самостојна изложба Archives - Република https://republika.mk/tema/samostojna-izlozhba/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Aug 2024 08:22:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png самостојна изложба Archives - Република https://republika.mk/tema/samostojna-izlozhba/ 32 32 Самостојна изложба на младата уметница Наџа Крачуновиќ во МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/samostojna-izlozhba-na-mladata-umetnitsa-nadha-krachunovik-vo-msu/ Fri, 30 Aug 2024 08:22:31 +0000 https://republika.mk/?p=811446

На 5 септември, во 20 часот, во Музејот на современата уметност - Скопје ќе бидат отворени самостојни изложби на младите уметници, Серхат Емрулаи и Наџа Крачуновиќ, добитници на наградата „Најуспешен автор и дело“, која им беше доделена минатата година на 14.Меѓународно биенале на млади уметници - „Будења“.

Куратори на изложбите се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски.

Наградата се состои од самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје, која се доделува на двајца автори за нивните дела.

Младиот уметник Емрулаи, на минатогодишното Биенале победи со инсталацијата „Помеѓу“, а младата уметница Крачуновиќ е добитник на наградата за видео перформансот „Хидра“.

Наџа Крачуновиќ на 5 септември ќе се претстави со самостојна изложба „Во име на мајка, во презиме на татко“ и со перформанс во живо „Во твое име“. Текстот за перформансот го потпишуваат Наџа Крачуновиќ и Ивана Маричиќ, која и учествува во самата изведба. Костумите за перформансот се на Луна Шаламон и Валентина Венцел.

Таа го испитува музејот како радикално место, каде традицијата се среќава со современиот живот на бракот, како отпор, наместо социјална норма, и меѓугенерацискиот однос мајка-ќерка. Крачуновиќ се занимава со женското наследство од двата родители и нуди стратегии за опстанок во патријархалните општества, кои го третираат актот на бракот, како акт на отпор.

Наџа Крачуновиќ (Србија, Белград, 1996) е мултидисциплинарна уметница која живее и работи во Вајмар, Германија, каде што дипломирала на магистерската програма „Јавна уметност и нови уметнички стратегии“. Комбинирајќи ги медиумите, Крачуновиќ создава дела, специфични за локацијата и контекстот, користејќи измислени наративи, хумор, раскажување, перформативна поезија и сопствениот глас, кои се присутни во нејзините видео перформанси, звучни дела, објекти и писанија. Нејзините дела се занимаваат со секојдневната фикција, како и со просторите и телата што се дел од неа: индивидуални тела, женски тела, алтер его; сцени на јавни простори; и различни општествени конструкти и појави. Со искуство во театарот, креира доживувања што ја водат публиката во светот на протагонистот, секогаш имајќи слатко-горчлива нота. Покрај самостојни изложби во Србија и Германија, Крачуновиќ има изложувано на преку 30 групни изложби низ Европа, а нејзините дела биле изложени во музејот Баухаус во Вајмар и уметничките колекции на Кемниц. Учествувала во многу интердисциплинарни уметнички проекти и работилници, меѓу кои и AirR Free Radicals на Пловечкиот универзитет во Берлин и работилницата Heritage for Communities DAAD (Наследство за заедниците ДААД) во Каиро, Египет. Во 2022 година, таа учествуваше во Документа 15 во рамките на Cooking Conflicts Collective во Касел и на младинското биенале во Белград со „Носталгија по иднината ФМ“, имагинарна, бескрајна радио-станица која ја основа во 2021 година.

 

The post Самостојна изложба на младата уметница Наџа Крачуновиќ во МСУ appeared first on Република.

]]>

На 5 септември, во 20 часот, во Музејот на современата уметност - Скопје ќе бидат отворени самостојни изложби на младите уметници, Серхат Емрулаи и Наџа Крачуновиќ, добитници на наградата „Најуспешен автор и дело“, која им беше доделена минатата година на 14.Меѓународно биенале на млади уметници - „Будења“. Куратори на изложбите се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски. Наградата се состои од самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје, која се доделува на двајца автори за нивните дела. Младиот уметник Емрулаи, на минатогодишното Биенале победи со инсталацијата „Помеѓу“, а младата уметница Крачуновиќ е добитник на наградата за видео перформансот „Хидра“. Наџа Крачуновиќ на 5 септември ќе се претстави со самостојна изложба „Во име на мајка, во презиме на татко“ и со перформанс во живо „Во твое име“. Текстот за перформансот го потпишуваат Наџа Крачуновиќ и Ивана Маричиќ, која и учествува во самата изведба. Костумите за перформансот се на Луна Шаламон и Валентина Венцел. Таа го испитува музејот како радикално место, каде традицијата се среќава со современиот живот на бракот, како отпор, наместо социјална норма, и меѓугенерацискиот однос мајка-ќерка. Крачуновиќ се занимава со женското наследство од двата родители и нуди стратегии за опстанок во патријархалните општества, кои го третираат актот на бракот, како акт на отпор. Наџа Крачуновиќ (Србија, Белград, 1996) е мултидисциплинарна уметница која живее и работи во Вајмар, Германија, каде што дипломирала на магистерската програма „Јавна уметност и нови уметнички стратегии“. Комбинирајќи ги медиумите, Крачуновиќ создава дела, специфични за локацијата и контекстот, користејќи измислени наративи, хумор, раскажување, перформативна поезија и сопствениот глас, кои се присутни во нејзините видео перформанси, звучни дела, објекти и писанија. Нејзините дела се занимаваат со секојдневната фикција, како и со просторите и телата што се дел од неа: индивидуални тела, женски тела, алтер его; сцени на јавни простори; и различни општествени конструкти и појави. Со искуство во театарот, креира доживувања што ја водат публиката во светот на протагонистот, секогаш имајќи слатко-горчлива нота. Покрај самостојни изложби во Србија и Германија, Крачуновиќ има изложувано на преку 30 групни изложби низ Европа, а нејзините дела биле изложени во музејот Баухаус во Вајмар и уметничките колекции на Кемниц. Учествувала во многу интердисциплинарни уметнички проекти и работилници, меѓу кои и AirR Free Radicals на Пловечкиот универзитет во Берлин и работилницата Heritage for Communities DAAD (Наследство за заедниците ДААД) во Каиро, Египет. Во 2022 година, таа учествуваше во Документа 15 во рамките на Cooking Conflicts Collective во Касел и на младинското биенале во Белград со „Носталгија по иднината ФМ“, имагинарна, бескрајна радио-станица која ја основа во 2021 година.  

The post Самостојна изложба на младата уметница Наџа Крачуновиќ во МСУ appeared first on Република.

]]>
Вечерва се отвора првата самостојна изложба на Гордана Јаневска во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-se-otvora-prvata-samostojna-izlozhba-na-gordana-janevska-vo-umetnichkiot-tsentar-art-hab/ Wed, 05 Jun 2024 08:44:24 +0000 https://republika.mk/?p=784857

Уметничкиот Центар АРТ ХАБ вечерва ја отвора самостојната изложба на слики насловена „Допир“ од Гордана Јаневска. Изложбата ќе се отвори на 05.06.2024 год. (среда) во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скопје, ГТЦ, 2 кат, локал 306 , со почеток во 20 часот.

Ова е прва самостојна изложба на Јаневска во Македонија, но во нејзината биографија се забележани нејзините претставувања во Истанбул, Бодрум, Белград, Лондон, Форли.

На изложбата ќе бидат презентирани околу 30 слики изработени во техниката акрил на платно. Во кратката рецензија за сликарството на Јаневска кураторката Маја Крстевска ќе напише:

Откривање на говорот на топлата лирика и емпатија во сликарскиот изблик на Гордана Јаневска и јасноста на тоналитетот е карактеристика која возбудува и ескалира во жарот на потезите.Таа преку своите творби повеќето на темна основа со фигуративен приказ на портретот,фигурата на коњот или пак мртвата природа ни дава впечаток на рефлекс на фаќање на сенката и преклопување на фигурата од двете страни во едно.Во полна снага е чувството на фаталност во прикажаните сензации,каде Јаневска се ангажира живо и во суштината на видливото. Помеѓу светлото и темното,делото се конфронтира и станува сцена на која може да се дефинира публиката како актер што е и поентата на човековиот квалитет.Јаневска ги спојува на своите платна средиштето со логичен след и директно влегува во светлото и темното, свесно ги отелотворува во освојување на прикажаниот препознатлив мотив.

Изложбата ќе трае до 18.06.2024 година.

The post Вечерва се отвора првата самостојна изложба на Гордана Јаневска во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ appeared first on Република.

]]>

Уметничкиот Центар АРТ ХАБ вечерва ја отвора самостојната изложба на слики насловена „Допир“ од Гордана Јаневска. Изложбата ќе се отвори на 05.06.2024 год. (среда) во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скопје, ГТЦ, 2 кат, локал 306 , со почеток во 20 часот. Ова е прва самостојна изложба на Јаневска во Македонија, но во нејзината биографија се забележани нејзините претставувања во Истанбул, Бодрум, Белград, Лондон, Форли. На изложбата ќе бидат презентирани околу 30 слики изработени во техниката акрил на платно. Во кратката рецензија за сликарството на Јаневска кураторката Маја Крстевска ќе напише:
Откривање на говорот на топлата лирика и емпатија во сликарскиот изблик на Гордана Јаневска и јасноста на тоналитетот е карактеристика која возбудува и ескалира во жарот на потезите.Таа преку своите творби повеќето на темна основа со фигуративен приказ на портретот,фигурата на коњот или пак мртвата природа ни дава впечаток на рефлекс на фаќање на сенката и преклопување на фигурата од двете страни во едно.Во полна снага е чувството на фаталност во прикажаните сензации,каде Јаневска се ангажира живо и во суштината на видливото. Помеѓу светлото и темното,делото се конфронтира и станува сцена на која може да се дефинира публиката како актер што е и поентата на човековиот квалитет.Јаневска ги спојува на своите платна средиштето со логичен след и директно влегува во светлото и темното, свесно ги отелотворува во освојување на прикажаниот препознатлив мотив.
Изложбата ќе трае до 18.06.2024 година.

The post Вечерва се отвора првата самостојна изложба на Гордана Јаневска во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ appeared first on Република.

]]>
Самостојна изложба на ликовниот уметник Синиша Новески во Хрватска https://republika.mk/vesti/kultura/samostojna-izlozhba-na-likovniot-umetnik-sinisha-noveski-vo-hrvatska/ Thu, 23 May 2024 08:24:54 +0000 https://republika.mk/?p=781024

Во Културно информативниот центар на Република Македонија во Загреб, на 23 мај 2024 ќе се реализира самостојната изложба на уметникот Синиша Новески насловена „Мистерија и индивидуализам“. Изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура.

Во изложбениот простор на информативниот центар ќе бидат претставени 12 скулптури, а на официјалното отворање на изложбата кое е закажано за 20ч ќе се обрати проф. д-р Милаим Фетаи, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Хрватска, Наталија Поповска, директорката на Културно информативниот центар во Загреб, проф. д-р. Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија и Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија. За хрватска публика, припадниците на македонската дијаспора и сите останати љубители на уметноста изложбата ќе биде достапна до 30 мај 2024 година. Оваа изложба го надополнува богатиот каледнар на настани во 2024 г. во доменот на културната дипломатија на Националната галерија. Ја потврдуваме одличната соработка со Република Хрватска давајки придонес кон македонско-хрватските културни односи.

Самиот наслов на изложбата „Мистерија и индивидуализам“ не е случаен. За време на пандемијата, бидејќи мојата сопруга, ќерка и јас бевме како свет за себе, семејството неизбежно стана доминантна тема во мојата работа. Секоја нова скулптура стана не само експеримент во стилот, формата и материјалот, туку и истражување на близината и далечината, физички и емоционални, сподели авторот со кураторката на проектот, Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија.

Голем број на скулптури на Синиша Новески се изложени во јавен простор и се дел од приватни колекции во Македонија, Србија, Бугарија и Соединетите Американски Држави.

Излагал на повеќе од дваесет самостојни изложби и на повеќе од 30 групни изложби. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, актуелен член во Уметничкиот совет, како и на Друштвото на ликовни уметници на Србија. Има учествувано на повеќе од десет ликовни колонии и симпозиуми, освоил исто толку награди како за сопственото уметничко творештво, така и за менторско педагошко работење со студенти.

The post Самостојна изложба на ликовниот уметник Синиша Новески во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Во Културно информативниот центар на Република Македонија во Загреб, на 23 мај 2024 ќе се реализира самостојната изложба на уметникот Синиша Новески насловена „Мистерија и индивидуализам“. Изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура. Во изложбениот простор на информативниот центар ќе бидат претставени 12 скулптури, а на официјалното отворање на изложбата кое е закажано за 20ч ќе се обрати проф. д-р Милаим Фетаи, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Хрватска, Наталија Поповска, директорката на Културно информативниот центар во Загреб, проф. д-р. Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија и Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија. За хрватска публика, припадниците на македонската дијаспора и сите останати љубители на уметноста изложбата ќе биде достапна до 30 мај 2024 година. Оваа изложба го надополнува богатиот каледнар на настани во 2024 г. во доменот на културната дипломатија на Националната галерија. Ја потврдуваме одличната соработка со Република Хрватска давајки придонес кон македонско-хрватските културни односи.
Самиот наслов на изложбата „Мистерија и индивидуализам“ не е случаен. За време на пандемијата, бидејќи мојата сопруга, ќерка и јас бевме како свет за себе, семејството неизбежно стана доминантна тема во мојата работа. Секоја нова скулптура стана не само експеримент во стилот, формата и материјалот, туку и истражување на близината и далечината, физички и емоционални, сподели авторот со кураторката на проектот, Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија.
Голем број на скулптури на Синиша Новески се изложени во јавен простор и се дел од приватни колекции во Македонија, Србија, Бугарија и Соединетите Американски Држави. Излагал на повеќе од дваесет самостојни изложби и на повеќе од 30 групни изложби. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, актуелен член во Уметничкиот совет, како и на Друштвото на ликовни уметници на Србија. Има учествувано на повеќе од десет ликовни колонии и симпозиуми, освоил исто толку награди како за сопственото уметничко творештво, така и за менторско педагошко работење со студенти.

The post Самостојна изложба на ликовниот уметник Синиша Новески во Хрватска appeared first on Република.

]]>
„Осетливи ткива“ – прва самостојна изложба на аналогни фотографии на Васил Тасевски во Музеј на Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/osetlivi-tkiva-prva-samostojna-izlozhba-na-analogni-fotografii-na-vasil-tasevski-vo-muzej-na-makedonija/ Fri, 15 Mar 2024 08:22:11 +0000 https://republika.mk/?p=755004

В сабота, на 16 март, во 13 часот во Музеј на Македонија ќе биде отворена „Осетливи ткива“, првата самостојна изложба на аналогни фотографии на Васил Тасевски во Македонија.

Изработени на колор фотографска хартија во големи нестандардни формати, изложбата е сублимат на три реализирани изложби, „Спомен од еден лет“,„Границите на бојата“ и “Невидливи градови” („Mémoire d’un vol“, „Les Frontières de la couleur“, „Villes invisibles“) и тековниот фотографски проект „Загадени пезажи” („Paysages contaminés“) .

Фотографиите се ткива грижливо исечени и земени од својот првобитен свет, кои поврзани со тенки мембрани градат ново осетливо тело. Нови нуклеуси допатувани од друга земја со ознака кршливо, кои и покрај своите импресивни големини, функционираат како шума од ластарки, динамична и со изразена дихотомија, на сила и чувствителност.

Покрај класичните начини на фотографирање со филм и развивање на светло-осетлива хартија, уметникот Тасевски употребува различни техники при нивното создавање, од мастила во боја и доцртување, експерименти со колажирање, хемиграми, до перформативно развивање со платно натопено во хемија со помош на конструиран светлосен плафон за големи димензии.

Творечко патување на Васил Тасевски е разнолико и вклучува перформативни и визуелни уметности. Пристапот кон тие уметнички дисциплини (циркуски акробации, театар, перформанс, видео, инсталации, фотографија) е пред се експериментален, но и скитнички. Идеите начнати во еден медиум, се трансформираат и со акробатска леснотија преоѓаат од еден во друг, се преплетуваат, се надополнуваат и градат еден посебен свој визуелен идентитет преку соединување, искуства и преминување на граници.

Во „Осетливи ткива” со растегнување на границите едно дело опфаќа друго, ја менува неговата структура и учествува во изградба на ново доживување, вели Јелена Белиќ за изложбата.

Васил Тасевски е роден 1984 година во Скопје. Ја открива аналогната фотографија на 14 години, портретирајќи најчесто луѓе, а подоцна почнува да се занимава со акробатските вештини и театар. Во Скопје е дел од перформерската група „Fuzz Bubble”, основана 1998 година. На 20 години се сели во Франција за да студира циркуски уметности. Своето образование го започнува во Центарот за циркуски уметности "Балтазар" (Монпелие, Франција), а го завршува во Националниот центар за циркуски уметности (Шалон-ан-Шампањ, Франција). Магистерски студии по современата уметност и нови медиуми завршува во Ле Френуа – Национално студио за современи уметности (Туркуан, Франција).

Во 2008 година, тој заедно со Марион Коле и Матје Гари го основал Колективот „Портa27". Во рамките на овој колектив, развива повеќе перформативни дела, меѓу кои и циркускиот перформанс „Мингус Мингус Мингус Мингус Мингус", кој во својот фокус ја има џез музиката, како и проектот "ISSUE01", во кој го започнува своето уметничко истражување на темата на скитањето.

Во инсталацијата "Се разбудив во движење" („I woke up in motion“, 2017, Ле Френуа) ги истражува скитањето, трансформациите и потрагата по идентитет, а истата тема ја дообработува во 2020 година креирајќи перформанс кој спојува фотографија, видео инсталација, изведба и циркуски уметности.

Ставајќи акцент на тактилното спознавање и физичкиот контакт при рачна изработка на фотографијата, во 2021 година, Васил претвора приколка во патувачка фотографска лабораторија наречена „Лабелфото”. Така патувајќи, на луѓето кои ги запознава, им го покажува целиот процес на создавање на една аналогна фотографија.

Во 2023-тата година, тој го поставува перформативниот спектакл „Заспани градови", заедно со изложбата „Невидливи градови". И двете инспирирани од инсталацијата „Спомен од еден лет“, во која конструираниот светлосен плафон - негова иновација, наменет за проектирање на зголемени слики, со цел нивно развивање, се претвора во циркуска реквизита или ангажирана сценографија.

The post „Осетливи ткива“ – прва самостојна изложба на аналогни фотографии на Васил Тасевски во Музеј на Македонија appeared first on Република.

]]>

В сабота, на 16 март, во 13 часот во Музеј на Македонија ќе биде отворена „Осетливи ткива“, првата самостојна изложба на аналогни фотографии на Васил Тасевски во Македонија. Изработени на колор фотографска хартија во големи нестандардни формати, изложбата е сублимат на три реализирани изложби, „Спомен од еден лет“,„Границите на бојата“ и “Невидливи градови” („Mémoire d’un vol“, „Les Frontières de la couleur“, „Villes invisibles“) и тековниот фотографски проект „Загадени пезажи” („Paysages contaminés“) . Фотографиите се ткива грижливо исечени и земени од својот првобитен свет, кои поврзани со тенки мембрани градат ново осетливо тело. Нови нуклеуси допатувани од друга земја со ознака кршливо, кои и покрај своите импресивни големини, функционираат како шума од ластарки, динамична и со изразена дихотомија, на сила и чувствителност. Покрај класичните начини на фотографирање со филм и развивање на светло-осетлива хартија, уметникот Тасевски употребува различни техники при нивното создавање, од мастила во боја и доцртување, експерименти со колажирање, хемиграми, до перформативно развивање со платно натопено во хемија со помош на конструиран светлосен плафон за големи димензии.
Творечко патување на Васил Тасевски е разнолико и вклучува перформативни и визуелни уметности. Пристапот кон тие уметнички дисциплини (циркуски акробации, театар, перформанс, видео, инсталации, фотографија) е пред се експериментален, но и скитнички. Идеите начнати во еден медиум, се трансформираат и со акробатска леснотија преоѓаат од еден во друг, се преплетуваат, се надополнуваат и градат еден посебен свој визуелен идентитет преку соединување, искуства и преминување на граници. Во „Осетливи ткива” со растегнување на границите едно дело опфаќа друго, ја менува неговата структура и учествува во изградба на ново доживување, вели Јелена Белиќ за изложбата.
Васил Тасевски е роден 1984 година во Скопје. Ја открива аналогната фотографија на 14 години, портретирајќи најчесто луѓе, а подоцна почнува да се занимава со акробатските вештини и театар. Во Скопје е дел од перформерската група „Fuzz Bubble”, основана 1998 година. На 20 години се сели во Франција за да студира циркуски уметности. Своето образование го започнува во Центарот за циркуски уметности "Балтазар" (Монпелие, Франција), а го завршува во Националниот центар за циркуски уметности (Шалон-ан-Шампањ, Франција). Магистерски студии по современата уметност и нови медиуми завршува во Ле Френуа – Национално студио за современи уметности (Туркуан, Франција). Во 2008 година, тој заедно со Марион Коле и Матје Гари го основал Колективот „Портa27". Во рамките на овој колектив, развива повеќе перформативни дела, меѓу кои и циркускиот перформанс „Мингус Мингус Мингус Мингус Мингус", кој во својот фокус ја има џез музиката, како и проектот "ISSUE01", во кој го започнува своето уметничко истражување на темата на скитањето. Во инсталацијата "Се разбудив во движење" („I woke up in motion“, 2017, Ле Френуа) ги истражува скитањето, трансформациите и потрагата по идентитет, а истата тема ја дообработува во 2020 година креирајќи перформанс кој спојува фотографија, видео инсталација, изведба и циркуски уметности. Ставајќи акцент на тактилното спознавање и физичкиот контакт при рачна изработка на фотографијата, во 2021 година, Васил претвора приколка во патувачка фотографска лабораторија наречена „Лабелфото”. Така патувајќи, на луѓето кои ги запознава, им го покажува целиот процес на создавање на една аналогна фотографија. Во 2023-тата година, тој го поставува перформативниот спектакл „Заспани градови", заедно со изложбата „Невидливи градови". И двете инспирирани од инсталацијата „Спомен од еден лет“, во која конструираниот светлосен плафон - негова иновација, наменет за проектирање на зголемени слики, со цел нивно развивање, се претвора во циркуска реквизита или ангажирана сценографија.

The post „Осетливи ткива“ – прва самостојна изложба на аналогни фотографии на Васил Тасевски во Музеј на Македонија appeared first on Република.

]]>