самит на ОБСЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/samit-na-obse/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Dec 2023 15:42:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png самит на ОБСЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/samit-na-obse/ 32 32 ОБСЕ заврши, парите потрошени за завеси и свежи цвекиња уште се бројат https://republika.mk/vesti/makedonija/obse-zavrshi-parite-potrosheni-za-zavesi-i-svezhi-tsvekina-ushte-se-brojat/ Thu, 07 Dec 2023 06:55:52 +0000 https://republika.mk/?p=720434

Една недела по завршувањето на Самитот на ОБСЕ се уште се прават пресметките колку ги чини граѓаните организацијата на овој најголем настан.

Сите што беа во салата „Борис Трајковски“ може да видат дека таа беше опремена со свежи цвеќиња, завеси, драпери, паравани, маси и столови. За оваа декорација на фирмата „Еуровиа“ која е донатор на ДУИ и беа платени 1,8 милиони евра.

Се уште нема информации каде ќе заврши опремата која беше наместена, дали таа ќе биде во сопственост на државата или ќе си ја земе фирмата која ја декорираше.

Покрај за салата, МНР како организатор на настанот потпиша договор од 900.000 евра за изнајмување на возила.

Договорот со „АБЦ рент а кар“ чинеше 900.000 евра а од она што можеше да се види на Самитот најголем дел од возилата беа „Пасат“ и Хјундали и30“ чие изнајмување не чини повеќе од 300 евра на ден.

The post ОБСЕ заврши, парите потрошени за завеси и свежи цвекиња уште се бројат appeared first on Република.

]]>

Една недела по завршувањето на Самитот на ОБСЕ се уште се прават пресметките колку ги чини граѓаните организацијата на овој најголем настан. Сите што беа во салата „Борис Трајковски“ може да видат дека таа беше опремена со свежи цвеќиња, завеси, драпери, паравани, маси и столови. За оваа декорација на фирмата „Еуровиа“ која е донатор на ДУИ и беа платени 1,8 милиони евра. Се уште нема информации каде ќе заврши опремата која беше наместена, дали таа ќе биде во сопственост на државата или ќе си ја земе фирмата која ја декорираше. Покрај за салата, МНР како организатор на настанот потпиша договор од 900.000 евра за изнајмување на возила. Договорот со „АБЦ рент а кар“ чинеше 900.000 евра а од она што можеше да се види на Самитот најголем дел од возилата беа „Пасат“ и Хјундали и30“ чие изнајмување не чини повеќе од 300 евра на ден.

The post ОБСЕ заврши, парите потрошени за завеси и свежи цвекиња уште се бројат appeared first on Република.

]]>
Зошто „кукавиците“ Блинкен и Борел избегаа од состанокот?, праша Лавров https://republika.mk/vesti/makedonija/zoshto-kukavitsite-blinken-i-borel-izbegaa-od-sostanokot-prasha-lavrov/ Fri, 01 Dec 2023 10:50:28 +0000 https://republika.mk/?p=718295

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров праша зошто Државниот секретар на САД Ентони Блинкен и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел избегале од министерскиот состанок во Скопје. Според него тоа било добра можност за разговор и затоа се „кукавици“.

Македонскиот претседавач Бујар Османи промовираше многу добар слоган, „За луѓето се работи“. Верувам дека се работи за луѓето, но не на сите луѓе од земјите од ОБСЕ. Тие се загрижени само за луѓето за кои имаат интерес. Свесен сум за резултатот на оваа мала борба, Самитот е за одредена група на луѓе, не за сите граѓани, рече Лавров на прес-конференцијата.

The post Зошто „кукавиците“ Блинкен и Борел избегаа од состанокот?, праша Лавров appeared first on Република.

Лавров: ОБСЕ нема што да слави https://republika.mk/vesti/makedonija/lavrov-obse-nema-shto-da-slavi/ Fri, 01 Dec 2023 10:27:31 +0000 https://republika.mk/?p=718284

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров од Скопје порача дека ОБСЕ нема ништо за славење во ситуација кога на многу места се нарушени човековите права кои се важни само кога тоа му одговара на Западот.

Годишнината на ОБСЕ не треба да се слави поради деградацијата на полето на безбедноста, економијата и човечките права, а говорот на колегите министри на Самитот во Скопје е доказ дека западните политичари не ја научиле лекцијата, наглсси Лавров.

https://republika.mk/vesti/makedonija/lavrov-od-skopje-vash-pretsedatel-na-sobranie-imashe-albansko-zname-vo-kabinet/

The post Лавров: ОБСЕ нема што да слави appeared first on Република.

Лавров од Скопје: Вашиот претседател на Собрание имаше албанско знаме во кабинет https://republika.mk/vesti/makedonija/lavrov-od-skopje-vashiot-pretsedatel-na-sobranie-imashe-albansko-zname-vo-kabinet/ Fri, 01 Dec 2023 10:10:15 +0000 https://republika.mk/?p=718280

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска имаше една од најпосетените прес-конференции на Самитот на ОБСЕ во Скопје. Тој говореше за двојните стандарди на Западот, за војната во Украина, за однесувањето на Бугарија кон Македонија, како и за Албанците во земјава.

Македонија порано се викаше ФИРОМ што беше многу понижувачки. Сега е Cеверна. Знаеме за што се работи. Од друга страна пред неколку години ваш претседател на Собрание имаше албанско знаме во кабинетот. Не му го памтам името, рече Лавров.

The post Лавров од Скопје: Вашиот претседател на Собрание имаше албанско знаме во кабинет appeared first on Република.

Завршува Самитот: Дали ОБСЕ е само привидно живо? https://republika.mk/vesti/makedonija/zavrshuva-samitot-dali-obse-e-samo-prividno-zhivo/ Fri, 01 Dec 2023 06:51:33 +0000 https://republika.mk/?p=718170

ОБСЕ е живо, неговата вредност е колку повеќе се користи за надминување на несогласувањата. Блокадата или непочитувањето на принципите на Организацијата е директна закана кон нејзините основни вредности за кои се заложува уште од 1975 година, се главните пораки што беа испратени од Министерскиот совет на ОБСЕ што вчера се одржа во Скопје.

Европските лидери ја осудија руската агресија врз Украина и упатија силна поддршка за украинскиот народ, а дел од нив ја напуштија салата за време на обраќањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој во своето обраќање рече дека она што моментално се случува во ОБСЕ не е вистинскиот начин на кој треба да се третираат европските безбедносни прашања. Пред учесниците на Министерскиот совет, Лавров истакна дека западните престолнини постапуваат така што го поткопуваат работењето на ОБСЕ.

Поради доаѓањето на Лавров во Скопје, министрите за надворешни работи на Украина, Естонија, Летонија, Литванија, Романија и Полска го откажаа своето учество на Министерскиот совет, но делегации од земјите како и дел од нивните амбасадори во ОБСЕ, сепак, допатуваа на состанокот.

null

Премиерот Димитар Ковачевски, отворајќи го состанокот, порача дека визијата на ОБСЕ како платформа за кооперативна и сеопфатна безбедност, беше сериозно тестирана во реалноста, а најмногу директно почувствувана од украинските граѓани.

-Воената агресија на Руската Федерација против Украина продолжи со несмален интензитет и разорувачки последици, потврдувајќи ја својата неоправданост и неправедност, рече Ковачевски, додавајќи дека народот на Украина заслужува мир и оти постигнувањето праведен и одржлив мир останува императив.

Додаде дека оваа војна продолжува да ги поткопува и темелите на ОБСЕ и затоа, рече,  како клучно безбедносно прашање на нашиот регион и пошироко, централен приоритет за нашето претседавање беше и останува да биде обезбедување суштинска поддршка за Украина и нејзиниот народ низ димензиите на ОБСЕ.

Според Ковачевски, победила дипломатијата за договорот Малта да биде следен претседавач со Организацијата.

- Ова апсолутно не е никаква дипломатска победа на Русија, ова е дипломатска победа на ОБСЕ со оглед на тоа дека беше доведено во прашање функционирањето на ОБСЕ. Со ова ОБСЕ ќе продолжи да функционира, ќе продолжи да биде гарант на обезбедување на развој на демократските и на мирните процеси во Европа, рече Ковачевски.

null

Шефот на дипломатијата Бујар Османи испрати „порака на надеж дека нема да ја пропуштиме нашата средба со историјата, дека ќе одговориме на тежината на моментумот и дека ќе обезбедиме предвидлива и конструктивна иднина за ОБСЕ“.

- Ќе ги пренесам трите пораки дека ОБСЕ опстои и продолжува да испорачува. Македонија го презеде претседавањето со ОБСЕ во година на активна војна со невидените досега закани по европската безбедност и по меѓународениот поредок базиран на правила. Руската воена агресија врз Украина ги прекрши сите правила на Организацијата, Финалниот акт од Хелсинки и други клучни документи за европската сигурност и човековите права. Војната ги поктопа довербата, дијалогот и нашиот капацитет да испорачаме, а над се таа ги уништи животите на обичните луѓе, нивното право да живеат слободно, сочени со стравот од војната и создадените воени услови. Во рамки на ОБСЕ, дијалогот и соработката беа заменети со поделби и поларизација. Консензусот често инструментализиран за постигнување национални политички цели, наместо да му служи на колективниот интерес, стана оружје правејќи ги постигнувањето на практичните цели далечни и тешко достижни, рече Османи во обраќањето.

Соработката во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) мора дополнително да се зајакне иако Русија постави огромни пречки на патот на работата на ОБСЕ во последните година и

Германската министерка за надврешни работи Аналена Бербок, нагласи дека соработката во ОБСЕ мора дополнително да се зајакне иако Русија постави огромни пречки на патот на работата во последните година и пол.

- Како ниедна друга организација, ОБСЕ се залага за безбедност на повеќе од 1,3 милијарди луѓе, што значи дека тие сакаат да живеат заедно во мир и безбедност и добар економски развој, нагласи Бербок, истакнувајќи дека фактот што Русија не успеала да го уништи ОБСЕ е важен придонес за мировниот поредок.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека она што моментално се случува во Организацијата не е вистинскиот начин на кој треба да се третираат европските безбедносни прашања. Тој пред учесниците на Министерскиот совет истакна дека западните престолнини постапуваат така што го поткопуваат работењето на ОБСЕ.

-Поделбите на континентот ја поткопуваат безбедноста што ја креира ОБСЕ и доблесната идеја на која почива процесот од Хелсинки, рече Лавров.

Тој изјави дека традицонално овие состаноци завршуваат со позитивни и охрабрувачки пораки, но според него во моментов нема простор за оптимизам. ОБСЕ, според рускиот министер за надворешни работи е претворен во Огранизација, која им служи на интересите на НАТО и ЕУ и се поставува прашањето дали е мудро истата да биде витализирана.

Според Лавров, сегашните случувања го доведуваат во прашање и функционирањето на ОБСЕ како форум за објективно решавање на глобалните проблеми и го поткопуваат принципот на еднакви права на сите учесници.

Тој се осврна на повеќе случувања во минатото, нагласувајќи дека земјите од НАТО и ЕУ ја уништиле воено-политичката димензија на ОБСЕ. Истакна дека во 1999 година, НАТО извршил брутална агресија врз Југославија, членка на ОБСЕ, а го спомена и како што рече одземањето на Косово од Србија и кршењето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединети нации.

Според Лавров, Молдавија е следната жртва во хибридната војна на Западот против Русија.

Рускиот министер за надворешни работи веднаш по завршувањето на говорот ја напушти салата, во која се одржува состанокот. На маргините на состанокот имаше билатерални средби со шефовите на дипломатиите на Ерменија и на Унгарија, Арарат Мирзојан и Петер Сијаро, како и попатна средба со шефот на австриската дипломатија, Алекандер Шаленберг.

Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русиjа Мариjа Захарова на социјалната мрежа Телеграм објави дека на масите во салата за состаноци на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ има јасна манифестација на она за што зборувал Сергеј Лавров во својот говор: под притисок на САД, логиката на ОБСЕ се заменува со агресивната идеологија на НАТО

The post Завршува Самитот: Дали ОБСЕ е само привидно живо? appeared first on Република.

]]>

ОБСЕ е живо, неговата вредност е колку повеќе се користи за надминување на несогласувањата. Блокадата или непочитувањето на принципите на Организацијата е директна закана кон нејзините основни вредности за кои се заложува уште од 1975 година, се главните пораки што беа испратени од Министерскиот совет на ОБСЕ што вчера се одржа во Скопје. Европските лидери ја осудија руската агресија врз Украина и упатија силна поддршка за украинскиот народ, а дел од нив ја напуштија салата за време на обраќањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој во своето обраќање рече дека она што моментално се случува во ОБСЕ не е вистинскиот начин на кој треба да се третираат европските безбедносни прашања. Пред учесниците на Министерскиот совет, Лавров истакна дека западните престолнини постапуваат така што го поткопуваат работењето на ОБСЕ. Поради доаѓањето на Лавров во Скопје, министрите за надворешни работи на Украина, Естонија, Летонија, Литванија, Романија и Полска го откажаа своето учество на Министерскиот совет, но делегации од земјите како и дел од нивните амбасадори во ОБСЕ, сепак, допатуваа на состанокот. null Премиерот Димитар Ковачевски, отворајќи го состанокот, порача дека визијата на ОБСЕ како платформа за кооперативна и сеопфатна безбедност, беше сериозно тестирана во реалноста, а најмногу директно почувствувана од украинските граѓани.
-Воената агресија на Руската Федерација против Украина продолжи со несмален интензитет и разорувачки последици, потврдувајќи ја својата неоправданост и неправедност, рече Ковачевски, додавајќи дека народот на Украина заслужува мир и оти постигнувањето праведен и одржлив мир останува императив.
Додаде дека оваа војна продолжува да ги поткопува и темелите на ОБСЕ и затоа, рече,  како клучно безбедносно прашање на нашиот регион и пошироко, централен приоритет за нашето претседавање беше и останува да биде обезбедување суштинска поддршка за Украина и нејзиниот народ низ димензиите на ОБСЕ. Според Ковачевски, победила дипломатијата за договорот Малта да биде следен претседавач со Организацијата. - Ова апсолутно не е никаква дипломатска победа на Русија, ова е дипломатска победа на ОБСЕ со оглед на тоа дека беше доведено во прашање функционирањето на ОБСЕ. Со ова ОБСЕ ќе продолжи да функционира, ќе продолжи да биде гарант на обезбедување на развој на демократските и на мирните процеси во Европа, рече Ковачевски. null Шефот на дипломатијата Бујар Османи испрати „порака на надеж дека нема да ја пропуштиме нашата средба со историјата, дека ќе одговориме на тежината на моментумот и дека ќе обезбедиме предвидлива и конструктивна иднина за ОБСЕ“.
- Ќе ги пренесам трите пораки дека ОБСЕ опстои и продолжува да испорачува. Македонија го презеде претседавањето со ОБСЕ во година на активна војна со невидените досега закани по европската безбедност и по меѓународениот поредок базиран на правила. Руската воена агресија врз Украина ги прекрши сите правила на Организацијата, Финалниот акт од Хелсинки и други клучни документи за европската сигурност и човековите права. Војната ги поктопа довербата, дијалогот и нашиот капацитет да испорачаме, а над се таа ги уништи животите на обичните луѓе, нивното право да живеат слободно, сочени со стравот од војната и создадените воени услови. Во рамки на ОБСЕ, дијалогот и соработката беа заменети со поделби и поларизација. Консензусот често инструментализиран за постигнување национални политички цели, наместо да му служи на колективниот интерес, стана оружје правејќи ги постигнувањето на практичните цели далечни и тешко достижни, рече Османи во обраќањето.
Соработката во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) мора дополнително да се зајакне иако Русија постави огромни пречки на патот на работата на ОБСЕ во последните година и Германската министерка за надврешни работи Аналена Бербок, нагласи дека соработката во ОБСЕ мора дополнително да се зајакне иако Русија постави огромни пречки на патот на работата во последните година и пол.
- Како ниедна друга организација, ОБСЕ се залага за безбедност на повеќе од 1,3 милијарди луѓе, што значи дека тие сакаат да живеат заедно во мир и безбедност и добар економски развој, нагласи Бербок, истакнувајќи дека фактот што Русија не успеала да го уништи ОБСЕ е важен придонес за мировниот поредок.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека она што моментално се случува во Организацијата не е вистинскиот начин на кој треба да се третираат европските безбедносни прашања. Тој пред учесниците на Министерскиот совет истакна дека западните престолнини постапуваат така што го поткопуваат работењето на ОБСЕ.
-Поделбите на континентот ја поткопуваат безбедноста што ја креира ОБСЕ и доблесната идеја на која почива процесот од Хелсинки, рече Лавров.
Тој изјави дека традицонално овие состаноци завршуваат со позитивни и охрабрувачки пораки, но според него во моментов нема простор за оптимизам. ОБСЕ, според рускиот министер за надворешни работи е претворен во Огранизација, која им служи на интересите на НАТО и ЕУ и се поставува прашањето дали е мудро истата да биде витализирана. Според Лавров, сегашните случувања го доведуваат во прашање и функционирањето на ОБСЕ како форум за објективно решавање на глобалните проблеми и го поткопуваат принципот на еднакви права на сите учесници. Тој се осврна на повеќе случувања во минатото, нагласувајќи дека земјите од НАТО и ЕУ ја уништиле воено-политичката димензија на ОБСЕ. Истакна дека во 1999 година, НАТО извршил брутална агресија врз Југославија, членка на ОБСЕ, а го спомена и како што рече одземањето на Косово од Србија и кршењето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединети нации. Според Лавров, Молдавија е следната жртва во хибридната војна на Западот против Русија. Рускиот министер за надворешни работи веднаш по завршувањето на говорот ја напушти салата, во која се одржува состанокот. На маргините на состанокот имаше билатерални средби со шефовите на дипломатиите на Ерменија и на Унгарија, Арарат Мирзојан и Петер Сијаро, како и попатна средба со шефот на австриската дипломатија, Алекандер Шаленберг. Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русиjа Мариjа Захарова на социјалната мрежа Телеграм објави дека на масите во салата за состаноци на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ има јасна манифестација на она за што зборувал Сергеј Лавров во својот говор: под притисок на САД, логиката на ОБСЕ се заменува со агресивната идеологија на НАТО

The post Завршува Самитот: Дали ОБСЕ е само привидно живо? appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Сите во ОБСЕ имаме потреба од мир, стабилност, доверба, историјата ќе не суди по нашите дела https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-site-vo-obse-imame-potreba-od-mir-stabilnost-doverba-istorijata-ke-ne-sudi-po-nashite-dela/ Thu, 30 Nov 2023 10:31:07 +0000 https://republika.mk/?p=717891

Овој настан е кулминација на нашето претседавање со ОБСЕ, кое и во редовни околности не е лесен ангажман. Но кога во декември 2020 година со консензус ни беше доделена честа да управуваме со најголемата регионална и безбедносна организација, тешко кој можеше да предвиди дека пред нас ќе имаме вакви турбуленции и предизвици во регионот на ОБСЕ и пошироко, како во поглед на тешкиот геополитички контекст и ескалацијата на безбедносните предизвици, така и во однос на функционалноста и иднината на самата Организација, изјави премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Визијата на ОБСЕ како платформа за кооперативна и сеопфатна безбедност, беше сериозно тестирана во реалноста, а најмногу директно почувствувана од украинските граѓани. Воената агресија на Руската Федерација против Украина продолжи со несмален интензитет и разорувачки последици, потврдувајќи ја својата неоправданост и неправедност, рече Ковачевски.

Секој изминат ден и изгубени животи, додаде премиерот, се сурова потврда на оцената дека воената агресија претставува акт на флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации, принципите и заложбите на ОБСЕ, како и основните премиси на меѓународното право, но пред сè на вредностите на хуманоста.

Ковачевски истакна дека народот на Украина заслужува мир, и оти постигнувањето праведен и одржлив мир останува императив.

Оваа војна продолжува да ги поткопува и темелите на ОБСЕ. Затоа, како клучно безбедносно прашање на нашиот регион и пошироко, централен приоритет за нашето претседавање беше и останува да биде обезбедување суштинска поддршка за Украина и нејзиниот народ низ димензиите на ОБСЕ, нагласи Ковачевски.

Премиерот истакна дека во рамки на нашето претседавање должно внимание се даваше и на сите замрзнати конфликти и регионални нестабилности низ ОБСЕ регионот, како процесот за решавање на Транснистрија, ситуацијата во Јужен Кавказ и кризата во Нагорно Карабах, тензиите на северот на Косово.

За момент да ги ставиме настрана националните агенди, за кои, меѓу другото, верувам дека најдобро можат да се реализираат преку мирољубива соработка во еден мултилатерален систем базиран на правила и почит на основните вредности и принципи. Ниту една земја, без разлика на големината и силата, во денешно време, на долг рок, не може да просперира во изолација, ниту пак сама да се справува со комплексните предизвици на 21-от век, истакна премиерот.

Македонија, посочи тој, како силен поддржувач на мултилатерализмот и директен корисник на улогата на ОБСЕ при спроведувањето на демократски реформи и унапредување на состојбите во разни области, е цврсто уверена дека оваа Организација е способна да направи разлика на терен, а тоа, рече, може да се потврди и преку пример од македонското општество, каде демократскиот изборен процес неминовно е поврзан со набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР.

Токму и нашето мото за време на претседавањето – За луѓето се работи - го рефлектира тоа уверување. Долготрајните дискусии во меѓународните форуми не треба да бидат апстрактна конструкција, туку да водат кон конкретни решенија кои имаат придобивки за граѓаните, рече Ковачевски.

Тој рече дека земјава, иако не беше директно дел од војните што уследија по распадот на Југославија, сепак во декадите по независноста беше соочена со голем број предизвици како на домашен, така и на надворешно-политички план.

Низ еден процес на созревање, го чекореше долгиот и не секогаш рамен пат на меѓународно етаблирање и зачленување во различни мултилатерални организации. Тоа понекогаш подразбираше тешки, компромисни одлуки, но вистинското лидерството подразбира континуирано барање решенија и прогрес. Така, од корисник на безбедносни и превентивни мировни мисии, денес Македонија е препознаена како фактор на стабилност и активно придонесува за безбедноста во регионот и пошироко, кажа премиерот.

Имајќи го предвид сето ова, нагласи тој, признанието што токму ние денес сме домаќини на Министерскиот совет на ОБСЕ, е дотолку позначајно.

Истовремено, тука е и желбата да возвратиме на Организацијата, која и со својата теренска мисија од 1992 година до денес, дава свој придонес во напредокот на нашето вибрантно, инклузивно и разнолико, демократско општество. Се надевам дека се евидентни нашите чесни напори за силно, проактивно, ангажирано и компетентно раководење со ОБСЕ, водени од стремежот да дадеме свој карактеристичен и препознатлив придонес во процесите на остварување на поголема стабилност на поширок план. И натаму истрајуваме на нашата основна определба што е единствен пат напред - да се поттикне инклузивен, суштински и отворен дијалог, заснован на основните принципи на мултилатерализмот и во срцето на нашата Организација, рече тој.

Ковачевски во своето обраќање заклучи дека „сите ние во ОБСЕ имаме потреба од мир, стабилност, обновена доверба и соработка, историјата ќе не суди по нашите дела“.

На Министерскиот совет учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.

https://www.youtube.com/live/X_toHhHsaBk?si=KrsKd5VzCMPOPLek

The post Ковачевски: Сите во ОБСЕ имаме потреба од мир, стабилност, доверба, историјата ќе не суди по нашите дела appeared first on Република.

]]>

Овој настан е кулминација на нашето претседавање со ОБСЕ, кое и во редовни околности не е лесен ангажман. Но кога во декември 2020 година со консензус ни беше доделена честа да управуваме со најголемата регионална и безбедносна организација, тешко кој можеше да предвиди дека пред нас ќе имаме вакви турбуленции и предизвици во регионот на ОБСЕ и пошироко, како во поглед на тешкиот геополитички контекст и ескалацијата на безбедносните предизвици, така и во однос на функционалноста и иднината на самата Организација, изјави премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
Визијата на ОБСЕ како платформа за кооперативна и сеопфатна безбедност, беше сериозно тестирана во реалноста, а најмногу директно почувствувана од украинските граѓани. Воената агресија на Руската Федерација против Украина продолжи со несмален интензитет и разорувачки последици, потврдувајќи ја својата неоправданост и неправедност, рече Ковачевски.
  Секој изминат ден и изгубени животи, додаде премиерот, се сурова потврда на оцената дека воената агресија претставува акт на флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации, принципите и заложбите на ОБСЕ, како и основните премиси на меѓународното право, но пред сè на вредностите на хуманоста. Ковачевски истакна дека народот на Украина заслужува мир, и оти постигнувањето праведен и одржлив мир останува императив.
Оваа војна продолжува да ги поткопува и темелите на ОБСЕ. Затоа, како клучно безбедносно прашање на нашиот регион и пошироко, централен приоритет за нашето претседавање беше и останува да биде обезбедување суштинска поддршка за Украина и нејзиниот народ низ димензиите на ОБСЕ, нагласи Ковачевски.
Премиерот истакна дека во рамки на нашето претседавање должно внимание се даваше и на сите замрзнати конфликти и регионални нестабилности низ ОБСЕ регионот, како процесот за решавање на Транснистрија, ситуацијата во Јужен Кавказ и кризата во Нагорно Карабах, тензиите на северот на Косово.
За момент да ги ставиме настрана националните агенди, за кои, меѓу другото, верувам дека најдобро можат да се реализираат преку мирољубива соработка во еден мултилатерален систем базиран на правила и почит на основните вредности и принципи. Ниту една земја, без разлика на големината и силата, во денешно време, на долг рок, не може да просперира во изолација, ниту пак сама да се справува со комплексните предизвици на 21-от век, истакна премиерот.
  Македонија, посочи тој, како силен поддржувач на мултилатерализмот и директен корисник на улогата на ОБСЕ при спроведувањето на демократски реформи и унапредување на состојбите во разни области, е цврсто уверена дека оваа Организација е способна да направи разлика на терен, а тоа, рече, може да се потврди и преку пример од македонското општество, каде демократскиот изборен процес неминовно е поврзан со набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР.
Токму и нашето мото за време на претседавањето – За луѓето се работи - го рефлектира тоа уверување. Долготрајните дискусии во меѓународните форуми не треба да бидат апстрактна конструкција, туку да водат кон конкретни решенија кои имаат придобивки за граѓаните, рече Ковачевски.
Тој рече дека земјава, иако не беше директно дел од војните што уследија по распадот на Југославија, сепак во декадите по независноста беше соочена со голем број предизвици како на домашен, така и на надворешно-политички план.
Низ еден процес на созревање, го чекореше долгиот и не секогаш рамен пат на меѓународно етаблирање и зачленување во различни мултилатерални организации. Тоа понекогаш подразбираше тешки, компромисни одлуки, но вистинското лидерството подразбира континуирано барање решенија и прогрес. Така, од корисник на безбедносни и превентивни мировни мисии, денес Македонија е препознаена како фактор на стабилност и активно придонесува за безбедноста во регионот и пошироко, кажа премиерот.
Имајќи го предвид сето ова, нагласи тој, признанието што токму ние денес сме домаќини на Министерскиот совет на ОБСЕ, е дотолку позначајно.
Истовремено, тука е и желбата да возвратиме на Организацијата, која и со својата теренска мисија од 1992 година до денес, дава свој придонес во напредокот на нашето вибрантно, инклузивно и разнолико, демократско општество. Се надевам дека се евидентни нашите чесни напори за силно, проактивно, ангажирано и компетентно раководење со ОБСЕ, водени од стремежот да дадеме свој карактеристичен и препознатлив придонес во процесите на остварување на поголема стабилност на поширок план. И натаму истрајуваме на нашата основна определба што е единствен пат напред - да се поттикне инклузивен, суштински и отворен дијалог, заснован на основните принципи на мултилатерализмот и во срцето на нашата Организација, рече тој.
Ковачевски во своето обраќање заклучи дека „сите ние во ОБСЕ имаме потреба од мир, стабилност, обновена доверба и соработка, историјата ќе не суди по нашите дела“. На Министерскиот совет учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери. https://www.youtube.com/live/X_toHhHsaBk?si=KrsKd5VzCMPOPLek

The post Ковачевски: Сите во ОБСЕ имаме потреба од мир, стабилност, доверба, историјата ќе не суди по нашите дела appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Македонија му помогна на ОБСЕ да продолжи да биде најголемата регионална безбедносна организација во Европа https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ceverna-makedonija-mu-pomogna-na-obse-da-prodolzhi-da-bide-najgolemata-regionalna-bezbednosna-organizatsija-vo-evropa/ Thu, 30 Nov 2023 10:07:24 +0000 https://republika.mk/?p=717872

„Ако ОБСЕ пред 30 години ѝ помогна на Македонија, денес, ние му помагаме на ОБСЕ да продолжи да биде најголемата регионална безбедносна организација во Европа“, изјави премиерот Димитар Ковачевски, пред отворањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје.

Според премиерот, ние претседававме во најтешката година за ОБСЕ, со оглед на тоа дека организацијата се соочи со голем број предизвици во светло на неоправданата војна и агресија која што Русија ја направи врз Украина.

Тој рече дека очекува успешен состанок на кој ќе бидат потврдени одлуките кои веќе биле разговарани на амбасадорско ниво.

Се надевам дека ќе бидат потврдени одлуките за нов претседавач, избор на четирите најзначајни функции и позиции во ОБСЕ како и донесување на буџетот, изјави Ковачевски.

Во врска со прашањето како го коментира тоа што на состанокот не дојдоа повеќе министри, тој рече дека секоја земји на некој начин испраќа порака за, како што посочи „неоправданата агресија на Русија врз Украина“.

Ние треба да бидеме свесни дека секоја земја на некој начин испраќа порака за неоправданата агресија која Русија ја изврши врз суверена држава, врз Украина. Некои тоа го прават со нивно отсуство, некои со нивно присуство и со многу јасно искажани ставови во однос на неоправданоста на оваа агресија. Истото ќе го направам и јас на првото излагање кое што ќе го имам денеска на отворањето на овој значаен настан, рече премиерот.

На новинарско прашање дали ова претставува дипломатска победа на Русија, тој одговори „не“.

Ова апсолутно не е никаква дипломатска победа на Русија, ова е дипломатска победа на ОБСЕ со оглед на тоа дека беше доведено во прашање функционирањето на ОБСЕ. Со ова ОБСЕ ќе продолжи да функционира, ќе продолжи да биде гарант на обезбедување на развој на демократските и на мирните процеси во Европа, рече Ковачевски.

Тој информираше дека нема да има средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Посочи дека очекува успешен состанок и се заблагодари на сите вклучени во организацијата.

Се заблагодарувам на Министерството за надворешни работи за успешното претседавање во текот на целата година и на адресирањето на најважните безбедносни прашања во регионот на Европа, меѓутоа секако и во нашиот потесен регион во насока на обезбедување на долготраен мир и стабилност, рече премиерот Димитар Ковачевски.

The post Ковачевски: Македонија му помогна на ОБСЕ да продолжи да биде најголемата регионална безбедносна организација во Европа appeared first on Република.

]]>

„Ако ОБСЕ пред 30 години ѝ помогна на Македонија, денес, ние му помагаме на ОБСЕ да продолжи да биде најголемата регионална безбедносна организација во Европа“, изјави премиерот Димитар Ковачевски, пред отворањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје. Според премиерот, ние претседававме во најтешката година за ОБСЕ, со оглед на тоа дека организацијата се соочи со голем број предизвици во светло на неоправданата војна и агресија која што Русија ја направи врз Украина. Тој рече дека очекува успешен состанок на кој ќе бидат потврдени одлуките кои веќе биле разговарани на амбасадорско ниво.
Се надевам дека ќе бидат потврдени одлуките за нов претседавач, избор на четирите најзначајни функции и позиции во ОБСЕ како и донесување на буџетот, изјави Ковачевски.
Во врска со прашањето како го коментира тоа што на состанокот не дојдоа повеќе министри, тој рече дека секоја земји на некој начин испраќа порака за, како што посочи „неоправданата агресија на Русија врз Украина“.
Ние треба да бидеме свесни дека секоја земја на некој начин испраќа порака за неоправданата агресија која Русија ја изврши врз суверена држава, врз Украина. Некои тоа го прават со нивно отсуство, некои со нивно присуство и со многу јасно искажани ставови во однос на неоправданоста на оваа агресија. Истото ќе го направам и јас на првото излагање кое што ќе го имам денеска на отворањето на овој значаен настан, рече премиерот.
На новинарско прашање дали ова претставува дипломатска победа на Русија, тој одговори „не“.
Ова апсолутно не е никаква дипломатска победа на Русија, ова е дипломатска победа на ОБСЕ со оглед на тоа дека беше доведено во прашање функционирањето на ОБСЕ. Со ова ОБСЕ ќе продолжи да функционира, ќе продолжи да биде гарант на обезбедување на развој на демократските и на мирните процеси во Европа, рече Ковачевски.
Тој информираше дека нема да има средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Посочи дека очекува успешен состанок и се заблагодари на сите вклучени во организацијата.
Се заблагодарувам на Министерството за надворешни работи за успешното претседавање во текот на целата година и на адресирањето на најважните безбедносни прашања во регионот на Европа, меѓутоа секако и во нашиот потесен регион во насока на обезбедување на долготраен мир и стабилност, рече премиерот Димитар Ковачевски.

The post Ковачевски: Македонија му помогна на ОБСЕ да продолжи да биде најголемата регионална безбедносна организација во Европа appeared first on Република.

]]>
Делегациите пристигнуваат, почнува состанокот на ОБСЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/delegatsiite-pristignuvaat-pochnuva-sostanokot-na-obse/ Thu, 30 Nov 2023 08:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=717839

Шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи ги пречекува учесниците на 30. Министерски совет на Организацијата.

На состанокот учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнер, кој официјално почнува денеска во Скопје во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

На најголемиот меѓународно-политички настан организиран во земјава од независноста присуствуваат шефовите на дипломатиите на најголем број од земјите-учеснички на ОБСЕ, меѓу кои првите дипломати на САД и на Русија, Ентони Блинкен и Сергеј Лавров,  на Канада, Велика Британија, министри од земјите-членки на ЕУ и на НАТО, од Медитеранот, Блискиот Исток и Централна Азија.

Министерскиот состанок официјално ќе го отворат премиерот Димитар Ковачевски, претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи и претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Пиа Каума. На отворениот дел од пленарната седница Извештај ќе поднесе генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид

The post Делегациите пристигнуваат, почнува состанокот на ОБСЕ appeared first on Република.

]]>

Шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи ги пречекува учесниците на 30. Министерски совет на Организацијата. На состанокот учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнер, кој официјално почнува денеска во Скопје во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. На најголемиот меѓународно-политички настан организиран во земјава од независноста присуствуваат шефовите на дипломатиите на најголем број од земјите-учеснички на ОБСЕ, меѓу кои првите дипломати на САД и на Русија, Ентони Блинкен и Сергеј Лавров,  на Канада, Велика Британија, министри од земјите-членки на ЕУ и на НАТО, од Медитеранот, Блискиот Исток и Централна Азија. Министерскиот состанок официјално ќе го отворат премиерот Димитар Ковачевски, претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи и претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Пиа Каума. На отворениот дел од пленарната седница Извештај ќе поднесе генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид

The post Делегациите пристигнуваат, почнува состанокот на ОБСЕ appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Со СДСМ Македонија добива светско признание, ОБСЕ самит, Блинкен и Борел https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-so-sdsm-makedonija-dobiva-svetsko-priznanie-obse-samit-blinken-i-borel/ Thu, 30 Nov 2023 08:21:54 +0000 https://republika.mk/?p=717820

Силна поддршка за продолжување на европскиот пат на државата и пристапните преговори упатија од Скопје највисоките претставници на меѓународната заедница, американскиот државен секретар Антони Блинкен и претседателот на Европската комисија Жосеп Борел, велат во денешното соопштение од СДСМ, од каде додаваат дека „евроинтеграцијата е процес кој е почнат и нема да застане се до полноправното членство на Cеверна Македонија во ЕУ“.

Нашите граѓани заслужуваат подобра, побогата иднина, подобар животен стандард, заслужуваат идните генерации да живеат во земја членка на ЕУ, но тоа наместо да биде во некоја друга земја, да биде тука, дома, во Македонија. Американскиот државен секретар Антони Блинкен порача дека Cеверна Македонија е силен сојузник и партнер на САД и на сите сојузници во Алијансата и ја повтори силната поддршка за евроатлантската интеграција.

Претседателот на Европската комисија Жосеп Борел порача дека местото на Cеверна Македонија е во ЕУ, а одењето по европскиот пат треба да биде пред и над меѓупартиските превирања и повика на завршување на процесот на усвојување на уставните измени за продолжување на европскиот пат, и напредок за клучните реформи, бидејќи тоа не е нешто што носи корист за една политичка партија, туку за целиот народ.

Покрај билатералните посети Блинкен и Борел, учествуваат на 30-тиот Самит на на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ.

Скопје денеска и утре е домаќин на најголемиот политички и дипломатски настан што се одржал од осамостојувањето, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 76 делегации од 57 држави, во организација на владата предводена од СДСМ.

Со СДСМ Македонија добива светско признание, велат од СДСМ.

The post СДСМ: Со СДСМ Македонија добива светско признание, ОБСЕ самит, Блинкен и Борел appeared first on Република.

]]>

Силна поддршка за продолжување на европскиот пат на државата и пристапните преговори упатија од Скопје највисоките претставници на меѓународната заедница, американскиот државен секретар Антони Блинкен и претседателот на Европската комисија Жосеп Борел, велат во денешното соопштение од СДСМ, од каде додаваат дека „евроинтеграцијата е процес кој е почнат и нема да застане се до полноправното членство на Cеверна Македонија во ЕУ“.
Нашите граѓани заслужуваат подобра, побогата иднина, подобар животен стандард, заслужуваат идните генерации да живеат во земја членка на ЕУ, но тоа наместо да биде во некоја друга земја, да биде тука, дома, во Македонија. Американскиот државен секретар Антони Блинкен порача дека Cеверна Македонија е силен сојузник и партнер на САД и на сите сојузници во Алијансата и ја повтори силната поддршка за евроатлантската интеграција. Претседателот на Европската комисија Жосеп Борел порача дека местото на Cеверна Македонија е во ЕУ, а одењето по европскиот пат треба да биде пред и над меѓупартиските превирања и повика на завршување на процесот на усвојување на уставните измени за продолжување на европскиот пат, и напредок за клучните реформи, бидејќи тоа не е нешто што носи корист за една политичка партија, туку за целиот народ. Покрај билатералните посети Блинкен и Борел, учествуваат на 30-тиот Самит на на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ. Скопје денеска и утре е домаќин на најголемиот политички и дипломатски настан што се одржал од осамостојувањето, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 76 делегации од 57 држави, во организација на владата предводена од СДСМ. Со СДСМ Македонија добива светско признание, велат од СДСМ.
 
The post СДСМ: Со СДСМ Македонија добива светско признание, ОБСЕ самит, Блинкен и Борел appeared first on Република.

]]>
Почна состанокот на ОБСЕ, се очекуваат важни одлуки https://republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-sostanokot-na-obse-se-ochekuvaat-vazhni-odluki/ Thu, 30 Nov 2023 06:56:59 +0000 https://republika.mk/?p=717786

Македонија и главниот град Скопје се домаќини на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.

На најголемиот меѓународно-политички настан организиран во земјава од независноста присуствуваат шефовите на дипломатиите на најголем број од земјите-учеснички на ОБСЕ - САД, Канада, Велика Британија, министри од земјите-членки на ЕУ и на НАТО, од Медитеранот, Блискиот Исток и Централна Азија.

Në Shkup filloi darka joformale e ministrave të Punëve të Jashtme, pjesëmarrës në Këshillin e 30-të Ministror të Organizatës për Siguri dhe Bashkëpunim në Evropë – OSBE, të organizuar nga she

Министерскиот состанок кој што се оджува  во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ официјално ќе го отворат претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи и претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Пиа Каума. На отворениот дел од пленарната седница Извештај ќе поднесе генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид.

На првиот ден предвидени се и два пропратни настани: Потпишување на заедничката изјава за борба против корупцијата во Југоисточна Европа преку враќање на имотот и користење на дигитализација по кој ќе следи и адресирање на влијанието на климатските промени врз човековата безбедност во областа на ОБСЕ. Утре, ќе се одржат три придружни настани на тема „Млади и граѓанско општество“, „Се работи за луѓето - влијанието на теренските операции на ОБСЕ во 2023 година“ и „Зачувување на плурализмот – безбедност на жените новинарки“.

Акредитираните новинари ќе можат да ја проследат и завршна пленарна сесија на Министерскиот совет на ОБСЕ по која ќе следува завршна прес-конференција со претседавачот, министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, со претстваник на Малта која е следниот претседавач на Организацијата и генералната секретарка на ОБСЕ Шмид.

Министерскиот состанок започна вчера со неформалната вечера на поголемиот број министри, на која тема на разговор беше воената агресија врз Украина и потребата од функционална Организација во време на конфликти и зголемени тензии.

На неформалната вечера присуствуваа и државниот секретар на САД Ентони Блинкен и потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, кои си заминуваа непосредно по вечерата. Тие се разминаа со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кој во Скопје пристигна доцна синоќа.

Средба на Блинкен со Лавров не беше најавена, а и Борел пред доаѓањето изјави дека нема да разговара со рускиот министер за надворешни работи Лавров

The post Почна состанокот на ОБСЕ, се очекуваат важни одлуки appeared first on Република.

]]>

Македонија и главниот град Скопје се домаќини на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери. На најголемиот меѓународно-политички настан организиран во земјава од независноста присуствуваат шефовите на дипломатиите на најголем број од земјите-учеснички на ОБСЕ - САД, Канада, Велика Британија, министри од земјите-членки на ЕУ и на НАТО, од Медитеранот, Блискиот Исток и Централна Азија. Në Shkup filloi darka joformale e ministrave të Punëve të Jashtme, pjesëmarrës në Këshillin e 30-të Ministror të Organizatës për Siguri dhe Bashkëpunim në Evropë – OSBE, të organizuar nga she Министерскиот состанок кој што се оджува  во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ официјално ќе го отворат претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи и претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Пиа Каума. На отворениот дел од пленарната седница Извештај ќе поднесе генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид. На првиот ден предвидени се и два пропратни настани: Потпишување на заедничката изјава за борба против корупцијата во Југоисточна Европа преку враќање на имотот и користење на дигитализација по кој ќе следи и адресирање на влијанието на климатските промени врз човековата безбедност во областа на ОБСЕ. Утре, ќе се одржат три придружни настани на тема „Млади и граѓанско општество“, „Се работи за луѓето - влијанието на теренските операции на ОБСЕ во 2023 година“ и „Зачувување на плурализмот – безбедност на жените новинарки“. Акредитираните новинари ќе можат да ја проследат и завршна пленарна сесија на Министерскиот совет на ОБСЕ по која ќе следува завршна прес-конференција со претседавачот, министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, со претстваник на Малта која е следниот претседавач на Организацијата и генералната секретарка на ОБСЕ Шмид. Министерскиот состанок започна вчера со неформалната вечера на поголемиот број министри, на која тема на разговор беше воената агресија врз Украина и потребата од функционална Организација во време на конфликти и зголемени тензии. На неформалната вечера присуствуваа и државниот секретар на САД Ентони Блинкен и потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, кои си заминуваа непосредно по вечерата. Тие се разминаа со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кој во Скопје пристигна доцна синоќа. Средба на Блинкен со Лавров не беше најавена, а и Борел пред доаѓањето изјави дека нема да разговара со рускиот министер за надворешни работи Лавров

The post Почна состанокот на ОБСЕ, се очекуваат важни одлуки appeared first on Република.

]]>
Околу „Борис Трајковски“ пиле не може да прелета https://republika.mk/vesti/makedonija/okolu-boris-trajkovski-pile-ne-mozhe-da-preleta/ Wed, 29 Nov 2023 14:18:47 +0000 https://republika.mk/?p=717604

Безбедноста околу арената „Борис Трајковски“ пред почетокот на Самитот на ОБСЕ е највисоко ново. Ова е најголем политички настан во Македонија.Досега ваков голем настан беше од светот на спортот кога во Скопје се играше Супер купот.

Целата сала е опколена со барикади како оние на протести а на раскрсниците се поставени полициски екипи.

Секое возило и автобус пред влезот се контролира со детектор за метал и за експлозив и никој што не е акредитиран не може да влезе.

Самиот на ОБСЕ започнува вечерва со свечена вечера за гостите а главната расправа е утре.

The post Околу „Борис Трајковски“ пиле не може да прелета appeared first on Република.

]]>

Безбедноста околу арената „Борис Трајковски“ пред почетокот на Самитот на ОБСЕ е највисоко ново. Ова е најголем политички настан во Македонија.Досега ваков голем настан беше од светот на спортот кога во Скопје се играше Супер купот. Целата сала е опколена со барикади како оние на протести а на раскрсниците се поставени полициски екипи. Секое возило и автобус пред влезот се контролира со детектор за метал и за експлозив и никој што не е акредитиран не може да влезе. Самиот на ОБСЕ започнува вечерва со свечена вечера за гостите а главната расправа е утре.  

The post Околу „Борис Трајковски“ пиле не може да прелета appeared first on Република.

]]>
Д-р Манолева: Здравствениот систем функцонира непречено за време на Самитот на ОБСЕ, екипи на Брза помош се рапоредени на одредени стратешки точки https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-manoleva-zdravstveniot-sistem-funktsonira-neprecheno-za-vreme-na-samitot-na-obse-ekipi-na-brza-pomosh-se-raporedeni-na-odredeni-strateshki-tochki/ Wed, 29 Nov 2023 13:18:59 +0000 https://republika.mk/?p=717575

Здравствениот систем ќе функционира непречено за време на Самиот на ОБСЕ, само со засилени капацитети, изјави денеска заменик министерката за здравство Маја Манолева.

За Самитот на ОБСЕ, од Министерството за здравство номинирано е едно лице за контакт кое ќе биде во постојана комуникација со организацијата на Самитот.

Дополнително, дадено е известување до сите јавни здравствени установи, да имаат дополнителни екипи во приправност, ако се зголемат потребите за дополнителна здравствена услуга, во кадар, простор и опрема, нагласи Манолева.

Таа соопшти дека Министерството за здравство во изминатиот период презело повеќе активности во однос на организацијата на здравствената дејност по повод Министерскиот совет на ОБСЕ и во однос на здравствената заштита на населението.

Заменик министерката информираше дека во однос на Самитот на ОБСЕ, од Министерството за здравство номинирано е едно лице за контакт кое ќе биде во постојана комуникација со организацијата на Самитот.

Тоа лице ќе ги координира евентуално потребните активности за здравствена заштита на некои од учесниците на Самитот. Освен ова, од најголемите здравствени установи, јавни и приватни, номинирани се одреден број на лица кои исто така во рамки на тие установи ќе ги координираат евентуално потребните активности, појасни таа.

Манолева додаде дека службите на Итната медицинска помош се распоредени на одредени стратешки точки. Редовната служба на ИМП нема да биде засегната и таа ќе биде на располагање на населението, преземени се повеќе возила од околните градови.

Јавните здравствени установи согласно одлуката на Влада, не влегуваат во препораките за прекин на работното време денеска после 12 часот и утре.

The post Д-р Манолева: Здравствениот систем функцонира непречено за време на Самитот на ОБСЕ, екипи на Брза помош се рапоредени на одредени стратешки точки appeared first on Република.

]]>

Здравствениот систем ќе функционира непречено за време на Самиот на ОБСЕ, само со засилени капацитети, изјави денеска заменик министерката за здравство Маја Манолева. За Самитот на ОБСЕ, од Министерството за здравство номинирано е едно лице за контакт кое ќе биде во постојана комуникација со организацијата на Самитот.
Дополнително, дадено е известување до сите јавни здравствени установи, да имаат дополнителни екипи во приправност, ако се зголемат потребите за дополнителна здравствена услуга, во кадар, простор и опрема, нагласи Манолева.
Таа соопшти дека Министерството за здравство во изминатиот период презело повеќе активности во однос на организацијата на здравствената дејност по повод Министерскиот совет на ОБСЕ и во однос на здравствената заштита на населението. Заменик министерката информираше дека во однос на Самитот на ОБСЕ, од Министерството за здравство номинирано е едно лице за контакт кое ќе биде во постојана комуникација со организацијата на Самитот.
Тоа лице ќе ги координира евентуално потребните активности за здравствена заштита на некои од учесниците на Самитот. Освен ова, од најголемите здравствени установи, јавни и приватни, номинирани се одреден број на лица кои исто така во рамки на тие установи ќе ги координираат евентуално потребните активности, појасни таа.
Манолева додаде дека службите на Итната медицинска помош се распоредени на одредени стратешки точки. Редовната служба на ИМП нема да биде засегната и таа ќе биде на располагање на населението, преземени се повеќе возила од околните градови. Јавните здравствени установи согласно одлуката на Влада, не влегуваат во препораките за прекин на работното време денеска после 12 часот и утре.

The post Д-р Манолева: Здравствениот систем функцонира непречено за време на Самитот на ОБСЕ, екипи на Брза помош се рапоредени на одредени стратешки точки appeared first on Република.

]]>
Денеска пред да излезете од дома напијте се дијазепам: Еве кои улици ќе бидат затворени https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-pred-da-izlezete-od-doma-napijte-se-dijazepam-eve-koi-ulitsi-ke-bidat-zatvoreni/ Wed, 29 Nov 2023 07:18:00 +0000 https://republika.mk/?p=717356

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен во Скопје поради одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ на кој се очекуваат околу 70 делегации. Почнувајќи од денеска од 13 часот до завршување на Министерскиот совет повремено ќе бидат затворени за сообраќај одредени улици како што се булеварот „Илинден“ од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека во зависност од потребите, може да бидат  затворени и други улици и апелираат до граѓаните на трпение и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Во пресрет на Министерскиот совет на ОБСЕ вчера беше спроведена генерална проба со затворање на дел од сообраќајниците во главниот град.

Во делот на безбедноста, од Министерството за внатрешни работи велат дека се комплетно подготвени за Министерскиот совет што за првпат се одржува во Македонија, која е земја претседавач со ОБСЕ.

Поради одржувањето на Самитот, согласно одлуката на Владата, денеска вработените во државната и јавната администрација во Скопје ќе работат до 12 часот, а утре е неработен ден за државната и јавната администрација, а нема да работат ниту основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје. Се препорачува и приватниот сектор, особено во Општина Карпош и општините кои гравитираат околу спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ да ги спроведат заклучоците од Владата. Неработниот ден не се однесува на градинките и здравствените установи.

The post Денеска пред да излезете од дома напијте се дијазепам: Еве кои улици ќе бидат затворени appeared first on Република.

]]>

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен во Скопје поради одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ на кој се очекуваат околу 70 делегации. Почнувајќи од денеска од 13 часот до завршување на Министерскиот совет повремено ќе бидат затворени за сообраќај одредени улици како што се булеварот „Илинден“ од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“. Од Министерството за внатрешни работи велат дека во зависност од потребите, може да бидат  затворени и други улици и апелираат до граѓаните на трпение и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници. Во пресрет на Министерскиот совет на ОБСЕ вчера беше спроведена генерална проба со затворање на дел од сообраќајниците во главниот град. Во делот на безбедноста, од Министерството за внатрешни работи велат дека се комплетно подготвени за Министерскиот совет што за првпат се одржува во Македонија, која е земја претседавач со ОБСЕ. Поради одржувањето на Самитот, согласно одлуката на Владата, денеска вработените во државната и јавната администрација во Скопје ќе работат до 12 часот, а утре е неработен ден за државната и јавната администрација, а нема да работат ниту основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје. Се препорачува и приватниот сектор, особено во Општина Карпош и општините кои гравитираат околу спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ да ги спроведат заклучоците од Владата. Неработниот ден не се однесува на градинките и здравствените установи.

The post Денеска пред да излезете од дома напијте се дијазепам: Еве кои улици ќе бидат затворени appeared first on Република.

]]>
Авион со гости за ОБСЕ кружел 20 минути над Скопје, па се вратил назад https://republika.mk/vesti/makedonija/avion-so-gosti-za-obse-kruzhel-20-minuti-nad-skopje-pa-se-vratil-nazad/ Tue, 28 Nov 2023 17:01:57 +0000 https://republika.mk/?p=717282

Поради технички дефект, авионот на Ер Србија кој летал од Белград за Скопје, на летот JU 162, морал да се врати во Белград.

Авионот АТР 72, кој полетал во 13 часот и 25 минути од аеродромот Никола Тесла, кружел над Скопје 20 минути, пред пилотот да донесе одлука да се врати во Белград.

Како што им било кажано на патниците, дефектот во авионот не бил опасен и не го спречил слетувањето, но авионот би останал приземјен во Скопје, бидејќи таму не би можело брзо да се поправа, како што е случајот во Белград.

Авионот безбедно слетал на аеродромот Никола Тесла во 15:51 часот, а на официјалната веб страна на скопскиот аеродром е објавено дека летот ќе доцни неколку часа и авионот ќе слета околу 20 часот.

Станува збор за авион кој Ер Србија го изнајмува и во кој имало екипаж од Данска.

Сите седишта во авионот биле исполнети бидејќи со овој лет летале голем дел од гостите кои доаѓаат на самитот на ОБСЕ што се одржува во Скопје.

The post Авион со гости за ОБСЕ кружел 20 минути над Скопје, па се вратил назад appeared first on Република.

]]>

Поради технички дефект, авионот на Ер Србија кој летал од Белград за Скопје, на летот JU 162, морал да се врати во Белград. Авионот АТР 72, кој полетал во 13 часот и 25 минути од аеродромот Никола Тесла, кружел над Скопје 20 минути, пред пилотот да донесе одлука да се врати во Белград. Како што им било кажано на патниците, дефектот во авионот не бил опасен и не го спречил слетувањето, но авионот би останал приземјен во Скопје, бидејќи таму не би можело брзо да се поправа, како што е случајот во Белград. Авионот безбедно слетал на аеродромот Никола Тесла во 15:51 часот, а на официјалната веб страна на скопскиот аеродром е објавено дека летот ќе доцни неколку часа и авионот ќе слета околу 20 часот. Станува збор за авион кој Ер Србија го изнајмува и во кој имало екипаж од Данска. Сите седишта во авионот биле исполнети бидејќи со овој лет летале голем дел од гостите кои доаѓаат на самитот на ОБСЕ што се одржува во Скопје.

The post Авион со гости за ОБСЕ кружел 20 минути над Скопје, па се вратил назад appeared first on Република.

]]>
Mицкоски: Со организацијата на Самитот на ОБСЕ власта ја докажа желбата за криминал https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-organizatsijata-na-samitot-na-obse-vlasta-ja-dokazha-zhelbata-za-kriminal/ Tue, 28 Nov 2023 14:29:50 +0000 https://republika.mk/?p=717264

Чекаме да видиме каде ќе се потрошат оние 5 милиони евра за кои што како ВМРО-ДПМНЕ зборувавме. Сведоци сме каде отидоа оние милион евра за изнајмување на патнички моторни возила. Тоа е процес кој што отвара еден голем сомнеж повторно за криминал и корупција, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање како го коментира одржувањето на Самитот на ОБСЕ во Скопје.

Мицкоски потенцираше дека наместо Самитот на ОБСЕ да е убав настан на кој што ќе бидат присутни светски државници, власта поради својата неспособност и желба да го корумпира го претворила како што рече тој во естрада.

Но како и да е, и тоа што требаше да биде еден добар настан, убав настан на кој што ќе бидат присутни светски државници, тие за жал позади својата неспособност и желба да се корумпираат и се криминализирани од поодамна го претворија во навистина естрада, рече Мицкоски.

Мицкоски порача дека уште многу кратко време ќе има такви неспособни луѓе кои се дел од македонската влада.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-sdsm-namesto-da-go-poddrzhi-proektot-na-vmro-dpmne-za-linearno-pokachuvane-od-5-000-denari-za-penzionerite-se-protivi/

Жалам што имаме работа со ваков тип на неспособни луѓе кои што се дел од македонската влада, кажа тој.

The post Mицкоски: Со организацијата на Самитот на ОБСЕ власта ја докажа желбата за криминал appeared first on Република.

]]>

Чекаме да видиме каде ќе се потрошат оние 5 милиони евра за кои што како ВМРО-ДПМНЕ зборувавме. Сведоци сме каде отидоа оние милион евра за изнајмување на патнички моторни возила. Тоа е процес кој што отвара еден голем сомнеж повторно за криминал и корупција, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање како го коментира одржувањето на Самитот на ОБСЕ во Скопје. Мицкоски потенцираше дека наместо Самитот на ОБСЕ да е убав настан на кој што ќе бидат присутни светски државници, власта поради својата неспособност и желба да го корумпира го претворила како што рече тој во естрада.
Но како и да е, и тоа што требаше да биде еден добар настан, убав настан на кој што ќе бидат присутни светски државници, тие за жал позади својата неспособност и желба да се корумпираат и се криминализирани од поодамна го претворија во навистина естрада, рече Мицкоски.
Мицкоски порача дека уште многу кратко време ќе има такви неспособни луѓе кои се дел од македонската влада. https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-sdsm-namesto-da-go-poddrzhi-proektot-na-vmro-dpmne-za-linearno-pokachuvane-od-5-000-denari-za-penzionerite-se-protivi/
Жалам што имаме работа со ваков тип на неспособни луѓе кои што се дел од македонската влада, кажа тој.

The post Mицкоски: Со организацијата на Самитот на ОБСЕ власта ја докажа желбата за криминал appeared first on Република.

]]>
Се налутија: Естонија, Летонија и Литванија нема да дојдат во Скопје поради Лавров https://republika.mk/vesti/se-nalutija-estonija-letonija-i-litvanija-nema-da-dojdat-vo-skopje-poradi-lavrov/ Tue, 28 Nov 2023 13:49:46 +0000 https://republika.mk/?p=717238

Естонија, Летонија и Литванија соопштија дека ќе го бојкотираат Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје, доколку присуствува и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

- Присуството на Лавров носи ризик да се даде легитимитет на агресорот Русија како законски член на нашата заедница на слободни нации, да ги банализира ѕверските злосторства што Русија ги направи, како и очигледнору руско кршење и презир на основните принципи и обврски на ОБСЕ, се наведува во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на трите балтички земји.

Шефот на естонската дипломатија Маргус Цахкна вели дека „Русија ќе ја искористи оваа можност да ја шири својата пропаганда и да го поткопа единството на Западот

The post Се налутија: Естонија, Летонија и Литванија нема да дојдат во Скопје поради Лавров appeared first on Република.

Важно: И денеска затворени неколку улици и изменети неколку автобуски линии https://republika.mk/zivot/servisi/vazhno-i-deneska-zatvoreni-nekolku-ulitsi-i-izmeneti-nekolku-avtobuski-linii/ Tue, 28 Nov 2023 07:42:19 +0000 https://republika.mk/?p=716961

Неколку сообраќајници во Скопје денеска ќе бидат затворени како дел од генералната проба во пресрет на 20. Министерски совет на ОБСЕ што од среда до петок ќе се одржува во Спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Илинден“ од крстосницата со булеварот „Св.Климент Охридски“ до крстосницата со улицата „Љубљанска“, како и булеварот „8-ми Септември“ од крстосницата со улицата „Скупи“ до крстосницата со булеварот „Партизански Одреди“.

Поради генералната проба и затворањето на неколкуте сообраќајници, во периодот од 9 до 12 часот изменет возен ред ќе имаат и автобусите со број 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118.

Линиите 8 и 15А наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“.

Линии 7, 15, 19, 26, 29 и 59 - наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) од каде веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Линии 18, 21А и 118 - од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта.

The post Важно: И денеска затворени неколку улици и изменети неколку автобуски линии appeared first on Република.

]]>

Неколку сообраќајници во Скопје денеска ќе бидат затворени како дел од генералната проба во пресрет на 20. Министерски совет на ОБСЕ што од среда до петок ќе се одржува во Спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Илинден“ од крстосницата со булеварот „Св.Климент Охридски“ до крстосницата со улицата „Љубљанска“, како и булеварот „8-ми Септември“ од крстосницата со улицата „Скупи“ до крстосницата со булеварот „Партизански Одреди“. Поради генералната проба и затворањето на неколкуте сообраќајници, во периодот од 9 до 12 часот изменет возен ред ќе имаат и автобусите со број 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118. Линиите 8 и 15А наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“. Линии 7, 15, 19, 26, 29 и 59 - наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) од каде веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“ Линии 18, 21А и 118 - од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта.

The post Важно: И денеска затворени неколку улици и изменети неколку автобуски линии appeared first on Република.

]]>
Засега не е потврдена: Ќе има ли во Скопје средба Лавров-Блинкен? https://republika.mk/vesti/makedonija/zasega-ne-e-potvrdena-ke-ima-li-vo-skopje-sredba-lavrov-blinken/ Tue, 28 Nov 2023 07:02:50 +0000 https://republika.mk/?p=716949

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ќе учествува на Министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје каде ќе зборува за главната улога на Организацијата во промоција на продлабочената безбедност во регионот и ќе се заблагодари на Македонија за нејзината лидерска улога, соопшти синоќа Стејт департментот.

Блинкен денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, а во посета на Македонија доаѓа утре каде на 29 и 30 ноември се одржува состанокот на министрите на ОБСЕ, изјави портпаролот Метју Милер.

Oткако е веќе јасно дека министерот за надворешни работи на Русија ќе дојде во Скопје се уште не е потврдено дали ќе има средба Блинкен-Лавров.

The post Засега не е потврдена: Ќе има ли во Скопје средба Лавров-Блинкен? appeared first on Република.

]]>

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ќе учествува на Министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје каде ќе зборува за главната улога на Организацијата во промоција на продлабочената безбедност во регионот и ќе се заблагодари на Македонија за нејзината лидерска улога, соопшти синоќа Стејт департментот. Блинкен денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, а во посета на Македонија доаѓа утре каде на 29 и 30 ноември се одржува состанокот на министрите на ОБСЕ, изјави портпаролот Метју Милер. Oткако е веќе јасно дека министерот за надворешни работи на Русија ќе дојде во Скопје се уште не е потврдено дали ќе има средба Блинкен-Лавров.  

The post Засега не е потврдена: Ќе има ли во Скопје средба Лавров-Блинкен? appeared first on Република.

]]>
Ванковска: Ние сме лудаци! Немаме за леб и кров над глава, ама имаме за шампањско за Бујар! https://republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-nie-sme-ludatsi-nemame-za-leb-i-krov-nad-glava-ama-imame-za-shampansko-za-bujar/ Mon, 27 Nov 2023 14:41:46 +0000 https://republika.mk/?p=716838

Ние сме лудаци! Немаме за леб и кров над глава, ама имаме за шампањско за Бујар!, вели професорката Билјана Ванковска, потенцирајќи дека додека ништо во Македонија не функционира, се прави Самит на ОБСЕ во висок стил.

Пред десетина дена бев во студиото на Македонското радио (во онаа голема, навидум убава) зграда. Луѓето одлични професионалци кои работат во ужасни услови. Зградата се распаѓа, кофи по ходниците и канцелариите заради дождот. Денес бев од другиот влез на зградата (МВР) да вадам документи. Истите страотни слики!
Се сетив како бев шокирана од условите за работа на службениците во УЈП пред некоја година, итн.
Се чудам што воопшто се чудам! Болниците и школите се распаѓаат, а не пак другите институции. Улиците валкани, зградите сиви, зеленило нема. На работа немавме парно греење во најстуденото утро и ги пуштив студентите да не мрзнат.
Има ли нешто што функционира!?!? Но затоа Самит на ОБСЕ ќе прават на висок стил!
Ние сме лудаци! Немаме за леб и кров над глава, ама имаме за шампањско за Бујар!, констатира професорката.

The post Ванковска: Ние сме лудаци! Немаме за леб и кров над глава, ама имаме за шампањско за Бујар! appeared first on Република.

]]>

Ние сме лудаци! Немаме за леб и кров над глава, ама имаме за шампањско за Бујар!, вели професорката Билјана Ванковска, потенцирајќи дека додека ништо во Македонија не функционира, се прави Самит на ОБСЕ во висок стил.
Пред десетина дена бев во студиото на Македонското радио (во онаа голема, навидум убава) зграда. Луѓето одлични професионалци кои работат во ужасни услови. Зградата се распаѓа, кофи по ходниците и канцелариите заради дождот. Денес бев од другиот влез на зградата (МВР) да вадам документи. Истите страотни слики! Се сетив како бев шокирана од условите за работа на службениците во УЈП пред некоја година, итн. Се чудам што воопшто се чудам! Болниците и школите се распаѓаат, а не пак другите институции. Улиците валкани, зградите сиви, зеленило нема. На работа немавме парно греење во најстуденото утро и ги пуштив студентите да не мрзнат. Има ли нешто што функционира!?!? Но затоа Самит на ОБСЕ ќе прават на висок стил! Ние сме лудаци! Немаме за леб и кров над глава, ама имаме за шампањско за Бујар!, констатира професорката.

The post Ванковска: Ние сме лудаци! Немаме за леб и кров над глава, ама имаме за шампањско за Бујар! appeared first on Република.

]]>
Нема да се одработува 30 ноември, што Владата го прогласи за неработен ден во Скопје за државната и јавната администрација поради Самиот на ОБСЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-da-se-odrabotuva-30-noemvri-shto-vladata-go-proglasi-za-neraboten-den-vo-skopje-za-drzhavnata-i-javnata-administratsija-poradi-samiot-na-obse/ Mon, 27 Nov 2023 10:02:37 +0000 https://republika.mk/?p=716649

Врз основа на заклучоците донесени на 199 седница на Владата на Република Македонија, одржана на 14.11.2023 година, Министерството за труд и социјална политика известува дека:

сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември 2023 година (среда) ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, а 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Истиот нема да се одработува.

Оваа одлука се однесува и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, меѓутоа напоменуваме дека НЕ се однесува на јавните предучилишни установи, здравствените установи и безбедносните служби на подрачјето на градот Скопје.

Информираме дека истите треба да изработат сопствени планови кои ќе овозможат непречено функционирање на установите. Се препорачува општините на градот Скопје и Градот Скопје да ги спроведат заклучоците .

Воедно се препорачува на приватниот сектор на подрачјето на Градот Скопје, а особено во подрачјето на Општина Карпош и општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „ Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ да ги спроведат заклучоците.

Ваквата одлука е донесена поради 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи.

The post Нема да се одработува 30 ноември, што Владата го прогласи за неработен ден во Скопје за државната и јавната администрација поради Самиот на ОБСЕ appeared first on Република.

]]>

Врз основа на заклучоците донесени на 199 седница на Владата на Република Македонија, одржана на 14.11.2023 година, Министерството за труд и социјална политика известува дека: сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември 2023 година (среда) ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, а 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Истиот нема да се одработува. Оваа одлука се однесува и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, меѓутоа напоменуваме дека НЕ се однесува на јавните предучилишни установи, здравствените установи и безбедносните служби на подрачјето на градот Скопје. Информираме дека истите треба да изработат сопствени планови кои ќе овозможат непречено функционирање на установите. Се препорачува општините на градот Скопје и Градот Скопје да ги спроведат заклучоците . Воедно се препорачува на приватниот сектор на подрачјето на Градот Скопје, а особено во подрачјето на Општина Карпош и општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „ Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ да ги спроведат заклучоците. Ваквата одлука е донесена поради 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи.  

The post Нема да се одработува 30 ноември, што Владата го прогласи за неработен ден во Скопје за државната и јавната администрација поради Самиот на ОБСЕ appeared first on Република.

]]>