https://republika.mk/vesti/balkan/grtsija-voveduva-nova-taksa-turistite-od-kruzerite-na-mikonos-i-santorini-ke-plakaat-po-20-evra/ Mon, 09 Sep 2024 09:03:30 +0000 https://republika.mk/?p=814543

Грчкиот премиер, Киријакос Митотакис, најави дека Грција ќе воведе данок од 20 евра за посетителите од туристичките бродови кои пловат кон островите Санторини и Миконос за време на летната сезона, во обид да го спречи прекумерниот туризам.

Грција во голема мера се потпира на туризмот, главниот двигател на економијата на земјата, која сè уште се опоравува од децениската длабока економска криза која збриша четвртина од нејзиниот бруто домашен производ.

Сепак, некои од нејзините најпопуларни дестинации, како што е Санторини, идиличен остров кој поседува шармантни села и плажи со 20.000 постојани жители, се изложени на ризик да бидат уништени од масовниот туризам.

На прес-конференцијата, при претставувањето на неговите главни економски политики за 2025 година, Микотакис објасни дека преголемиот туризам е проблем само за неколку дестинации.

Грција нема структурен проблем со прекумерниот туризам. Некои од нејзините дестинации имаат голем проблем во одредени седмици или месеци од годината, со кои треба да се справиме. Крузерите ги оптоварија Санторини и Миконос и затоа интервенираме“, додаде Мицотакис објавувајќи го воведувањето на таксата.

Во Санторини, демонстранти повикаа на ограничување на туризмот, како што е случај во другите популарни дестинации за одмор во Европа, вклучувајќи ги Венеција и Барселона.

Владата, исто така, планира да го регулира бројот на бродовите за крстосување кои пристигнуваат на одредени дестинации во исто време, додека на островите мора да се воведат правила кои ќе ја заштитат животната средина и ќе го решат проблемот со недостигот на вода, посочи Мицотакис.

Грција сака да го зголеми и данокот за краткорочни изнајмувања и да забрани нови лиценци за такви изнајмувања во центарот на Атина за да го зголеми бројот станбени единици кои ќе бидат пристапни за постојаните жители, како што тоа го најавија градските власти на каталонската престолнина Барселона.

The post Грција воведува нова такса: Туристите од крузерите на Миконос и Санторини ќе плаќаат по 20 евра appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер, Киријакос Митотакис, најави дека Грција ќе воведе данок од 20 евра за посетителите од туристичките бродови кои пловат кон островите Санторини и Миконос за време на летната сезона, во обид да го спречи прекумерниот туризам. Грција во голема мера се потпира на туризмот, главниот двигател на економијата на земјата, која сè уште се опоравува од децениската длабока економска криза која збриша четвртина од нејзиниот бруто домашен производ. Сепак, некои од нејзините најпопуларни дестинации, како што е Санторини, идиличен остров кој поседува шармантни села и плажи со 20.000 постојани жители, се изложени на ризик да бидат уништени од масовниот туризам. На прес-конференцијата, при претставувањето на неговите главни економски политики за 2025 година, Микотакис објасни дека преголемиот туризам е проблем само за неколку дестинации.