санирање Archives - Република https://republika.mk/tema/saniranje/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jun 2024 08:47:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png санирање Archives - Република https://republika.mk/tema/saniranje/ 32 32 Се санираат штетите од невремето во Скопје и Тетово https://republika.mk/zivot/servisi/se-saniraat-shtetite-od-nevremeto-vo-skopje-i-tetovo/ Mon, 24 Jun 2024 07:46:55 +0000 https://republika.mk/?p=790127

Во скопскиот и тетовскиот регион се санираат штетите од вчерашното невреме проследено со ветер, дожд и град. Пријавени се штети за поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрвја, оштетени автомобили, фасади.....

Центарот за управување со кризи утринава информира дека во тетовскиот регион на терен се 22 пожарникари со 15 пумпи и целокупна механизација. Етапно се чистат сите поплавени подруми, гаражи, куќи, објекти и други поплавени површини. Патните правци во овој регион се проодни, но на одредени места на коловозите има наноси од кал, песок, камења и друг материјал, што го забавуваат и отежнуваат сообраќајот.

Полека се средува и состојбата со електричната енергија, при што е добиена информација во ЦУК дека во најголем дел населението има електрична енергија.

Заради невремето половина од градот Тетово беше без електрична енергија. Информациите од ЕВН Македонија се дека се врши проверка на мрежата и доколку е се во ред, ќе се пушта електрична енергија дел по дел. Планинските села и 60-тина проценти од Тетово има електрична енергија, а останатите етапно ќе бида вклучувани во наредните часови.

Во Скопје до утрово се примени 42 пријави за паднати дрва на повеќе локации во градот за што се известени дежурните служби во ЈП Паркови и Зеленило, Град Скопје и ЈП Водовод и Канализација. Пријавени се четири случаи за проблеми со напојување со електрична енергија, од кој еден за трансформатор што искрел во Зелениково и за паднати бандери.

Покрај невремето, во изминатото деноноќие регистрирани се и 15 пожари од кои два се уште се активни. Станува збор за пожари во Општина Ново Село, на месноста „Хаџиица“ на високо на Беласица, близу државната граница, каде гори букова шума..

Вчерашниот ден е континуиран пример за големата позитивна  улога на медиумите кога има посилни непогоди, при што  правовремено ги пренесуваа информациите не само од ЦУК за итните случаи и настани во јавноста, туку и директно од терен од дописниците од подрачјата што беа зафатени од локално невреме. Со  тоа нивните информации, прво превентивно дејствуваа граѓаните да бидат известени за невремето што се очекува, според најавите на УХМР, со што ја најверојатно беше намалена опасноста од поголеми штети, а веќе кога се случи најавеното локално невреме во Тетовско и Скопско, медиумите  информираа за критичните места што не беа безбедни за движење за граѓаните, велат од ЦУК.

The post Се санираат штетите од невремето во Скопје и Тетово appeared first on Република.

]]>

Во скопскиот и тетовскиот регион се санираат штетите од вчерашното невреме проследено со ветер, дожд и град. Пријавени се штети за поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрвја, оштетени автомобили, фасади..... Центарот за управување со кризи утринава информира дека во тетовскиот регион на терен се 22 пожарникари со 15 пумпи и целокупна механизација. Етапно се чистат сите поплавени подруми, гаражи, куќи, објекти и други поплавени површини. Патните правци во овој регион се проодни, но на одредени места на коловозите има наноси од кал, песок, камења и друг материјал, што го забавуваат и отежнуваат сообраќајот. Полека се средува и состојбата со електричната енергија, при што е добиена информација во ЦУК дека во најголем дел населението има електрична енергија. Заради невремето половина од градот Тетово беше без електрична енергија. Информациите од ЕВН Македонија се дека се врши проверка на мрежата и доколку е се во ред, ќе се пушта електрична енергија дел по дел. Планинските села и 60-тина проценти од Тетово има електрична енергија, а останатите етапно ќе бида вклучувани во наредните часови. Во Скопје до утрово се примени 42 пријави за паднати дрва на повеќе локации во градот за што се известени дежурните служби во ЈП Паркови и Зеленило, Град Скопје и ЈП Водовод и Канализација. Пријавени се четири случаи за проблеми со напојување со електрична енергија, од кој еден за трансформатор што искрел во Зелениково и за паднати бандери. Покрај невремето, во изминатото деноноќие регистрирани се и 15 пожари од кои два се уште се активни. Станува збор за пожари во Општина Ново Село, на месноста „Хаџиица“ на високо на Беласица, близу државната граница, каде гори букова шума..
Вчерашниот ден е континуиран пример за големата позитивна  улога на медиумите кога има посилни непогоди, при што  правовремено ги пренесуваа информациите не само од ЦУК за итните случаи и настани во јавноста, туку и директно од терен од дописниците од подрачјата што беа зафатени од локално невреме. Со  тоа нивните информации, прво превентивно дејствуваа граѓаните да бидат известени за невремето што се очекува, според најавите на УХМР, со што ја најверојатно беше намалена опасноста од поголеми штети, а веќе кога се случи најавеното локално невреме во Тетовско и Скопско, медиумите  информираа за критичните места што не беа безбедни за движење за граѓаните, велат од ЦУК.

The post Се санираат штетите од невремето во Скопје и Тетово appeared first on Република.

]]>
Водоснабдувањето во Гостивар е нормализирано, саниран дефектот на водоводната мрежа https://republika.mk/zivot/servisi/vodosnabduvaneto-vo-gostivar-e-normalizirano-saniran-defektot-na-vodovodnata-mrezha/ Wed, 22 Mar 2023 08:21:27 +0000 https://republika.mk/?p=622290

Прекинот во водоснабдувањето на корисниците во општина Гостивар по повеќе од дванаесет часови е надминат и водоснабдувањето се нормализира, информираат од ЈП „Комуналец“. Причината, како што се наведува во соопштението, е дефект на старата водоводна линија чие санирање траело подолго од очекуваното. Проблемите во водоснабдувањето настанаа вчера претпладне откако дошло до дефект на една од главните водоводни линии.

Од ЈП „Комуналец“ појаснија дека дефектот предизвикал неочекуван прекин на водоснабдувањето.

Процесот на замена на стари азбестни цевки со нови цевки во рамките на проектот СЕКО се одвива во неколку фази, при што се појавуваат различни дефекти кои предизвикуваат прекини на водоснабдувањето, наведоа од ЈП Комуналец.

Во денешното соопштение се појаснува дека во услови на врнежи од дожд нивните екипи интензивно работеле до доцните вечерни часови на санирање на дефектот и восптавување на редовно снабдувањето со вода на целата територија на општина Гостивар.

Како најава дека проблемот ќе се надмине на граѓаните им беше препорачано да не ја користат водата за пиење. По пуштањето на вода во системот, заради хиперхлорирање не е за пиење, туку само за санитарни потреби заради процесот на дезинфекција на системот со хлор.

The post Водоснабдувањето во Гостивар е нормализирано, саниран дефектот на водоводната мрежа appeared first on Република.

]]>

Прекинот во водоснабдувањето на корисниците во општина Гостивар по повеќе од дванаесет часови е надминат и водоснабдувањето се нормализира, информираат од ЈП „Комуналец“. Причината, како што се наведува во соопштението, е дефект на старата водоводна линија чие санирање траело подолго од очекуваното. Проблемите во водоснабдувањето настанаа вчера претпладне откако дошло до дефект на една од главните водоводни линии. Од ЈП „Комуналец“ појаснија дека дефектот предизвикал неочекуван прекин на водоснабдувањето.
Процесот на замена на стари азбестни цевки со нови цевки во рамките на проектот СЕКО се одвива во неколку фази, при што се појавуваат различни дефекти кои предизвикуваат прекини на водоснабдувањето, наведоа од ЈП Комуналец.
Во денешното соопштение се појаснува дека во услови на врнежи од дожд нивните екипи интензивно работеле до доцните вечерни часови на санирање на дефектот и восптавување на редовно снабдувањето со вода на целата територија на општина Гостивар. Како најава дека проблемот ќе се надмине на граѓаните им беше препорачано да не ја користат водата за пиење. По пуштањето на вода во системот, заради хиперхлорирање не е за пиење, туку само за санитарни потреби заради процесот на дезинфекција на системот со хлор.

The post Водоснабдувањето во Гостивар е нормализирано, саниран дефектот на водоводната мрежа appeared first on Република.

]]>
Се санираат оштетувањата на булеварите низ Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/se-saniraat-oshtetuvanjata-na-bulevarite-niz-skopje/ Sun, 06 Feb 2022 19:06:28 +0000 https://republika.mk/?p=454806

Во текот на викендот теренските служби на Град Скопје и ЈП Улици и патишта пристапија кон санација на крупните оштетувања на коловозите на неколку локации, односно Јужен булевар, булевар „Осми Септември“ и булевар „Борис Трајковски“ (од Пинтија кон Драчево).

Санирање на улиците и булеварите во Град Скопје е еден од приоритетите на ЈП Улици и патишта, кои во континуитет ги следат потребите за итна санација на одредени булевари низ градот, но и отпочнуваат со нови решенија за подобрување на патната инфраструктура во градот Скопје, велат од Град Скопје.

The post Се санираат оштетувањата на булеварите низ Скопје appeared first on Република.

Се санираат оштетувања на булеварите низ градот Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/se-saniraat-oshtetuvanja-na-bulevarite-niz-gradot-skopje/ Sun, 06 Feb 2022 10:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=454698

Во текот на викендот теренските служби на Град Скопје и ЈП Улици и патишта пристапија кон санација на крупните оштетувања на коловозите на неколку локации, односно Јужен булевар, булевар Осми септември и булевар Борис Трајковски (нас. Пинтија кон нас. Драчево).

Санирање на улиците и булеварите во Град Скопје е еден од приоритетите на ЈП Улици и Патишта, кои во континуитет ги следат потребите за итна санација на одредени булевари низ градот, но и отпочнуваат со нови решенија за подобрување на патната инфраструктура во градот Скопје.

The post Се санираат оштетувања на булеварите низ градот Скопје appeared first on Република.

]]>

Во текот на викендот теренските служби на Град Скопје и ЈП Улици и патишта пристапија кон санација на крупните оштетувања на коловозите на неколку локации, односно Јужен булевар, булевар Осми септември и булевар Борис Трајковски (нас. Пинтија кон нас. Драчево). Санирање на улиците и булеварите во Град Скопје е еден од приоритетите на ЈП Улици и Патишта, кои во континуитет ги следат потребите за итна санација на одредени булевари низ градот, но и отпочнуваат со нови решенија за подобрување на патната инфраструктура во градот Скопје.

The post Се санираат оштетувања на булеварите низ градот Скопје appeared first on Република.

]]>