салони за убавина Archives - Република https://republika.mk/tema/saloni-za-ubavina/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jul 2023 15:44:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png салони за убавина Archives - Република https://republika.mk/tema/saloni-za-ubavina/ 32 32 Во Авганистан заврши рокот за самостојно затворање на салоните за убавина https://republika.mk/vesti/svet/vo-avganistan-zavrshi-rokot-za-samostojno-zatvorane-na-salonite-za-ubavina/ Tue, 25 Jul 2023 15:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=665192

Талибанците објавија дека од денеска мора да бидат затворени сите салони за убавина бидејќи истече едномесечниот рок што им беше оставен на сопствениците сами да го направат тоа, а протестите против забраната во меѓувреме беа минимални.

Портпаролот на Министерството за пропагирање на вредности и спречување пороци, Садик Акиф Махјар, не кажа децидно дали талибанците ќе употребат сила против сопствениците на салони кои одбиваат да ја почитуваат одлуката.

Талибанците велат дека ги забраниле козметичките салони бидејќи нуделе услуги забранети во исламот.

Забраната за салони за убавина е последното ограничување на правата и слободите на авганистанските жени и девојки, а и претходеа забрани за нивно одење на училиште, излегување сами на јавни места и повеќето форми на вработување.

Најавата за затворање на салонот предизвика малку јавни протести на десетици козметичарки и шминкерки во Кабул. Безбедносните сили употребија противпожарни црева и истрели од пиштол во воздух за да ги растераат.

Одлуката предизвика загриженост кај меѓународните претставници за нејзиното влијание врз жените претприемачи.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека „ги поддржува напорите на Мисијата на ОН за помош во Авганистан (УНАМА)“, која ги повика властите да ја повлечат одлуката за затворање на козметичките салони.

УНАМА соопшти дека ограничувањето на правата на жените „ќе има негативно влијание врз економијата и е спротивно на поддршката за женското претприемништво, и ние бараме забраната да се укине“, изјави во понеделникот заменик портпаролот на ОН, Фархан Хак.

Талибанците наведоа низа услуги во салоните за кои велат дека се антиисламски: обликување веѓи, користење на туѓа коса за да се зголеми природната коса и шминка, што според нив го попречува „абдесот“ - ритуалното миење потребно пред молитвата.

Талибанците, исто така, велат дека плаќањето за услуги во салонот е финансиски товар за семејството на младоженецот, кое обично е должно да плати за посетата на невестата и нејзините блиски роднини во салонот пред свадбата.

Не се работи за средување на косата и ноктите. Во прашање се околу 60.000 жени кои ги губат своите работни места. Станува збор за жени кои ќе го загубат едно од ретките места каде што би можеле да одат за дружење и поддршка, бидејќи талибанците систематски го уништија целиот систем поставен за да одговори на семејното насилство“, истакна Хедер Бар, помошник директорка за правата на жените во Хјуман Рајтс Воч.

The post Во Авганистан заврши рокот за самостојно затворање на салоните за убавина appeared first on Република.

]]>

Талибанците објавија дека од денеска мора да бидат затворени сите салони за убавина бидејќи истече едномесечниот рок што им беше оставен на сопствениците сами да го направат тоа, а протестите против забраната во меѓувреме беа минимални. Портпаролот на Министерството за пропагирање на вредности и спречување пороци, Садик Акиф Махјар, не кажа децидно дали талибанците ќе употребат сила против сопствениците на салони кои одбиваат да ја почитуваат одлуката. Талибанците велат дека ги забраниле козметичките салони бидејќи нуделе услуги забранети во исламот. Забраната за салони за убавина е последното ограничување на правата и слободите на авганистанските жени и девојки, а и претходеа забрани за нивно одење на училиште, излегување сами на јавни места и повеќето форми на вработување. Најавата за затворање на салонот предизвика малку јавни протести на десетици козметичарки и шминкерки во Кабул. Безбедносните сили употребија противпожарни црева и истрели од пиштол во воздух за да ги растераат. Одлуката предизвика загриженост кај меѓународните претставници за нејзиното влијание врз жените претприемачи. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека „ги поддржува напорите на Мисијата на ОН за помош во Авганистан (УНАМА)“, која ги повика властите да ја повлечат одлуката за затворање на козметичките салони. УНАМА соопшти дека ограничувањето на правата на жените „ќе има негативно влијание врз економијата и е спротивно на поддршката за женското претприемништво, и ние бараме забраната да се укине“, изјави во понеделникот заменик портпаролот на ОН, Фархан Хак. Талибанците наведоа низа услуги во салоните за кои велат дека се антиисламски: обликување веѓи, користење на туѓа коса за да се зголеми природната коса и шминка, што според нив го попречува „абдесот“ - ритуалното миење потребно пред молитвата. Талибанците, исто така, велат дека плаќањето за услуги во салонот е финансиски товар за семејството на младоженецот, кое обично е должно да плати за посетата на невестата и нејзините блиски роднини во салонот пред свадбата.
Не се работи за средување на косата и ноктите. Во прашање се околу 60.000 жени кои ги губат своите работни места. Станува збор за жени кои ќе го загубат едно од ретките места каде што би можеле да одат за дружење и поддршка, бидејќи талибанците систематски го уништија целиот систем поставен за да одговори на семејното насилство“, истакна Хедер Бар, помошник директорка за правата на жените во Хјуман Рајтс Воч.

The post Во Авганистан заврши рокот за самостојно затворање на салоните за убавина appeared first on Република.

]]>
За еден месец да се затворат сите фризерници и козметички салони во Авганистан, наредија Талибанците https://republika.mk/vesti/svet/za-eden-mesets-da-se-zatvorat-site-frizernitsi-i-kozmetichki-saloni-vo-avganistan-naredija-talibantsite/ Tue, 04 Jul 2023 12:24:05 +0000 https://republika.mk/?p=658039

Талибанците наредиле затворање на фризерските и козметичките салони во Авганистан во рамки на најновите ограничувања на правата со кои се соочуваат жените.

Портпаролот на Министерството за спречување на пороците и промоција на доблестите изјави за Би-Би-Си дека компаниите имаат еден месец да ја исполнат наредбата почнувајќи од 2 јули, кога првпат биле известени за потегот.

Слободите на жените постојано се намалуваат откако Талибанците ја презедоа власта во 2021 година. Тие им забранија пристап на тинејџерките и жените во училници, спортски сали и паркови, а неодамна дури и им забранија да работат за Обединетите нации. Тие, исто така, одредија дека жените треба да бидат облечени така што да им се гледаат само очите и дека мора да бидат придружувани од машки роднина доколку патуваат подалеку од 72 километри.

Ограничувањата продолжија и покрај меѓународната осуда и протестите на жените, како и активистите кои зборуваа во нивно име. Затворањето на козметичките салони беше дел од широк опсег на мерки наметнати од талибанците кога тие беа на власт последен пат помеѓу 1996 и 2001 година. Меѓутоа, салоните повторно беа отворени по американската инвазија на Авганистан.

Салоните останаа отворени дури и откако талибанците повторно ја презедоа власта пред две години, по повлекувањето на американските сили.

Сепак, излозите на салоните честопати беа покриени, додека сликите на жените надвор од салонот беа исцртани со спреј за да се сокријат нивните лица. Талибанската Влада не објасни што ја поттикнало забраната или какви алтернативи ќе им бидат достапни на жените по затворањето на салоните.

 

The post За еден месец да се затворат сите фризерници и козметички салони во Авганистан, наредија Талибанците appeared first on Република.

]]>

Талибанците наредиле затворање на фризерските и козметичките салони во Авганистан во рамки на најновите ограничувања на правата со кои се соочуваат жените. Портпаролот на Министерството за спречување на пороците и промоција на доблестите изјави за Би-Би-Си дека компаниите имаат еден месец да ја исполнат наредбата почнувајќи од 2 јули, кога првпат биле известени за потегот. Слободите на жените постојано се намалуваат откако Талибанците ја презедоа власта во 2021 година. Тие им забранија пристап на тинејџерките и жените во училници, спортски сали и паркови, а неодамна дури и им забранија да работат за Обединетите нации. Тие, исто така, одредија дека жените треба да бидат облечени така што да им се гледаат само очите и дека мора да бидат придружувани од машки роднина доколку патуваат подалеку од 72 километри. Ограничувањата продолжија и покрај меѓународната осуда и протестите на жените, како и активистите кои зборуваа во нивно име. Затворањето на козметичките салони беше дел од широк опсег на мерки наметнати од талибанците кога тие беа на власт последен пат помеѓу 1996 и 2001 година. Меѓутоа, салоните повторно беа отворени по американската инвазија на Авганистан. Салоните останаа отворени дури и откако талибанците повторно ја презедоа власта пред две години, по повлекувањето на американските сили. Сепак, излозите на салоните честопати беа покриени, додека сликите на жените надвор од салонот беа исцртани со спреј за да се сокријат нивните лица. Талибанската Влада не објасни што ја поттикнало забраната или какви алтернативи ќе им бидат достапни на жените по затворањето на салоните.  

The post За еден месец да се затворат сите фризерници и козметички салони во Авганистан, наредија Талибанците appeared first on Република.

]]>
Талибанците дале ултиматум од 10 дена да се затворат сите салони за убавина во Авганистан https://republika.mk/vesti/svet/talibantsite-dale-ultimatum-od-10-dena-da-se-zatvorat-site-saloni-za-ubavina-vo-avganistan/ Tue, 10 Jan 2023 14:37:01 +0000 https://republika.mk/?p=595454

Талибанците наредија затворање на салоните за убавина во Авганистан. Телевизијата Ал Арабија објави дека талибанците дале рок од 10 дена да се затворат сите салони за убавина во земјата.

Талибанците исто така забраниле девојки да работат во трговски центри.

Откако талибанците во 2021 година дојдоа на власт воведоа ограничувања за девојките и жените, за кои тврдат дека не се согласност со исламските вредности. Тие ги принудија телевизиските водителки да носат хиџаб, а ги забранија и филмовите во кои се појавуваат актерки.

The post Талибанците дале ултиматум од 10 дена да се затворат сите салони за убавина во Авганистан appeared first on Република.

]]>

Талибанците наредија затворање на салоните за убавина во Авганистан. Телевизијата Ал Арабија објави дека талибанците дале рок од 10 дена да се затворат сите салони за убавина во земјата. Талибанците исто така забраниле девојки да работат во трговски центри. Откако талибанците во 2021 година дојдоа на власт воведоа ограничувања за девојките и жените, за кои тврдат дека не се согласност со исламските вредности. Тие ги принудија телевизиските водителки да носат хиџаб, а ги забранија и филмовите во кои се појавуваат актерки.

The post Талибанците дале ултиматум од 10 дена да се затворат сите салони за убавина во Авганистан appeared first on Република.

]]>