Санду Archives - Република https://republika.mk/tema/sandu/ За подобро да се разбереме Sat, 07 Oct 2023 11:33:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Санду Archives - Република https://republika.mk/tema/sandu/ 32 32 Санду: „Вагнер“ подготвува државен удар во Молдавија https://republika.mk/vesti/svet/sandu-vagner-podgotvuva-drzhaven-udar-vo-moldavija/ Sat, 07 Oct 2023 13:07:55 +0000 https://republika.mk/?p=688905

Руската платеничка група „Вагнер“ подготвувала државен удар во Молдавија, изјави шефицата на молдавската држава Маја Санду во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Според неа, планот вклучувал поткуп на гласачи и предизвикување насилство за време на антивладини протести.

– Ситуацијата е навистина драматична и мораме да се браниме, наведе Санду, без да прецизира кога бил планиран обидот за државен удар.

Санду посочи дека парите биле тајно испратени од Русија до Молдавија делумно преку курири, а делумно преку банкарски сметки во Дубаи.

На почетокот на годината имаше предупредувања за државен удар во Молдавија. Во март, владата во Кишињев соопшти дека уапсила платеник на „Вагнер“.

Платеничката група „Вагнер“ долго време се бореше заедно со руската армија во Украина. Поранешниот сопственик на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, подоцна го критикуваше руското воено раководство и во јуни организираше обид за бунт против руските власти, но истиот ден се откажа од своите планови. Два месеци подоцна, авионот на Пригожин се урна за време на летот Москва – Санкт Петербург под неразјаснети околности.

The post Санду: „Вагнер“ подготвува државен удар во Молдавија appeared first on Република.

]]>

Руската платеничка група „Вагнер“ подготвувала државен удар во Молдавија, изјави шефицата на молдавската држава Маја Санду во интервју за „Фајненшл тајмс“. Според неа, планот вклучувал поткуп на гласачи и предизвикување насилство за време на антивладини протести. – Ситуацијата е навистина драматична и мораме да се браниме, наведе Санду, без да прецизира кога бил планиран обидот за државен удар. Санду посочи дека парите биле тајно испратени од Русија до Молдавија делумно преку курири, а делумно преку банкарски сметки во Дубаи. На почетокот на годината имаше предупредувања за државен удар во Молдавија. Во март, владата во Кишињев соопшти дека уапсила платеник на „Вагнер“. Платеничката група „Вагнер“ долго време се бореше заедно со руската армија во Украина. Поранешниот сопственик на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, подоцна го критикуваше руското воено раководство и во јуни организираше обид за бунт против руските власти, но истиот ден се откажа од своите планови. Два месеци подоцна, авионот на Пригожин се урна за време на летот Москва – Санкт Петербург под неразјаснети околности.

The post Санду: „Вагнер“ подготвува државен удар во Молдавија appeared first on Република.

]]>