Санстефански договор Archives - Република https://republika.mk/tema/sanstefanski-dogovor/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Sep 2023 07:33:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Санстефански договор Archives - Република https://republika.mk/tema/sanstefanski-dogovor/ 32 32 Што кога ги внесеме Бугарите во Уставот: На МРТ ќе се зборува на бугарски, Денот на Санстефанска Бугарија ќе биде државен празник https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-koga-gi-vneseme-bugarite-vo-ustavot-na-mrt-ke-se-zboruva-na-bugarski-denot-na-sanstefanska-bugarija-ke-bide-drzhaven-praznik/ Wed, 13 Sep 2023 09:06:09 +0000 https://republika.mk/?p=681467

Дипломатите го засилуваат притисокот за уставни имени.Некои,како Германецот Рот одат дотаму што велат дека тие ќе бидат болни но мора да се направат.

Лесно е да се каже, но да видиме што конкретно ќе значи внесувањето на Бугарите во Уставот и оти не е само едно обично додавање како што сакаат да се прикаже.

Со внесувањето на Бугарите тие ќе добијат програма на бугарски јазик на Македонската радио телевизија и своја редакција.Ќе емитуваат неколкучасовна програма на бугарски јазик.

Ќе имаат и свој претставник во Комитетот на односи меѓу заедниците во Собранието и да ни „солат памет“ за политички прашања во Македонија.

Бугарите ќе добијат и празник кој самите ќе си го изберат и за нив ќе биде неработен ден. Многу лесно тоа може да 3 март, Денот на Санстефанска Бугарија која опфаќала делови од Македонија.

The post Што кога ги внесеме Бугарите во Уставот: На МРТ ќе се зборува на бугарски, Денот на Санстефанска Бугарија ќе биде државен празник appeared first on Република.

]]>

Дипломатите го засилуваат притисокот за уставни имени.Некои,како Германецот Рот одат дотаму што велат дека тие ќе бидат болни но мора да се направат. Лесно е да се каже, но да видиме што конкретно ќе значи внесувањето на Бугарите во Уставот и оти не е само едно обично додавање како што сакаат да се прикаже. Со внесувањето на Бугарите тие ќе добијат програма на бугарски јазик на Македонската радио телевизија и своја редакција.Ќе емитуваат неколкучасовна програма на бугарски јазик. Ќе имаат и свој претставник во Комитетот на односи меѓу заедниците во Собранието и да ни „солат памет“ за политички прашања во Македонија. Бугарите ќе добијат и празник кој самите ќе си го изберат и за нив ќе биде неработен ден. Многу лесно тоа може да 3 март, Денот на Санстефанска Бугарија која опфаќала делови од Македонија.

The post Што кога ги внесеме Бугарите во Уставот: На МРТ ќе се зборува на бугарски, Денот на Санстефанска Бугарија ќе биде државен празник appeared first on Република.

]]>
Ако Бугарите влезат во Уставот, со државни пари ќе го славиме Денот на Санстефанска Бугарија која опфаќала делови од Македонија! https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-bugarite-vlezat-vo-ustavot-so-drzhavni-pari-ke-go-slavime-denot-na-sanstefanska-bugarija-koja-opfakala-delovi-od-makedonija/ Tue, 09 May 2023 11:30:37 +0000 https://republika.mk/?p=638774

Работната група за уставни измени најавува дека следната недела ќе излезе со предлогот за промена на Уставот во кој ќе бидат вметнати и Бугарите.

Дали тоа ќе биде како што власта сакаше да прикаже „козметичка“ промена со додавање на Бугарите како делови од народот или пак ќе се оди на целосно нова Преамбула никој не знае.

Друга работа е што работна група во оваа фаза не смее да се формира и тоа е можно само откако ќе се отвори Уставот. На тоа денеска реагираше и координарот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој нагласи дека за ова некој може и да одговара.

Постапката се знае како е, прво се отвара Уставот па потоа може да се разговара. За ова може некој и да одговара затоа што формирање на работна група за нешто имагинарно и исплаќање на средства од буџетот на државата за нешто што не е по постапка исто така е злоупотреба на службена положба и оштетување на буџетот. Така да тие што ја тераат оваа постапка добро да размислат за ова што го прават-вели Мицевски за „Република“.

Она што е потребно е на граѓаните да им се објасни кои ќе бидат последите, односно придобивките доколку Бугарите влезат во Уставот. Со механизмот „Балансер“ бугарската заедница ќе бара вработувања во државни интитуции и настава на бугарски јазик.Преведено во бројки тоа значи дека секоја институција треба да има 0,19 проценти Бугари.

Покрај тоа Македонија ќе треба со државни пари пари да финансира и прославува национални празници на бугарската заедница како што е трети март, денот на Санстефанска Бугарија која опфаќа и делови од Македонија.

Протоколите кои се дел од Францускиот предлог покажуваат дека историјата е составен дел од преговорите со ЕУ. Покрај тоа што бугарски преднак добија Цар Самоил, Кирил Методиј, Климент и Наум, ќе биде многу тешко да се оди понатаму во преговорите без на ова Македонија да се согласи.

Крајната денеска ја потврди и Андреј Ковачев кој вели дека може да зборуваме за македонски јазик и Македонци но само од 1944-та што значи дека признавањето на македонскиот јазик преку Фронтекс за Бугарија а со тоа и на ЕУ не значи дека јазикот има историски континуитет, исто како и признавањето на Македонците се сведува на нивно постоење без никаква етногененеза. Врвна хипокризија е изедначувањето на Гоце Делчев со Ванчо Михајлов и на врховнизмот што значи негирање на македонизмот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/so-vleguvanje-vo-ustavot-bugarite-kje-dobijat-vrabotuvanja-i-nastava-na-bugarski-jazik/

The post Ако Бугарите влезат во Уставот, со државни пари ќе го славиме Денот на Санстефанска Бугарија која опфаќала делови од Македонија! appeared first on Република.

]]>

Работната група за уставни измени најавува дека следната недела ќе излезе со предлогот за промена на Уставот во кој ќе бидат вметнати и Бугарите. Дали тоа ќе биде како што власта сакаше да прикаже „козметичка“ промена со додавање на Бугарите како делови од народот или пак ќе се оди на целосно нова Преамбула никој не знае. Друга работа е што работна група во оваа фаза не смее да се формира и тоа е можно само откако ќе се отвори Уставот. На тоа денеска реагираше и координарот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој нагласи дека за ова некој може и да одговара.
Постапката се знае како е, прво се отвара Уставот па потоа може да се разговара. За ова може некој и да одговара затоа што формирање на работна група за нешто имагинарно и исплаќање на средства од буџетот на државата за нешто што не е по постапка исто така е злоупотреба на службена положба и оштетување на буџетот. Така да тие што ја тераат оваа постапка добро да размислат за ова што го прават-вели Мицевски за „Република“.
Она што е потребно е на граѓаните да им се објасни кои ќе бидат последите, односно придобивките доколку Бугарите влезат во Уставот. Со механизмот „Балансер“ бугарската заедница ќе бара вработувања во државни интитуции и настава на бугарски јазик.Преведено во бројки тоа значи дека секоја институција треба да има 0,19 проценти Бугари. Покрај тоа Македонија ќе треба со државни пари пари да финансира и прославува национални празници на бугарската заедница како што е трети март, денот на Санстефанска Бугарија која опфаќа и делови од Македонија. Протоколите кои се дел од Францускиот предлог покажуваат дека историјата е составен дел од преговорите со ЕУ. Покрај тоа што бугарски преднак добија Цар Самоил, Кирил Методиј, Климент и Наум, ќе биде многу тешко да се оди понатаму во преговорите без на ова Македонија да се согласи. Крајната денеска ја потврди и Андреј Ковачев кој вели дека може да зборуваме за македонски јазик и Македонци но само од 1944-та што значи дека признавањето на македонскиот јазик преку Фронтекс за Бугарија а со тоа и на ЕУ не значи дека јазикот има историски континуитет, исто како и признавањето на Македонците се сведува на нивно постоење без никаква етногененеза. Врвна хипокризија е изедначувањето на Гоце Делчев со Ванчо Михајлов и на врховнизмот што значи негирање на македонизмот. https://republika.mk/vesti/makedonija/so-vleguvanje-vo-ustavot-bugarite-kje-dobijat-vrabotuvanja-i-nastava-na-bugarski-jazik/

The post Ако Бугарите влезат во Уставот, со државни пари ќе го славиме Денот на Санстефанска Бугарија која опфаќала делови од Македонија! appeared first on Република.

]]>
Радев: Народот што си дозволува да го изгуби сеќавањето е осуден да ја изгуби и слободата https://republika.mk/vesti/balkan/radev-narodot-shto-si-dozvoluva-da-go-izgubi-sekjavanjeto-e-osuden-da-ja-izgubi-i-slobodata/ Thu, 03 Mar 2022 19:35:14 +0000 https://republika.mk/?p=467382

Наша должност е да ја заштитиме нашата историја од аспирациите на осквернувачите, затоа што народот што си дозволува да го изгуби сеќавањето е осуден да ја изгуби и својата слобода. Ова го изјави претседателот Румен Радев во својот говор по повод националниот празник – 3 март, на плоштадот „Народно собрание” во Софија. Денеска се навршуваат 144 години од ослободувањето на Бугарија.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Шефот на државата посочи дека оваа година се одбележува националниот празник, „кога нашата татковина прифаќа бегалци, а војната беснее близу до нас”. „Се борат синовите на два братски народи, чии предци положиле коски на нашата земја, борејќи се рамо до рамо за нашата слобода во војската на царот Александар Втори, кој ја собори Отоманската Империја”, рече Румен Радев.

Претседателот рече дека за Бугарите, оваа братоубиствена војна е особено болна и повика да не се попушти, да не се дозволи жестокоста што ги пустоши земјите на север, во Украина, „да се насели во нашите срца, да влезе во нашиот дом”.

„Да ги отвориме прегратките за сите оние кои имаат потреба денес, како што пред години нашите предци најдоа заштита од ропство во Бесарабија, Таврија и Запорожје, во Киев, Одеса, Москва и Санкт Петербург. Да бидеме луѓе”, повика шефот на државата.

Румен Радев се изјасни против идејата да не се слави 3 март.

„Се крена глас да не се слави денешниот празник. Но, токму меморискиот јаз и ревизиите на историјата се причина за многу трагедии”, рече претседателот. „Не! Тука сме да ги почитуваме имињата на нашите преродбеници, на нашите бунтовници, на Паисиј, Раковски, Левски и Ботев, на априлскиот народ од 1876 година. На сите оние кои со своето дело и саможртва напредуваа и се приближија кон воскресението на Бугарија”, рече Румен Радев.

Претседателот истакна дека денеска се спомнуваат „благородните умови на Толстој, Достоевски и Тургењев, на Гладстон и Дарвин, на Виктор Иго, Мекгахан, Јуџин Скајлер, кои ги разбудија симпатиите на светот за судбината на бугарскиот народ”. „Им оддаваме почит на храбрите војници од Ослободителната војска, без разлика дали се Руси, Украинци, Белоруси, Романци или Финци – сите тие се во пантеонот на нашата бугарска слобода. Го почитуваме споменот на нашите храбри волонтери”, рече претседателот Радев. Шефот на државата рече дека ниту еден спомен не заслужува „да биде фрлен на политичките демони”.

„Вечна слава на илјадниците знајни и незнајни херои кои ги дадоа своите животи за слободата и независноста на Татковината! Да живее Бугарија!”, заклучи претседателот Радев.

Претседателот го прифати почесниот орден на претставничките единици на бугарската армија. Командант на свечената огнометна церемонија беше бригадниот генерал Тодор Тодоров – командант на Командата за логистичка поддршка. На неа присуствуваа гардискиот дувачки оркестар и Националната гарда со знамињата. Беше изведена државната химна. На Споменикот на Царот Ослободител во знак на благодарност беа врачени венци и цвеќиња. Со едноминутно молчење беше оддадена почит на загинатите за слободата на Бугарија.

Меѓу присутните беа претседателот на Собранието Никола Минчев, премиерот Кирил Петков, потпретседателката Илијана Јотова, градоначалничката на Софија Јорданка Фандакова, пратеници, министри, свештеници, дипломати, граѓани.

The post Радев: Народот што си дозволува да го изгуби сеќавањето е осуден да ја изгуби и слободата appeared first on Република.

]]>

Наша должност е да ја заштитиме нашата историја од аспирациите на осквернувачите, затоа што народот што си дозволува да го изгуби сеќавањето е осуден да ја изгуби и својата слобода. Ова го изјави претседателот Румен Радев во својот говор по повод националниот празник – 3 март, на плоштадот „Народно собрание” во Софија. Денеска се навршуваат 144 години од ослободувањето на Бугарија. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Шефот на државата посочи дека оваа година се одбележува националниот празник, „кога нашата татковина прифаќа бегалци, а војната беснее близу до нас”. „Се борат синовите на два братски народи, чии предци положиле коски на нашата земја, борејќи се рамо до рамо за нашата слобода во војската на царот Александар Втори, кој ја собори Отоманската Империја”, рече Румен Радев.
Претседателот рече дека за Бугарите, оваа братоубиствена војна е особено болна и повика да не се попушти, да не се дозволи жестокоста што ги пустоши земјите на север, во Украина, „да се насели во нашите срца, да влезе во нашиот дом”.
„Да ги отвориме прегратките за сите оние кои имаат потреба денес, како што пред години нашите предци најдоа заштита од ропство во Бесарабија, Таврија и Запорожје, во Киев, Одеса, Москва и Санкт Петербург. Да бидеме луѓе”, повика шефот на државата.
Румен Радев се изјасни против идејата да не се слави 3 март.
„Се крена глас да не се слави денешниот празник. Но, токму меморискиот јаз и ревизиите на историјата се причина за многу трагедии”, рече претседателот. „Не! Тука сме да ги почитуваме имињата на нашите преродбеници, на нашите бунтовници, на Паисиј, Раковски, Левски и Ботев, на априлскиот народ од 1876 година. На сите оние кои со своето дело и саможртва напредуваа и се приближија кон воскресението на Бугарија”, рече Румен Радев.
Претседателот истакна дека денеска се спомнуваат „благородните умови на Толстој, Достоевски и Тургењев, на Гладстон и Дарвин, на Виктор Иго, Мекгахан, Јуџин Скајлер, кои ги разбудија симпатиите на светот за судбината на бугарскиот народ”. „Им оддаваме почит на храбрите војници од Ослободителната војска, без разлика дали се Руси, Украинци, Белоруси, Романци или Финци – сите тие се во пантеонот на нашата бугарска слобода. Го почитуваме споменот на нашите храбри волонтери”, рече претседателот Радев. Шефот на државата рече дека ниту еден спомен не заслужува „да биде фрлен на политичките демони”.
„Вечна слава на илјадниците знајни и незнајни херои кои ги дадоа своите животи за слободата и независноста на Татковината! Да живее Бугарија!”, заклучи претседателот Радев.
Претседателот го прифати почесниот орден на претставничките единици на бугарската армија. Командант на свечената огнометна церемонија беше бригадниот генерал Тодор Тодоров – командант на Командата за логистичка поддршка. На неа присуствуваа гардискиот дувачки оркестар и Националната гарда со знамињата. Беше изведена државната химна. На Споменикот на Царот Ослободител во знак на благодарност беа врачени венци и цвеќиња. Со едноминутно молчење беше оддадена почит на загинатите за слободата на Бугарија. Меѓу присутните беа претседателот на Собранието Никола Минчев, премиерот Кирил Петков, потпретседателката Илијана Јотова, градоначалничката на Софија Јорданка Фандакова, пратеници, министри, свештеници, дипломати, граѓани.

The post Радев: Народот што си дозволува да го изгуби сеќавањето е осуден да ја изгуби и слободата appeared first on Република.

]]>
Бугарија денеска го слави Санстефанскиот договор според кој сметаат дека Македонија е бугарска https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-deneska-go-slavi-sanstefanskiot-dogovor-spored-koj-smetaat-deka-makedonija-e-bugarska/ Thu, 03 Mar 2022 09:15:22 +0000 https://republika.mk/?p=466861

Бугарија денеска го прославува својот национален празник – 144 години од крајот на Руско-турската ослободителна војна, со која почна нејзиното обновување како независна држава, јави дописникот на МИА од Софија.

Договорот е потпишан во предградијата на Истанбул – Сан Стефано на 19 февруари / 3 март 1878 година, на роденденот на рускиот император Александар II.

3 март стана официјален и национален празник на Бугарија од 1990 година, по падот на комунизмот во Бугарија.  По тој повод празникот ќе го слави цела држава. Свечениот дел каде што се наоѓа Споменикот на слободата ќе се одржи на врвот Шипка каде се воделе клучните битки. На нив ќе присуствуваат премиерот Кирил Петков и претседателот на Народното собрание Никола Минчев. Во Шипка ќе биде и министерот за одбрана на Бугарија Стефан Јанев, кој беше разрешен пред два дена.

Бугарскиот претседател, Румен Радев, во Софија ќе присуствува на кревање на бугарското знаме пред Споменикот на непознатиот војник, а вечерва ќе има и огномет на кој ќе присуствуваат и премиерот Кирил Петков и претседателот на Национално собрание.

Руската амбасадорка Елеонора Митрофанова, според локалните медиуми, избрала да не се сретне со премиерот на Бугарија на врвот Шипка и затоа вчера го посетила споменикот и положила цвеќе со вработените во руската Амбасада.

Во пресрет на празникот, бугарско-руските односи се заострија откако стана јасно дека поранешен бугарски генерал е уапсен бидејќи на руски дипломат му предал податоци за ЕУ ​​и НАТО. Во оваа прилика Бугарија прогласи за персона нон грата двајца дипломати од руската амбасада во Софија и им даде ултиматум да ја напуштат земјата во рок од 48 часа.

The post Бугарија денеска го слави Санстефанскиот договор според кој сметаат дека Македонија е бугарска appeared first on Република.

]]>

Бугарија денеска го прославува својот национален празник – 144 години од крајот на Руско-турската ослободителна војна, со која почна нејзиното обновување како независна држава, јави дописникот на МИА од Софија. Договорот е потпишан во предградијата на Истанбул – Сан Стефано на 19 февруари / 3 март 1878 година, на роденденот на рускиот император Александар II. 3 март стана официјален и национален празник на Бугарија од 1990 година, по падот на комунизмот во Бугарија.  По тој повод празникот ќе го слави цела држава. Свечениот дел каде што се наоѓа Споменикот на слободата ќе се одржи на врвот Шипка каде се воделе клучните битки. На нив ќе присуствуваат премиерот Кирил Петков и претседателот на Народното собрание Никола Минчев. Во Шипка ќе биде и министерот за одбрана на Бугарија Стефан Јанев, кој беше разрешен пред два дена. Бугарскиот претседател, Румен Радев, во Софија ќе присуствува на кревање на бугарското знаме пред Споменикот на непознатиот војник, а вечерва ќе има и огномет на кој ќе присуствуваат и премиерот Кирил Петков и претседателот на Национално собрание. Руската амбасадорка Елеонора Митрофанова, според локалните медиуми, избрала да не се сретне со премиерот на Бугарија на врвот Шипка и затоа вчера го посетила споменикот и положила цвеќе со вработените во руската Амбасада. Во пресрет на празникот, бугарско-руските односи се заострија откако стана јасно дека поранешен бугарски генерал е уапсен бидејќи на руски дипломат му предал податоци за ЕУ ​​и НАТО. Во оваа прилика Бугарија прогласи за персона нон грата двајца дипломати од руската амбасада во Софија и им даде ултиматум да ја напуштат земјата во рок од 48 часа.

The post Бугарија денеска го слави Санстефанскиот договор според кој сметаат дека Македонија е бугарска appeared first on Република.

]]>