санкции кон русија Archives - Република https://republika.mk/tema/sankcii-kon-rusija/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Sep 2023 14:23:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png санкции кон русија Archives - Република https://republika.mk/tema/sankcii-kon-rusija/ 32 32 Вучиќ: Како се сетија Бугарин и Хрват што треба Србија да прави https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-kako-se-setija-bugarin-i-hrvat-shto-treba-srbija-da-pravi/ Mon, 11 Sep 2023 16:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=680976

Вучиќ  одговарајќи на новинарско прашање за бугарското и хрватско барање за воведување санкции кон Русија.

-Како се сетија да зборуваат за тоа дека Србија мора да воведе санкции кон Русија. Од сите теми се најдоа Хрват и Бугарин да зборуваат за тоа што треба Србија да работи. Ајде убаво, имате вие свои проблеми и маки, грижи се ти Бугарину што ќе работиш во својата земја, како и ти Хрвату, немојте да се мешате во работите на Србија и не се правите многу умни, одговори Вучиќ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vuchik-za-republika-srbija-go-priznava-makedonskiot-jazik-i-teritorija-kako-i-tsrkvata-i-nemame-takov-problem/

The post Вучиќ: Како се сетија Бугарин и Хрват што треба Србија да прави appeared first on Република.

]]>

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonskite-jabolka-najpogodeni-od-ruskite-sanktsii-neizvesen-izvozot-i-na-praskata-i-tsreshata/ Fri, 10 Feb 2023 14:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=607460

Јаболката, праските и црешите се најпогодени од забраната за увоз на македонското овошје што ја воведе Русија. Забраната стапи во сила кон крајот на минатата година, а надлежните интензивно работат на нејзино укинување и се надеваат дека тоа ќе се случи до пролет. Во меѓувреме, велат, многу е тешко да се најдат алтернативни пазари за овие три култури.

Според Трајан Димковски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), на рускиот пазар годишно извезуваме околу 15 000 – 20 000 тони конзумно јаболко што е 50 проценти од вкупниот извоз, праска пласираме 60 отсто од вкупниот извоз, додека производството на цреша во целост оди за Русија.

Земјава годишно на рускиот пазар извезува околу 15 000 – 20 000 тони конзумно јаболко прва класа или 50 проценти од вкупниот извоз што е многу значајно. Се надеваме дека забраната ќе биде тргната. Следна е праската од чиј вкупен извоз 60 отсто оди исто така на рускиот пазар, а најлошата варијанта важи за црешата, која стопроцентно се извезува во Русија, буквално целото производство од 1 000 – 1 500 тони. Алтернативни пазари тешко може да се најдат за сите овие три култури, изјави Димковски.

Тој денеска, на брифинг со новинарите, потенцира дека иако е „мртов период“, забраната за извоз сепак, најмногу ја погаѓа јаболката.

До пролет се надеваме дека може да се средат работите. За нас ќе биде многу лошо ако праската остане под забрана за извоз. За праската е многу тешко да најдеме алтернативен пазар, конкуренцијата од страна на Грција е огромна зашто имаат посебни сорти. Од околу 8 000 – 12 000 тони домашно производство на праска, 5 000 – 6 000 тони одат на рускиот пазар. Ако се среди ситуацијата до мај, нема да има проблеми со пласманот. Во врска со јаболкото, оние земјоделци кои ја сфатија пораката пред многу години дека „ајдаред“ тешко ќе се пробие на нови европски пазари, го сменија сортиментот и сега имаат извоз не само на европски, туку и на други пазари. „Ајдаред“ не поминува, може да помине само во арапските земји, на Истокот, на рускиот пазар,..., а овој тип јаболка зафаќа до 80 проценти од нашиот сортимент и најверојатно ќе оди за преработка. Само така ќе се извезе, но по многу пониска цена. Моментно, пет денари за килограм е индустриското јаболко, а осум до десет е конзумното, објасни Димковски.

Во моментов, додаде, земјоделците молат да ги дадат јаболката во индустријата.

Минатите години ги завршувавме со 50 отсто предаден род во преработувачките капацитети што е недозволиво и економски неоправдано. Годинава ќе видиме како ќе биде. Индустрија има во секое производство, но до 20 отсто. Всушност, затоа е и мерката за поддршка на добар дел од јаболката со по три денари за килограм, што ја опфаќа целата реколта, од 15 септември 2022 до 15 мај 2023 кога се предаваат количините на домашните откупувачи, додаде Димковски.

За праската имаше слична забрана од руска страна и пред три години.

Се надевам дека како тогаш, и годинава ќе се тргне забраната пред бербата. Работиме на тоа заедно со Македонско-руската комора, подвлече Димковски.

Во Русија извезуваме и зелка, но во незначителни количини, околу осум отсто од производството, додека во Украина два процента.

The post Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата appeared first on Република.

]]>

Јаболката, праските и црешите се најпогодени од забраната за увоз на македонското овошје што ја воведе Русија. Забраната стапи во сила кон крајот на минатата година, а надлежните интензивно работат на нејзино укинување и се надеваат дека тоа ќе се случи до пролет. Во меѓувреме, велат, многу е тешко да се најдат алтернативни пазари за овие три култури. Според Трајан Димковски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), на рускиот пазар годишно извезуваме околу 15 000 – 20 000 тони конзумно јаболко што е 50 проценти од вкупниот извоз, праска пласираме 60 отсто од вкупниот извоз, додека производството на цреша во целост оди за Русија.
Земјава годишно на рускиот пазар извезува околу 15 000 – 20 000 тони конзумно јаболко прва класа или 50 проценти од вкупниот извоз што е многу значајно. Се надеваме дека забраната ќе биде тргната. Следна е праската од чиј вкупен извоз 60 отсто оди исто така на рускиот пазар, а најлошата варијанта важи за црешата, која стопроцентно се извезува во Русија, буквално целото производство од 1 000 – 1 500 тони. Алтернативни пазари тешко може да се најдат за сите овие три култури, изјави Димковски.
Тој денеска, на брифинг со новинарите, потенцира дека иако е „мртов период“, забраната за извоз сепак, најмногу ја погаѓа јаболката.
До пролет се надеваме дека може да се средат работите. За нас ќе биде многу лошо ако праската остане под забрана за извоз. За праската е многу тешко да најдеме алтернативен пазар, конкуренцијата од страна на Грција е огромна зашто имаат посебни сорти. Од околу 8 000 – 12 000 тони домашно производство на праска, 5 000 – 6 000 тони одат на рускиот пазар. Ако се среди ситуацијата до мај, нема да има проблеми со пласманот. Во врска со јаболкото, оние земјоделци кои ја сфатија пораката пред многу години дека „ајдаред“ тешко ќе се пробие на нови европски пазари, го сменија сортиментот и сега имаат извоз не само на европски, туку и на други пазари. „Ајдаред“ не поминува, може да помине само во арапските земји, на Истокот, на рускиот пазар,..., а овој тип јаболка зафаќа до 80 проценти од нашиот сортимент и најверојатно ќе оди за преработка. Само така ќе се извезе, но по многу пониска цена. Моментно, пет денари за килограм е индустриското јаболко, а осум до десет е конзумното, објасни Димковски.
Во моментов, додаде, земјоделците молат да ги дадат јаболката во индустријата.
Минатите години ги завршувавме со 50 отсто предаден род во преработувачките капацитети што е недозволиво и економски неоправдано. Годинава ќе видиме како ќе биде. Индустрија има во секое производство, но до 20 отсто. Всушност, затоа е и мерката за поддршка на добар дел од јаболката со по три денари за килограм, што ја опфаќа целата реколта, од 15 септември 2022 до 15 мај 2023 кога се предаваат количините на домашните откупувачи, додаде Димковски.
За праската имаше слична забрана од руска страна и пред три години.
Се надевам дека како тогаш, и годинава ќе се тргне забраната пред бербата. Работиме на тоа заедно со Македонско-руската комора, подвлече Димковски.
Во Русија извезуваме и зелка, но во незначителни количини, околу осум отсто од производството, додека во Украина два процента.

The post Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата appeared first on Република.

]]>
Орбан најави вето на санкциите против руската нуклеарна енергија https://republika.mk/vesti/svet/orban-najavi-veto-na-sanktsiite-protiv-ruskata-nuklearna-energija/ Fri, 27 Jan 2023 13:40:52 +0000 https://republika.mk/?p=601672

Унгарија ќе стави вето на секој предлог на Европската унија за санкции против Русија поврзани со нуклеарната енергија, изјави утринава унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за државното радио.

Украина ја повика Европската унија да ја вклучи руската државна нуклеарна компанија Росатом во листата на санкционирани руски компании. Но, Унгарија, која веќе има една нуклеарна централа од руско производство и планира да ја прошири, го блокираше тој предлог.

Како што јави Ројтерс, Орбан повторил во интервју за државното радио дека на санкциите на ЕУ за нуклеарната енергија „очигледно треба да се стави вето“.

Нема да дозволиме спроведување на планот за вклучување на нуклеарната енергија во пакетот санкции. За тоа не станува збор, изјави Орбан.

The post Орбан најави вето на санкциите против руската нуклеарна енергија appeared first on Република.

]]>

Унгарија ќе стави вето на секој предлог на Европската унија за санкции против Русија поврзани со нуклеарната енергија, изјави утринава унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за државното радио. Украина ја повика Европската унија да ја вклучи руската државна нуклеарна компанија Росатом во листата на санкционирани руски компании. Но, Унгарија, која веќе има една нуклеарна централа од руско производство и планира да ја прошири, го блокираше тој предлог. Како што јави Ројтерс, Орбан повторил во интервју за државното радио дека на санкциите на ЕУ за нуклеарната енергија „очигледно треба да се стави вето“.
Нема да дозволиме спроведување на планот за вклучување на нуклеарната енергија во пакетот санкции. За тоа не станува збор, изјави Орбан.

The post Орбан најави вето на санкциите против руската нуклеарна енергија appeared first on Република.

]]>
Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија https://republika.mk/vesti/svet/evropskata-komisija-pretstavi-novi-predlozi-za-dopolnitelni-sankcii-protiv-rusija/ Wed, 07 Dec 2022 21:40:08 +0000 https://republika.mk/?p=583161

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ги претстави новите предлози за дополнителни санкции против Русија поради војната во Украина.

Се предлага на списокот на санкционирани да се додадат уште околу 200 физички и правни лица. Ова ги вклучува вработените во руските вооружени сили, како и поединечни офицери и компании од одбранбената индустрија, пратениците на Државната дума и Советот на Федерацијата, министри, гувернери и политички партии.

ЕК предлага уште три руски банки да бидат под санкции и да се воведе целосна забрана за трансакции на Руската банка за регионален развој. Предвидено е продолжување на извозните ограничувања, особено за стоки со двојна употреба, вклучувајќи хемикалии и електроника. Предлогот вклучува и прекин на пристапот на Русија до беспилотни летала, како и забрана за директен извоз на мотори на беспилотни летала во Русија и други земји, како Иран, кои би можеле да испорачаат беспилотни летала во Русија.

Комисијата предлага уште четири руски ТВ станици да се отстранат од европскиот етер и сите други платформи за емитување. Предложените санкции вклучуваат мерки и против енергетскиот и рударскиот сектор на Русија.

The post Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ги претстави новите предлози за дополнителни санкции против Русија поради војната во Украина. Се предлага на списокот на санкционирани да се додадат уште околу 200 физички и правни лица. Ова ги вклучува вработените во руските вооружени сили, како и поединечни офицери и компании од одбранбената индустрија, пратениците на Државната дума и Советот на Федерацијата, министри, гувернери и политички партии. ЕК предлага уште три руски банки да бидат под санкции и да се воведе целосна забрана за трансакции на Руската банка за регионален развој. Предвидено е продолжување на извозните ограничувања, особено за стоки со двојна употреба, вклучувајќи хемикалии и електроника. Предлогот вклучува и прекин на пристапот на Русија до беспилотни летала, како и забрана за директен извоз на мотори на беспилотни летала во Русија и други земји, како Иран, кои би можеле да испорачаат беспилотни летала во Русија. Комисијата предлага уште четири руски ТВ станици да се отстранат од европскиот етер и сите други платформи за емитување. Предложените санкции вклучуваат мерки и против енергетскиот и рударскиот сектор на Русија.

The post Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија appeared first on Република.

]]>
Oрбан: Им ископавме јама на Русите, па сами паднавме во неа https://republika.mk/vesti/svet/orban-im-iskopavme-jama-na-rusite-pa-sami-padnavme-vo-nea/ Fri, 28 Oct 2022 19:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=566982

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека санкциите на Брисел против Москва не ги исполниле очекувањата и дека Европа паднала во јамата што самата ја ископала за Русија.

Санкциите не функционираа како што очекуваше Брисел кога ги воведе. Смисливме план да им ископаме јама на Русите, а потоа паднавме во неа, изјави Орбан.

Во интервју за унгарското радио Кошут Орбан кажа дека на последниот самит на ЕУ се зголемиле тензиите меѓу земјите-членки, но и дека се погласни се барањата за мирно решение на украинската криза, пренесе МТИ.

Порано или подоцна, здравиот разум ќе надвладее, рече тој.

Унгарскиот премиер додава дека долгорочно решение меѓу Украина и Русија може да се постигне само преку договор.

Завршувањето на војната без јасен договор само ќе ја одложи за годините што доаѓаат, рече Орбан.

Премиерот посочи дека западните земји кои ја поттикнаа војната ќе мора да ги платат сметките за обнова на Украина.

Тоа е незамисливо голема бројка, нагласи Орбан.

Орбан заклучил дека Украина и пред војната не можела самостојно да заработи доволно пари за да го финансира нормалното функционирање на земјата и дека по конфликтот дефинитивно ќе биде во поголем економски проблем.

The post Oрбан: Им ископавме јама на Русите, па сами паднавме во неа appeared first on Република.

Хил: Србите да разберат дека ова не е нивната „мајка Русија“, туку многу поинаква Русија https://republika.mk/vesti/balkan/hil-srbite-da-razberat-deka-ova-ne-e-nivnata-majka-rusija-tuku-mnogu-poinakva-rusija/ Wed, 19 Oct 2022 08:02:45 +0000 https://republika.mk/?p=562821

Амбасадорот на САД во Србија Кристофер Хил изјави дека разбира оти Србија има долга и тешка историја на санкции, како и дека САД го разбираат тоа, но дека сепак треба добро да погледнат каде стојат нејзините национални интереси и дека тој е убеден дека пред или подоцна види дека се на Запад, пренесе Бета.

Би ги предупредил Србите да разберат дека ова не е нивната „мајка Русија“, ние си имаме работа со многу поинаква Русија, изјави американскиот амбасадор во синоќешното интервју за РТС.

Хил рече дека знае дека е тешко и дека Србија со децении има добри односи со Русија, но дека ова е многу поинаква Русија, Русија која брутално ги напаѓа соседите и дека Србија треба да се изјасни.

Ако ја погледнете Европа, многу малку земји, ми се чини дека само Белорусија и Србија не воведоа санкции кон Русија. Прашањето е дали Србија сака да остане во тоа друштво. Многу земји воведоа санкции и тоа ги чини. Прашањето е дали санкциите тие можат да влијаат на однесувањето на Русија, но сепак ги донесоа затоа што разбираат дека треба да бидат обединети и да се спротивстават на она што го прави Русија, рече Хил.

Тој додаде дека не мисли дека некој и се заканува на Србија по тоа прашање, туку дека смета дека другите земји бараат од Србија да се изјасни.

Дали ќе седите на оградата меѓу доброто и злото, тоа ли е место за вашиот национален интерес. Луѓето поставуваат тешки прашања, рече тој, додавајќи дека прави разлика помеѓу поставување тешки прашања и закани за Србија.

Зборувајќи за можната помош на САД во случај Србија да биде засегната доколку воведе санкции кон Русија, американскиот амбасадор рече дека неговата земја работи на тоа Србија да има различни снабдувачи со енергија и ќе продолжи да го прави тоа, како и дека тоа е во интерес на двете страни.

Дефинитивно има политички трошок вклучен во цената, и секоја земја, вклучително и Србија, треба да биде загрижена кога снабдувачот на основните потреби за греење и електрична енергија ќе го врзе за нивните политички потреби, како што тоа го прави Русија со Србија и другите, вели тој.

Осврнувајќи се на прашањето за Косово, Хил рече дека разбира оти тоа е големо прашање за народот на Србија, но ги повикува да ја видат разликата меѓу ситуацијата на Косово и моменталната ситуација во Украина.

Разбирам дека ова е големо прашање за народот на Србија. Но, исто така ги повикувам да ја разберат големата разлика помеѓу тоа многу тешко прашање и ситуацијата во која сега имаме голема сила која се однесува поинаку и се обидува да ја искористи за самото нешто што му припаѓа на соседот. И тоа е многу поинаква ситуација. И мислам дека не е добро да се навраќаме на историските сличности, мислам дека треба да се свртиме кон решавање на ситуацијата што ја имаме денес, рече Хил.

The post Хил: Србите да разберат дека ова не е нивната „мајка Русија“, туку многу поинаква Русија appeared first on Република.

Борел до Србија: Тешко во ЕУ без санкции кон Русија https://republika.mk/vesti/balkan/borel-do-srbija-teshko-vo-eu-bez-sankcii-kon-rusija/ Wed, 12 Oct 2022 18:13:32 +0000 https://republika.mk/?p=560282

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска изјави дека процесот за приклучување на Србија во Европската Унија ќе биде тежок доколку Белград не воведе санкции кон Русија.

Борел за телевизијата Н1 изјави дека „за процесот на пристапување во Европската Унија неопходно е усогласување со нејзината надворешна политика“.

– Во извештајот на Европската комисија, гледаме дека Србија, како и Турција, доцнат во однос на усогласувањето со надворешната политика на ЕУ. Падот на усогласеноста во комбинација со блиските односи со режимот на (рускиот претседател Владимир) Путин значи дека нема да имаме друг избор освен да препорачаме проценка на падот на усогласувањето во рамките на Поглавјето 31, рече Борел.

Тој изјави и дека „нема рок“ до кој Србија треба да воведе санкции против Русија и додаде дека Белград „треба да ја следи надворешната политика на ЕУ“.

– Забележавме дека нивото на усогласеност на Србија со надворешната политика на ЕУ се намалува. Ние не сме онаму каде што би сакале да бидеме во нашите односи, потенцираше Борел.

The post Борел до Србија: Тешко во ЕУ без санкции кон Русија appeared first on Република.

]]>

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска изјави дека процесот за приклучување на Србија во Европската Унија ќе биде тежок доколку Белград не воведе санкции кон Русија. Борел за телевизијата Н1 изјави дека „за процесот на пристапување во Европската Унија неопходно е усогласување со нејзината надворешна политика“. – Во извештајот на Европската комисија, гледаме дека Србија, како и Турција, доцнат во однос на усогласувањето со надворешната политика на ЕУ. Падот на усогласеноста во комбинација со блиските односи со режимот на (рускиот претседател Владимир) Путин значи дека нема да имаме друг избор освен да препорачаме проценка на падот на усогласувањето во рамките на Поглавјето 31, рече Борел. Тој изјави и дека „нема рок“ до кој Србија треба да воведе санкции против Русија и додаде дека Белград „треба да ја следи надворешната политика на ЕУ“. – Забележавме дека нивото на усогласеност на Србија со надворешната политика на ЕУ се намалува. Ние не сме онаму каде што би сакале да бидеме во нашите односи, потенцираше Борел.

The post Борел до Србија: Тешко во ЕУ без санкции кон Русија appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Србија плаќа многу висока цена и е под огромен притисок поради невоведувањето санкции за Русија https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-srbija-plakja-mnogu-visoka-cena-i-e-pod-ogromen-pritisok-poradi-nevoveduvanjeto-sankcii-za-rusija/ Thu, 21 Apr 2022 14:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=491879

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија е единствената земја во Европа која не вовела никакви рестриктивни мерки против Руската Федерација и дека тоа „без никаква сомнеж“ и создава многу проблеми и притисоци на земјата.

Дали таквиот став ни носи проблеми? Нема сомнеж, многу проблеми, од финансиски инвеститори до многу други. Нема сомнеж дека плаќаме многу висока цена - изјави Вучиќ на прес-конференција во Белград.

Осврнувајќи се на нацрт-резолуцијата на Европскиот парламент со која новоизбраните власти во Србија се повикуваат да воведат санкции кон Русија, Вучиќ порача дека го почитуваат таквиот став, но дека приоритет имаат српските интереси.

Ние нив многу ги почитуваме, страшно ни се важни, но не се лутете, многу поважни ни се граѓаните на Србија и српскиот парламент - порача Вучиќ.

Доколку биде усвоена резолуцијата на Европскиот парламент, претседателот на Србија, одговарајќи на прашање на новинарите изјави дека ќе ја земе на знаење, но дека ќе се раководи со интересите на Србија.

Да воведовме санкции кон Руската Федерација, ќе бевме најдобрата демократија во светот, ќе скокневме за 713 места, иако нема толку многу земји во светот. Истиот ден кога ќе го направиме тоа, ќе има вонреден извештај за „Фридом Хаус“ и за сè останато - кажа Вучиќ.

Тој додаде дека извештајот на „Фридом Хаус“ е „една од алките во синџирот на притисок врз слободните и суштински демократските земји.

The post Вучиќ: Србија плаќа многу висока цена и е под огромен притисок поради невоведувањето санкции за Русија appeared first on Република.